|
|
It is currently 18 Dec 2024, 19:52
|
Tekstovi za i okolu stripot...
Author |
Message |
halfelfpaladin
Пензиониран Мрчатор
Joined: 04 Mar 2010, 23:16 Posts: 2784
|
Se u tekstot si e na mesto, i mislam deka e neshto shto mnogu od nas go imaat diskutirano mnogu pati do sega, jas na primer mnogu chesto vlegvam u diskusija u koja probuvam da do dokazam ona shto on go kaza za izlaganjeto i troshenjeto 500-1000 denari na pijanchenje edna vecher, dodeka kupuvanjeto strip bilo zaludno frlanje pari, probuvam da ukazam deka ne e taka. Bravo a tekstov.
_________________ Never forgive! Never forget! For the Lion and the Emperor! The Fallen will repent!
|
29 Aug 2012, 10:16 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Мојо став за СЦВ а богами и Призрен е општопознат,корекноста на текстов нема врска со то....добар текст енивејс. Еди фала по миљонити пат " МАКЕДОНСКИТЕ СТРИПАЏИИ ГО ОСВОЈУВААТ БАЛКАНОТ Од вкупно петнаесет официјални гости дури четворица беа од Македонија што нашите автори ги прави побројни и од оние косовските. Автор – Александар Стеванов На интернационалниот фестивал за стрип и карикатура Призрен 2012, кој што завршува денес, традиционално, веќе неколку години по ред, масовно учество земаат и македонските стрип автори. Соработката меѓу стрипаџиите од Македонија и организаторите од Призрен датира од 2009 година. Веќе наредната, 2010 година, во официјалниот каталог на фестивалот беа претставени делата на дури 28 македонски стрип автори, од кои што поголемиот дел беа организирани од македонското здружение за промоција на стрип културата Макстрип. Минатата година за укажаната помош и соработка, во Признен му беше доделено признание на Томе Трајков од СЦМ-Велес. Пред само неколку месеци, најстариот стрип фестивал во регионот Балканска смотра на млади стрип автори – Лесковац, го отворија македонските стрипаџии Игор Јовчевски и Дарко Богданов кои таму ги претставија своите дела, а наградата за сатиричен стрип му припадна на битолчанецот познат како Тхе Мичо. Дека македонските стрипаџии се драги гости уште еднаш беше потврдено на овогодишниот, осми по ред, интернационален стрип фестивал во Призрен. Од вкупно петнаесет официјални гости дури четворица беа од Македонија што нашите автори ги прави побројни и од оние косовските. „Професијата ликовен уметник многу често бара осаменост и контемплативност во работата, па затоа ваквите видови на собири меѓу цртачи се една прекрасна прилика да се разменат искуства, мислења и впечатоци за работата на другиот. Фестивалот во Призрен ги презентира стрип цртачите и карикатуристите од повеќе земји. Оваа година беа застапени стрип автори од Италија, Турција, Франција, Косово, Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија. Имавме чест да бидеме поканети како гости и бевме прекрасно пречекани. Покрај отворањето на изложбата во кои беа вклучени и наши дела, имаше и работилници и предавања преку кои се запознавме со работата на другите учесници на фестивалот. Добивме плакети за нашиот придонес на фестивалот и достојно ја претставивме нашата земја. Најголемо задоволство ми беше што тоа се случи точно на денот на независноста на Македонија – Осми септември .“ – вели Весна Ничевска Саравинова, која што беше меѓу гостите од Македонија. Освен неа, меѓу официјалните гости од Македонија беа и Смиле Цветановски, Тони Атанасовски и Никола Темков, а присуствуваа и Димитриј Михајловски и Томе Трајков. За Македонија како плодна почва за автори и дела од деветата уметност, говори и тоа што во краток временски период стрипот беше застапен на повеќе манифестации во земјава. На 29 и 30 август во Виница беше одржана стрип работилница со Дарко Богданов, Игор Јовчевски и Јордан Коцевски, а во рамките на Skopje design week 2012, вчера стрип предавање одржаа Александар Русјаков и Тхе Мичо. Веќе наредниот месец, од 12 до 15 октомври, во организација на СЦМ-Велес, се очекува да се одржи десетиот Интернационален стрип салон." http://mkd-news.com/makedonskite-stripa ... -balkanot/
_________________ ејм фор д бушес!
|
10 Sep 2012, 17:27 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Fala Bogu eden tekst kako sto treba. Bez manipulacii, insinuacii i namerno pokrivanje i iskrivuvanje na faktite. Opfateni site neodamnesni ucestva na strip avtorite ovde i nadvor od zemjava. Znaci ima nadez i za novinarstvoto vo Makedonija.
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
10 Sep 2012, 17:34 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
teksto nisto nema da smeni. to so se praj se racuna.
_________________ ејм фор д бушес!
|
10 Sep 2012, 17:38 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Одличен текст. Сите информации на едно место, добро срочени.
Само пофалби!
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
11 Sep 2012, 07:35 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
17 Sep 2012, 13:29 |
|
|
Konan Makedon
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 00:15 Posts: 575
|
Мауро Лоренти, еден од цртачите на Загор гостин на Стрип салонот Со доделувањето на наградите од меѓународниот стрип-конкурс вечерва во Велес почнува 10-тиот Меѓународен стрип салон. Салонот е во организација на Стрип-центарот на Македонија, ќе трае до недела, а ќе се одржува во Ликовниот салон преку изложби, работилници, предавања и размена на стрипови. Оваа година за јубилејот е обезбеден специјален гостин за македонските стрип-автори и публика, тоа е Мауро Лоренти, реномиран автор од издавачката куќа „Бонели“. Гостинот е познат како автор што го црта легендарниот стрип-јунак Загор. - Годинава го донесовме авторот Лоренти, чиј јунак Загор има милионски тиражи и се чита на сите континенти, а со него израснале многу генерации. Преку овој салон македонската стрип-сцена и публика се запозна со познати автори од други земји, организатори на фестивали. Неколкумина македонски автори веќе на големо работат со сценаристи од други земји, нивните дела се објавуваат по разни стрип-списанија, учествуваат на многу фестивали. На нашиот стрип-салон значително се зголемува учеството и на помалку афирмирани творци од Македонија со што создаваме база за стрипот во земјава – вели Ване Трајков, претседател на Стрип-центарот на Македонија, организатор на стрип-салонот. Вечерва ќе бидат врачени и наградите на добитниците од меѓународниот стрип-конкурс на кој учествуваа рекордни 138 стрипа на 53 автори од 26 земји. Златниот стрип го освои Стеван Субиќ за стрипот „Траги“ пред Марко Стојановиќ и Марко Врандешиќ за стрипот „Наемник“, а трет беше Милорад Вицановиќ и Марко Стојановиќ за делото „Kула“. Сите тие се од Србија. За уметнички израз награда добија авторките Полјачките Јоана Санецка (текст) и Силвија Рестецка (цртеж) за стрипот „Шума“. На манифестацијата се доделува и Признанието за развој и афирмација на македонскиот стрип, а оваа година добитници се Kиро Донев - долгогодишен уредник на списанието „Наш свет“ во период кога тоа има објавено најголем број страници стрип во изданијата за деца и млади во Македонија и редакцијата на „Детска радост“ која од 1960 год. Успешно го промовира стрипот преку неговите сегашни и поранешни изданија: „Наш свет“, „Развигорче“, „Другарче“. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?I ... BF1E0316BF
_________________ I love the smell of fresh comics in the morning!!!
|
13 Oct 2012, 12:09 |
|
|
Konan Makedon
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 00:15 Posts: 575
|
налетав и на ова Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес Петар Печков Италијанецот Мауро Лоренти, реномираниот автор од издавачката куќа „Бонели“, цртач на Загор, е гостин на „Стрип-салонот“ кој се одржува во Велес. Цртачот на јунакот со кој израснаа многу генерации е гостин во Македонија, што е вистинска реткост за присуство на ваков уметник во овие краишта. Лоренти веќе 20 години го оживува ликот на легендарниот стрип-јунак Загор и е дел од екипата на 20 цртачи кои учествуваат во создавањето на ликовите. Негова обврска е исклучиво цртањето на главниот јунак Загор. „Прво го читам сценариото за да знам што треба да доловам. Потоа работам дневно, ги читам и ги цртам сцените со молив, за на крајот да заокружам и да го обојам. Цртањето е инспирација, не е машина да се работи на норма. Затоа работам веднаш кога ќе ми дојде визуелизација на сценариото, и најмногу до една и пол страница на ден“, објаснува Лоренти. Тој црта во своето студио во Рим, кое е сместено во неговиот дом и потоа цртежите ги праќа во Милано, каде што се наоѓа седиштето на издавачката куќа „Бонели“. За да си ја збогати имагинацијата гледа многу филмови, многу чита, ја набљудува околината за да добие идеја за подобро илустрирање на својот јунак Загор. Од секаде зема по нешто, краде по малку за да создаде слика. Загор почнал да го црта во 1993 година, а претходно работел на цртани филмови. Серџо Бонели, авторот на Загор, ги видел цртежите на Мауро Лоренти и побарал од него да го црта овој јунак. Лоренти најпрвин нацртал трејлер, по што бил поканет да го работи Загор, бидејќи сопственикот на издавачката куќа сметал дека тој може да внесе свежина, да го поднови, да го подмлади јунакот и да му внесе свежа крв. Цртаниот јунак и неговиот верен пријател Чико, кој во неволја му го чува грбот, се екстремно популарни на Балканот. Турците дури снимиле и два филма. „Загор е многу популарен во Европа и надвор од неа, во Аргентина и Бразил. Во Европа, освен во Италија е читан посебно на Балканот, во Хрватска, Србија, Турција, Грција. Се надевам дека тој ќе биде бесмртен и читан од многу идни генерации. Лани се славеа 50 години од создавањето на ликот на Загор. Економската криза го зафати и стрипот кој претходно повеќе се продаваше, а сега тиражите се во опаѓање“, вели Лоренти. Тој освен Загор, го работи и стрип-јунакот Дамфир, човекот борец против врколаците, кој е роден во Хрватска и заедно со неговата девојка се борат против овие суштества. Можеби популарноста не е толку висока во останатиот дел од светот поради тоа што се' уште Загор не е екранизиран на големото платно, не е создаден блокбастер, филмски хит. Нешто што на Американците им успеа со Бетмен и Супермен. „Потешко е да се работи стрип-јунак на филм, бидејќи во стрипот движењата се запрени, додека во филмот јунакот постојано е во движење. Во САД е полесно да се екранизира нивен јунак, каде што филмската индустрија е подигната на високо ниво, додека Загор е интересен само за Европа. На Американците им успеа и ја продадоа и ’кока-кола’ на цел свет. Но и покрај се', Загор има две екранизации, и тоа во Турција, таму овој јунак оживеал“, објаснува цртачот Мауро Лоренти. Тој дипломирал на факултет за ликовна уметност, има 55 години и најавува дека се' додека е жив ќе го црта Загор. Ни ги пренесе и информациите како настанал овој лик, што ги слушнал директно од авторот Бонели. „Загор е наследник, мешавина на Тарзан, Флеш Гордон, на вестерн-филмовите, додека неговиот верен пријател Чико, е инспириран од Пајо Паторот и затоа се толку сакани и популарни“, вели Лоренти. Во Италија стрипот е уметност, индустрија од која живеат стотици семејства. Така издавачката куќа каде што работи тој, освен Загор и Дамфир, ги издава и стриповите Дилан Дог, Командант Марк, Текс Вилер, Марти Мистерија. И тие излегуваат еднаш месечно, а цената на еден стрип е три евра поединечно. Лоренти знае дека Загор е многу популарен и во Македонија, но дека се увезува со превод од хрватски или српски, дека нема стрип на македонски. Воодушевен е од Велес од неговата поставеност и архитектура, па може и да се очекува како инспирација некоја слика од градот да биде сместена во неговите стрипови за Загор или Дамфир. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D28D ... C61028D2C0------------------- Дамфир??Стрип јунак роден во Хрватска?? Добро бе толку ли им е тешко на нашиве новинари да побараат на Гугл точни информации.Барем сега е лесно. Инаку ете и Л ауренти знаел дека нема Загор на македонски.лелелелеле хахахахаха
_________________ I love the smell of fresh comics in the morning!!!
|
13 Oct 2012, 12:39 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Честитки и браво за ова!
ДОбра промоција на македонскиот стрип-посебно шо ни една награда не му дадоја на македонец....освен на Моргана за присуство и на Дамјан(ама него пошто не го рачунат за автор-така да не му се број)
КАко беше она-лагата повторена иљадапати вистина станва?
_________________ ејм фор д бушес!
|
13 Oct 2012, 12:50 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
14 Oct 2012, 08:58 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Во Велес синоќа беше отворен 10. Меѓународен салон на стрип сабота, 13 октомври 2012, 13:01 Во Ликовниот салон во Велес синоќа свечено беше отворен 10. јубилеен Меѓународен салон на стрип. На свеченоста беа доделени наградите по распишаниот конкурс за стрип „Велес 2012‘‘.
Првата награда „Златен стрип‘‘ му беше доделена на Стеван Субиќ од Србија за стрипот „Трагови‘‘. Втората награда „Златен стрип‘‘ ја доби на Марко Стојановиќ од Србија за сценарио и Марко Врандечиќ за цртеж и Дамјан Михаилов за колор за стрипот „Најамник‘‘. Третата награда му припадна на Марко Стојановиќ за сценарио и Милорад Вицановиќ Маза од Република Српска за цртеж за стрипот „Кула. Традиционално беше доделено и Признанието за развој и афирмација на македонскиот стрип за оваа година на Киро Донев, долгогодишен уредник на списанието „Наш свет“ (од 1963 до девеесетите години).
Меѓународниот салон на стрип во Велес денеска продолжи со предавањата на Мауро Лоренти, реномиран стрип автор од издавачката куќа „БОНЕЛИ“. Лоренти е познат како еден од авторите којшто го црта легендарниот ЗАГОР. Тој пред љубителите на стрипот во Велес говореше на тема „Загор и јас“.
За попладне е предвидена промовирање на стрип на авторот Дарко Богданов, а потоа Марко Стојановиќ ќе говори за Стрип фестивалите во Србија, додека Срѓан Николиќ - Пеќа за фестивалот на стрип во Лесковац 2012. Веднаш потоа ќе се одржат и слободните стрип разговори со присутните љубители на стрип и авторите.
За време на фестивалот работи и стрип работилницата на која се откриваат нови млади таленти на стрип во земјава. Во Ликовниот салон, пак, е отворена и стрип берзата.
Znaci napisite po vesnicive, i novinarskive patki ne prestanuvaat denoive...
1. Prvo, kako i vo poveketo tekstovi, utnato imeto na gostinot... 2. Vtoro, Marko Stojanovik drzel predavanje... Marko ne bil tamu, toa lesno moze da se proveri... 3. Odrzuvanje na strip rabotilnica... posle 10 megjunarodni Strip Saloni i isto tolku rabotilnici, ke se pojavese nekoj talent od Veles... do den denes takvo nesto ne vidovme, znaci rabotilnici realno nikogas ni nemalo, toa e namerno taka napisano, a se misli vsusnost na crtezite koi gostite si gi crtaat neobavezno, ili ako Vane uspee da gi natera da mu nacrtaat nesto... toa e rabotilnica??? 4. Okolu maldite talenti vekje kazav...
I do koga vaka???
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
14 Oct 2012, 18:34 |
|
|
IgorJovchevski
Магус Регуларус
Joined: 23 Dec 2009, 14:54 Posts: 1209
|
Dechki, vo novata TEA Moderna ima edno kratko intervju so mene vo rubrikata 60 sekundi so... Muabetot e povekje od tipot - kade si i sto pravish . Aj ke skeniram pa ke postiram utre-zadutre.
|
07 Nov 2012, 23:26 |
|
|
IgorJovchevski
Магус Регуларус
Joined: 23 Dec 2009, 14:54 Posts: 1209
|
Eve sken, se nadevam dovolno chist i vidliv .
|
08 Nov 2012, 17:47 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
е сега, Џони или Елвис?
топ, кратко и слатко
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
08 Nov 2012, 18:50 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
a baska i zafaten, stalno na telefon super intervju
|
10 Nov 2012, 02:03 |
|
|
IgorJovchevski
Магус Регуларус
Joined: 23 Dec 2009, 14:54 Posts: 1209
|
Fala dechki!
|
10 Nov 2012, 12:52 |
|
|
Nesomai
Пензиониран Мрчатор
Joined: 23 Aug 2010, 20:59 Posts: 2839 Location: Amsterdam
|
_________________ "Тој шо бара - ќе си го најди."
|
10 Nov 2012, 13:14 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Kengur-avataro zakon (Rob Granito)
Igor-arno Mauro LAurentich dojde vo Makedonija-inaku nemashe da imash intervju....
_________________ ејм фор д бушес!
|
10 Nov 2012, 13:49 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
|
30 Nov 2012, 16:29 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
08 Dec 2012, 14:16 |
|
|
vizant
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 21:27 Posts: 224 Location: Markov Grad
::
|
nema vreme po internetive!
_________________ vizant[color=#0[color=#008000][/color]08000][/color]
|
15 Dec 2012, 00:36 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
02 Feb 2013, 10:27 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Браво!
_________________ ејм фор д бушес!
|
02 Feb 2013, 11:54 |
|
|
vizant
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 21:27 Posts: 224 Location: Markov Grad
::
|
Fino ami gi zbrckal STRIP MAJSTORITE OD TITOV VELES?
_________________ vizant[color=#0[color=#008000][/color]08000][/color]
|
02 Feb 2013, 13:32 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Bas i ne se spomnati Strip Centarot od Veles, barem vo ovoj tekst se gleda deka ne e pisuvan od Vane ili Tome Trajkov. Super e toa sto ete postojat stripadjii i vo Gostivar, ne se bas upateni vo makedonskata strip scena (ama ete znaat deka postojat avtori vo Veles, Skopje i Gostivar)...
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
02 Feb 2013, 14:27 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 2 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|