Имам Genius G-Pen M712 таблет и не го користев поќе време оти ми зафркаваше на компјутеро ова она, и сеа инсталирав нов драјвер, го апдејтирав и од графичката и конечно работи ко шо треба, само шо сега има друг проблем. Во Фотошоп CS5 кога цртам криви линии го поврзва почетокот и крајот на линијата со полна дебела линија (не секогаш ама многу често), ко на сликата долу. Барав на интернет и не најдов решение, а видов дека еден куп луѓе имат сличен проблем, кај нив воопшто не излегва кривата линија шо ја цртат туку само права линија поврзвајќи го почетокот и крајот.
Во Ps CS3 го нема овај проблем, ама таму па ко да кочи, стилусот ко бавно да респондира, особено ко ќе прам брзи кратки потези.
За горниот проблем ми е прашањето, ако знај некој зошто е вака и ако знајте решение ве молам кажете
(П.С. ова можи ко современа уметност да се продај
)