|
|
It is currently 19 Dec 2024, 07:00
|
Стрип книжарница Бункер - Скопје
Author |
Message |
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
Препорака на неделата: Офуцани холивудски филм (Box Office Poison)Приказна за судбината на повеќе млади луѓе ( и понекој постар ), проткаена со драма, неконвенционален хумор, стрипови, и неколку животни лекции . Мизерни работни места, љубов, секс, журки, валкани интриги во светот на суровата стрип индустрија, растурени станови, девојки (и недостигот од истите ), нерасчистени случки од минатото... Без класична поделба на добри и лоши, без суперхерои (освен во фантазијата на амбициозните стрип автори), ренџери, вонземјани... со извонредна карактеризација на ликовите и фантастично чувство за дијалог. Сето тоа на повеќе од 600 страници во ова епско дело на Алекс Робинсон. Или како што скратено и поелоквентно би срочиле луѓето од хрватскиот издавач Фибра: "Singles", meets "Chasing Amy", meets "Clerks", meets "High fidelity" Стрипот е добитник на повеќе награди (Ајснер, наградата во Ангулем за најдобра дебитантска графичка новела, а магазинот Визард го избра ова дело за најдобра независна графичка новела на сите времиња). Да не должиме, еве го линкот со привју на првите 200 страници од издавачот Фибра, па ѕирнете дали ви фаќа око http://www.fibra.hr/preview/OHFPreview.pdfЗа љубителите на Алекс Робинсон секако добра вест е и тоа што Фибра планира да објави уште едно негово многу интересно дело - Tricked. http://www.topshelfcomix.com/catalog/tr ... tcover/222Издавач: Фибра * 604 страници * Тврд повез * Цена: 1500 ден.
Last edited by vaci on 03 Apr 2012, 11:34, edited 1 time in total.
|
19 Mar 2012, 16:20 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
^^^ Партали стрип. Ja лично, ептен уживав.
Него, Mort Cinder го имате ли? И шо цена ако да.
|
22 Mar 2012, 11:18 |
|
|
Phoenix
Пензиониран Мрчатор
Joined: 05 Jul 2010, 19:04 Posts: 3551 Location: Скопје
|
Се почастив денес прв и втор број Lilith од Бункер. За жал немав време да разгледам,ама тоа кога ќе стигне нова роба.
_________________ "There is a power beyond good and evil.The power to create,and the power to destroy!"-Dark Phoenix The X-Men are dead.Long live the X-Men. X-Men isn't a comic book. It's a drug.
|
23 Mar 2012, 00:20 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
|
23 Mar 2012, 00:30 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
|
23 Mar 2012, 00:33 |
|
|
Branka Brlivata
Суперхерој Под Стечај
Joined: 12 Jul 2011, 14:10 Posts: 296 Location: Skopje , Saraj Matka
|
_________________ Денес е фино сончево нели е глупо да не пијам пиво , седиме надвор пиеме пиво сеир факаме на све живо , седиме надвор пиеме пиво .... не боли за све живо.....................
|
23 Mar 2012, 09:29 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
|
23 Mar 2012, 12:09 |
|
|
Branka Brlivata
Суперхерој Под Стечај
Joined: 12 Jul 2011, 14:10 Posts: 296 Location: Skopje , Saraj Matka
|
Onda ke si '' uznju '' samo od Bonelivite ali za sekoj slucaj cuvaj mi i od Lilithot poso dolgo vreme go merkam i mu se mislam izmegu Lilit i Julija e taka aj pozdrav iz suncanog Novog Brda u Kosovo
_________________ Денес е фино сончево нели е глупо да не пијам пиво , седиме надвор пиеме пиво сеир факаме на све живо , седиме надвор пиеме пиво .... не боли за све живо.....................
|
23 Mar 2012, 19:18 |
|
|
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
|
23 Mar 2012, 19:23 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
|
24 Mar 2012, 02:21 |
|
|
Phoenix
Пензиониран Мрчатор
Joined: 05 Jul 2010, 19:04 Posts: 3551 Location: Скопје
|
_________________ "There is a power beyond good and evil.The power to create,and the power to destroy!"-Dark Phoenix The X-Men are dead.Long live the X-Men. X-Men isn't a comic book. It's a drug.
|
25 Mar 2012, 02:29 |
|
|
Branka Brlivata
Суперхерој Под Стечај
Joined: 12 Jul 2011, 14:10 Posts: 296 Location: Skopje , Saraj Matka
|
_________________ Денес е фино сончево нели е глупо да не пијам пиво , седиме надвор пиеме пиво сеир факаме на све живо , седиме надвор пиеме пиво .... не боли за све живо.....................
|
25 Mar 2012, 18:22 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
Фино се надоврза муабетов на нашата препорака на неделата Јулија бр. 8 - Ако планине утихнуКраток увод (оние кои знаат за што се работи во серијалот, слободно нека го прескокнат овој дел ): Кога ќе се спомене името на Џанкарло Берарди, прва асоцијација што ќе му падне на памет на секој поискусен стрипофил е Кен Паркер. Навистина, Берарди, заедно со Милацо, е автор на овој извонреден вестерн серијал, со кој практично почна созревањето на јунаците на издавачката куќа Бонели (тренд што подоцна уште повеќе ќе го забрза исто така култниот и комерцијално многу поуспешен стрип - Дилан Дог). Овој атипичен вестерн, креиран во втората половина на седумдесетите, претставуваше преседан во италијанскиот и светскиот стрип. Преку наизглед ограничената рамка, каква што нуди дивиот запад (дури и самите Берарди и Милацо на почеток мислеле дека во вестерн серијалите се е веке кажано), овој стрип обработува широк спектар актуелни теми (од хомосексуланост до тероризам). Во 1998. кога излегува последниот број на Кен Паркер (сеуште се надеваме дека се работи само за привремен крај), Берарди креира нов лик - Јулија. Се работи за привлечна и елегантна млада дама во своите триесети години, која живее со својата куќна помошничка Емили и персиската мачка Тони. Јулија е криминолог и работи како професор на универзитет, меѓутоа често е ангажирана од локалната полиција и обвинителството - за да ги разреши најзамрсените злосторства. Берарди многу студиозно му се посветил на овој лик, па така пред да ја создаде Јулија, неколку месеци посетувал најразлични курсеви по криминалистика. Интересно е да се напомене дека сите главни ,а со тек на времето и доста споредни ликови, имаат физиономии на познати глумци. Јулија личи на Одри Хепберн, Емили на Вупи Голдберг, поручникот Веб е Џон Малкович, наредникот Бен Ирвинг - Џон Гудман, Лео Бакстер - Ник Нолти (во помладите денови секако )... Мене лично оваа епизода ме купи со кенпаркеровски печат, препознатлив на секој чекор. Исти се атмосферата и сензибилитетот, очигледниот заштитен знак на Берарди. Дејството се случува далеку од светлата на велеградот, во индијански резерват, каде Јулија е повикана да разреши низа мистериозни убиства. Специјален гостин е Тревисан, еден од моите омилени цртачи на Кен Паркер. Најпосле, приказнава заличува на елегија, буди носталгија за старите времиња и дава приказ во што се претворил светот на Кен Паркер еден век подоцна. Издавач: Дарквуд * 130 страници * ц/б * Мек повез * Цена: 200 ден
Last edited by vaci on 03 Apr 2012, 14:46, edited 2 times in total.
|
26 Mar 2012, 13:09 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Море Ваци се распишал....БРАОС Мало надоврзување за сите љубители на Бонели Јулиа е навистина предизвик да се исчита, едноставно концептот на приказните, ликовите, дејствието е совршено. Вреди да се проба.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
26 Mar 2012, 13:12 |
|
|
Phoenix
Пензиониран Мрчатор
Joined: 05 Jul 2010, 19:04 Posts: 3551 Location: Скопје
|
Еј,баш таман ми е овој број вечер за читање
_________________ "There is a power beyond good and evil.The power to create,and the power to destroy!"-Dark Phoenix The X-Men are dead.Long live the X-Men. X-Men isn't a comic book. It's a drug.
|
26 Mar 2012, 14:07 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Jas da si prasam, dali Greystorm 3 i 4 gi ima vo Bunker? Posto gledam deka vekje se izlezeni...
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
30 Mar 2012, 07:50 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
|
30 Mar 2012, 11:35 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Nema veze, onaka samo prasav, imam jas eden kup stvari za kupuvanje... zdravje, da se sredam malku so finansii... rebalansi na budget itn...
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
30 Mar 2012, 11:40 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
Препорака на неделата: Барселона у свитањеБарселона, лето 1923. Земјата е во хаос. Додека слабо организираната и корумпирана шпанска војска реди порази од далеку помалубројниот противник во Мароко, во Барселона владее безредие. Потчинетите класи подржани од анархистите, комунистите и републиканците протестираат поради суровите методи за регрутација. Последиците се страшни - стотици мртви на сите страни. Една вечер, по престрелка во пристаништето, полицијата пронаоѓа четири тела. Истражувајќи го случајот новинарот Пере Марс открива дека се работи за германски државјани, најверојатно платеници, кои во минатото имаат работено за германската разузнавачка служба. Ова е почетокот на овој интригантен политичко-шпионски трилер. Приказната е базирана врз виситнити настани. Низ неа дефилира плејада фасцинантни, не толку познати историски личности (еден од идните неуспешни атентатори на Хитлер, идниот популарен каталонски претседател итн.). Настаните опишани во стрипов се меѓу директните причини за неуспешниот обид за пуч на Хитлер во Минхен, во ноември 1923. Сето тоа гарнирано со мотиви од еден од најубавите градови во светот, и имате успешен стрип-рецепт Сценариото го потпишува Хуан Антонио де Блас, додека за цртежот е одговорен извонредниот Алфонсо Фонт (се работи за многу плоден автор, кој на овдешната публика и е познат, помеѓу другото, и по СФ серијалот Такси, како и по работата на Текс Вилер). За да увидите за колку свестран уметник се работи (а и да не помислите дека Фонт се ограничил само на цртањето на Текс Вилер и Кит Карсон) во спојлер и неколку негови, хмммм, поразлични креации Издавач: Графарт (Весели четвртак) * 48 страници * колор * тврд повез * Цена: 800 ден
|
02 Apr 2012, 14:23 |
|
|
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
Recenziive od vaci da odat vo posebna tema i da bide stiki.
|
02 Apr 2012, 16:14 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
02 Apr 2012, 20:37 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
02 Apr 2012, 21:32 |
|
|
vizant
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 21:27 Posts: 224 Location: Markov Grad
::
|
Koga sme kaj BUNKER ima : STRIP RAZGLEDNICI kolekcija -pecateni na kunstdruk od Makedonski avtori :Atanas Botev ,Goran Dachev ,Toni Atanasovski ,12 m Ljubomir Filipov in memory,Smile Cvetanovski ,The Mico, Dimitrij Mihajlov,Krstevski,i neso od Srbskite avtori kako Alexa Gajic,Kerac,Maza,Vlada Aleksic , strogo limitirani izdanija ,tirazot e odamna otiden,del se full kolor tiraz =250-300 ,oddamna e otiden ,ovde posledni 2-3 p.
STRIP SKOLA 99 -KERAC ,plus ANATOMIJA na 160 str,makedonsko pecateno izdanie, KUL STRIP ANTOLOGY 1-5 ,limitirani izdanija ART WITHOUT BORDER -korica Atanas Botev ,,BASTION-novo izdanie korica -Mikica legendarniot cover artist na Lunov Magnis Strip i Zlatna Serija vo ex Yu prostorite ,kako i stripovi od Maza ,Nebojsa Pejic ,Tiho Celanovic,Darko Bogdanov,Darko Perovic koj raboti za Bonelli i dr.....
Nakratko za izdanijata na VIzant .
_________________ vizant[color=#0[color=#008000][/color]08000][/color]
|
06 Apr 2012, 21:38 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Ваци, ги чекам Киша бр.3, Грејсторм 3 и 4, новите Дилани од ВЧ, па да прашам кога (отприлика) се планира нова тура? Фала.
|
07 Apr 2012, 20:20 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
Како изгледаат работите тешко пред мај Неделава би требало да тргне навака пратката од Фибра, па дури после тоа го планираме следниот увоз од Србија.
|
08 Apr 2012, 23:39 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 9 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|