|
|
It is currently 23 Dec 2024, 13:15
|
Author |
Message |
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Avengers #1-13Фантазија како од сценаристички така и од цртачки аспект. Приказната е прилично замрсена, концепт на еспанзија од епски пропорции, создавање на нови животни форми со различна намена, создавање на нови светови и уништување на истите и сето ова под плаштот на хероите и нивната желба би рекол за доминација со „мирот во светот“ или можеби многу подалеку!!!! Многу прашања се отворени а верувам дека брилијантниот Хикман нема набрзо да ни ги одговори.... Апсолутна препорака! Uncanny Avengers #1-5Оваа приказна директно се надоврзува односно е продолжение на настаните од евентот Avengers VS X men,по смртта на професорот и „уништување“ на dark phoenix force односно по смирување на страстите помеѓу двата најголеми суперхеројски групи, Uncanny avengers не воведува директно во настаните потоа, пребројување на оние кои го изгубија животот, пребројување на оние кои останаа и обединување со цел да се врати довербата на народот. Враќање на еден стар ама многу добро познат негативец кој ќе го осквернави најсветото нешто за двата тима и една прекрасна акција која ќе резултира нормално со победа. Препорака! Age of ultron #1-10Бев доста скептичен за овој наслов барем првите два броја, ми делуваше некако наивно, темата ми беше веќе видена и мислев дека нема да издржам да го исчитам целиот серијал. Среќа моја што не направив таква грешка, затоа што веќе по третиот број оваа приказна добива сосема нова димензија и отвара едни од можеби најинтересните прашања за временските поместувања и butterfly effect - от. Иако концептот е „шта би било, кад би било“ сепак таа алтернативна историја ми беше баш WOOOOW Апсолутна прпеорака! Wolverine MAX #1-9Се сеќавам дека го изчитав првиот број само што се појави на нет и дека на форумов пишав дека насловот не ме воодушеви, така и беше го исчитав и вториот број и го имав истото чуство. Додека го чекам новиот филм на асална снимка (иако има шанси утре во кино да го гледам) решив да му дадам уште една шанса и искрено не згрешив. Wolverine е во потрага по сам себе, по есенцијалните прашања, кој е?, што е? од каде е? итн итн.....Единствена светла точка му се флешовите од минатото. Како што и самиот наслов кажува, приказната изобилува со доста експлитни сцени на секс, насилство, речник итн. Споредните ликови се фино разработени и убаво ја надополнуваат приказната. Препорака!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
29 Jul 2013, 12:45 |
|
|
BrunoPhoenix
Манга Падаван
Joined: 04 Feb 2009, 19:27 Posts: 2274 Location: Скопје
|
Hellboy: seed of destruction coffin ; corpse ; wolves wake the devil almost collossus Right hand of doom conquerer worm hollow earth third wish i pogolemiot del od The middle years
Se na se super,prichite variraat od takvi od po 4 ili 10 strani,do takvi od po nekolku sveski.Manje vishe drzi nivo,iako nekoj se izdvojuvaat kako podobri a ima i takvi shto se poslabi prichi. Kje dochitam se ostanato so ovoj junak. Preporaka.
|
29 Jul 2013, 23:09 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
Alan Moore's Top Ten - Конкретен пример што се случува кога Алан Мур сака да напише добар стрип - Факинг Генијално! Каде во друг стрип ќе начекате Teen Titans да се уапсени под дејство на наркотици/Леонидас, Астерикс & Обеликс,Marvin The Martian и Cyclops да следат гладијаторска борба/Логан да рекламира продукти за коса и протеински прашоци (Logan's DNA )/ Oracle и Професор Х протестираат за "equal rights" и милион други вакви јаки фори! Башка тоа се е у позадина, остварено од прекрасниот цртеж на Gene Ha. Не само еден од најдобрите стрипови на Алан Мур, туку и еден од најдобрите што сум ги прочитал period. 10/10
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
31 Jul 2013, 21:02 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
^ Ме претрка со рецензирање, јас го спремав за следен за читање Само да знаеш дека има Top Ten - Season Two (4 броја + специјалец), Top Ten - The Forty Niners - специјалец или Оериџин, и спионф Smax од 4 броја.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
31 Jul 2013, 21:24 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
Наредни се за читање
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
31 Jul 2013, 21:51 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
31 Jul 2013, 22:31 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
31 Jul 2013, 22:52 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Marvel NOW New Avengers #1-7Се сеќавате на Илуминатите и нивниот „прв состанок“ се сеќавате на одлуката со Халк, се сеќавате кој беше против создавањето на таа „група“ и на крај дали се сеќавате на Намор и тоа што и го направи на Ваканда..... Страстите не се смирени сеуште ама сепак новата закана за светот од незамисливи пропорции ќе биде доволна причина тие...да тие Илуминатите да седнат повторно на маса и заедно за да одлучат како да го спасат светот повторно, одлука која ќе ги доведе пред најнелогичниот избор, да бидат тоа што се или да се претворат во тоа против што се борат. Серијалот нуди фантастични решенија за настаните од минатото и дефинитивно е за поздравување тоа што решија да донесат еден нов би рекол свеж лик на кој дефинитивно местото му е во илуминатите и кој е реален наследник на професорот Х! Апсолутна препорака! Batman Zero year #1-2 плус Annual 2Ова е веќе перверзија во онаа најдлабока, најмрачна би рекол најразголена смисла на зборот. Го знаеме Снајдер од порано (Amerikan Vampire, Batman Black mirror. Iron man Noir и сл...) ама сепак мислам дека она што Снајдер го направи со Бетмен како карактер, со Готам...да не кажам со целиот универзум е брилијантно. Читав некоја статија за самата идеја за овој евент и концептот односно базата на негово создавање (Year one) и желбата тој свет да се вметне како дел од ориџин приказната за Бетмен во новиот универзум (DCU52).....и сето тоа барем кај мене предзивика woow се до оној момент кога Снајдер вели НЕ!!!!! „Ќе го сменам, ќе го свртам за 180 степени на начин кој е нов и личен.....“ И верувајте тоа на Снајдер и те како му успеа!!!!!! Овој текст го пишувам под имресии од штотуку прчитаниот Annual 2 кој е директно поврзан со евентот и кој се осврнува на есенцијалните прашање: кој е бетмен? што е бетмен? и зошто бетмен? Апсолутна препорака!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
01 Aug 2013, 09:57 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Superman Unchained #1-2Уште кога беше најавуван стрипот и кога видов дека го работат моите два омилени автори воодушевувањето беше огромно, знам дека уште тогаш ги пратев сите слики, сите текстови за и околу стрипот што се појавија по нетов и едноставно одвај чекав да се појави првиот број од серијалов. Возбудата беше оправдана.....За цртежот нема што многу да се коментира Џим Ли е бог и апсолутно визуелно го доловил она што Снајдер го замислил да не кажам и повеќе од тоа, сценариото е исто брилијантно, надвор од оној стандарден шаблон за прв број, без долга воведна приказна...едноставно ни ја открива основната приказна уште на првата страна, не остава без здив и понатамошното читање го прави уште повозбудливо. Да дефинитивно ќе се повтори Бетмен, дефинитивно ќе имаме сосема нов концепт на супермен, гледан од еден уникатен агол, од една поинкава перспектива....едноставно на супермен му се случи Скот Снајдер!!!!!! АПСОЛУТНА ПРЕПОРАКА!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
01 Aug 2013, 12:26 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
He man and the masters of the universe #1-6Конечно!!!!! Нов, свеж почеток на сагата за мојот а веруам и вашиот херој од детството, малку чудна приказна, конфузна на почетокот но сепак интересна од аспект на постепено откривање на работите од минатото, запознавање со господарите на вселената и нивната способност да се вратат во реланоста. Негативците се уште подобро доловени, Скелетор, Бист Мастер, Ивл Лин и останатите со својата препознатлива несмасност и цинизмот на Скелетор. Се работи за мини серијал од шест броја кој е добра основа за она што ќе следува понатаму.... The origin of Skeletor #1 The origin od He man #1 The origine of Hordak #1Самиот почеток, кој се, што се, од каде се, нивната историја, фамилијата, чуствата, мотивите и се она што се случило во минатото и заради кое се тие што се!!!!! Поготово битен момент е објаснувањето на разликата меѓу Адам и Хи мен. He man and the masters of the universe #1-4 (ongoing)По краткот вовед и осознавањето на ликовите генерално како и погореспоменатите ориџин приказни, започнува нов серијал во кој се појавува Адора (вероватно сите ја знаете приказната) меѓутоа свежиот концепт, редефинирате ликови и настани го прават овој серијал привлечен за читање.... Апсолутна препорака!!!!!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
02 Aug 2013, 11:16 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Injustice gods among us #1-29Стрип базиран на истоимената игра за PS3, во принцип не сакам стрипови базирани на игри ама за ова направив исклучок и искрено пријатно се изненадив. Приказната отвара една би рекол прилично замрсена тема од морален и етички аспект, тема за која сите ние сме помислиле и која барем мене не ми била јасна и за која мој личен најчест одговор према сам себе било „пеер стрип е!“ Е ама оваа приказна ги скрши тие табуа, тука го имаме она сценарио „што ако.....“ тука го имаме оној момент на убиство и онаа дилема оправдано или не, кои се последиците од тоа итн и сето тоа гледано низ призмата да не кажам умот на нашите сакани суперхерои. Апсолутна препорака!!!!! Wolverine in the flash ONE SHOTУбава би рекол мирна детективска приказна во која нашиот омилен Вулви открива серија убиства со помош на својот пријател кувар. Вреди да се исчита!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
03 Aug 2013, 20:18 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Друже Мешков = Ај Салут ју!!! Од кога си на одмор, ти си „он Фајр“ за читање стрипови!!! ТЕ молам - продолжи со ова темпо!!!
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
03 Aug 2013, 20:31 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
New X men #114-154Ух...... Само што го исчитав целиот ран на Grant Morrison и сеуште се трудам да си ги средам впечатоците од приказнава. Ок, не ми е прво искуство со Морисон, го сакам и почитувам заради сите тие твистови, детали, играње со карактерите за кои пишува, екстремите, психологијата и сл и сл....ама сепак ова е навистина брилијантно, ова е навистина големо, ова е ПЕРФЕКТНО!!!!!! Верувам дека сите ги знаете X men, верувам дека горе доле сите сте запознаени со основната приказна и карактерите и поголем дел од настаните....и толку!!!!!!! Да, толку, имам исчитано доста x men наслови (поготово од Hause of M до ден денес) ама овој ран за мене беше сосема ново искуство, сосема ново доживување и после ова апсолутно имам сосема нова перцепција за Морисон како писател. Замислете што би се случило доколку мутантите почнат да се дрогираат, замислете што би се случило доколку млад пар мутанти реши да има деца, замислете што би се случило доколку Скот ја превари Џин, замислете што би се случило150 години во иднината во еден свет без луѓе.......Одговор на сите овие прашања а и многу повеќе ќе добиете само доколку го прочитате овој ран. АПСОЛУТНА ПРЕПОРАКА!!!!!!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
06 Aug 2013, 12:42 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Fear Agent vol.1-6 + Tales of the Fear Agent. Оцена 6/10 Почетокот беша одлична СФ сапуница, со многу јаки финти...ама понатаму го затупија. Убација „семеен“ фактор, иако приказната (море, повеќе приказни!) беше добро испреплетена. Малку крајот ја оправи работата, ама in a long run, премногу развлечено... Top Ten оцена 10/10Одлична, одлична разонода. Полициска станица за и со суперхерои. Многу интересни приказни, ама јас наповеќе уживав во рекламите, графитите и песните во позадина, кој само Алан Мур може да ги вметне ( "One God, Sun God, Ra, Ra, Ra!"... ) Препорака и .
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
10 Aug 2013, 09:25 |
|
|
kamion203
Магус Регуларус
Joined: 15 Oct 2009, 20:53 Posts: 1394
|
aria od image comics, temen spiritualen duh koj se borel vo fae vo minatite vekovi, i preziveal do segasnosta kako grmuska. zaposednuva luge predizvikuvajki nesreki ubistva i slicno. dobro stripce so prekrasno crtanje.
|
11 Aug 2013, 00:16 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Winterworld (2009) Оцена 8/10Убаво. Смрзната идна дистопија претставува одлична премиса за квалитетен стрип. Mad Max на лед. Фино, издржано и брутално реално. Во оваа новела ќе најдете и продолжеток на сагата, наречен Wintersea, кое е прв пат објавен после 20 години (Winterworld e од 1988, а ова е издадено 2009) од аргентинскиот писател Jorge Zaffino и американскиот артист Chuck Dixon.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
15 Aug 2013, 20:09 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Wolverine #1-4Фантазија, приказна според која е работен и овогодинешниот филм, приказна која си ја препрочитав со големо задоволство. Артот ептен ми прави мерак. Robocop: Last stend #1Ко за прв број убав, насилен со прљав цртеж, убаво доловена атмосфера. Почнав да го следам серијалов и ради Miller и ради тоа што ако не се лажам догодина треба да се појави филмот за кој имам релативно високи очекувања. Transformers: Infiltration #0-6 Периодов ептен се навлеков на трансформерси, покрај тоа што ја загледав Transformers Armada, повторно им се навратив и на филмовите и редно беше да го исчитам и стрип серијалот. Убав почеток, убаво доловени автоботите и десептиконите, причината за која се борат, фини споредни карактери и релативно пристоен цртеж. Transformers: Stormbringer #1-4Приказната не враќа назад на Сајбетрон и случувањата кои претходат фактички на приказната од infiltration, односите меѓу автоботите и десептиконите и причините за доаѓањето на земјата. Убава приказна со интересен арт. Transformers: Spotlight Shockwave, Nightbeat и Hot RodКратки приказни за секој лик поединечно, секој со своја улога во војната, секој со свои уверувања, ставови, мотиви, слабости итн.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
15 Aug 2013, 22:38 |
|
|
kamion203
Магус Регуларус
Joined: 15 Oct 2009, 20:53 Posts: 1394
|
aliens- genocide (1991-1992) vo ovaa prikazna milijarder ispraka ekspedicija na planetata na vonzemjanite (aliens) upotrebuvajki grupa na vojnici i naucnici, za somnitelni pricini. dobro stripce uzivav vo stripot samo malku kratko e.
|
17 Aug 2013, 08:40 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
Едвај чекам да се вратам да го згнам торентот со едно 10 гига стрипови
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
17 Aug 2013, 16:34 |
|
|
bruenner
Надежен Луд Научник
Joined: 10 Jul 2009, 02:06 Posts: 202
|
Daredevil na Brian Michael Bendis i Alex Maleev i prekrasniot Batman: Li'l Gotham so odlicniot Dustin Nguyen.
|
19 Aug 2013, 00:23 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
lil варијантиве ми се секогаш цакани
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
19 Aug 2013, 07:14 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
Days of Future Past - Како плот и приказна, ова има чиста 10ка. Изненадно јака замисла. Но сценариото не го издржало тестот на времето. Имаше моменти кај што буквално се прашував втф е со дијалозиве. Сепак за стрип од 1981, прилично дарк и зрела атмосфера/ реализација. Дефинитивно најинтересната ствар околу стрипов и неговата паралела со X-Men трилогијата е Според многумина ова е една од најдобрите приказни за мутантите out there. Не се далеку од вистината. Филмот ни пристигнува за помалку од година, што значи време е да ја читнете оригиналната прича. Ако Брајан Сингер искористи барем третина од потенцијалот што го има од/во книгава, DOFP може да биде не само најдобриот X-Men филм, туку најдобриот cbm ever. Бтњ, "иднината" е сместена во 2013 Абе, мерак! Ептен ме хајпна за филмот. 9.5/10
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
19 Aug 2013, 22:39 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Court of Owls + Night of Owls (new 52 Batman #1-11) оцена 10/10Снајдер е писател на денешницата. Знае човекот да раскаже приказна! Точка. Одлични пресврти и фантастични разврски. Благодарност до ’ша за .
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
21 Aug 2013, 21:47 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Капуло растура!
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
21 Aug 2013, 22:04 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
УФФФФФффф првиот албум, само што излезе, ми го донесоа за поклон мочнав од радост.... сега мора да си го најдам и вториот дел
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
22 Aug 2013, 07:13 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 3 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|