|
|
It is currently 24 Dec 2024, 01:36
|
Author |
Message |
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Веќе се издадени како интеграл.Case files се вика.6 епизоди,и Гручо без мустаки.Пошо ги немаат правата за Гручо во Америка.....Толку и се издадоа епизоди од Дилан Дог таму мислам.....
_________________ ејм фор д бушес!
|
28 Jul 2009, 08:17 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Гручо = Феликс во Америка, без мустаки и со ќелава глава. Не ми е јасно зошто филмската верзија кога веќе не можеше да оди со Гручо не одеа со Феликс штом тоа беше паралелата во САД?
Елем, не можам да проверам во моментов ама мислам дека интегралот е најавен и може да се нарача онлајн, но досега не е излезен. Ама да, тие исти 6 се, досега нема други во САД. Бонели најавија и посебна епизода што ќе го поврзе стрипот со филмот, а можеби и стрипувана верзија на самиот филм. Доколку такво нешто се случи се надевам Касертано ќе илустрира како во стари добри времиња. Во никој случај она зомби од стрип цртач, Фрегиери...
|
28 Jul 2009, 12:36 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Dokolku se snima filmot holivudski nema shansa nekoj od toa Boneli crtacite da go raboti.Ke opnat nekoj standard muvi adaptejshn crtac i to e to.....
_________________ ејм фор д бушес!
|
28 Jul 2009, 14:42 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
Пред некој ден наидов на апел на друштвата за заштита на животните за да се прекине со експериментите на животните во кои спаѓа и виви секцијата Тогаш ми текна на стрип од Дилан Дог `Гоблин` каде се зборува за тој проблем и за суровоста на тоа недело Па ми стана јасно поради што сум го засакала јас тој стрип...во многу епизоди се занимава со пеколот кој го ствара човекот и од најмногу страдаат недолжните,хоророт во кој чудовиштата ги има во секојдневието,чудовишта кои имаат обичен лик,а гротескна душа. Во оваа епизода стравот е реален,затоа многу длабоко погодува и еве толку години поминаа јас не сум ја заборавила таа епизода. Апропо овој муабет,се сеќавам на една епизода од Марти Мистерија,каде се зборува за кучето Лајка(тоа што било испратено само во вселената) и неговата приказна(раскажана од негова гледна точка)
|
29 Jul 2009, 00:14 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Ах, “Гоблин“... Мојот прв прочитан Дилан Дог стрип.
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
29 Jul 2009, 15:28 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
Незнам само што ќе му е онаа торбица на Дилан на постерот? За кларинетот или да покаже дека е метро? Фино што летерингот за насловот на филмот е идентичен со оној од ДД логото. За се друго, кога ќе го одгледаме (иако сум спремен да се кладам дека ќе биде срање) А што се однесува до Последниот човек... ја и даље сум убеден дека тоа е само “најава“ на Склави дека сака да го заврши серијалот. А пошто чичко Бонели не му давал, он решил да го убива уште неколку пати за инат на сите
|
29 Jul 2009, 20:30 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Па, Баркер, така некако оди приказната на Склави, ама мене ме интересираат последиците т.е. улогата на таа приказна во контекстот на Дилан Дог универзумот и особено во комбинација со „Враќање во зоната на самракот“.
Сепак, целата приказна врзана за зоната е многу интересна иако оргиналната „Зона на самракот“ е комплетно А-Б-Ц и прилично средношколска во својата реализација, заедно со лекција за поука на самиот крај.
Во „Враќање во зоната...“ прво ги имаме заклучоците, сите оние сцени на комплетна деградација и корупција на човечкото тело и очајот на Др. Хикс во очи на ваквата катастрофа. Го имаме и продолжението на случајот Валдемаер кое дава нова димензија на расказот на По. Ја имаме алтернативната историја во која Дилан Дог лично ги спречува експериментите на Ксабарас. Го имаме она општо бунило меѓу што е сон и јаве...
Во „Последниот човек“ пак, имаме нешто друго и многу пострашно - нешто што е особено поврзано со сегашната хистерија врзана за свинскиот грип - а кое е особено ефективно прикажано преку присеќавањата кои доаѓаат постепено и низ кои делумно епизодата се поврзува со Моргана односно оние „оази“ каде луѓето се кријат и се дрогираат за да заборават дека светот каков што го знаеле веќе одамна го нема.
Можеби овој развој на ДД дејствието не е по сечиј вкус ама за мене ова е една од највпечатливите линии во ДД (условно кажано) канонот заедно со Моргана - Приказна за никого, Невидливиот човек - Од другата страна на Смртта и Ким линијата Њу Јорк - Маелстром (која ми е сепак поиздржана од онаа за Голконда, особено со што има дополнителна поврзна точка со врколак линијата).
EDIT: Гоблин некако не ми се допаѓа. Јес да сака да каже нешто на крајот ама не ми држи вода идентитетот на самиот убиец, а и добар дел од убиствата се онака бесмислени. Ако ме нападне суштество високо две стапки, ќе му вратам назад со тениски рекет или нешто слично. Од слична причина, никогаш не го сфатив сериозно ни оној поджанр слешери со минијатурни суштества/кукли итн, иако има низа од нив што тераат виц со себе и се притоа прилично шармантни.
|
30 Jul 2009, 08:05 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
|
06 Aug 2009, 22:54 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Основната идеја на „Гоблин“ ја поддржувам (прв пат е навестена во бр. 9 „Алфа и омега“, базиран на „Блиски средби од 3. вид“ комбиниран со цитати од „Блејд ранер“) и без разлика на тоа што мислам за реализацијата на самата епизода, убаво е што те допрела и ти ја пренела таа идеја. „Последниот човек“ е постар број, мислам 77 и на територијата на екс-Ју е излезен само еднаш и тоа во 2004-та; случајно налетав на него во Црна Гора кога излезе. Ако си заинтересирана за неа и за други епизоди што ти фалат, ќе ти ја позајмам (ова покана важи за сите корисници на форумот). На крај на краишта, нема смисла стрипови да лежат во кутии, башка пола од колекцијата ја имам добиено на поклон од предобри луѓе Само пушти ми пораче па ќе се договориме.
|
07 Aug 2009, 09:25 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
07 Aug 2009, 10:51 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
|
07 Aug 2009, 11:27 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
07 Aug 2009, 11:37 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
07 Aug 2009, 11:56 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
КРАЛЕ, кажи кој топик да го следам за собиранки па ако е од 17:00 нагоре, доаѓам Мичо ме покани на една пред два месеци, за жал на ужасно густ ден за мене. Елем, се гледаме
|
07 Aug 2009, 12:11 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
07 Aug 2009, 12:57 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Ima narod ama nema internet jas ne sum fri sho se gleda po Zapek,ali vo mislite ke bidam sovas....
_________________ ејм фор д бушес!
|
07 Aug 2009, 13:07 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
07 Aug 2009, 14:08 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Да се вратиме на тема...
Ubilacki instinkt е солиден број со добро изведено дејство од почеток до крај, интересна динамика меѓу сегашност и флешбек моменти, издржани дијалози, Касертано на добар ден, и конечно, малку олдскул шмек (не за џабе има референци за Невидливиот Човек и Килекс). Се на се, освежување по последните два броја. 7.5/10
|
08 Aug 2009, 14:49 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
Само да пријавам дека се сложувам со сердарот за инстинктот. Одлична уводна сцена, а и остатокот се чита сосема ок. Касертано конечно решава да се врати дома и да кидне од експериментот што ни го сервираше у Проект/ Неси периодот. засега ова е единствената приказна на Масиеро која има преодна оцена кај мене. Тоа за жал не може да се каже и за наредната Небото неможе да чека, каде после првичниот фуриозен старт и надеж дека и кај Дилан ќе има калакурница а ла Preacher , сепак се се сведува на баналност и тупав расплет. Останува да почекаме уште некоја недела и конечно да стигне Отаде вратата , засега мудро се воздржувам да го прелистам оригиналот кој случајно ми залета уште одамна и да видиме дали Паола конечно навистина ќе покаже дека има што да каже.
|
12 Aug 2009, 12:21 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
`Убиствен инстинкт` беше многу возбудлив и напнат стрип,еден од покрвавите што сум ги читала,па малку и ме плашеше ,цртежот малку ми е крут особено во портретите,но беше впечетлив.И крајната реплика беше добра.
|
13 Aug 2009, 02:36 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
Се мислам дали да го купам супербуков 5 само заради третата прикаска, другите ги имам по гиганти и аламнаси, башка првата е ужасно одвртана? Читал некој? Минијатура на 5-6 страни е?
|
19 Aug 2009, 01:17 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Минијатура на 10 страни - тоа е стрипчето по кое е направена првата Дилан Дог видео игра на Симулмондо во 1992, еден вид продолжение на „Убијци“ (цртеж: М&Г ). Инаку, мене не ми е така одвратна првата приказна - има фин почеток и средина, само при крајот потфрлува со неколку непотребни замрсувања. Башка, мислам дека целата епизода е намерно направена да биде како сапуница.
|
19 Aug 2009, 12:16 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
dilan dog prviot broj go procitav koga imav nakaj 12/14/16 godini (odamna, sto bi se reklo) i se vikase "doktor ksabaras"... prviot broj sto izleze na srpski na vremeto... na srekja ili nesrekja ne znam, eden moj cicko (sto bese postar od mene 4 godini) gi kupuvase site broevi a ja go cekav da gi procita za da dojdam ja na red se imam dosta uplaseno od ovoj strip, duri povekje i od "horor" izdanijata na marvel. ne mi teknuva momentalno na nekoja epizoda koja bi ja izdvoil od drugite, barem 80% od prvata generacija bea mnogu jaki, a definitivno ima i remek dela tuka. otkako sklavi se penzionirase, nikoj ama bas nikoj od novite scenaristi ne uspea da ja dolovi poeticnata mracna atmosfera na stripot. nekropolis bese interesen ama mozese da bide so bilo koj lik izveden, odnosno dobra prikazna ama dilan dog e samo statist tuka. btw, na site strip tezgi dilan dog odi ko alva. prasanje na vkus, se razbira, ama se raboti za strip koj odi podaleku od samata akcija i humor i krv itn, sekoja prikazna ima filozofska pozadina i postavuva prasanja koi ne moze da se odgovorat so da ili ne... spored mene, i se svigja na zenskata publika bidejki e ranliv i romanticen i ima stil, a ne e muskulest tip vo plavi, crveni ili bilo kakvi helanki
|
24 Aug 2009, 02:13 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
Новиот супер бук ми беше интересен,ги немам прочитано овие приказни,во главната приказна на моменти ми личеше како Дилан дог да изиграва Поаро,ама имаше добри моменти.Втората- уште една верзија на Црвенкапа,ми се чини една од најексплоатираните детски приказни ,не беше лошо изведено...Последната-поезија во стрип П.С. Пикантез,слично и јас го доживував Д.Д.,многу ми беше пострашен од оние `сплатерски` стрипови,се сложувам во целост со последниот пост.
|
24 Aug 2009, 14:57 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
ете, конечно стаса и Преку прагот. ја сум познат како не-фан на Паола, пред се заради “банализирањето“ на целата митологија што со години се плетеше околу Дилан, како и заради давењето се непотребен текст во еден куп досадни епизоди, ама кога е нешто добро - треба да се признае. како што веќе напишав (баш ми е глупо, што на некој начин имам дупли постови на пр. овде и на с.цом) можеби е претенциозна, но со големи муда направена епизода. иако и она сама не признава, сосема е јасно за што и за кого станува збор во овој број. да не откривам додека не се јават и други што читале. пикато бриљантен (како и обично)
|
31 Aug 2009, 01:44 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 19 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|