Новиот лик за во Негативциве е настанат на една заедничка дружба со Здравко.
Идеата е негова, моја е само желбата - ова типка да биде негативна верзија на Мунлајт
(мислам дека ја знаете, ама еве линк до нејзиниот опис)
viewtopic.php?p=22043#p22043ФераИако е во „коалиција“ со Бараха и МаЈа, Фера е од иста раса како Мунлајт, со тоа што типкава е предавник.
Облечена е во
латекс костим, кој и е основа, од врат до пети е во него, со тоа што завршува како чизми, т.е. чизмите се како од некој цврст латекс, во иста боја со костимот, а ракавите може и 3/4 да и бидат. Бојата не е ограничена на црно и сиво
.
Врз него, има добиено на поклон слични
гаџетци како Бараха и МаЈа
но за неа се направени во помало издание,
округли се и се поставени на
два каиши, (каишите се нешто помеѓу каиш и кабел, со приклучоци).
Каишите и се преклопуваат над градите, каде што на средина има едно поголемо округло (да речеме павербластер). А продолжуваат преку градите и назад кон грбот.
Слично нешто такво може да има и врз „срамниот“ дел, во форма на гаќи, кој може да биде и само од каиши.
Спортско, цврсто и згодно
тело, со зелена
кожа (по некоја крлушка на нејзината раса).
Лицето и е премачкано со маскирна шара, (дали како тетоважа, или некоја боја за во војна... ез ју виш), а има слушалица (за контакт со негативциве) врз цело уво.
Косата - по избор, исто како што беше и кај Мунлајт, како ќе ви одговара со вашиот карактер.
Оружје, освен тоа на градите, во едната рака има огромна ракавица, од која излегува
енергетски камшик, начин на кој ја канализира својата енергија.
А во другата рака носи ракавица, во форма на издолжени прсти, да речеме како шило.
За разлика од повеќето од нејзина раса, Фера
не може да лета, а тоа и ќе и биде еден од основните мотиви за да се гледа како ауткаст од нејзиното општество.
Фала на вниманието, седнете цртајте