|
|
It is currently 18 Dec 2024, 15:47
|
Author |
Message |
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
vaka da edituem ova poshto nova strana....
Last edited by Ivo on 26 Oct 2012, 15:15, edited 1 time in total.
|
26 Oct 2012, 15:12 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
|
26 Oct 2012, 15:15 |
|
|
Пепи
Суперхерој Под Стечај
Joined: 23 May 2009, 10:18 Posts: 461
|
јас исто би додал и дека од СЦМ јавно мамеа во медиуми дека Марко бил и зборувал за стрипот во србија, и Коритареви имале промоција на нивниот албум, а господата од СЦМ немаа пари да им ги покријат патните трошоци и затоа не се појавија... за потоа свесно да се злоупотребат нивните имиња по медиуми
_________________ Пазете се... демниме бавчи!!!
|
26 Oct 2012, 16:47 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Пепи мојш и ти да споделиш ко ке има нешто....нек си стој се на купче за да архивира операторо.
_________________ ејм фор д бушес!
|
26 Oct 2012, 16:50 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
bravo za potegov. dali go prativte do ministerstvo za kultura, so foto materijali?
|
26 Oct 2012, 22:33 |
|
|
Пепи
Суперхерој Под Стечај
Joined: 23 May 2009, 10:18 Posts: 461
|
ај еве еден „осврт“ и од мене, како присутен на прекрасниот и незаборавен стрип салон
Во изминативе две недели македонската јавност беше во можност да се за познае и да стане свесна за постоење на уште една уметност во нашата држава -стрипот. Причина за тоа беше јубилејниот, десетти по ред Стрип салон –Велес, организиран од Стрип Центарот на Македонија (СЦМ) со седиште во Велес. Во периодот на отворањето на Стрип салонот, петок, 12.10.2012, до неговото затварање во неделата беа проследени бројни дописи до медиумите (печатени, интернет портали, ТВ и сл.) во кои беше презентирана програмата на салонот. Првиот ден отворање и објавени имињата на наградените стрипови и автори; вториот ден предавање на Лауренти (еден од илустраторите на „Загор“) главниот гостин на манифестацијата годинава, промоција на стрип албумот на Дарко Богданов, „а потоа Марко Стојановиќ ќе говори за Стрип фестивалите во Србија, додека Срѓан Николиќ - Пека за фестивалот на стрип во Лесковац 2012“ (интернет порталите на алфа, дневник, сител и утрински, кои ја најавуваат програмата за сабота); додека во рамките на програмата за недела, третиот и последен ден беше најавено присуството на Сибила и Иван Коритареви од Бугарија и Гани Сундури од Косово. По завршувањето на Стрип салонот во медиумите кружеше изјава за успешно спроведената програма според погоре споменатите најави,за неверојатно голема посетеност и заинтересираност, како и големо учество од страна на македонските автори. За жал, ваквите дописи беа системска и добро осмислена лага, посебно за реализацијата на овогодинешниот Стрип Салон во Велес. За таа цел, за да се обелоденат некои работи и фактичката ситуација, ќе почнeмe од најситните бели лаги, па сè до добро осмислените, и најголемиот скандал. Најпрво, посетеноста на Стрип салонот беше смешно мала. Во Македонија, во Велес, беше присутен еден од цртачите на најпопуларните стрип ликови на Балканот, а во Велес немаше ниту едно пано, билборд или било какво друго промотивно средство кое ќе го наговести тоа. Нормално, сето тоа беше проследено со само 12 клупи и десетина присутни луѓе на возраст над 10 години. За жал, Лауренти држеше предавање во празен простор, и покрај популарноста на Загор. Доколку некој се сомнева за ваквата „голема“ посетеност, или дека преовеличуваме, слободно нека го погледнат прилогот кој одеше на МТВ1, каде јасно се гледа посетеноста. Исто така, во однос на посетеноста, би истакнале дека од бројната активна стрип сцена на Македонија, која веќе има нешто повеќе од четириесет автори (илустратори и сценаристи), бевме присутни само пет (полнолетни), од кои четворица (двајца автори на овој текст) присуствуваме само за да го искажеме нашето незадоволство на организаторите. Ваквото незадоволство произлезе од изјавите на еден од претставниците на СЦМ, по објавувањето на наградените учесници (при што во главните награди немаше Македонци) во кои се потценува квалитетот на македонските стрип автори. После нашата реакција на лице место соодветниот претставник немаше никакво оправдување, за потоа да следи изјава на форум дека „тоа било само гаф“. Уште поинтересен е фактот што од 138те стрипови, организаторите под голем број македонски стрипови подразбираат 53 стрипа од Македонија, од кои повеќе од триесет се дела на учесници од основните и средни школи во Велес. Самата изложба и изложени дела тешко дека беа 138, посебно ако се земе во предвид дека изложениот простор беше 1/3 окупиран со табли од гостите (чии дела не се во конкуренција), а не со стрипови учесници на Стрип салонот. Исто така кога ќе се движите од лево па на десно изложбата беше добро организирана, почнувајќи со делата на гостите, па наградените стрипови и останатите стрипови кои учествувале. За жал, движејќи се од лево на десно можеше да се забележи дека изложените дела стануваа се побледи и со бели линии. На организаторите им снемало тонер, а парите обезбедени од Министерството за култура, градот Велес и Сорос најверојатно не биле доволни за да се купи нов тонер за печатачот. Што се однесува пак до програмата, од непосреден контакт со најавените учесници Јордан Коцевски, уште една недела пред реализирањето на Салонот, конкретно со Марко Стојановиќ и Сибила Коритарева знаеше дека нема да присуствуваат на Салонот, и дека организаторите веќе знаеја за тоа. Токму затоа бевме изненадени од нивното најавено присуство, а посебно во дописите кои се однесуваа на отворањето на Стрип салонот, петокот, кога истите беа најавени за гости во саботата и неделата. Уште поголем беше шокот кога во дописите до медиумите по завршувањето на Салонот, беа спомнати нивните имиња, и тоа како Марко С. одржал предавање за стрип фестивалите во Србија, а брачниот пар Коритареви промоција на нивниот стрип албум. Ова јасно кажува дека не се работи за случајна грешка, туку како што претходно спомнавме за добро испланирана лага со која се сака да се задржат финансиите кои се добиваат за промоција на оваа уметност. Кога станува збор за наградите „стручното“ жири и организаторите успеаја да направат еден пропуст и поддршка на плагијаторство. Најпрво би го истакнале фактот што му беа доделени три награди на Марко Стојановиќ како сценарист, при што на јавниот и отворен конкурс за Стрип салонот јасно беше наведено дека секој илустратор може да учествува со само еден стрип, додека сценаристите со максимум два стрипа. Од друга страна пак до израз дојде и непознавањето на стрипот од страна на жирито на Стрип Салонот во Велес, а кое го сочинуваат членови од СЦМ и ликовни педагози, со доделување на награда за најдобар учесник под 18 години на Џошкун Алиевски чиј стрип од 6 табли беше копија. Наградениот плагијат е прецртан од стрипот „The Hаunt“ од Tod McFarlane и Greg Capullo, а кои нормално ги имаат авторските права за истиот. Така да за последиците од прецртувањето и официјалното објавување на една манифестација и негово сместување во веќе поделениот каталог се огромни. Исто така би сакале да истакнеме дека оваа институција го стимулира развојот на македонскиот стрип со само една доделена награда во текот на 10 години на организирање на Стрип салонот во Велес на македонски автор, како и бројни навреди упатени до македонските стрип автори на еден затворен форум. Токму од овие причини, ваквиот однос и работа на СЦМ –Велес, стрип авторите во Македонија повикаа на бојкот на фестивалот уште пред четири години. За жал ние не одговоривме на овој бојкот, но по овогодишните скандали ќе го подржиме истиот наредната година. Овој текст го пишуваме со цел да ја освестиме македонската јавност за реалната состојба на стрип сцената на Македонија и неправилностите на работењето на една институција која го злоупотребува епитетот „на Македонија“ како официјална организација финансирана од Министерството на РМ за развој на оваа уметност.
_________________ Пазете се... демниме бавчи!!!
|
26 Oct 2012, 22:39 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
26 Oct 2012, 22:58 |
|
|
Skywalker
|
Секоја година се случуваат некои организациони пропусти на стрип салонот во Велес. Се реагира, поединечно, групно итн. На формален и неформален начин. Попусто. Мечката повторно го јаде медот, гајле си нема. Секоја реакција, макар и негативна, само предизвикува поголемо внимание на таа манифестација и извесниот стрип оператор. Виртуелен пинг-понг. Офанзива од една страна, па потоа промена на сервис од другата страна. И така времето поминува, ништо не се менува. Секој си седи во својот град и упатува коментари. Никој не сака да се конфронтира, да седне некаде на неутрален терен, да се обиде да поразговара, да размени можеби ако е потребно и по некоја тупаница, во име на стрипот. Се сеќавам на претходниот допис од Макстрипови во врска со злоупотреба на дела на овдешни членови од страна на таа манифестација. И не се сеќавам нешто да се разреши, некој јавно да се изјасни, извини, допис, одбрана, демант. Помина тивко. Кој знае за тоа? Малкумина. Нападот е најдобра одбрана, па во стилот на нашите политичари, за да се одвлече вниманието од една одредена актуелна тема, се нафрлува нешто друго само за да тргне разговорот или дискусијата во друг, посакуван правец. Дали дојде време и во домашниот стрип да се води борба за превласт, за комоција, како во Изногуд, да се биде калиф наместо калифот? Ако некој (не толку упатен) ги чита коментарите од двата табори, (скоро) сите тие напишани зборови упатуваат на јајцето и кокошката, или кој е вистински заслужен за создавање и одржување, односно афирмирање на оваа стрип сцена (ако така може да се нарече). Еден стрип автор од Србија (се извинувам, не го запаметив неговото име) во прилогот на националната телевизија, во рамките на таа манифестација, рече дека во Македонија се создава една нова генерација талентирани стрип автори. Меѓутоа тие млади (нови) таленти се овде, на овој форум, но, некој лаик, ќе ги поврзе тие таленти со тој центар, таа манифестација и тој стрип оператор. Кој да знае? Никој не разјаснил, не кажал јавно, не ја запознал публиката со вистинската слика. Секако, повторно, меѓу другото, ќе добијам некој коментар дека сето тоа се прави на доброволна база, дека секој од своето слободно време издвојува за здружение, форум, организација, колку што се може се зборува. Можеби и тука е оној момент. Овде кај нас нема вистинско здружение на стрип автори. Постои секако овој форум, Здружение за промовирање на стрип културата Макстрипови, Стрип центар на Македонија, Центарот за визуелна уметност Визант, меѓутоа, конкретно здружение на стрип автори, како во останатите републики од поранешна Југославија, нема. И, на крајот на краиштата, што е дефиниција за стрип автор? Некој што се занимава со цртање стрипови и илустрации, што нема друго занимање освен тоа, чија главна основица на месечната заработка доаѓа од творење во областа на стрипот? Или правење сценарија за стрип. Ако прашате некој случајно избран жител на Македонија, веројатно ќе рече дека не слушнал за ниедно од овие здруженија, не видел домашен стрип, промоција, нема по киосци преведени стрипови на македонски јазик. Не е ни чудо што многу работи се објавуваат за странски издавачи. Овде како да нема терен. Или има недостиг од стрип оператори, кои ќе направат симбиоза помеѓу авторот и донаторот?
|
26 Oct 2012, 23:08 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Ок Скајвокер, ова е одлична констатација. Но, еве јас лично го поставувам прашањето (на секој засегнат автор/цртач/илустратор/љубител на стрипот) - Што понатаму?
Би сакал да чујам конкретно решение, или барем патоказ до вистинско здружение на стрип автори.
Очигледно „Операторот“ не е баш најдобра солуција, бидејки со години се покажува како тотално неспособен во овој дел, а повторно „го јаде медот“. И не заборавај, во организацијава од насловов на овој топик има барем еден (ако не и двајца) вработени , 24/7 часа посветени на оваа „дејност“и кои финансиски живеат од своите „салони“ - кои ги прават еднаш годишно а живеат цела година, и секоја година така. Нив целосно ги разбирам - толку им се силите, толку им се можностите (од организационен агол, од финаниски аспект им се далеку поголеми одколку заслужуваат...).
Друга опција? Ние? Поединечно и/или групно? Спрема овие сме „гола вода“ за набавка на финансиска „инјекција“ од државни институции, владини и невладини организации....а сакал да го признаеш тоа или не - и те како се потребни пари за било како потфат сега....
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
26 Oct 2012, 23:33 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
-пред фактите и богојте молчат....и миљон здруженија да има,секој со четвртина мозок ке види кпј шо работи. -ко некој прај далавера изгледа треба да се ќути за да не се збунат одстрана тие шо гледат,т.е непрајте ништо,арно е вака -на крајо од дено сите си знајме и кој сме и шо сме и шо прајме-а јас спијам поприлично убо.
_________________ ејм фор д бушес!
|
27 Oct 2012, 00:03 |
|
|
Skywalker
|
Друга опција? Да се појави друг стрип салон, организиран од луѓе од овој форум или некои други поединци, здруженија или организации. Со стрип оператори кои ќе имаат за цел вистинска афирмација на стрипот, а не работи кои ги спомна Пепи (а и останатите). Вистинска манифестација, како оние во Загреб, Лакташи, Лесковац, Белград, Макарска. Каде што ќе се претстават сите млади и стари автори, сиот овде присутен потенцијал. Каде што ќе се донесат сите медиуми за да видат масовна, вистинска посетеност. Со штанд на Бункер, берза на стрипови, цртање, гости од странство, вистински награди.
Издавање стрипови. Преку соработка со издавачки куќи. Нека биде стрипот посебна едиција, во рамките на некоја од поголемите и поуспешни издавачи. Македонски стрип, може да се формулира убав проект, верувам дека има можност, начин, човечки капацитет. Да се најдат старите табли, епизоди, стрипови. Од старите мајстори. Реизданија. И новите автори. Албуми. Збирка на повеќе автори. Не треба некоја иновација, доволно е да се следи примерот во регионот. Нека има стрип каиши во Убавина и здравје, Грација, Теа Модерна. Па во Плејбој има стрипови и комични илустрации. Треба да се бара терен, а не да се чека теренот да дојде дома.
Владата има проект 500 преведени наслови од одредена област. Нека се направи проект, нека се осмисли, 100 најдобри стрип албуми, нека се побараат средства, нели е стрипот веќе уметност, афирмација на стрипот, а плус и на големите автори и дела. Ако треба, белгиска, француска, италијанска, американска амбасада, напомош, нивната култура се афирмира. Француски културен центар има, Амерички ќошиња, Британски Совет итн. Можат да се прават и тематски настани, промоции. Во соработка со италијанската амбасада, денови на италијанскиот стрип, со поканети автори, промоција на италијански стрип автори и дела,така и за другите земји. Немаме на македонски јазик преведен ни еден позначаен стрип серијал, ни Тинтин, ни Астерикс, ни Таличниот Том, Корто Малтезе, Модести Блејз итн. Немојте да речете дека не можат да се добијат пари (иако е криза).
Долги години соработував со личности / организации како таа на која и е посветена оваа тема. Познато ми е во детали, дури и се пресликува шаблонот на делување. Толку пари се земени, а реално во градот, областа, регионот, ништо не се случи. Сето тоа за што се залагаа, беше параван. Соработувам денеска со многу помали или поголеми здруженија. Добиваат проекти од странски амбасади, регионални институции, меѓународни, добиваат од ИПА фондови, па Фибра зема пари од тие европски фондови. Како посликовито да објаснам. Треба само желба. Ете толку. Начини се изнаоѓаат. Нити тој стрип оператор е Мандрак, или попаметен од некој член овде, нашол начин, или некој му ја кажал шемата на аплицирање, лирското изразување при правење извештаи, моментите. Сите работи се учат.
Конечно, сите членови овде, и останати, кои не припаѓаат на форумот, или не ги претпочитаат дигиталните сокаци, а творат, имаат стрип дела зад себе, цртачи, сценаристи, познати, овде и надвор, од различни генерации, формирање Здружение на стрип автори и излегување на телевизија, по медиуми, емисии, секаде, ако се дава демант, неколку членови во некое хотелско фоаје, или некој друг објект, Велес пред зградата, протест, со камери, диктафони, микрофони, телефони пред себе, опкружени од новинари. Да види јавноста, Министерството, дека бојкотот е од други причини, дека има автори, творат во областа на стрипот, организирани се, не се поединци. Има овде луѓе од различни занимања, па секој може свој придонес да даде. Не е никој гола вода, меѓутоа не се обидел. Парите се тука, меѓутоа треба да се најде начин да се извлечат. Кога можат разно разни ликови да земаат државни пари, зошто тогаш не би успеале и луѓе кои се посветени на одредена работа?
Last edited by Skywalker on 27 Oct 2012, 00:10, edited 1 time in total.
|
27 Oct 2012, 00:06 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
епа...одбери шо и да е од ова шо наброја и почни...јас ќе ти поможам колку шо можам.
_________________ ејм фор д бушес!
|
27 Oct 2012, 00:08 |
|
|
Skywalker
|
А можеби нешто од ова е и започнато...
|
27 Oct 2012, 00:11 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
нешто е.....а ако има и друго супер....се дури кој и да го прај то не е гомнар има моја поддршка ( иако се заебаф неколку пати)
_________________ ејм фор д бушес!
|
27 Oct 2012, 00:15 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Dobro srocheno. Ova go zemam ko urnek, barem vo delot kade sebesi se pronaogjam....
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
27 Oct 2012, 00:15 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
бтв Скај...министре...не те мрзи бе толку да пишиш? сварно за министер че те клам ако некогаш станам премијер.
_________________ ејм фор д бушес!
|
27 Oct 2012, 00:17 |
|
|
Skywalker
|
Стрип оператор ми делува попримамливо...
|
27 Oct 2012, 00:19 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Toa e veke zafateno.Ako go zemes toj naziv, ke bide plagijat...
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
27 Oct 2012, 00:20 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
па искрено....да имаја ко тебе (скај)некој мислам дека че имафне сите фотки со Мауро годинава и немаше шо и да е ова во Велес да личи на говно.
доста је за денес...гуд најт.
_________________ ејм фор д бушес!
|
27 Oct 2012, 00:22 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Муабетот на Скај е суштината, основата на секое здружение што посериозно сака да се занмива со промоција на стрип културата. Само коментарите ми се чудни, се додека се натегаме кој да почни и кој да направи нешто резултатот е НИШТО!!!!!! Имаме формирано здружение, имаме регистрирано здружение, тоа исто здружение треба да ја почне работата, знам дека е нешто почнато ама сега за сега резултати нема или барем не се во оној обем кој сите го посакуваме, Мешков одамна моли да се организира еден состанок на ниво на здружение со сите членови, па тогаш да се поделат обврските и на членовие (зошто да не???!!!) секој да добие одредена обврска, па по одредено време да се седне повторно да се видат резултатите и мозаикот да се склопи, знам дека сме сите презафатени со обврски (приватни, семејни, работни) ама па зато работата ќе се подели, верувам дека секој еден од нас има по еден саат време во денот да одвои за оваа благородна работа, не е многу еден саат во денот е, човек што ќе ги координира сите тие луѓе и веќе пола работа е завршена, никој не може да гарантира за резултати ама наше е да се обидеме нели, на крај краева затоа и има здружение, друга е работата ако никој не сака да се нафати (????!!!!!) тогаш одговорот се знае...... Сите коментари кои ги исчитав се коректни, искрени и доаѓаат од луѓе кои ми се блиски и ги ценам, ама не е само да се коментира, треба да се делува сите сме свесни за тоа, дадов предлог, стојам позади него....И да не драпам многу, освен министерството кое сега се сега дава пари на други, треба да се проверат другите извори.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
27 Oct 2012, 09:58 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Ова е дијалог каков што треба да се прави, Скај знае кај е проблемот, знае кое е решението... АМА Основа на повеќето од набројаните идеи - се парите!
точно е дека треба трчање по спонзори, министерства, фондови ама еве пример, годишниот буџет на мин за култура е копи/пасте на ланскиот, кој добил лани, ќе добие и годинава (во неколку наврати, исти автори за исти книги добиле средства)
за жал, немаме среќа (или врски) за да влеземе во игра а аплицирано е секоја година, со квалитетни идеи. (и тоа не само во мин за култура)
Еве годинава ќе се прави нова стрип школа, која ќе биде покриена од град Скопје (во скромни рамки) а тоа е заслуга на првата бела ноќ во Мкц, кога од г. Скопје ја видоа (т.е. осетија) целата наша енергија.
и Мешков е во право за поделбата на улогите, потребна е... ама освен трчање по спонзори, министерства, фондови куцање апликации, праќање, тропање на сите врати... во моментов нема што друго да се сподели, ова е најголемиот проблем!
иначе, во секоја од дешавките што биле организирани до сега, никој не одбил да помогне сите се тука да дадат работна рака, да лепат, да носат, за синдром, за промоции, за финансиска помош, за ревоз, за цртање и предавања да не зборам... тоа ни е топ! сите овде се со слична цел - подобар стрип!!
најкратко кажано фалат пари, фали трчање по спонзори, фалат појаки врски - т.е. фали project hunter! а за идеи ии нивна реализација, со оваа креативна екипа на форумов, знам дека нема да имаме проблем
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
27 Oct 2012, 10:40 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
и за жал, многу споро одат работите кај нас!
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
27 Oct 2012, 10:43 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Апсолутно се согласувам со Раста, во текстот заборавив да спонам дека досегашните напори не се без резултат има проекти, колку толку се работи. Ајде здравје боже во најбрзо време ќе се собереме и ќе се направи некој план, ќе се седне на маса и ќе се направи мубает што е како е, до кај сме што сме, верувам дека идеи сите имаат само треба да имаат каде и на кого да ги кажат. Ќе се мрдне работава. Најбитно е дека има воља да се работи.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
27 Oct 2012, 11:29 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Мешков за модератор! Мешков за модератор!.....
.......................ма, што се залажувам себеси..........
...враќање на темава: многу добри идеи напишавме во темата во која Операторот нема појма/не сака да се замара за идејата за која првично е создадена организацијата. СтраФ ми е дека нешто ќе научи од ова.............
......но и тука доаѓа истата реплика: ма, што се залажувам себеси......
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
27 Oct 2012, 11:34 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Овации.... прекинав со чистење низ дома токмну ради вториот дел од твојот муабет погоре, треба сите овие постови на купче во посебна тема, не затоа дека некој ќе научи нешто (НЕМА ШАНСИ) него за нас, да биде попрегледно, тоа е уште еден добар начин за пишување идеи од членовите, ако нема опција да се збираме често зборам на ниво на здружение, може и преку една ваква „интерна“ комуникација на форум. во ера на секаков можен наичн на комуникација сме (додуше вака без пиво не иде) ама ајде....
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
27 Oct 2012, 11:40 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 21 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|