|
|
It is currently 23 Dec 2024, 19:51
|
Author |
Message |
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
29 Mar 2013, 10:51 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
^ E, за тој муабет мислам....
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
29 Mar 2013, 15:59 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Kirkman's Destroyer оцена 8/10 -вкупно се 5 броја, и е солидно спакувано. Ама продавање на морални демагогии на мала врата, with great powers comes great responsibility , не ми лежи баш... Mark Millar's Hit- Girl оцена 9/10 - Ова ми беше позабавно. Како што е наведено, овие 5 дела (од една целина) се случуваат помеѓу двата дела на филмот Kick - Ass. Вториот дел сеуште не е излезен, па ова е добро загревање за филмот...
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
29 Mar 2013, 22:36 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
30 Mar 2013, 04:38 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
|
30 Mar 2013, 10:20 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Na filmot mislev.... a kolku sto znam/procitav, samo 5 broja bea.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
30 Mar 2013, 10:23 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
All New X-Men (1-9)(Bendis / Marquez)Новиов писател на X-Men си ја знае работата а бога ми и штивото. Точно опипал кој е вистинскиот момент од историјатот на стрипот за да ги повлече старите ликови во новиов свет. Малку цивилизациски, малку личен шок за младите: Cyclops кој е сега мутантскиот еквивалент на Осама, Jean Grey која е... well... мртва, Angel кој е сосема нов човек (буквално), Beast кој е мутиран (и премутиран неколку пати) во чудовиште и Iceman кој е... па генерално ист Bendis е мајстор на дијалогот. Тоа го докажa на Avengers низ минатите години а сега и тука. По се изгледа ликовиве остануваат во актуелниот канон, па ќе биде интересно да се следат. Препорака! ---------------------------------------------------- Uncanny X-Men (1-3)(Bendis / Bachalo)Оргиналниот мутантски серијал во ново руво, под палката на Bendis, ќе се фокусира на тимот на Cyclops. А кој од кој е во тој тим. Emma Frost, бившата на Cyke која веќе не е телепат, Magneto кој прв пат е во позиција на втор човек во некоја организација, ексцентричната Magic и еден куп млади ликови кои имаат интересни моќи. Па дури и артот на Bachalo веќе не ми смета Препорака! ---------------------------------------------------- Wolverine and The X-Men (19-27)(Aaron / Perez)И натаму е забавен серијалов. Ликовите се фантастично напишани. Kid Omega, Iddie, Eyе Boy, Genesis... Ми фали Broo. Ми беше омилен лик порано. А Aaron успеа да го вметне Dog (братот на Wolverine oд Origin) во тековниве причи. Браво. Долгата и непотребна приказна со циркузот (19-24) ми беше оток досадна. ---------------------------------------------------- Avengers (1-8)(Hickman / Opena / Weaver)Кога ќе ве праша некој како треба да изгледа стрип во 2013та покажете му го Avengers. Hickman е БОГ за модерни S/F стрипови! Толку. Каква структура на приказна, каква нарација. Те уфрла во сред дејство и те остава да преживееш сам а цело време, без да осетиш, те учи како да се снајдеш. Мајстор. Посебно покрај фактот дека сега Avengers бројат некои 18 члена. На се ова е додаден цртежот на Opena. That guy can draw. И онаа акварел боја на Dean White. Да си горд што имаш шанса да го читаш стрипов. This is how it's done! Огромна препорака! ---------------------------------------------------- New Avengers (1-4)(Hickman / Epting)Во Avengers Универзумот е жив лик. Во New Avengers универзумот е пред крај. И не само нашиот. Сите! За ова се потребни Iluminati (Iron Man, Black Panther, Dr.Strange, Reed Richards, Namor, Beast и Captain America) но и сите ресурси (и методи) за да се преживее. Ама онаа тенка линија на „немавме избор“ лесно се гази кога ја имаш целата моќ на светот. Препорака. ---------------------------------------------------- Uncanny Avengers (1-4)(Remender / Cassaday)По настаните во Avengers Vs. X-Men, Captain America регрутира тим од Avengers-и и X-Men-и за заеднички да ја вратат довербата кон мутантите кај народот и да го исчистат она кое Cyclops го направи за време војната. На чело на тимот е Havok, неслучајно избраниот брат на Cyclops. Прва закана е свежо клонираниот Red Skull кој има морбидна агенда како да завладее со Америка. Ама ова е само прво поглавје во огромна шема на настани кои следат во серијалов. Remender точно знае што прави и мајсторски ни го кажува тоа. Хибрид насловот кој треба да е flagship на целата издавачка линија е во рацете на врвен s/f писател и еден од најдобрите илустратори на денешницата. Секој кадар на Cassaday изгледа како да е на филмско платно. Препорака! ---------------------------------------------------- Thor: The Godbutcher(Aaron / Ribic)Ова е можеби најголемото позитивно изненадување во целиот Marvel NOW! Thor во три различни периоди од животот решава една иста мистерија. Некој убива, ни помалку ни повеќе, богови. Лично засегнат од настаните, Асгарскиот бог тргнува на авантура против анонимен непријател - врховниот атеист Кога би ја оценувал само приказната можеби би му дал на стрипов 8/10 ама цртежот на Ribic е за чиста 10ка! Огромна препорака! ---------------------------------------------------- Uncanny X-Force (1-5)(Hopeless / Larroca)Cable пак на мистериозна мисија и пак со позната екипа отпадници околу него. Domino, Forge, Dr.Nemessis... Да не е Larocca а да е Leifeld ова би бил истиот оној X-Force од 1991. Тотално! Е сега некому му се допаѓа тоа, некому не. Јас ќе продолжам да го читам само заради главниот лик уште некое време. ---------------------------------------------------- Nathan Never #131 - Misterij treceg mesecea(Vigna / DeAngelis)Nathan и мала екипа истражувачи, патуваат на третата месечина на Сатурн во потрага по тим научници кои исчезнале тука пред некое време. Настаните стануваат чудни кога секој од тимот на Nathan почнува да халуцинира свои емотивни трауми. Добра S/F мелодрама во стилот на Соларис со добропознатиот меланхоличен цртеж на DeAngelis. ----------------------------------------------------
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
30 Mar 2013, 16:27 |
|
|
martin
Надежен Луд Научник
Joined: 15 Jan 2011, 08:16 Posts: 197 Location: наваму-натаму
|
Lucifer 1-757/10 Spin-off серијал со карактерите од Sandman. На почетокот приказните имаат некојa суптилнa Neil Gaiman атмосфера, но со сопствен, прилично бизарен шмек. Но како што изминуваат броевите така и ентузијазмот за читање полека опаѓа. Некаде после 50-тиот преминуваат во пасивна досада. Крајот е ОК смислен, но дефинитивно не исполнува како и почетокот.
|
30 Mar 2013, 22:14 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
|
31 Mar 2013, 00:08 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
|
31 Mar 2013, 03:52 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
или, уште подобар наслов: Nemesis оцена 10/10Фантастичен стрип! Што ако некој тип е супер-ултра богат, а му е досадно. А не е нафуран на „truth-justice-and-american way of peace“ фазон? Е, тогаш би бил фантастичен негативец. И би се викал Nemesis........ Ова поврзаново со втората слика (а поврзано со авторски права и начин на рекламирање), има многу јак муабет на википедија ( http://en.wikipedia.org/wiki/Nemesis_(Icon_Comics)). ...како и да е, само 5 броја се и ужасно брзо (и адреналински) се чита ова...се надевам на продолжеток.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
31 Mar 2013, 08:17 |
|
|
groo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 27 Aug 2011, 03:15 Posts: 2755 Location: Скопје
|
Kraljevic, se zarzi i ti so Nemesis?
_________________ што се мора не е тешко
|
31 Mar 2013, 12:00 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
31 Mar 2013, 13:42 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
31 Mar 2013, 14:35 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
31 Mar 2013, 16:06 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
Него, кај ги најде 5 броја бе чоек?
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
31 Mar 2013, 16:15 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
4 бе, куцачка грешка....
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
31 Mar 2013, 16:45 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
BATMAN INCORPORATED #1-9Grant Morrison е БОГ!!!! Конечно на ред дојде и Batman incorporated, иако знаев што ме очекува сепак скоро два саата бев закован пред монитор. Едноставно приказната е доведена до перфекција, не знам кој кого дефинира дали Морисон Бетмен или Бетмен Морисон. Не знам каков мозок треба да имаш за да напишеш едно вакво сценарио, сценарио без ниту една дупка, без ниту една дамка, за да на крајот го направиш она што буквално никој (или барем јас) не го очекуваше. Искрено немам идеја во кој правец ќе се движи приказната понатаму, не знам што повеќе треба да му направи на бетмен, едноставно мислам дека го раздвои на најситни атоми и физички и психички, го шеташе во минатото, иднината и на крај го стави пред најтешкиот избор..... Batman #18Приказна на Снајдер, убаво надоврзување на работите кои се случија во incorporated со една прилично чудна разврска и поврзување со лик кој верувам дека ќе стане битен во понатамошните случувања. Nightwing #18Овој број го исчитав само заради настаните од incorporated, фина емотивна приказна. Како и да е ќе почнам да го следам серијалов од почеток. Injustice God amog us #10-11ако ништо друго овие два броја вреда да се исчитаат само заради моментот Бетмен Супермен, соочување со најголемата болка, трезвеноста и изборот. Иако приквел на играта која треба да се појави сепак вреди да се исчита.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
31 Mar 2013, 22:46 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Superior оцена 8/10Целиот стрип ми беше, онака - суперменски. Посакував некако поцрн крај од она што го добив. И самиот негативец, освен при крајот, кај тепачките, ми беше некако „небитен“, што, од раскажуваќи аспект е голема замерка (антагонистот треба секогаш во почетокот да е појак од протагонистот, па протагонистот треба да се осознае себе си и да го победи антагонистот...).
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
02 Apr 2013, 20:17 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Justice league DC52 #0-18 -Фино се развива приказната, цртежот варира ама не е лош. Посебно мерак ми направи Throne of Atlantis (како дел од ова ги исчитав и Aquaman #15 - 16) The Grid и потребата од нови членови.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
02 Apr 2013, 22:08 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
Расцутивте со читањево Одлични наслови
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
02 Apr 2013, 22:13 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
ej otkoga ne sum fatil da citam, od novive DC52 kojznae dokaj stignale... kje mora da pocnam da nadopolnuvam od maj...
|
02 Apr 2013, 23:13 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
02 Apr 2013, 23:14 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Јас знам зошто ми се свиѓа сликава
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
03 Apr 2013, 10:54 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
оцена 10/10
Фантастична забава во стилот на Robocop/Universal solder/Resurrected Punisher стил. Има моменти пто се ужасно смешни, а не треба да бидат... Сладокусци на Зобиевци и Gore сра%а, ѕирнете го ова....(за да го симнете стрипот, клик на сликата, или на насловот....)
The Legend of Luther Strode 01- 04 (of 06) (2013) оцена 9/10
Продолжетоков ми е дури поинтересен од првиот дел. Таму имаше потреба да се објасни целата приказна - тука нема потреба. Одма макљажа и многу добри негативци....
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
03 Apr 2013, 19:05 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 2 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|