Пријавете се уште денес за работилницата за стрипови „Калеидоскоп 4“ која е дел од Битфест 2013
Научете повеќе за стриповите и уживајте во дружењето со членовите од тимот на Тогетхер Мацедониа
https://docs.google.com/forms/d/1hpU36d ... Y/viewform Изложба на стрипови, инспирирани од импресија на уметникот од ликови или од ситуации од секојдневниот живот на уметникот, како и на луѓето од нашата заедница изработени со техниката молив на хартија преку збир на линии, тонски вредности, текстури и облици.
Изложбата ќе биде поставена 4 дена, при што вториот, третиот и четвртиот ден ќе се одржуваат и работилници за изработка, односно цртање на стрипови, и последниот ден ќе бидат изложени стриповите на учесниците.
Стриповите ќе бидат тематски, односно ќе бидат изработени на тема ,,Без маска“ со цел да се утврди како размислуваат луѓето и како може да го подобрат својот живот во заедницата кадешто живеат и како индивудуалци да го подобрат животот во заедницата. Од овие стрипови Би се согледале потребите на граѓаните од нашиот град и нивните идеи.
Прв ден:
10.00 – 15.00 ч. Поставување на изработените стрипови
19.00 – 20.00 ч. Подготовка за пречек на гостите
20.00 ч. Официјално прогласување на изложбата за отворена
Втор, трет и четврт ден:
Просторот каде што ќе биде поставена изложбата ќе биде отворен за посетители од 11.00 до 15.00 и од 17.00 до 21.00 часот при што ќе бидат присутни по 2 волонтери од НВО Together Macedonia.
Во периодот од 17 до 20.00 ч. со мала кафе пауза во 18.30ч. два дена ќе се одржуваат работилници за цртање на стрипови за сите заинтересирани, при што максимален број на учесници ќе биде 15.
Работилницата ќе ја води уметник Грнчаров Николче.
Уметникот, фасилитатор, на учесниците ќе им ги објасни основните принципи за цртање на стрипови како што се пропорција, дебелина на линија и сенчење на темни и светли делови на цртежот.
Третиот ден на крајот од работилницата ќе бидат изложени најдобрите цртежи на учесниците, кои ќе бидат видливи за јавноста истиот ден, а воедно ќе се доделуваат и сертификати за учество.
Фала другари, се гледаме на изложба!