|
|
It is currently 19 Dec 2024, 13:29
|
Author |
Message |
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
THE RIVER (2012) (како Тхе Мичо, ама River наместо Мичо) | | Famed explorer Dr. Emmet Cole (Bruce Greenwood) went looking for magic deep in the uncharted Amazon and never returned. The shocking truth about his disappearance is out there, somewhere, just waiting to be discovered. To the millions of kids who grew up watching his nature show, Dr. Cole was a hero. To his own son, Lincoln (Joe Anderson), he was more of an enigma. Now, six months after he vanished, Lincoln is finally ready to bury the past when Dr. Cole's emergency beacon suddenly goes off. At the urging of his mother, Tess (Leslie Hope), Lincoln reluctantly joins her on a search for his father. To fund the rescue, they agree to let Dr. Cole's cagey ex-producer, Clark (Paul Blackthorne), film the mission documentary-style. The mixed crew of old friends and new acquaintances includes the sexy and resourceful Lena (Eloise Mumford), loyal mechanic Emilio (Daniel Zacapa) and lethal bodyguard Captain Kurt Brynildson (Thomas Kretschmann).
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
10 Feb 2012, 03:13 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
10 Feb 2012, 03:15 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Не дека претерано ме воодушевија првите 2 епизоди, ама ќе ја следам, па нека има топик. На кратко за добрите работи, а за мааните понатаму... - Генерално интересно е, доволно да ме копка што ќе испадне работава. - Се случува на the Amazon - секогаш cool локација. - (не многу голем спојлер) - Лена е фина девојка... a и таа малата, ама мала е. - Името на малата е Jahel, a се изговара Хајел. - Ќе има само 8 епизоди, од друга пак страна тоа се 8 епизоди во првата сезона, што значи дека сепак може да ја развлечат.
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
10 Feb 2012, 03:29 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Изгледав само прва епизода (втората вечер). "На хартија" идејата си е кул, иако не е преоригинална. Еве што не ме бендиса: 1. епизодава ми делуваше ко долг trailer, заради таа преглема динамика која не ми функционираше. Развој на карактерите, драма и тензија, имаше малку. 2. кастингот не е најидеален и не мe воодушеви никој од актериве, а и сценариото и дијалозите ми беа лошникави. 3. впечатокот ми беше после изгледаната епизода дека сакаат да кешираат на моменталната популарност на cinema verite/found footage жанрот, без да посебно се потрудат бар да постигнат некоја автентичност..
Е сега, ова е само за првата епизодата. Потенцијал овде има најмногу основната приказна, ама ќе видиме тој потенцијал како го искористиле при реализацијата.
|
13 Feb 2012, 18:15 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Вакви работи не ми се допаднаа...
МАЈКАТА: „Сине, ајде да го бараме татко ти...“ СИНОТ: „Не, не сакам!“ (сепак го натераа)
(по неколку дена) МАЈКАТА: „Сине, во право беше. Да не го бараме...“ СИНОТ: „Не, треба да го бараме!“
Или...
(од кога им погина еден од екипажот, а една беше ранета, срцка инаку) СИНОТ: „Да им кажеме на членовите на екипажот дека ова е опасно патување...“
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
13 Feb 2012, 19:03 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Всушност, повеќе беше “да ги прашаме дали сакаат да продолжат со нас оти очигледно е опасно овде“, додека меѓу двата настани со мајката и синот се случија многу работи, што дури и логична беше таквата реакција (синот се напали за магијата и го фати инает, мајката сфати дека сите до еден ќе испогинат таму ако продолжат со трагањето)...
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
13 Feb 2012, 19:50 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
^ Така значи? А што правиме со ова... Прво: "The last dated tape shows him headed west..."После: "... but there's 104 tapes, and there's s no way to put them in any kind of order."(a да не збориме како после се сетија да ги наредат по некаква хронологија )
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
13 Feb 2012, 20:47 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
"чудникави" сценаристички решенија имаше хехе, што посебно се приметува кај овој тип на серија/филм, каде целта е да се имитира вистинска реалност, со "натприродни" зачини. Во секој случај, елемент кој најмногу ми остана во памет и претпоставувам ќе ме држи за да продолжам со следните епизоди е тоа со магијата муабетот - ми се виде интересно а и не ми текнува нешто слично во тој фазон да сум гледал, па да видиме како ќе го разработат тоа. Значи, не е лоша серијава... ама, после баѓи пофалните зборови на Тетоец ги подигнав очекувањата, па малку се разочарав... претпоставувам, ако се намалат очекувањата (иако синопсисот баш ветува), може да пружи добра лесна забава, но чисто сумњам дека и како целина ќе е нешто повеќе од тоа.. видеќемо.
|
13 Feb 2012, 22:19 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Лафче, има касети со датум, и после има 104 касети без датум. Не знам што не ти е јасно Нео, ова е уште истиот муабет после изгледана само прва епизода, или стигна да ја изгледаш и втората? Според мене, грешка ти било што не си ги спакувал двете одеднаш, ко што излегоа и биле планирани... Во секој случај, не ми беше поентата да дигам очекувања (барем не кај хорор фановите, повеќе кај оние неутралните), тоа што го кажав беше дека е динамична, creepy, и дека саат и пол прилично брзо ми летнаа, што во голема мера го потврдивте и другите, никаде не спомнав дека чудово заслужува награда. Понатаму, чудно ми е што токму хорор фановите имаат замерки од типот на “недоволен развој на карактери“, “недоволно драма“ и “глупи сценаристички пропусти“. Ова е нешто што јас, како нељубител на хорор, и тие како мене би требало да го кажат. Всушност, таквите замерки и општо површноста на жанрот се и причините поради која не го сакам хоророт, односно ретко можем да преминем преку нив за да уживам во тоа што е на екран. Со други зборови: сепак за серија од хорор жанр зборуваме овде, каде кое и да дело ставите под лупа ќе ги имате горе-доле истите замерки. Мислам, нормално дека нема значаен развој на карактери и дека нема кохезија на сценарио, хорор е побогу, поентата е да те вози, а не да те тера да решаваш морални дилеми и да играш психолог. За тоа има драми, оние вистинските. Од тој аспект, серијава си ја има постигнато целта: брза е, језива е, избегнува клишеа колку може и не го тупи премногу - што за мене ја прави гледлива, ништо повеќе. ЕДИТ: А да, за документарниот стил... Останувам на своето мислење дека ако ова се снимело на “традиционален“ начин, ни упола немало да биде “страшно“ како што е сега, како што впрочем е и случај со поголемиот дел на дела снимени на овој начин (на пример, Cloverfield - снимен стандардно би бил срање, вака барем камерата го вади).
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
14 Feb 2012, 00:47 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
Last edited by Laf on 14 Feb 2012, 01:17, edited 2 times in total.
|
14 Feb 2012, 01:02 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
+1 за муабетот за серија vs филм, но уште е рано за таков заклучок, плус би рекол дека во двете епизоди имаше доволно “развој“ (преку флешбеците и “суптилните“ моменти на камера)... колку за две епизоди, anyway. Колку за споредба, American Horror Story, која нали токму хорор фановите ја кажавте за одлична, ако добро се сеќавам скоро и воопшто да немаше развој на карактери во првите две-три епизоди (до толку барем изгледав од неа)...
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
14 Feb 2012, 01:09 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Ѓубриња. Сите Тројца (рендом измешајте се...) Се убивте од спојлери, а изгледани ми се само првите 10 минути.... Како што сте тргнале, раскажете ги двете епизоди, сцена по сцена!
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
14 Feb 2012, 09:02 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
^ Кога читаш по форуми...
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
14 Feb 2012, 09:28 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
_________________ ејм фор д бушес!
|
14 Feb 2012, 09:51 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Кралевски, не цвичи, ништо не ти е расипано... Барем не од моја страна
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
14 Feb 2012, 15:56 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Ајде сега, вади се...
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
15 Feb 2012, 08:55 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
serijata iako obekjavashe mi ispadna preglupa.....
_________________ ејм фор д бушес!
|
17 Feb 2012, 14:18 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
...sea ja reklamiraa skoro na nekoj od kanalive sho se na kablovska.... ....ama ne mi tekinja na koj...ce se prikazue...
|
17 Feb 2012, 15:29 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Че си признам, ич тензија во третава епизода, плус се убив од смешкање (монтипајтоновецот во мене не издржа)...
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
17 Feb 2012, 17:38 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
|
29 Feb 2012, 00:16 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Јас престанав со серијава после 2. епизода... Ќе видиме вкупен впечаток кога ќе заврши целата. AHS е супер.
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
29 Feb 2012, 00:36 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Нео, ти може сакаш да ја продолжиш дискусијава, ама мене се' ова ми е tl;dr Едноставно не ми се иде поента по поента, ќе се задржим само на две од побитните: немој mindburn да ми мешаш со хорор, please. За мене тоа е екстремна верзија на mindfuck, во која дел од филмовите имаат хорор елементи, секако, но во никој случај не се константно поврзани, односно дел од еден ист жанр. За AHS, ме вадиш од контекст, никаде не сум рекол дека е полоша од The River (или дека е лоша, општо). Муабетот во овој топик за нив беше за развојот на карактерите во првите две-три епизоди (затоа што некој рече дека немало доволен развој на карактери во The River ко за серија). Фор д рекорд, не планирам да ја (до)гледам AHS, затоа што веќе во неколку прилики всушност кажав дека не е мој "cup of tea", нељубител на хорор и сето тоа. Ако е за утеха, не планирам ни The River да ја гледам веќе (после изгледани 4 епизоди)... ЕДИТ: По внимателно читање на постот погоре, морам да додадем уште нешто: навистина не знам како испадна дека моето прокламирање како “нељубител на хорор“ значи дека мислим дека се’ што има “хорор“ во листата жанрови е површно срање (односно дека за сите важат замерките кои се болдирани погоре, кои не ги ни пишав оригинално јас, туку дојдоа од вас, хорор фановите). Таква генерализација е страшна, за било кој жанр, и нималку не звучи ко мене, баш напротив... ЕДИТ2: Не сакав да навлегувам во коментарот за “стереотипноста“ на моето мислење, но сакам да го надополним претходниот пасус - се сложувам со твоето резиме, тоа и ми беше поентата погоре, но фактот останува дека хоророт е жанр во кој се присутни најмногу (најизлитени) стереотипи, па и клишеа, кои за жал мнозинството од хорор филмовите упорно ги користат и употребуваат (а како не би, целиот жанр е базиран на нив). As a matter of fact, најдобрите хорори, барем во последниве декада-две, се оние кои го напуштаат тој “традиционален“ начин и се мешаат со други жанрови, наративни формати исл, без разлика дали станува збор за slasher/zombie/psychological филм итн... Со други зборови, исклучоците. Не дека ова не е случај со другите популарни жанрови, ко акција/романтична комедија, но некако кај хоророт ми е најизразено...
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
29 Feb 2012, 16:37 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
|
01 Mar 2012, 01:30 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Џаст то кларифај, под мешање на хорор со други жанрови не мислев на мешање на хорор поджанр со друг хорор поджанр (иако и тоа пали некогаш), туку мешање на тие поджанрови со други, не-хорор, жанрови и/или формати кои не се толку типични за тој поджанр на хорор... Понатаму, има мешање и “мешање“ - за еден спој да биде валиден, таа измешаност (отстапување од оригиналната форма и креирање нова) мора да биде поизразена. Класичен пример е токму употребата на “документарен“ стил, од Blair Witch Project наваму, што ревитализира една цела група на хорор поджанрови, но не сите вакви филмови се валидни мешавини (Blair Witch Project 2 ). Ова е до некаде очигледно и во The River, каде има разлика од првите две до вторите две епизоди, на пример... /Збор на денот: (под)жанр ЕДИТ: Хоророт посебно го “пикирав“ за клишеата затоа што тие се дел од структурата (сценаристичка, барем) во процентуално најголем дел во споредба со останатите жанрови. Можеби дека хоророт е во основа нискобуџетна дисциплина, но барем 6-7 од 10 филма кои излегуваат денес инкорпорираат “група луѓе загубени на непозната територија каде некој ги лови“. Коса ми се дига кога ќе видим таков опис. Останатите 2-3 се обично “затворени во куќа со крвожедни духови“. Од тие 10, 1 ако е троа оригинален (во приказна и/или формат), добро е. Од технички аспект, за креирање на “хоророт“ кај гледачите минимум пола се’ уште тешко се ослонуваат на оној класичен “бу“ камера момент, кој реално припаѓа во 80тите (барем за мене). Со други зборови, хоророт има многу помалку исклучоци него другите жанрови (иако, ќе си признам, тој број значително е зголемен во последнава декада, главно ради азиските хорори). Дури и романтичните комедии, кои се едни од најригидните, структурно гледано, се’ повеќе и повеќе експериментираат и отстапуваат од оние "chick flick" клишеа. Да не се разбереме погрешно, не е ова “хејтање“, таков си е жанрот и многу го обожаваат токму заради тоа, само образложувам зошто тие 9 од 10 хорори не се my cup o' tea, односно зошто повеќе ми се смешни него страшни. Toj 1, од друга страна, со мерак ќе го гледам...
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
01 Mar 2012, 17:29 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Еве, да пријавам дека ја изгледав цела сезона и можам да кажам дека квалитетот (бар кај мене таков е впечатокот), постепено одеше нагоре, лека полека ми се подобруваа работите, како хемијата меѓу ликовиве и глумата на актерите, така и развојот на приказната, па сума сумарум, ако првите две-три епизоди не ми беа баш, последните две-три ми легнаа убаво, па би рекол дека на крај од сезонава севкупно заслужува бар една 7/10, што би значело дека се работи за ок серија, која има одредени проблеми (некои од нив се можеби и поради самиот концепт на серијалот), но не се страшни за да ја расипат серијата до негледливост. Лаф, може слободно да ја догледаш ако не си стигнал до сега и ако ти беше колку-толку интересна основната приказна (Тетоец сигурно веќе изгледал до крај). Втора сезона најверојатно нема да има бидејќи планот беше ова да е мини серијал.
|
30 Mar 2012, 16:26 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 20 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|