|
|
It is currently 17 Dec 2024, 19:11
|
|
Page 1 of 1
|
[ 7 posts ] |
|
Author |
Message |
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
07 Aug 2010, 17:46 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
14 Aug 2010, 16:28 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
21 Aug 2010, 13:08 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Пошто ќе го форматирам стариот блог, а оваа статија ми е мила, еве ја тука, за архивирање.Оргинално објавено на 03.04.2009. _________________________________________________________________________________ Листајќи ги актуелните кич насловни на американските стрип изданија може слободно да се констатира дека скоро сите компании кои се занимаваат со издаваштво максимално го експлоатираа ликот на новоизбраниот преседател Obama. Со или без негова дозвола, не е важно, ни од правен ни од популистички аспект. Не е ни прв ни последен. И Regan го имаше своето култно стрип-деби во Miller-овиот "The Dark Knight Returns", George W. Bush во "Ultimates" итн... Во други случаи владеењето на одреден премиер или преседател или што и да е (ин)директно бил критикуван. Таков пример имаме во култниот "V for Vendetta" на Alan Moore. Политиката инертно егзистира во нивните youth oriented медиуми, веројатно не со цел да се навива кон една или друга страна, туку да се одржи некоја вештачка реалност во стрипот. Кај нас ова, нормално, не е случај. Не затоа што имаме лошо или добро освестени политичари или политички промотери, туку затоа што немаме свои стрипови. Некој може да ми контрира на ова со постоењето на "Пецко" и сличните дневни сатирични ленти во дневните весници, или дури и со "Еднооки" кое иако ете не е стрип, сепак е некаква анимација/илустрација. Но и едните и другите постојат чисто за исмевање (?) на day to day настаните кои имаат политички карактер. А и не се стрипови во класична смисла. Идеата за темата на постов ми дојде кога го најдов случајно скенираното издание на помалку познатиот стрип на Walt Disney од 1937 наречен "Mickey and the Monarch of Medioka". Оние од нас кои пред 15ина години имаа можност да дојдат до примерок од ова издание на белградска "Политика" веројатно веќе знаат за што ќе зборувам и која е поврзаноста, но за оние повеќето кои никогаш не ни чуле за овој наслов еве ги деталите. Во декември 1935та во "Политика" излегува "Мика Миш" со авантурата "Мика и његова савест". Публиката на драго срце ги прифаќа новите ликови. Mickey, Goofy, Donald (како и многу други увезени брендови) доживуваат прилагодување во поглед на името па така Mickey станува првин Мика па подоцна Мики, Goofy станува Шиља (заради извесен Шиља кој работел во "Политика" и потсеќал страшно на дизниевиот лик), Donald станува Паја (сличен случај како предходниот), пропорционално на тоа сите натамошни ликови имаат имиња кои се римуваат со она на Паја (Раја, Гаја, Влаја, Баја). Но, како и да е, стриповите на Disney во тогашното кралство Југославија уживаат огромна популарност. Се до 1937ма кога се случува најголемиот преседан на полето на стрипот во Европа, во моментот кога политиката ќе ги вмеша своите прсти. Таа година "Политика" во истоимениот дневен весник, под лиценца од Disney, го издава "Mickey and the Monarch of Medioka" во дневни "каиши" под наслов "Мики и његов двојник". Приказна во која кралот на Medioka (преведено на српски Медокија), е расипник, плејбој и заради кого кралството полека но сигурно пропаѓа. За среќа на мирниот, чесен и работлив народ на Медокија, службениците на кралот, го наоѓаат Мики кој личи сосема исто како и младиот монарх. Па тие решаваат да го заменат кралот со чесниот, разумен Мики и тој полека но сигурно ја поправа државата се додека еден од неговите други службеници не ја открие измамата и не се обиде да го искористи тоа... Приказна слична на многу други подоцна. Но неколку месеци од почетокот на издавањето, државниот цензор увидува огромна сличност помеѓу ликовите во стрипот и настаните во Југословенскиот кралски двор. Имено, младиот крал Петар и неговото однесување кон престолот премногу сличел на монархот од стрипот. Па затоа, прв пат во историјата на Disney во Европа, еден нивни стрип е цензуриран. Крајот е изменет од редакцијата на "Политика". Приказната завршува нелогично и станува радикално различна од оргиналната. Настанот предизвикува внимание кај јавноста а особено кај дописникот на "New York Times" од Белград, Hewbert Harrison. Тој со најоштри зборови го напаѓа престолот за овој себичен чин, и ги обвинува за мешање во независноста на издаваштвото. Неколку дена подоцна владата на Југославија му испраќа телеграма на Harrison со предлог да ја напушти земјата пред да биде принуден да го стори тоа. Под притисок Harrison заминува од Белград но при заминувањето тој наводно, добива поздрави и честитки за храброста која ја искажал и тоа од обичниот народ кој го сретнал за пат кон железничата станица. Во својата наредна статија тој пишува "Атмосферата на железничката станица наликуваше повеќе на испраќање на национален херој отколку на непожелна личност". Колку е ова точно не можеме да знаеме никогаш. Останува да му веруваме или да не му веруваме на Harrison. По враќањето на Harrison во Америка, и Walt Disney лично се интересира за овој случај. Неколку дена подоцна Disney испраќа телеграма со дискутабилно иронична содржина до кралскиот двор на Југославија во која тој жали за невољите кои неговиот стрип ги предизвикал во балканското кралство. Шпекулациите од гордите српски националисти кои извојувале победа над моќните американски агитатори, одат до таму да кажат дека Disney лично доделил целосни авторски права за наредните 60 години на своите стрип изданија на "Политика" како знак на извинување. Секако и ова е тема за дебата, но од лаичко истражувачки аспект интересен е фактот што со изминувањето на тие 60 години (отприлика во 1997ма) во Србија, Disney веќе не издаваат ништо. Панелите во "Политикин забавник" веќе не постојат, култниот "Микијев Забавник" е прекинат. Ова се поклопува и со горната приказна но и со санкциите кои нашиот северен сосед ги претрпе во 90тите години на минатиот век. Во 1992ра, "Политика" во екот на националистичкото војување на Србија со сите можни соседи, на чело со сега покојниот Милошевиќ, го реиздава во целосна форма "Mickey and the Monarch of Medioka" во албум формат со меки корици, со извесно покритие на приказната (секако од нивна гледна точка) а и со додаток со алтернативниот југословенски крај. Политиката и во оваа прилика е вмешана во голема мерка поради една панела во која кралот им се обраќа на поданиците со зборови слични на овие кои ги искористи Милошевиќ во еден од неговите, денес, култни говори. Овој пример ми е останат како прв со кој свесно сум се сретнал, во далечната 92ра кога имав среќа да го купам стрипов (кој денес за жал го немам веќе), и кој секогаш прекрасно го илустрира и општеството и менталитетот кое не опркружува непосредно а и огромното влијание кое полтиката го има во во сите пори на тоа исто општество па дури и во толку независниот медиум - стрипот. _________________________________________________________________________________ *година дена по објавувањето на текстов, авторот се снабди со примерок од стрипот
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
25 Apr 2012, 18:02 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Го реставрирав стариот блог, . Ќе се трудам да има барем една статија неделно. Ќе ги објавувам и тука со мало закаснување.
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
18 Sep 2012, 15:25 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Во паралелна димензија... Кој не зажалил за некоја своја одлука или не се запрашал што ќе се случеше ако постапев поинаку? Каков ли ќе беше светов без мене? Во физиката постојат голем број теории токму на оваа тема. Нема да глумам експерт и да објаснувам нешто што ни самиот не го разбирам целосно, но една од теориите е дека со секоја одлука се создаваат паралелни димензии, секоја иста со другата но различна по исходот на настаните од донесената одлука. Паралелните димензии во поп културата не се новина. Тоа е тема која е обработувана и рециклирана стотици пати. Во филмови и серии како Star Trek (goatee Spock anyone?), Sliders и најсвежо Fringe. Тука не мислам на на создавање на нова, алтернативна иднина како во Back to the Future, туку баш паралелна димензија која егзистира паралелно и е слична но не иста со онаа во која живеаат протагонистите. За разлика од своите пандани во другите медиуми, стрипот повеќе од било кој ја има разработено оваа проблематика. Кај Американците, особено кај DC Comics, тоа е однесено до ниво на секојдневен апарат за раскажување и прераскажување на одредени приказни, но и се почесто за поправање на уреднички грешки од минатото. Оваа политика донела до создавање на фамозниот Мултиверз на DC Comics, во кој на една верзија од земјата живеат "лоши" антиподи на Супермен, Бетмен, Флеш и другите, на друга живеат истите овие но таму Супермен не се родил. На трета живеат сите оние ликови кои DC сакале да ги тргнат од редовниот канон како редундантни, и што уште не. Тоа подоцна доведува до нивните фамозни Кризи (Crisis), односно саги наменети за корегирање на грешките на уредниците низ (донекаде) логични приказни кои ќе оправдаат или избришат се што боде очи на верните читатели и канон фрикови. Многуте верзии на СуперменНо не секогаш, приказните за "паралелните димензии" и "Што ако?" ситуациите се само тоа. Во последниве години одат и малку подлабоко, разработувајќи го ликот и одлуките кои тој ги носел но и неговото влијание на светот во кој живее. Нешто како "It's a wonderful life" но со супер моќи. Што е слично, а што различно со паралелната димензија? Која одлука, или серија одлуки, во кој момент донеле за се тоа да тргне баш по тој правец? Каде е етички да влијаеш а каде не? Зошто тој има право да има нешто што ти си го загубил, кога сте истата личност, со истите мани како и ти? DC Comics, како што реков погоре, се веќе одамна етаблирани на темата, па затоа и имаат поголема палета за избор на сега веќе култни дела кои можам да ги наведам како примери од оваа проблематика. Обавезна препорака за Superman: Red Son каде бродот на Супермен од Криптон паѓа во Украина наместо во Канзас, па младиот вонземјанин станува првиот син на СССР. Препорака и за Flashpoint мини серијал во кој "нашиот" Флеш се губи во свет каде сите клучни моменти кои ги дефинираат животите на сите супер херои не се случиле. Но ако мора да се издвојам само една приказна која одлично ќе го отслика жанрот тоа е секако JLA: Earth 2. Насловната на JLA: Earth 2 илустрирана од Френк КвителиГрант Морисон и Френк Квители, во оваа графичка новела, ја разработуваат темата "паралелни димензии" од поинаков агол. Земја која е огледало на "нашата". Каде левото е десно, моралното е неморално и најважно од се - доброто е лошо. Хероите од Justice League of America добиваат повик за помош од Александар Лутор, единствениот супер херој на неговата верзија на Земјата. Таму, тој се бори против фамозниот Crime Syndicate of Amerika, група пандан на JLA, во која членуваат семоќниот, авторитативен фашист од челик Ultraman, перверзната доминатрикс Superwoman (која го носи цивилниот идентитет на Лоис Лејн), интригантниот и корумпиран криминалец од подземјето на Gotham Owlman, најбризот човек на светот Johnny Quick кој е навлечен на спид серум и Power Ring страшливецот кој го носи зелниот прстен затоа што мора. JLA одговараат брзо и ефикасно на повикот на Лутор. Паралелната земја е доведена брзо во ред. Но кратко време потоа и нивните пандани доаѓаат на "нашата" земја и го прават истото по свој аршин. Но нешто не е како што треба. Доброто не наоѓа на позитивен одзив кај народот. Среќата не ги прави среќни. Речеси во секое негово дело, Морисон, покрај тоа што ќе раскаже одлична приказна, наоѓа начин да го деконструира самиот жанр и канонот на ликот кој го обработува. Па така, овде тој ја доведува во прашање причината за постоењето на хероите, преку рециклирање на приказна од 60тите. Нормално овој пат со повеќе длабочина и поента од првата верзија. На големите, несоборливи, икони и богови од JLA им дава човечки одрази во огледало. А над двете страни, и онаа добрата и онаа лошата е, Брејнијак, олицетворението на чистата логика. Лик на кој не му значи ни моралот на JLA ниту неморалот на CSA. Токму суровата логика на Брејнијак ќе го одговори Бетменовото прашање " Како можеш да победиш во свет каде се е обратно?". Така што ќе изгубиш. Инаку за оние кои не се по стриповите, оваа приказна е делумно адаптирана во долгометражниот цртан Justice League: Crisis on Two Earths. За разлика од DC, Marvel Comics таа карта на паралелни светови ја играат поретко. Но затоа имаат друга, слична крава музара наречена алтернативни иднини. Иск-Мен се оние кои највеќе се засегнати со оваа тема, и во многу наврати решавале проблеми и ситуации со кои спречувале ваква или онаква иднина да се случи. Секако, прв и култен таков наслов е Days of Future Past од 1980та, каде веќе остарената Кити Прајд телепатски се телепортира во своето 50ина години помладо тело и ги убедува своите "соборци" да го спречат атентатот врз анти-мутантскиот настроен сенатор Кели, за тоа да не одведе до серија настани заради кои мутантската раса ќе стане ловена и убивана по логори. Оваа фамозна авантура на Икс-Мен ќе служи како основа за, во најмала рака, десетици слични на неа приказни во наредните години, и ќе доведе до појавување на серијалот Exiles, каде група членови на Иск-Мен од различни страни на мултиверзумот и времиња ќе патуваат низ димензиите и ќе помагаат онаму каде е потребно. Насловната на Uncanny X-Men #141, првиот дел од сагата Days of Future Past. Илустрирана од Џон Брн.Последниве години, со именувањето на Ворен Елис за писател на Astonishing X-Men, темата за паралелни светови завзема прилично централно место со сагата за Ghost Boxes - кутии кои служат како телепортери помеѓу паралелните универзуми. Посвеж пример кај Marvel-овци, за класична авантура со "паралелни димензии" е Exalted. Примесата на оваа приказна е одлична и зборува за свет во кој борбата меѓу мутантите и луѓето ја уништила планетата, па затоа мутантите се жртвуваат еден по еден за да ја одржат земјата стабилна. Но што се случува кога мутанти ќе снема? Одговор: Тука е мултиверзумот! "Нашиот" Сајклопс е првиот кој ќе го растури овој систем на експлоатација на мутантската раса. Фасцинантен е моментот кога тој, бегајќи од силите на Спасителот, тамошната верзија на Чарлс Ксавиер, ќе наиде на просторија со стотици визори како неговиот, и ќе увиди дека не е прв кој е експлоатиран. "Ако ти е полесно", му вели Ксавиер, "првин почнав од себе." Етиката на помало зло, жртвување за доброто на сите и границата каде почнува лудилото е одличен тест за Сајклопс како лидер но и за неговото соочување со одговорностите кои ги носи по расколот со Вулверин во тогаш актуелните X-Men стрипови. Насловната на Astonishing X-Men #47, последниот дел од сагата Exalted, илустрирана од Мајк МеконИако количеството на научна фантастика не е на незавидно ниво кај нив, Европјаните помалку обрнуваат внимание на оваа тема. Но како одличен пример за добро раскажана и темелно обработена приказна за паралелни универзуми (и воедно главен мотиватор за оваа статија да постои) е 120тата епизода од серијалот Nathan Never - Infiniti Universi (Бесконечни универзуми). За оние кои не се запознаени со ликот, Натан Невер е специјален агент од иднината, кој во своето лично минато има торба полна огромни гревови како што се неверството кон сопругата, нејната брутална смрт и киднапирањето на ќеркичката Ен Невер од страна на психопатот криминалец Нед Мејс. Сите овие лузни го дефинираат животот на Невер. Го прават она што е. Асоцијален носталгичар кој ги минува осамените ноќи преиспитувајќи ги делата кои му ја згазиле шансата за среќа. Една ноќ се појавува негов двојник. Тој тврди дека е исто Натан, но од друга димензија, дека открил начин да патува помеѓу паралелните универзуми и дека сака да го сподели тоа откритие самиот со себе и да си пружи шанса да го живее животот онака како што сака. Секој Натан да живее онака како што сака. Насловната на Nathan Never #120 илустрирана од Роберто ДеанџелисМикеле Меда, авторот на оваа приказна, е познат по пишување длабоки, меланхолични и емотивни приказни. Тоа го прави и тука. Го соочува Натан со можност да го одбере животот кој го сака. Да одбере да живее онака како што не можел. Да е повторно со сопругата и ќерката. Да има прилика да го гушне татка си уште еднаш. И се тоа без да должи никому ништо. Без да осети морална одговорност. Без да погреши некому. На крај на краиштата во секој паралелен универзум Натан е пак Натан. А животот е еден и никому не должиш да се извиниш зошто живееш онака како што сакаш. Особено не самиот на себе. Во буквална смисла. Растргнат помеѓу принципите кои си ги зацртал во реформираниот живот и искушението, Натан полека но лесно ќе потклекне на второто. Приказната си има свој крај и заклучок кои нема да ги спојлер-ирам, но ќе препорачам да се прочита оваа епизода која е безкомпромисно во топ 5 на овој серијал. Приказните кои ги избрав можеби и не се дефинитивната палета од најдоброто што може да го понуди стрипот на оваа тема, но се прочитани и препрочитани приказни кои на еден или друг начин ќе Ви ја доловат есенцијата на овој суб-жанр.
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
16 Feb 2013, 19:09 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Planetary (Warren Ellis / John Cassaday)Има една група стрипови, во најголем дел култни наслови, кои себично ги чувам на мојата 2read листа. Не дека имам нешто попаметно за читање ама заради глупави „принципи“ ги оставам за времиња во кои ќе биде прикладно да се читаат. Демек, еден ден, ќе имам камин и луле и ќе дојде времето конечно да го исчитам V for Vendetta. После долги години се освестив дека никогаш нема да дојде таков период, а и да дојде сигурно нема да го користам за читање стрипови. Па конечно почнав да шкртам наслови од таа листа и меѓу првите кои отидоа беше Planetary на Ворен Елис и Џон Касадеј, стрип за кој не знаев апсолутно ништо освен кредибилитетот на авторите и фактот дека е само 25 броја. На прво седнување, Planetary се чита како стрип за група агенти чија работа е да ги демистифицираат големите тајни на 20тиот век. Тајни кои на сите ни се познати преку книгите и стриповите кои ги читаме, филмовите кои ги гледаме или музиката која ја слушаме, ама решително ги препишуваме на фантазијата на поединции. Тимот на Planetary има задача токму тие тајни да ги разоткрие и поврзе во една огромна завера која трае повеќе од 100 години. Но само еден слој подолу во стрипот и откриваме дека Planetary е многу, многу повеќе од тоа. Целосната нарација на стрипот е всушност пресек на сѐ она што нѐ дефинирало како човештво низ поп културата во 20тиот век. Од почетоците со авантуристичките романи како Sherlock Holmes, Tarzan, Dracula, па преку pulp романчињата и нивните Flash Gordon, Mandrake, The Shadow, Green Hornet, The Lone Ranger… Па и сите оние предвоени и воени опоненти на режимот наречен рестрикции на имагинацијата. Било тоа да е последниот син на Криптон, Мрачниот витез од Gotham или супериорниот војник со американско знаме на градите. Тука е и шокот наречен Marvel, отсликан во форма на фамозната 4ка – тим вселенски истражувачи кои во најмала рака може да се каже дека го манипулираат, реформираат и контролираат 20тиот век почнувајќи од 1961 (неслучајно избрана година која се поклопува со првиот број Fantastic Four). Нивниот масакр на старите вредности и херои како Superman, Batman и Wonder Woman, себичното чување на технологијата... Сѐ е тоа само дел од гревовите препишани на 4ката. Главната приказна во Planetary е токму конфликтот меѓу Сноу, најновиот член на тимот, и таа 4ка. Елис решава дека сѐ што сме конзумирале како поп култура во 20тиот век е вистина. На некој начин можеби и е вистина, но само во световите во нашите фантазии. Како тогаш тоа да го пренесе во „реалниот“ свет? Преку едноставен и класичен стриповски концепт кој се вика мултиверс - таканаречената снегулка која содржи во себе 198000 паралелни светови од каде реалностите се претопиле во овој „нашиов“ свет. Опасностите кои ги носи овој концепт бара и заштитници на истотот па кој подобро да го одбрани 20тиот век од самиот себе отколку децата родени на полноќ на први јануари 1900та година - долговечните и натпросечно силни Century babies. Своевидни анти вируси на чумите кои ќе го газат векот пред нив. Авторот успева да „смеле“идеи акумулирани 100 години во едно големо наративно купче и сите тие идеи да ја отсликаат својата улога на општеството. Ѓаволски тешка работа. Никој не е изоставен. Ни таткото на модерната фантастика Жил Верн, ни Артур Конан Дојл, ни Стен Ли и Џек Кирби, нити Нил Гајман и Алан Мур, па ни самиот тој Елис со најновиот бран на мета-стрипови. Но не е само главната приказна добра. Од земја удираат и наративните способности на Елис, омажите на големите дела на 20ти век, начинот на нивно комбинирање во приказната и пронаоѓање нишка која ги врзува и во и вон стрипот. Секој од броевите се фокусира на одреден жанр и дава негов своевиден омаж. Како добар нон-спојлер е авантурата во вториот број на Planetary, каде на јапонско острово кое се граничи со Русија, нашите јунаци откриваат гробница на Годзила и сите останати чудовишта од кич научно-фантастични јапонски филмови од 50тите. Елис има одговор на сѐ, па макар тој одговор да носи куп нови прашања. Убавата страна тука е и артот во стрипот кој е и самиот наратор исто колку и дијалозите. Како што моќен саундтрек може од добар филм да напраи ремек дело, така и филмските вајдскрин панели на Касадеј ја претвараат генијалната приказна на Елис во еп кој без оправдание мора да се конзумира. Можам до утре да зборувам за погребот на “Константин“, за аферата со “Ник Фјури“, за наследникот на „Тарзан“, за тоа што значи Бетмен во било кој универзум... Но нема. Ќе го прочитате тоа самите. Planetary не се пропушта! Мала напомена би дал за препорачаното темпо на читање. Со оглед на филмскиот начин на нарација и малку текст, Planetary може да Ве излаже да го исчитате за доста брзо време, но имајте предвид дека ниедна реплика, ниеден детал во било кој кадар не е случајно таму и е (веројатно) одговор на некое прашање кое ќе Ве остави да си ја чешате главата после брзото читање. Download , а одличната рецензија на Наум ?TheRiddler? за истиов стрип
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
25 Jan 2014, 17:42 |
|
|
|
Page 1 of 1
|
[ 7 posts ] |
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 1 guest |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|