Ова е постар цртеж од Игор Јовчевски, дигитално колориран од Тони Анастасовски, па ќе се обидеме отприлика да го прикажеме процесот на работа, во Фотошоп 5 (правена е во 2006):
Ова Тони го збори:
"Прво цртежот во А4 формат го скенирав, па малку го замаглив моливот со опцијата Filter: -> Median
Потоа почнав со боење на позадината, директно врз моливот со различни големини и интензитет (opacity) на Brush четката, со тоа што не се држев строго до неговиот цртеж. Користев различни фотографии како репер за позадината.
Кога завршив со позадината, не бев задоволен (нијансите беа ладни), па затоа ставив нов leyer со темен окер, и на Opacity 30% (отприлика), за да се затоплат боите
Потоа пристапив кон боење на замокот, штитот и ставив сива нијанса со намера да додадам дел од карпа, за да не биде толку празен тој дел...
Потоа продолжив со боење на Конан, со боење во нијанси од светли кон темни, сликарски, на истиот принцип како и позадината. Тоа го правам со две различни нијанси од иста боја, па потоа затемнувам...
Потоа додадов нов leyer со цртеж од карпа, кој потоа го боев на ист начин како позадината. Потоа целиот цртеж малку го затемнив, и му дадов малку контраст со Levels...
Откако го набоив целиот цртеж, увидов дека штитот и мечот малку двојат од целата илустрација, па затоа и малку ги осветлив, а месецот никако не се вклопуваше во атмосферата, па го избришав...
На крајот, ја затоплив целата илустрација со Image->Adjustments-> Color Balance, и потоа со Levels и дадов контраст. Тоа е отприлика како генерално е направена оваа илустрација."
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com --------------------------------
A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis