|
|
It is currently 18 Dec 2024, 20:51
|
Author |
Message |
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Не знам што ми текна да го отворим оној спојлер кај што прв пат се појавува мистериозната розе типка (The Observer), ама го отворив и ја прочитав уште еднаш реченицата што му ја кажа на Флеш, и...
Кога сме кај отварањето спојлери, сум го промашил оној на Брајан за Detective Comics, па го видов сега, и...
ПС. Инаку, мене една од најинтересните работи кај новиве 52 е тоа што скоро сите први приказни се случуваат во различни времиња, па интересно е да се спои кој е вистинскиот тек (Action Comics e прв, пред Superman, кој е пред JL, кој е пред Swamp Thing. Во Bat-универзумот е малку рано да се каже, ама Batwing e сигурно подоцна (после DC/JL/Batman), Batgirl може и пред и после Batwing, со тоа што изгледа е после Batwoman, итн.
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
13 Sep 2011, 14:56 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
13 Sep 2011, 15:26 |
|
|
Spawn
Ултимејт Резервист
Joined: 22 Feb 2009, 13:34 Posts: 559 Location: Telara
|
Уф, колку добар почеток на Batman & Robin #1. Почнува со Бетмен и новиот Робин, син му Демиен. Бетмен оди за последен пат да им оддаде почит на неговите родители, на местото каде што биле убиени. Малиов е курназ, што нема баш почит за нив, не му значат ништо, притоа не земајќи во предвид дека токму тие се одговорни за тоа што Брус Вејн е станат, дури и самиот тој. Убава приказна, ми се свиѓа односот меѓу нив двајца и како би можел да се развива.
Ова тука, можеби баш најдобриот момент во целата приказна:
Ќе се чита ова редовно!
|
15 Sep 2011, 09:18 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Batwoman #1(J.H. Williams III / W. Haden Blackman)Ова е наслов кој се очекуваше да излезе доста порано, ама DC реши да почека и да го усклади со останатите кецови. Како за прв број - одлично. Дури можам да речам дека е во најдобрите #1 кои излегоа до сега. Цртежот на Williams е маестрален и повеќе раскажува од самиот текст. Стрипов ќе го следам!------------------------------------------------- Mister Terrefic #1(Eric Wallace / Gianluca Gugliotta)Ништо особено. Terrific е еден од оние ликови кои DC упорно го пласира како легенда, како мешавина меѓу Reed Richards и Tony Stark, ама никако да најдат потентен рецепт да го продадат. Не вреди за внимание понатаму. Стрипов нема да го следам. ------------------------------------------------- Deathstroke #1(Kyle Higgins / Joe Bennett)Еве добар стрип. Барем мене првиов број ме освои. Ако ви се допаѓаат Cable & Deadpool во едно - еве Ви го. Deathstroke е платен убиец од највисок ранг кој не прифаќа компромиси. Изгледа како мешавина од Cable а се однесува како Mike од Breaking Bad Забавно штиво. Ако издржи повеќе од 5,6 броја стрипов ќе го следам!------------------------------------------------- Demon Knights #1(Paul Cornell / Diogenes Neves)За овој стрип се дига прашина иако мене нешто особено не ме маѓепса (pun intended). Мистичните ликови на DC (Jason Blood, Madame Xanadu, Vandal Savage, Shining Knight) споени во една, тематски слична приказна. Нешто во манирот на Dragonero, за оние кои го читале тоа чудо. Можеби ќе го следам...------------------------------------------------- Frankenstein - Agent of S.H.A.D.E. #1(Jeff Lemire / Alberto Ponticelli) Hellboy ама на DC. До најситен детаљ. Стрипов нема да го следам. ------------------------------------------------- Grifter #1(Nathan Edmondson / Cafu)Како и Deathstroke така и Grifter, ме купија за ситни пари Интересен ми се виде првиот број. А ликот ми е сосема нов. Не сум читал никогаш W.I.L.D.Cats, затоа и не го знам ликов, ама како што читам по нет, ова била сосема нова и свежа интерпретација. Башка цртежот на CAFU е путерче. Стрипов ќе го следам!------------------------------------------------- Legion Lost #1(Fabian Niceza / Pete Woods)Во 23 страни успеаа да претстават барем 80 лика, имиња, настани, локации... Крајно конфузно и не сфаќам како е ова привлечно за нови читатели. Стрипов нема да го следам. ------------------------------------------------- Resurrection Man #1(Dan Abnett / Andy Lanning)Ова е стрип со слична судбина на Animal Man. Мала слава во 90ти, меѓутоа заборавен брзо. Според сите, тогаш бил стрип пред своето време. Сега DC му дава втора шанса. Цртежот ми се допадна, меѓутоа приказната ништо не ми кажа што би ме задржало. Ќе терам уште неколку броја, чисто за да видам каде оди. Стрипов ќе го следам!------------------------------------------------- Batman and Robin #1(Peter J. Tomasi / Patrick Gleason)Bruce е пак Batman. А Robin e син му Demian. Има интересен детаљ кој е симболичен за промената која настапува, но на страна од тоа, серијалов си продолжува онаму каде што застана минатиот месец. Стрипов ќе го следам!------------------------------------------------- Green Lantern #1(Geoff Johns / Doug Mahnke)Супер број. Ама не сфаќам како може ова да се води како new reader friendly. Апсолутно ништо во стрипов не е за нови читатели. Толку многу канон е потребен за да се сфати што е што во бројов, да е речеси невозможно нов читател да го почне ова. Oh well... јас не сум нов ) Стрипов ќе го следам!------------------------------------------------- Red Lanterns #1(Peter Milligan / Ed Benes)Истото што важи на Green Lantern важи и за ова. Red Lanterns се убедливо најинтересни од новите Lantern Corps кои се појавија во периодот на Geoff Johns. Мора да се чита чудово Стрипов ќе го следам!------------------------------------------------- Suicide Squad #1(Adam Glass / Federico Dallocchio)Куп негативци приморани да работат за “владата“. Слично на Thunderbolts. Цртежот е интересен. Ја има и Harley Queen... Стрипов нема да го следам. ------------------------------------------------- Superboy #1(Scott Lobdell / R.B. Silva)Ова и Teen Titans ги читам само првите броеви да видам што ќе понудат. Меѓутоа “наследничките“ наслови никогаш не ми биле интресни кај ниеден херој (со чесен исклучок кај Nightwing). Инаку приказната е, нова, малку посвежа варијација на созревањето на клонот на Superman. Овој пат строго контролиран од “владата“. Стрипов нема да го следам. -------------------------------------------------
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
16 Sep 2011, 18:35 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
16 Sep 2011, 18:58 |
|
|
Spawn
Ултимејт Резервист
Joined: 22 Feb 2009, 13:34 Posts: 559 Location: Telara
|
+1 Брајан!
|
17 Sep 2011, 11:17 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
Абе овој Кафу од Drifter, да не е бившиот бразилски десен бек а?
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
17 Sep 2011, 12:56 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
17 Sep 2011, 13:17 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
17 Sep 2011, 14:55 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
17 Sep 2011, 21:46 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Идеме со третата недела. Многу позитивни изненадувања неделава. --------------------------------------------------------- Batman #1(Scott Snyder / Greg Capullo)Чиста десетка за насловов. Snyder си ја знае веќе работата. Сакав да видам како ќе се снајде со Bruce. Ова ако не се лажам му е сефте со тој лик во главна улога. Приказната грч добра, со неколку одлични твиста. Се на место. Capullo нема потреба да го коментирам. 12/10 Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- Birds of Prey #1(Duane Swierczynski / Jesus Saiz)Ко за прв број убаво изведено. Ама Birds of Prey никогаш не ми биле атрактивно штиво за листање. Ептен ми се D-List ликовите, и не ме мотивира ништо доволно да ги читам. Препорачувам да го ѕирнете, ама јас Стрипов нема да го следам--------------------------------------------------------- Blue Beetle #1(Tony Bedard / Ig Guara)Уопште не беше лошо. И цртеж и прича, таман за прв ориџин број. Ликовите разработени таман за почеток. Доволно за да те привлечат. Плус шокантен крај. Супер стрип. Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- Captain Atom #1(J.T. Krull / Freddie Williams III)Captain Atom со mohawk фризура Ништо посебно. Уште еден филер наслов. Atom увек бил D-List херој. Не веруам дека насловов ќе тера. Не понуди ништо свежо ни интересно. Стрипов нема да го следам--------------------------------------------------------- Catwoman #1(Judd Winick / Guillem March)Што да кажам за стрипов што не кажаа тие пред мене Феноменално! Атрактивно, интересно, секси, приказната на ниво, цртежот путер. 10/10 Не очекував дека Catwoman ќе добие волку квалитетен третман. Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- DC Comics Presents: Deadman #1(Paul Jenkins / Bernard Chang)... Leaping from life to life, trying to put right what once went wrong, hoping each time that his next leap, will be the leap home...Не. Не е Quantum Leap стрипов. Ама е the next best thing. Deadman мора да си ги искупи гревовите така што ќе корегира туѓи животи. Како? Така што ќе влегува во телата на оние чии животи треба да е поправат. Quantum leap, I know... Ама интересно е. Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- Green Latern Corps #1(Peter J. Tomasi / Fernando Pasarin)GLC си продолжува онаму каде застана пред рибутот. Овој пат се фокусира на Stewart и Gardner, а Kyle го нема (ќе го има во The New Guardians). Цртежот е убаво освежење, а се друго си е стандардно. Lantern стриповиве ми се редовно штиво, заедно со Batman-ите, така да Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- Legion of Super Heroes #1(Paul Levitz / Francis Portela)Not my cup of tea. Стрипов нема да го следам--------------------------------------------------------- Nightwing #1(Kyle Higgins / Eddy Barrows)Уште една чиста десетка. Цртеж, амбиент, ликови, приказна! Се е погодено. Grayson во најинтересно издание до сега, со (за мене) најдобриот нов костим од цело DC семејство. Нема дебати за чудово. Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- Red Hood and the Outlaws #1(Scott Lobdell / Kenneth Rocafort)Уште еден хит. Цртежов ми е нов, ама одличен. Ми делува доволно европски и доволно американски во исто време. Последната реченица од стрипов кажува се за настаните во кецов To be Explained... Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- Supergirl #1(Michael Green / Mike Johnson)Кога ќе тргне, тргнато е... За разлика од Superboy, ова ме осовои. Едноставно, наивно, динамично, и доволно информативно за прв број. Артот многу, многу добар. Интересно ми е што целата приказна од овој број се всушност само 2 или 3 минути дешавки Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- Wonder Woman #1(Brian Azzarello / Cliff Chiang)Никогаш до денес немам прочитано ни еден единствен број WW. Настаниве во бројов ми извадија вакви реакции: Hmmm... ok. WTF? WTF? Оп, еве ја WW! WTF? OMG!!! Дефинитивно за мене шок неделава беше стрипов. Знам дека е Azzarello и се, ама не очекував дека ова ќе го напишам: Стрипов ќе го следам!---------------------------------------------------------
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
22 Sep 2011, 19:12 |
|
|
Phoenix
Пензиониран Мрчатор
Joined: 05 Jul 2010, 19:04 Posts: 3551 Location: Скопје
|
Standing ovations! Браво!
_________________ "There is a power beyond good and evil.The power to create,and the power to destroy!"-Dark Phoenix The X-Men are dead.Long live the X-Men. X-Men isn't a comic book. It's a drug.
|
22 Sep 2011, 19:28 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
24 Sep 2011, 17:44 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
24 Sep 2011, 18:19 |
|
|
Phoenix
Пензиониран Мрчатор
Joined: 05 Jul 2010, 19:04 Posts: 3551 Location: Скопје
|
Оф леле...Leave it to глупи Амери да прават проблеми кај стигнат.
_________________ "There is a power beyond good and evil.The power to create,and the power to destroy!"-Dark Phoenix The X-Men are dead.Long live the X-Men. X-Men isn't a comic book. It's a drug.
|
24 Sep 2011, 18:32 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Не бе зашто, мене ми се супер сите овие дискусии, дај боже и ние да имаме една издавачка куќа ко DC или Marvel да имаме еден тон наши стрипови и да се замараме со вакви работи
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
24 Sep 2011, 18:35 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
catwoman definitivno ne ja rasipaa
|
24 Sep 2011, 20:56 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
mn se proseravaat....ova ne e ok, ali da ja prebies zena ti (ant man/wasp) od tepanje i da ja izusisivas moze? -.- dumbasses
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
24 Sep 2011, 21:05 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
25 Sep 2011, 08:51 |
|
|
Phoenix
Пензиониран Мрчатор
Joined: 05 Jul 2010, 19:04 Posts: 3551 Location: Скопје
|
Абе таа типката сеа ја приметив у Grifter,а и у Action ја имало..Ме мрзи да барам дали ја има уше на некое место,ај некој ако примети,нека пише. Моите импресии за првите броеви следат вечер/утре,уште 3-4 имам. Едит:Ја има и у Ressurection Man. Едит 2:Make that Legion of Super Heroes. Едит 3:И Legion Lost. Сегде ја има,it seems.
_________________ "There is a power beyond good and evil.The power to create,and the power to destroy!"-Dark Phoenix The X-Men are dead.Long live the X-Men. X-Men isn't a comic book. It's a drug.
|
26 Sep 2011, 17:58 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
iskreno, za tipkata sto ja ima segde, preku onakvoto stripovite se dobri i bez nea... denes bev vo stripara da kupam uste nekoj broj, i ocigledno potegov na DC epten dobro se pokazal od komercijalna gledna tocka, povekjeto naslovi otisle uste vo predprodazba i toa i prviot i vtoriot print... WOW!!! bravo na tie sto im teknalo.
|
26 Sep 2011, 21:09 |
|
|
Phoenix
Пензиониран Мрчатор
Joined: 05 Jul 2010, 19:04 Posts: 3551 Location: Скопје
|
Мене ми е баш интересна Nice touch from DC
_________________ "There is a power beyond good and evil.The power to create,and the power to destroy!"-Dark Phoenix The X-Men are dead.Long live the X-Men. X-Men isn't a comic book. It's a drug.
|
26 Sep 2011, 21:37 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
27 Sep 2011, 07:07 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Последната тура со мнооооогу изненадувања. --------------------------------------------------------- All Star Western #1(Justin Gray / Jimmy Palmiotti)Чиста десетка! Hex го немам читано до сега, иако сум запознаен со ликот. Ама ова е феноменален начин на презентација на ликот пред нова публика. И тоа не со негова нарација него со нарацијата на доктор Arkham. И приказната и артот вредат за сите пари. Читајте го чудово, чисто да видите како изгледал Gotham circa 1880. Интересно е што се спомнуваат ликови кои ги имаше во The Gates of Gotham.Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- Aquaman #1(Geoff Johns / Ivan Reis)Ова чудо со нетрпение го чекав од мај месец некаде, and boy, was it worth it! Жив доказ дека со добар авторски тим не постои лош стрип лик. Aquaman е поим за потсмев и зезање во стрип заедницата, а Johns го експлоатира тоа и го надоградува со преубава приказна за почеток. Доволно информативно и за старите и за новите читатели. Овој тандем го стави Green Lantern на самиот врв на DC, па затоа очекувајте дека и Aquaman ќе се најде таму набргу. Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- Batman - The Dark Knight #1(David Finch / Paul Jenkins)Оценката за серијалов, кога ги оценував првите неколку броја пред рибутот беше ниска. Finch црта преубаво ама не знае да пишува. Факт! Кога видов дека Paul Jenkins ќе помага околу сценариото ми се врати надежта. Ама пак слабо... Многу слабо. Не дека нема да го читам натаму серијалов, ама далеку од другите бет-наслови. Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- Blackhawks #1(Mike Costa / Graham Nolan)Metahuman black ops, слично на Secret Warriors ама далеку понеинтересно. Not my cup of tea. Стрипов нема да го следам--------------------------------------------------------- The FLash #1(Francis Manapul / Brian Buccellato)За ова се надевав дека ќе биде супер. Не знам зошто. Авториве имаат “слава“ како автори на Witchblade, ама тоа не го прави Flash добар стрип. Приказната е mediocre at best, ама од субјективни причини (Flash e!) Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- Green Lantern - The New Guardians #1(Tony Bedard / Tyler Kirkham)Ова немам потреба да го коментирам многу. Тимот е докажан со Green Lantern Corps. Kirkham црта преубаво за мој вкус. Приказната продолжува каде што се застана пред рибутот. Мерак ми е што Kyle доби свој наслов. Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- I, Vampire #1(Joshua Hale Fialkov / Andrea Sorrentino)I can't belive it's not Jae Lee Приказната чудна. Свежа, нова... Тоа е плус кај мене. Додуша вампири се во прашање, ама... Ај ќе видиме. Можеби ќе го следам...--------------------------------------------------------- Justice League Dark #1(Peter Milligan / Mikel Janin)Ко за сефте број интересничко. Ликовите се симпатично одбрани. JLA за оние “помрачни“ случаи И за ова како за погорното, рано е да судам. Можеби ќе го следам...--------------------------------------------------------- The Savage Hawkman #1(Tony Daniel / Philip Tan)И ова како и Flash го чекав. Hawkman и Hawkgirl ги засакав во Brightest day, и сакав да читам стрип со нив. Првиов број можеше да биде многу подобар, ама па можеше и полош Ок, за сефте. Ќе го читам секако, ама не е тоа што очекував. Артот не ми напраи некој мерак огромен иако е Philip Tan. Само да искористам прилика да го поздравам Dan Didio за одлуката на Tony Daniel да му даде уште еден стрип да пишува. Алал да ти е бе Dan! Како ти текна! Fuckface... Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- Superman #1(George Perez / Jesus Merino)Разочарување на месецот. Цртежот е супер, ама приказната не. Многу просечна приказна. Едноставно не припаѓа во групава кецови. Делува како изгустирана рециклажа на нешто старо и ефтино. Дава доста објаснувања кој е кој, што е што, ама ако ова е правецот во кој ќе оди Superman за да се подобри ликот од она што беше пред рибутот - жал ми е. Како и да е, Superman е, па затоа Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- Teen Titans #1(Scott Lobdell / Brett Booth)За разлика од Superboy, ова е закон. И цртеж и приказна на ниво. Го има оној филинг од Young Justice, ама не смета. Супер е, и мислам дека ќе оди во добар правец. Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- The Fury of Firestorm - The Nuclear Men #1(Ethan Van Sciver / Gail Simone)Уште еден бисер кој го запознав во ерата на Brightest day. Свеж лик/ликови, приказната современа и доста крвава. Не знам дали ќе издржи долго серијалов, ама ми се допаѓа. Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- Voodoo #1(Ron Marz / Sami Basri)Ова ми е Out of the blue Ептен шок стрип. Не очекував од DC волку еротика во мејнстрим стрип. Храбро, храбро... Цртежот бомбона. Причата рано за да ја судам, ама доволно беше кецов за одлуката дека: Стрипов ќе го следам!--------------------------------------------------------- Епа од мене и DC толку. После кецовиве ќе правам пауза од неколку (6 или 12) месеци да се потсоберат цели аркови, зошто вака читање месец за месец ми се покажа како неефективно.
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
30 Sep 2011, 11:14 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Canon Fodder: 10 Possible Story Casualties of the DCnU http://www.newsarama.com/comics/10-stor ... 10708.html
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
06 Oct 2011, 19:54 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 5 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|