|
|
It is currently 20 Dec 2024, 11:52
|
|
Page 1 of 1
|
[ 16 posts ] |
|
Author |
Message |
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Од денес, 13.05.2009 година, WEEDS на Канал 5 телевизија! И накратко, формулата би била следната: „“ + ““ x 0.1 „“ = "". Изобилува со реален хумор, и има многу интересна приказна, од епизода во епизода. Убавата работа што една епизода трае 30 минути, па не ми одзема премногу време од обврските.... ВРЕДИ ДА СЕ ПОГЛЕДНЕ! Не ја пропуштајте!Има добиено награда BMI Cable Award лани (претпоставувам награда за кабелска серија) а продукција е на Showtime.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
13 May 2009, 09:25 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Хехе, која луда серија... +1 препорака и од мене
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
13 May 2009, 12:36 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
ok e serijava ama do kaj 3ta sezona, posle toa takataka. ke vidime letovo 5ta sezona kako ke bide...
|
13 May 2009, 13:54 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
Јас првпат слушам за оваа серија Баш ќе ја гледам денес
|
13 May 2009, 14:21 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
slucajno naletav na weeds na k5 denovive, utnata im e audio/video sinhronizacijata. nesto sto najveke me pizdi pri gleanje bilo serija bilo film...
enivej, sto mislite, moze li serijava (dokolku postigne gledanost) da smeni nesto vo javnoto mislenje za odredeni raboti ili...?
|
01 Jun 2009, 01:33 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Овде кај нас??? Чисто сумњам А ако мислиш за Американците, that ship has sailed long time ago
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
01 Jun 2009, 02:12 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
za kaj nas mislev. za tamu nema potreba od muabet.
|
01 Jun 2009, 13:40 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
Јас гледав една епизода,ама искрено не ми беше многу разбирливо зошто има толку( како да ги наречам) неетички јунаци(антихерои),се ми беше испревртено,главната хероина е дилер на дрога,другата е некоја изгубена на која децата и викаат дека подобра била кога мислела дека ќе умре...Глумиците многу ги сакам,сум ги гледала во многу добри филмови,ама концептов е далеку од моите `конзервативни` и вообичаени поимања...Можеби ако го гледам само како некаква забава,поминува,ама како нешто подлабоко не ми личи...
|
02 Jun 2009, 19:20 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Мене баш тоа што има толку нетипични/неетички/антихеројски ликови ми е примамливо кај серијава. И дава некоја пореална димензија. Плус, мене лично барем ми е здосадено од користење типични архетипи, особено оние со херојски менталитет...
/Една од причините зошто ги обожавам HBO и ShowTime телевизиите, они се саде анти-архетипи...
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
02 Jun 2009, 20:10 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
|
02 Jun 2009, 22:47 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
02 Jun 2009, 23:39 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Точно, не е финтата да се солидаризираме со неа, ти се фаќаш (најверојатно несвесно) за она класичното дека гледачот мора да е на страната на главниот протагонист. И тоа не е ништо чудно, сите го правиме тоа по автоматизам, до некој степен сме и програмирани така, 90% од филмови/серии се така и правени... И се навраќаме пак на архетипите Е сега, за експлицитноста... тоа е друг муабет. На HBO и ShowTime и тоа им е трејдмарк (ах, Californication), но мора да се признае, барем се оригинални. Кај нас е дефинитивно утнат терминот на емитување за ваков тип серија, ова е за покасно во ноќта... Еве гледам, и А1 ја даваат Two & A Half Men попладне, а саде секс заебанции е серијата...
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
03 Jun 2009, 01:10 |
|
|
Пепи
Суперхерој Под Стечај
Joined: 23 May 2009, 10:18 Posts: 461
|
не знам зошто ама оваа серија никогаш не ме заинтересира да ја следам
_________________ Пазете се... демниме бавчи!!!
|
04 Jun 2009, 15:34 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
'Weeds' Canceled by Showtime; Season 8 Will Be the Show's Last
Опа... Can't say I'm surprised. Па и време беше.
Осма сезона ќе има 13 епизоди, иначе.
Иначе број 2, почиња на 1-ви јули.
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
14 Jun 2012, 16:19 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
Поооо... ја имав забраено оваа.. ми здосади на почеток на 5та мислам. Како се движат последниве сезони (5-6-7), има нешто асално?
|
14 Jun 2012, 21:49 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Седма е троа подобра од претходните неколку сезони и најверојатно единствената од тој куп која вреди да се изгледа, затоа што е во голем дел враќање на корените... Штета што мораш прво да ги поминеш другите за да стигнеш до неа. Ако се сеќавам добро, петта беше најочајна, единствено нешто што вредеше беше клифхенгерот на крај, шеста се оправи малку, дури имаше и по некој одличен момент, но пак најарниот дел е завршетокот/расплетот. Ај, можеби кога ќе нема што друго да гледаш
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
15 Jun 2012, 00:50 |
|
|
|
Page 1 of 1
|
[ 16 posts ] |
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 15 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|