|
|
It is currently 19 Dec 2024, 09:10
|
Tekstovi za i okolu stripot...
Author |
Message |
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Jas ko ke se zaserijoznamznam поприлично литературно да пишувам,реферирам,па ако ти одговара,и да персирам.......барем многу подобро од неколку сироти души кои лутаат по библискава ни татковина. Aj rest maj kejs....i fala
_________________ ејм фор д бушес!
|
03 Aug 2011, 18:42 |
|
|
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
Топ фотки и топ текстој И добра поента на Мичо содржана во насловот од неговото квадратче
|
03 Aug 2011, 19:15 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Pa neznam choek sho e losh a saka stripovi.......2-3 iskluchoci go potvrdvat praviloto......ama i tie se ekstremi.
_________________ ејм фор д бушес!
|
03 Aug 2011, 19:16 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Исклучоците го потврдуваат правилото.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
03 Aug 2011, 19:23 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
konecno go procitav - super, edinstveno slikata so deckite vo helanki mi e pregolema... trebalo mesto nea povekje od Sindrom sliki
|
04 Aug 2011, 18:06 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
убаво излегло, а и има што да се каже
а и пола е скратено, од 13 прашања, имало место само за 7
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
07 Aug 2011, 21:06 |
|
|
Skywalker
|
ЗДРАВКО ГИГОВ?! Дефинитивно медиумите го прекрстија детето. Упорно се форсира ова презиме. Некој ми го зеде списанието пред да ја прочитам целата содржина, па ќе морам да го читам скенот поставен овде. Дали за Макстрипови, или за стрипот со Мадона, или за некој од рецептите, не знам, ама исчезна. Со сопругата се изнасмеавме со Цане кој ѕиркаше од рамото на авторот.
|
10 Aug 2011, 04:19 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
..i ja go primetiv toa ..stalno go greshat ....a moze i pechatna greshka da e ....
|
10 Aug 2011, 11:48 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Да, ама и Давор на едно место е пишан како Дамир...
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
10 Aug 2011, 11:57 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Текст во Теа Модерна, 31.08.2011год.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
31 Aug 2011, 08:32 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Respect!
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
31 Aug 2011, 08:35 |
|
|
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
Одлично, бравос за Јелена и за Ваци Претпоставувам дека ова е во „Теа“.
|
31 Aug 2011, 08:47 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Одлично интервју.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
31 Aug 2011, 12:24 |
|
|
IgorJovchevski
Магус Регуларус
Joined: 23 Dec 2009, 14:54 Posts: 1209
|
Bravo!
|
31 Aug 2011, 12:45 |
|
|
M@RKO
Суперхерој Под Стечај
Joined: 08 Mar 2010, 22:10 Posts: 281
|
браво го читав ептен добро интервју
|
31 Aug 2011, 15:57 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
...bravo...
|
31 Aug 2011, 15:58 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
VO deneshen vest ima tekst za nagradata na strip festivalot vo Belgrad......nemom da go nam na net....a vesniko go ostajf nakafe.....ako moj nekoj neka klaj to.
_________________ ејм фор д бушес!
|
29 Sep 2011, 13:32 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
02 Oct 2011, 17:44 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
Ah koja tapa : pred dve nedeli pravev intervju za dvata strip proekti, i posto go falev forumov eden kup, tipkata odlucila da ja zgolemi temata za celata strip situacija i kako sogovornici gi zemala Botev i Apostolova, koi kje mi izvinite ama edniot vekje 10 godini ne se zanimava so strip, a drugata e likoven umetnik cie delo barem za mene ne pretstavuva strip tuku kolaz od sliki i zborovi. vo mojot iskaz ne znam kako uspeala da go protne Strip centarot koj ne go spomnav, a da izvadi se sto zboruvav za strip forumot... se izvinuvam na site sto ova pocna od mene a zavrsi vaka :
eve go podolu mojot tekst sto i go prativ kako odgovor na prasanjata...
- Кази ни несто повеќе за двата нови стрип проекти? - Приказните на стрип авторите се работени според твои сценраија за десетина кратки приказни. Која е тематиката?
Прво би кажал нешто за тоа како дојдов до ситуација да работам стрип. Отсекогаш сум го сакал стрипот, најверојатно затоа што како медиум е многу сличен со филмот. Приказната е раскажана со слики и зборови, и тоа многу наликува на сториборд, првата визуелна етапа во фабрикацијата на филмовите. Во 2006 изработив документарен филм со наслов "За македонцката стрип култура". Во тој период имаше огромна стагнација на полето на стрипот, имаше автори кои беа активни, но нивната работа беше повеќе присутна во другите балкански држави, отколку во Македонија. Во меѓувреме, пред неколку години се отвори форумот за стрип на здружението Макстрипови (њњњ.макстрип.цом.мк), на кој повеќе вљубеници во овој медиум ги изложуваа своите цртежи и илустрации, разговараа за стрип, и најважно од с#, организираа дружби во кои луѓето имаа можност и реално да се запознаат и разменуваат искуства. Со текот на времето, членството на форумот постојано се зголемуваше и се создаде една таква креативна и опуштена атмосфера, што слободно можам да кажам дека денес македонската стрип сцена е најактивна од било кога, и дека во наредните неколку години ќе излезат повеќе квалитетни авторски дела, кои имаат реални шанси да бидат издадени од големите издавачки куќи.
Но да се вратиме на темата. Со Слободан Спасеновски се запознавме минатата година преку форумот, тој имаше идеја за приказна инспирирана од словенската митологија, сместена во 11 век, и бараше сценарист кој би се нафатил да ја разработи. Темата на приказната ме заинтригира, и за релативно кратко време изработивме концепт за целата серија, а потоа напишав синопсиси за 20-тина епизоди. Работниот наслов на серијата е "Крв и вода", и ја раскажува приказната за Петар и Марика, љубовен пар кој несакајќи ќе извалка еден самовилски извор. Самовилите-чуварки на изворот ќе фрлат клетва на Марика, претворајќи ја навечер во крволочен ѕвер. Единствена личност која може да ја оттргне клетвата е Баба Јага, која живее зад седум мориња и планини. Петар и Марика имаат точно 28 дена (една месечева мена) за да стигнат до Баба Јага. По пат, ќе се сретнат со најразлични волшебни суштества од словенската митологија : вештерки, вампири, змејови, ламји, сеништа итн. Моментално се црта втората епизода од серијата, која вкупно ќе содржи околу 20 епизоди.
Вториот стрип проект го почнав летово, и работниот наслов е "Приказни од другата страна на сонот". Се работи за стрип албум кој содржи десетина кратки фантастични приказни, кои не се меѓусебно поврзани. Нивната единствена заедничка точка е дека се конципирани во онаа преодна фаза помеѓу сонот и јавето, пред заспивање или пред будење. Иако генералниот жанр е фантастика, некои приказни се хорор, други се надреални, трети се научна фантастика. Секоја приказна ја црта друг уметник. Ова ќе му даде на албумот стилистичка разновидност и ќе го засили естетското доживување на публиката, бидејќи секој автор работи на приказна која одговара на неговиот вкус. Повторно и за овој проект, целиот процес и контакт со уметниците се одвиваше преку стрип форумот. Албумот ќе содржи околу стотина страници, и во него се застапени и помлади, но и веќе конфирмирани стрип автори од Македонија.
- Каква треба да биде една стрип приказна? Ретки се стрип цртачите кои работат според своја приказна.... Тоа зависи од контекстот на изработка на стрипот. Во големите издавачки куќи, каде приоритет е редовното излегување на стрип сериите, најчесто екипата за еден стрип е составена од 5-6 луѓе, од кои едниот работи на сценарио, друг на цртежите со молив, трет на туш, четврт на колор, петтиот работи на внесување на буквите, потоа има и уредник кој интервенира во артот и во сценариото. Но авторите често работат и самостојно, на свои сопствени приказни. Тоа се нарекува авторски проект и е честа појава во светот на стрипот.
-Што е потребно македонскиот стрип да се врати во живот, добри цртачи несомнено имаме а и добра приказна... Што недостига? Како и за повеќето други уметности, во Македонија, проблемот е во тоа што имаме повеќе креативци отколку публика. Можеби публиката и би била поголема, доколку животните стандарди се подобри. Моментално единствената можност за поддршка на стрипот ја гледам во изработката на посебна програма во рамките на Министерството за Култура. За жал стрип издаваштвото засега е подгрупа на литературното издаваштво, и многу се ретки случаите кога Министерството финансира издавање на авторски стрип. Досега се издадени неколку стрип албуми со тема Илинден и слично, чиј квалитет и интерес за интернационалната, па и за локалната публика, според мене е многу мал. Треба да се промовираат стрип автори со модерни тематики, кои би ги заинтересирале и помладите генерации. Во мојата околина знам за неколку случаи каде деца, откако почнале да читаат стрипови, тоа понатаму ги навело да се заинтересираат и за литература и уметност. Во денешново дигитално општество, каде с# повеќе го поминуваме времето пред компјутери, убаво е да не се заборават старите "аналогни" задоволства, како размена на стрипови, разговори за содржината на приказните, квалитетот на цртежот и слично. Во меѓувреме, здружението Макстрипови работи активно на промоција на стрип културата кај младите, самостојно го издава стрип магазинот "Синдром", во кој се промовираат делата на голем број членови на форумот, а има и теоретски текстови околу стрипот и презентација на разни стрип јунаци. Наскоро ќе излезе и шестиот број на Синдром, повторно самофинансиран од авторите и здружението. Се надевам дека наскоро тоа ќе се смени, но како и да е, резултатите од овие активности ќе може да се осетат дури по неколку години.
- Што е со пилотот за стрип серија? Дали странува збор за комерцијален стрип кој исто така недостасува? Па, се надевам дека станува збор за комерцијален стрип, бидејќи често се случува цели серии да бидат откажани, доколку не ги исполнат финансиските услови кои издавачите ги очекуваат од нив. Во Македонија, моментално нешто што е најблиску до комерцијален стрип се стрип каишите кои излегуваат по разни дневни и неделни списанија. Иако планираме серијата да излезе и на македонски јазик, сепак нашата главна цел, во смисол на заработка од работата на овој проект, е странскиот пазар.
- Двата проекта ќе ги претставиш на Пазарот за стрип во Ангулем, франција. Кои се шансите за вистински пробив на македонскиот стрип во светот? Шансите се секогаш 50/50. Стрипот или ќе се продаде на странски издавач, или не. Доколку стрипот е работен квалитетно и со љубов, и потоа се презентира на соодветни места на вистински начин, нема причина да не најде издавач. Проблемот е што таа комерцијална презентација бара човек кој размислува комерцијално, а истовремено има и уметнички сензибилитет. Најчесто стрип авторите "заглавуваат" во оваа фаза, бидејќи презентацијата по фестивали и разни пазари бара време, пари, и речиси исто толку енергија колку што требало за да се креира самиот стрип. Денеска, интернет многу олеснува во интернационалната комуникација, но сепак најдобро е да се сретнеш директно со луѓето кои веќе работат во таа индустрија, и да го покажеш својот проект "во живо". Јас веќе неколку години шетам по фестивали за анимација, и од тоа научив многу работи. Најважно од сето е да се сфати дека секоја уметност има и индустриска страна, односно доколку сакаш да го продадеш делото на кое си работел, клучот на успехот најчесто е во начинот на маркетинг. Квалитетното дело нема вредност ако остане во фиока и го видат само пријателите и семејството, тоа мора да го најде својот пат до публиката.
- Кажи нешто повеќе за анимацијата која е во пред продукција кој ќе се работи во копродукција со Шкотска. Дали овој прпоект е нашто слично на Хансл и Гретл кој имаше одличен и меѓународен успех или нешто сосема поинакво? Тоа е мојот прв комерцијален, а воедно и најамбициозен проект. Се работи за екранизација на стара Шкотска легенда, за едно дете кое трга да се бори против џиновска морска змија. Продуцентот на проектот го видел трејлерот за Хансел и Гретел на интернет, естетиката многу му се допадна, и така ме контактираше. Целокупната анимација во траење од 30 минути ќе биде произведена во Македонија со почеток на продукцијата во текот на 2012 година, што ќе отвори нови работни места и ќе го припреми теренот за долгометражен анимиран филм, на чие сценарио работам поодамна. Глумечката екипа ќе содржи неколку светски познати имиња, кои моментално не можам да ги откријам, а ќе бидат официјално објавени на почетокот на идната година. За разлика од Хансел и Гретел, овој филм спаѓа во жанрот епска авантура и е наменет и за деца и за возрасни.
-Сепак кажи ми нешто малку за Човекот што не сакаШе да умре оти тој е твојот нареден проект по Хансл и Гретл... да пишеме дека е во постпродукција, нешто кратко за приказната... за плановите за фестиували.
"Човекот што не сакаше да умре" е мојот втор анимиран филм, во продукција на ФХ3Х, и ја раскажува приказната за еден човек кој ќе се самоубие, а потоа ќе се предомисли, но Смртта веќе дошла да го земе. Филмот е поодамна во пост-продукција, и се надевам дека ќе го завршиме пред Нова година. Главната улога ја игра Висар Вишка, а музиката ја компонираше Били Гулд, басистот на легендарната рок група Феит но мор. Мислам дека филмот ќе има уште поуспешна фестивалска кариера од Хансел и Гретел, но ќе мора да почекаме до наредната година за да видиме колку е точна оваа прогноза.
|
05 Oct 2011, 13:00 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
p.s. uste go nemam videno vesnikot, se nadevam deka barem gi objavile od sindrom naslovnite...
|
05 Oct 2011, 13:01 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
ne me bendisva tekstot.....
_________________ ејм фор д бушес!
|
05 Oct 2011, 13:08 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
еве сега пишувам коментар таму... скроз безвезе, ептен сум разочаран....
|
05 Oct 2011, 13:09 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Nikoj od nabroenite avtori kolku sho mi e poznato ne se zanimava so mejnstrip strip..... Ivanka i Botev si teraat alternativa,i Dachev isto....(baj d vej pred da pcue nekoj,so site sum dobar prijatel ) To Spasenovski ili kako i da e....nemam pojma koj e.... Drugite ne komentiram.....
_________________ ејм фор д бушес!
|
05 Oct 2011, 13:13 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
05 Oct 2011, 13:15 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Taka kazi be.
_________________ ејм фор д бушес!
|
05 Oct 2011, 13:16 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 2 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|