It is currently 17 Dec 2024, 09:43



This topic is locked, you cannot edit posts or make further replies.  [ 1 post ] 
Интервју Мeт Холингсворт (Matt Hollingsworth) 
Author Message
Зен Мастер Форумџија
User avatar

Joined: 23 Jan 2009, 02:23
Posts: 21535
Location: Битола!
Честа прв да го отвори серијалов му припадна на еден од најдобрите светски стрип колористи(ако не и најдобриот) Мeт Холингсворт. Има работено за сите поголеми стрип издавачи,ги има добиено и поголемиот дел на светските стрип награди (Eisner Award за колор) моментално работи за Марвел. Супер типче.

Разговорот го водев јас, а преводот е на Давор со дополнителни корекции од Тетоец (тенкју). Инџој:

Креирајте приказни


Image



МСФ: Кажи ни нешто повеќе за тебе? Каде си роден, школо и сл...? Како дојде од таму до Хрватска?
МХ: Роден сум во Јужна Калифорнија и израснав околу средниот и долниот дел на државата. Најмногу време поминував во Ојаи, едно мало гратче блиску до Санта Барбара. Таму одев во државно средно училиште, а потоа се преселив во Њу Џерси на источниот брег на САД, за да го посетувам Школото за Цртање на Џо Кјуберт (Joe Kubert School for Cartooning) кога имав 18 години, во 1987 год. Следев полни три години таму, но морав да скокнам една година измеѓу затоа што ми снема пари. Сам си ја плаќав школарината со работење, дали како келнер или некои други работи, па не заштедив доволно за школарина за таа година. Но, откако рипнав една година, заштедив доволно и се вратив. Дипломирав во 1991 година и веднаш започнав за Марвел и ДиСи (Marvel and DC) после дипломирањето.
Во Хрватска дојдов преку “црвоточина” (wormhole). Пешачев низ планините во Јужна Калифорнија и здогледав пештера. Откако влегов во пештерата, бев транспортиран во Гајнице, во западниот дел од Загреб. Моите алишта беа изгорени за време на телепортирањето и морав брзо да смислам од каде да си најдам гардероба. Најдов апартман и таму сум од кога пристигнав. Овде сум веќе 3 години.


МСФ: Каков е твојот вообичаен работен ден, од будењето до легнувањето во кревет?
МХ: Најчесто по будењето се туширам, доручкувам и ги читам весниците. Пијам чај пред компјутер, сурфам, малку вести, малку Фејсбук, или одам на сајт за домашно производство на пиво, или пак започнувам со припремање на страници кои ќе ги работам. Потоа одам до подрумот да си го проверам моето пиво. Како што знаете, си подготвувам пиво по дома, па секогаш имам пиво кое ми ферментира, доле во визбата. Па, откако ќе го проверам тоа, се враќам горе и седнувам да работам.
Најчесто се будам помеѓу 8:30 и 9:00 наутро, потоа работам до 18-19:00 навечер. Вторник и четврток свирам тапани по неколку саати навечер. Но, кога имам многу работа, ги прерипувам. Кога се гужвите, работам и касно навечер се’ додека не завршам. Но се трудам да не доаѓам често во такви ситуации.
Тоа е отприлика се. Имам едноставен живот.



Image Image



МСФ: Може да ни наброиш на што се си работел до сега?
МХ: На многу работи. Мислам дека имам обоено негде помеѓу 12,000 и 20,000 страници. Имам работено на Preacher, Hellboy, Hellblazer, Daredevil, Death, The Filth, Gotham Central, Catwoman, Tom Strong, Alias, The Eternals, The Immortal Iron Fist, Punisher итн. Имам работено и за Марвел и за ДиСи Комикс од 1991 година, но имам работено и за Wildstorm, Vertigo, ONI Press, Dark Horse, Aspen Entertainment, Top Cow, како и за некои други на кои сега не ми текнува.
Исто така работев и на 7 играни филма, работејќи различни работи како боење на позадини, осветлувач, нијансирање, ефекти, анимација и други работи. Работев на Sky Captain and the World of Tomorrow, Elektra, Serenity, The Lion, The Witch and the Wardrobe, Superman Returns и мојот омилен, Surf's Up.


МСФ: Кои техники ги користиш - софтвер, хардвер, водени боици, креони...? Малку околу твојот работен процес?
МХ: Работам комплетно во Фотошоп. Никогаш не сум боел рачно откако започнав. Се потрудив и во Корел Пејнтер да работам годинава, на мини серијата со Електра, но дефинитивно прекинав да го користам зошто ме успоруваше многу. Сега бојам користејќи мала 12 инчна Ваком Синтек (12wx) со Сони Ваио лаптоп (со 4 гига РАМ). Основен модел е, ама ми врши работа за мене. Не е потребно да се потрошат премногу пари за да го работиш ова.

МСФ: На што работиш сега (ако не е тајна)?
МХ: Во овој момент, целосно сум посветен на Марвел: Daredevil, Punisher MAX, Hitman Monkey, некои работи за Amazing Spiderman и едно издание на Starman за DC Comics заедно со Bill Sienkiewicz.


Image Image



МСФ: Има многу фанови на Марвел овде во Македонија. Сподели со нас како е да се работи за нив? И за ДиСи и за Вертиго исто така? Има ли голема разлика помеѓу работење со еден издавач и со друг?
МХ: Не е дека компаниите се разликуваат многу, повеќе е до уредниците. Секој уредник е различен за соработување. Јас обично ги примам страниците и сценаријата од нив, го читам сценариото и ги бојам таблите. Им ги предавам и понекогаш добивам забелешки. Нема голема разлика во ова. Некои од момците ги знам долго, долго време (како Аксел Алонсо, уредник во Марвел), па имаме подиректна и скратена верзија на комуницирање, што мене ми одговара повеќе. Мислам дека со секоја компанија е супер да се работи.

МСФ: Некои од авторите кои те инспирирале?
МХ: Во последно време не читам многу стрипови, па може ќе ви звучи дека сакам музејски сликари. Само што се вративме од Виена и ги засакав Klimt и Schiele таму, секако и Giovanni Antonio Canal (Canaletto). Исто така го засакав и локалниот сликар Влахо Буковац. Ги сакам и Фламанските и Холандските сликари, како Vermeer и Rembrandt.

МСФ: Кој дел од работењето на стрипови е најлесен, а кој најтежок за тебе?
МХ: Најлесен дел ми е боењето (колорирањето) на страниците. Најтежок дел е работењето со автори кои доцнат. А тие СИТЕ скоро секогаш доцнат. Јас најчесто сум под голем стрес поради ова и имам се помалку и помалку трпение за доцнењето како што поминува времето. Мора да си забранувам сам на себе за да не им кажам да одат и да одјебат понекогаш.

МСФ: Твоја омилена тема за работење?
МХ: Не се замарам многу со темата се додека уметноста е убава и приказната не е глупава.


Image Image



МСФ: На кој карактер би сакал да работиш (а не си имал можност досега)?
МХ: Повторно ќе кажам, не ми е битен ни карактерот. Дај му нешто на Kevin Nowlan, макар и да црта нешто глупо како Бивис и Батхед, јас ќе уживам боејќи го само затоа што е на Кевин. Дај ми тапа автор кој го црта Бетмен и нема да го бојам.

МСФ: Дали имаш време за читање стрипови и кои ти се омилени во овој период?
МХ: Не. Не читам стрипови, воопшто. Многу ми е замарање да се обидам да ги донесам до овде, а и сум многу мрзлив по природа. Читам за пивото. Читам многу новели додека патуваме и за време на летото. Моментално омилени ми се John Irving и Cormac McCarthy. Сега ја читам “Падот на Југославија” од Миша Глени.

МСФ: Некој совет за македонските автори?
МХ: Не знам, навистина. Концентрирајте се на раскажувањето приказна. Се што не е раскажување на приказна, не ја продолжува приказната. Навистина не можам само да понудам некој случаен совет, извини. Претпоставувам дека ако имаш приказни за раскажување, тогаш направи тоа што можеш за да и го пренесеш тоа на публиката, во било кој медиум и на било кој начин што можеш. Ако имаш нешто добро, не се предавај. Ако си автор, СЕКОГАШ можеш да користиш живи модели за цртање на телата. И гледајте на уметноста и надвор од стриповите. Стриповите се склони да се вратат назад и цртачките стилови напредуваат базирани на третата генерација - Kirby, Mignola или Art Adams. Иако може да биде забавно да се гледа нивната уметност, пробај да развиеш твој сопствен глас и изглед на уметноста надвор од стриповите. Гледај филм, слики, било што. Има многу прекрасни творби реализирани во различни медиуми, не треба да се ограничуваш себеси и само да гледаш стрипови. Тоа повеќе ќе те направи комплетен и интересен цртач или писател.


Image Image



МСФ: Омилено пиво? Како тоа ти стана хоби (производството на пиво)?
МХ: Немам само едно омилено пиво, но многу ми се свиѓаат белгиските како Westmalle Tripel, Chimay Blue и Duvel. Исто така го сакам British Real Ale, но можеш да го најдеш само во Британија. Бев на Great British Beer Festival во Лондон и пиев со илјадници непознати непрекинато четири дена. Тоа е моја претстава за добра забава. Но и во Америка има добро пиво. Како и за сите работи, така и за пивото, таму има секаков вид на пиво. Големите компании се за никаде, но сега има отприлика 1500 пивари во САД и лесно можеш да најдеш фантастично пиво низ целата земја.

Го одбрав производството на пиво како хоби додека живеев во Портланд, Орегон, пред околу 12 години. Тој град имаше околу 30 пивари. Тоа е вистинска култура на пивото, па природно си дојде да си произведувам по дома.




Официјалниот сајт на Мет е следниот:

http://www.matthollingsworth.net/

_________________
ејм фор д бушес!


14 Jan 2010, 22:57
Profile WWW
Display posts from previous:  Sort by  
This topic is locked, you cannot edit posts or make further replies.   [ 1 post ] 

Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 2 guests


You cannot post new topics in this forum
You cannot reply to topics in this forum
You cannot edit your posts in this forum
You cannot delete your posts in this forum

Jump to:  
cron