|
|
It is currently 17 Dec 2024, 17:32
|
Author |
Message |
dare_sum
Сеирџикус Максимус
Joined: 24 Jan 2009, 16:35 Posts: 5116
|
_________________ http://darkoristevski.blogspot.com/
|
07 May 2012, 23:50 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
08 May 2012, 17:39 |
|
|
The Bat-Man
Ултимејт Резервист
Joined: 29 May 2009, 14:29 Posts: 542
|
|
10 May 2012, 18:13 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Фантастиш... Па пиши импресии
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
10 May 2012, 19:45 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
God Bless America - Така. Интересна хемија помеѓу Типот и Малата. Нов концепт, а сепак стар. Нов агол а сепак стар. И да го гледате и да не го гледате исто ќе се фати. Ако го гледате, може малце поише ќе пцуете што цел свет се труди да биде ко Америне. 6.5/10
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
10 May 2012, 19:46 |
|
|
BrunoPhoenix
Манга Падаван
Joined: 04 Feb 2009, 19:27 Posts: 2274 Location: Скопје
|
Death of a superhero Dete boleduva od rak,i go koristi negoviot talent za crtanje da izbega od realnosta
Last edited by BrunoPhoenix on 11 May 2012, 09:20, edited 1 time in total.
|
10 May 2012, 23:57 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Attack the Block - Супер филмче. Елиени во работнички блок во јужен Лондон. Забава за цело семејство! Иако беа млади глумци, супер си изглумија. Браво! Оцена 8/10
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
10 May 2012, 23:59 |
|
|
The Bat-Man
Ултимејт Резервист
Joined: 29 May 2009, 14:29 Posts: 542
|
Супер беше The Warriors. Што друго иам испуштено од 80's gems?
|
11 May 2012, 15:06 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
11 May 2012, 15:24 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Кобра со Сталоне /Заебанција настрана, ако го немаш гледано Кобра, јаз’к да ти е Потоа, двата со Ник Нолти/Еди Марфи, 48 Hours/Another 48 Hours. Копола имаше два добри генг-рилејтед филмови на почеток на 80тите: The Outsiders и Rumble Fish. Понатаму, не можем а да не го спомнем Карпентер, сакаш Снејк Плискен, сакаш некој друг на Карпентер со Курт Расел, но нај-80ти шмек ми има They Live, low-budget до даска, а закон скроз. Со истиот глумец (Rowdy Roddy Piper), Hell Comes to Frogtown. Смеење до смрт. EDIT: Имаше еден сличен на Вориорс, само малку по-тинејџерски, но сепак добар... The Wanderers се викаше.
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
11 May 2012, 16:09 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
11 May 2012, 16:23 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Овој го имам гледано во кино, останат ми е во добро сеќавање ()... http://www.imdb.com/title/tt0086625/
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
11 May 2012, 16:33 |
|
|
The Bat-Man
Ултимејт Резервист
Joined: 29 May 2009, 14:29 Posts: 542
|
|
11 May 2012, 17:23 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
11 May 2012, 17:29 |
|
|
talamar
Пензиониран Мрчатор
Joined: 23 Jan 2009, 10:10 Posts: 4689 Location: Skopje, R.Macedonia
::
|
_________________ Креирајте македонски стрипови. Читајте македонски стрипови. Купувајте (по воља) македонски стрипови.
|
11 May 2012, 19:28 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
11 May 2012, 21:05 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
The Avengers - Од 6 до 8. Погоре не. Веќе видено. Ако некој го интересира би елаборирал. Али и сами ќе си видите/процените. Можда пошо у 3D. Се надевам "The Dark Knight Rises" ќе ми исполни очекувања.
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
12 May 2012, 01:28 |
|
|
BrunoPhoenix
Манга Падаван
Joined: 04 Feb 2009, 19:27 Posts: 2274 Location: Скопје
|
the avengers odlichen film,mnogu mi se dopadna,najdobar od toj zanr.Preporaka,mora da go gledate,po moznost vo kino Princess mononoki crtan,2 saata trae,odlichna bajka,preporaka
|
12 May 2012, 03:29 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
The Avengers - Филмот на столетието е кај нас. Можеме да го гледаме, да се радуваме, да имитираме потези од омилените ликови, да уживаме во 3D доживувањето во нашето прекрасно кино "Милениум". Но, дали се случи тоа? A review by your favorite Mr. Geek
По феноменалните Iron Man, Thor, Captain America, како и послабо оценетиот, но подеднакво супер - Incredible Hulk, Marvel напаѓаат со the ultimate доживувањето, нивните најјаки и најхрабри херои собрани на едно место - The Avengers. По откажувањето на Favreau и генијалецот Kenneth Branagh од режисерската позиција, тоа место го завзема можеби најголемиот стрипски гик во светот Joss Whedon, на воодушевување на сви гикери на светско ниво. Сите знаеа дека ако Whedon не може да ја сработи таа работа, никој друг нема да успее. И така патувањето започна. Robert Downey Jr. како Iron Man, Chris Evans како Captain America, Chris Hemsworth како Thor, Mark Ruffalo како Hulk, Jeremy Renner и Scarlett Johansson како експлозивното дуо од Hawkeye и Black Widow и се разбира Sam L Jackson и Cobie Smulders како главните фаци на SHIELD - Nick Fury и Maria Hill. Светот полудуваше на секоја нова слика извадена од снимањето, Марвел вадеа приквели на приказната за уште поголем профит, форумите беа во overload фаза од предвидувања за приказната, а yours truly се радуваше на излегувањето на филмот повеќе од било која Нова Година.
Најочекуваниот филм во последниве 10 и кусур години, ја имаше својата светска премиера. Тек тогаш навистина светот полуде. Немаше лоша критика. Премиерите беа пренесувани во живо. Илјадници слики беа објавени на интернет страниците. Почудната работа е што тоа траеше цел месец. Цел месец. Red carpets, овации, онесвестувања, автограми и гламур. Сите станаа фанови на хероите на Марвел. Време беше и Македонија да влезе во тој круг.
11 Мај 2012 - Премиера на "Marvel's The Avengers" во Скопје. Во 3д. Кино Милениум е местото каде што секој таа вечер треба да биде. И не дека не е. Затоа што е преполно. Се бара карта повеќе. Среќа и исчекување се во воздухот. Пред Милениум има атмосфера во која што се ужива. Сите со свои ставови за тоа кој е појак, дали Хулк или Тор, кој е пофраер - Хок или Капетанот, дали Сем Џексон ќе каже motherf**ker или не. Додека, Вашиот Омилен, седи од страна и анализира. Него не му се потребни тие муабети. Тој ги знае одговорите. Но има друг проблем. Дали филмот ќе ги исполни очекувањата? Дали вредеше чекањето и емоциите излиени при секој нов промотивен материјал. Време е да откриеме. Сите ние. Takeoff.
Филмот тече, се откриваат негативците, Одмаздниците се собираат, не се знае дали светот ќе биде спасен. Но, сепак нешто не штима. Нешто не е како што треба. Акцијата што ја има, ја има во преголеми дози. Кршливоста на Тор и неговата новостекната скромност од "Thor" ја нема, авторитетот на Captain America на кој што овој лик е изграден и одржуван преку 6 децении е непостоечки, Hawkeye е пандан на Бетмен, единствено Hulk и Локи брилираат. А сето тоа се случува додека Downey Jr. буквално го гуши просторот и филмот. Многу ефекти. Special & Visual. Исто така, многу непотребни. Не ми треба нов "Transformers" wannabe филм. Ми требаат моите Avengers. Ликовите што ги сакам од мали нозе. Но, одиме по ред:
Captain America - Крис Еванс има толку многу што да понуди. Неговата посветеност на ликот се виде и се гледа како физички така и психички. Ја владее улогата. Но од Марвел и Дизни ако направиле грешки, ги направиле со овој лик. Како што веќе имам напоменатно, костимот на Cap во "Captain America" е најдобриот дизајниран костим за било кој суперхерој до ден денес. Прекрасна замисла и реализација, која што Еванс ја носеше како втора кожа. Неговиот костим во овој филм е сменет и е благо речено - лош. Премногу тесно, со полу маска-полу шлем, Капетанот изгледа смешно. Толку смешно што Еванс не може да помогне. Толку смешно што Капетанот повеќе изгледа на маскотата на тимот отколку што лидерот. И како што доликува на маскота, таа е тргната од главната приказна. Навистина жалосно. Тој Е знамето. Тој е државата. Тој е пред сите. Додека тука е сведен на збунет старец исфрлен од времето и напуштен од сите кој што се кошка со Stark. Ги има своите моменти, не велам не. Но, се гледа дека продуцентите имале друга насока и замисла во која што тој ќе треба да чека друг ден за да ги покаже своите квалитети. Live to fight another day, Captain
Thor - Како што веќе имам кажано, "Thor" е најдобрата стрип адаптација пренесена на големите платна.* Ако Кристофер Рив е Супермен, тогаш Крис Хемсворт е Тор. Перфектен кастинг, кој што младиот Австралијанец го оправда 100 процентно. Хемијата што ја имаше помеѓу Портман и него, сеуште ми е врежана како најдобар comic пар на филм. Неговата трансформација од препотентен бог во понизен заштитник на луѓето е како совршено осмислена така и изглумена. Заедно со Tom Hiddleston како Локи, беа таков јинг-јанг, каков што нема да се појави уште долго време. И сето тоа овде го нема. Тор сеуште е како бик пред црвена наметка, Локи е сеуште, па Локи. Ко "Thor" и да не се случил. Се е сведено на: "Јао брате, види шта си урадио." (чудно, но во тие сцени ми идеше токму таква синхронизација во глава). Нема конкретна цел што сака да ја исполни. И костимот има мали промени, кои што се прилично лоши. Се надевам Тор ќе се врати во полно светло во наредното продолжение на истоимениот филм.
S.H.I.E.L.D. Team (Nick Fury, Maria Hill, Black Widow, Hawkeye) - Да не должам премногу со SHIELD, Fury е фино доловен и го има многу повеќе од колку што е потребно, Cobbie иако е преубава жена и одличен избор за Хил, сепак е со премногу статична глума, Скарлет мислам дека ќе процути во нејзин спин оф, затоа што иако ликот е просечен, таа е повеќе од одлична актерка. Доаѓаме до тој што највеќе чекав да го видам, everybody's favorite archer - Hawkeye. Hawkeye во стриповите е тотална спротивност од Cap. Додека "старецот" е смирен, сталожен со совршено разработена тактика и план кој што нема маани, Хок е "детето". Секогаш весел, никогаш во исто место, постојано во движење и одење во борба на база на инстинкт. А што имаме во "Avengers"? Marvel's Batman. Мрачен, недостапен за никого освен Widow, со мала доза на психоза. Тотално, тотално промашување.
Најдоброто и најлошото останува за крај:
The Best Hulk - Лик кој што низ годините има толку големи подеми колку што има и падови. Но тука? Тука Зелениот Џин брилира. Брилира! По разочарувачкиот "Hulk" на Енг Ли и забавниот "Incredible Hulk", ова е дефинитивно the ultimate верзијата од нашиот омилен тенк. Очигледно Марк Рафало е тајната состојка која што беше потребна за овој фантастично осмислен карактер да излезе од хибернација после долго време. Сцените на кои што се смеев беа со Хулк. Сцените на кои што имаше највише атракција беа со Хулк. Рафало, неговата глума и неговиот Хулк дефинитивно го крадат шоуто. Hulk smashed the box office и воопшто не жали за тоа. Џинот заслужува уште една шанса за самостоен филм најбрзо што може. Но, секогаш има едно но, под водство на овој тим. Очигледно овој е тимот кој што може да го води и да се носи со Зелениот Голијат. Секоја чест.
The Worst Iron Man - RDJ го глуми Тони Старк или се глуми сам себе? Знаеме дека е добар актер. Повеќе од добар. Одличен. Но неговата сеприсутност ми го уништи филмот. Неговата сеприсутност го угуши филмот. Ја сфаќам популарноста на Iron Man и Downey Jr на светско ниво. Има харизма која што непрекинато се лачи од неговите пори. Но, тука има уште 5 лика со кој што го дели филмот. А не сака да го дели. Плус, се гледа дека и продуцентски е наложено да се врти околу него приказната. И тоа изгледа тотално антипатично.
Има еден режисер, исто така прави вакви блокбастери, долго пред Joss Whedon. Се вика Michael Bay. Џос е исто толку добар колку него. Имаат многу сличен стил на режија. Но, што го прави Avengers подобар од Bay's "Transformers" кој што е епитом за летен блокбастер? Суперхероите. Ништо друго. И тоа го кажувам чисто субјективно затоа што сум гик кој што е со суперхерои од мал. Да гледам објективно, "суперхероите" настрана, одговорот ќе биде само - Ништо. Експлозии, плитка приказна, хумор кој што е квалитетен но во мали количини и специјални ефекти од кои што евентуално те заболува глава се трејдмарк за двата филма.
Се на се, ако одиме според првична пост-кино реакција, просечен филм. Прекрасни сцени (претставувањето на helicarrier-от, неколкуте агли на Менхетен, сите сцени со Hulk), феноменална акција во која што Њу Јорк беше буквално сомелен (како што веќе се кажа во една статија, ако беше сето тоа реално штетата ќе изнесуваше некои 160 милијарди долари) и квалитетен хумор here and there, сепак не придонесуваат ништо ако ликовите во филмот немаат длабочина.** Има и "преспиена ноќ - средени импресии" реакција - и таа кажува дека сепак не е тоа што се очекуваше. Но, дека вреди да се погледне филмов. Ова можеби не се моите Avengers, но тоа не значи дека не можат да бидат ваши.
8/10 со врски
* - The Dark Knight и Spider-Man се сосема друга категорија/ниво ** - Inception
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
Last edited by Comic Geek on 13 May 2012, 00:52, edited 5 times in total.
|
12 May 2012, 19:16 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Nice Touch, "м’сје" Geek. I salute you.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
12 May 2012, 19:24 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Браво за рецензијава. Ни у лудило не би сакал да ти конетирам иако горото не се согласувам со тебе. Респект.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
12 May 2012, 19:33 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Гик, брао за големиот текст, секако дека можеше да се очекува такво нешто од тебе. Ама не прочитав што си напишал не се лути, тоа за да не си расипувам ко ќе одам да го гледам следнава недела. Се надевам очекувањата за квалитетен блокбастер - одлична акција и фантастични ефекти, ќе ми се исполнат. Storywise, не очекувам ништо посебно, не како што ќе очекувам кај The Dark Knight Rises или Prometheus. А искрено ме изненадува фактот што и кај критичарите филмот поминува одлично, т.е. , скоро исто како и кај фановите. Ваљда тоа треба да значи дека целта на режисерите е постигната, бидејќи сите се задоволни од филмот. Тоа па од друга страна на тие што го немаме сеуште гледано ни ги крева очекувањата, што и не е баш најдобро.
|
12 May 2012, 20:05 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
12 May 2012, 20:55 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
Јап, затоа е напишан толкав текст. За мачиња енд шит
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
12 May 2012, 22:20 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Останатиот дел од текстот си е останат дел од текстот и едно маче не го прави невалиден. Плус, не можем да го дискутирам останатото и да сакам затоа што филмот уште не ми е гледан. Вот ај ем трајинг ту сеј из, не можеш да пишеш онаква жута реченица и да очекуваш дека никој нема да те измајтапи барем малку Едноставно не се испушта таква прилика
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
12 May 2012, 23:36 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 19 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|