|
|
It is currently 25 Dec 2024, 14:38
|
Author |
Message |
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Beg od proslosti VC#65 оцена 3/10 Оваа приказна не припаѓа во жанрот на хорор и приказните на Дилан Дог. Научнофантастична е, има по некој „штос“ ама -не се вклопува тука. Класичен „филер“ е. Уште една епизода која бргу ќе се заборави. Neznanac na putu VC #67 оцена 7/10 Ме потсети на Б-Хорорите од касните 70ти, и иако беше линеаран и предвидлива, ми извлече добра концентрација. Тема: Автопатите и сообраќајните несреќи. Opasne Veze VC #73 оцена 5/10 оценава е вака „висока“ само заради цртежот на Roi, кон малку се оправил во последно време. Сценариото на Ruju е ттален промашај. Ај што е нелогично, туку е премногу глупо, само за да се врати одреден лик повтроно во игра (вампирката Манила, btw). И иако сакал да направи финта со неочекуван (и крајно неубедлив) крај, ја промашил работата.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
27 Oct 2013, 22:00 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Dylan Dog – “Istraživač noćnih mora”Festival srpskog filma fantastike: Dylan Dog – “Istraživač noćnih mora” / “Nightmare Investigator” (2013) Trajanje: 4 minuta Kamera & Režija: Pavle Pavlović Dylan Dog : Stevan Aleksić Zombies – Maska & šminka : Miroslav Lakobrija “Kratak isečak jednog perioda života Dilana Doga,obeleženog likom Bri,Dilanove velike ljubavi.” http://www.megablog.rs/film/dylan-dog-i ... azni-film/
|
04 Nov 2013, 04:52 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
U Senci Vulkana (VC 28) Ruju/Cossu Мееехх. При ваква егзотична тематика (исландска митологија, место на дешавка - Исланд) да се напише толку неинспиративна проста епизода треба да се има посебен талент. Не за џабе ко ќе набавувам стари епизоди, само еден услов имам при бирање: - да не е од Рују! 4/10
|
11 Nov 2013, 03:06 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Dylan Dog - Mater Morbi (VC 71) Recchioni / Carnevale Не ми се верува што прочитав. Колку добра приказна - оригинална, прекрасно нацртана, мрачен психолошки хорор, со динамично темпо и одлични дијалози. Се чита во еден здив! Ме радува овај Рекиони, сега е главен уредник на серијалот. Браво за него и за Карневале ( цртежот е за плакнење очи ), направиле стрип кој ќе се памти. Едвај чекам нешто наредно од нив. 9,5/10
|
25 Nov 2013, 02:52 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
Ме заинтересира. Линкче нешто ау? Кога се пишува со ваков мерак, мора да е добро
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
25 Nov 2013, 03:44 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
^ ..ко ќе одиш накај центар, сврати накај Бункер и земи ја епизодава, thank me later (ако сеуште ја има) Очекувањата беа високи, беше извикана и фалена одамна, но ни тоа не успеа да подрасипе од задоволството. Можам да замислам како ќе ме/не треснеше од земја ако се пристапеше без било какви очекувања. * линк не ти најдов.
|
25 Nov 2013, 14:52 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Мајката на сите болести е навистина добра епизода... Јас читав Дилан Дог деновиве. Дури и го запоставив Загорчо (и рецензијата) заради англискиов шмеќер... DD SC Gigant 11 Kultni Horor Film оцена 8/10 - ме потсети помалку на , односно во премисите дека „се што е по дефиниција хоро филм - особено клишеата, мора да се искористи“ За луѓе што сакаат хорор филмови (овојпат - строго дефинирано, а не воопштено - Хорор ) тогаш, препорачувам. Ludens Maxi 8 Prica o Vukodlacima оцена 3/10 - иако моето (нај)прво запознавање со ДД беше баш со , во последно време не ме воодушевуваат со овој вид на приказни. Особено ако го разлекуваат сценариото, само за да пополнат екстра страни, како во овој случај. Ништо битно. Ludens 130 Prozdirac Kostiju оцена 1/10 - ова му го коментирав на Лаф пред некој ден: „Што би било ако филмот Шесто сетило го крстеле Детето што гледа мртви луѓе и го ставеле Брус Вилис но насловен постер со прострелна рана во него?“ - Е ТОА и направиле на оваа епизода: Целиот Суспенс, разврска и објаснување се наоѓа во е&ената насловна страна! Понатаму, не ти се чита, бидејки нели, го знаеш крајот? Ја знаеш „главната финта“ што и да читаш понатака.... Ludens 131 Strava na Visini оцена 6/10 - Оценката е толку мала бидејки почнуваат да му ги мутираат карактеристикети на Дилан Дог како лик, т.е ДД НИКОГАШ нема да влезе во авион заради страв од летење (заради ова имаше дури и неколку приказни!) Останатото, генерички - секој лик во епизодава се справува со својот страв и позадината на самиот страв, итн....просек. Ludens Maxi 8 Demon Blob - Samospalivanje - Strava na moru оцена 6/10 Овој макси бепе некако „романтичарски“ ама некако....досаден. Особено третата приказна го затупи петен и заврши како лош кримич, што го расипа целосниот убавиот прв впечаток (на првата приказна, на пример). VEC Superbook 25 Nakon Velikog Bleska - Davo u boci Оцена 9/10. Е вака е добро комбиниран стрип од постари приказни. Една приказна е тажна и меланхолична, за да втората биде брза динамича и и „а-ла- Гручо“ стил смешна и духовита. Уживанција и препорака!
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
26 Nov 2013, 21:56 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Крале, браос
Last edited by Neo on 29 May 2014, 02:38, edited 1 time in total.
|
26 Nov 2013, 22:30 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
ke me nateras da gi otpakovam od VC izdanijata....
_________________ ејм фор д бушес!
|
26 Nov 2013, 22:41 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
26 Nov 2013, 23:12 |
|
|
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
Крале е крал. Точка.
|
26 Nov 2013, 23:18 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Длабок Наклон на Сите.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
26 Nov 2013, 23:25 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Stvari s drugog sveta (VC 58) Di Gregorio/Casertano Динамична и забавна епизода, но имав еден проблем - дур читав, впечатокот беше дека тоа ми е веќе-видено во некои претходни епизоди. Цртежот на Касертано како скоро и секогаш позитивно влијае на крајната оценка. 6/10
|
15 Dec 2013, 15:19 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Trinaesti čovek (VC 66) Mignacco/Roi Мистерија за тринаесеттиот човек кој стапнал на месечината и други нешта поврзани околу тоа. Рои ми делува инспирирано овде иако не е некоја wow епизода, но има интересни моменти. 7/10
|
27 Dec 2013, 05:37 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Čovjek od plastike - Traži se duh - Alkemičar DD MaXi 7 оцена 7/10 Приказни како: Crash Dummies со перцепција на болка - Село кое БАРА да им се врати омилеиот дух - Накит кои повикува демони се одлична подлога за убави раскажувања. И Генерално, не беа лоши епизодите, со скоро секогаш наивен крај. Без разлика, и не е така лошо, малку над просекот. Сценарија: Tito Faraci/Pasquale Ruju/Bruno Enna, цртачи: Montanari&Grassani. Kradljivac umova DD VEC 76 оцена 8/10Алегорија и Иронија на едно мсто: Што прават сценаристите/режисерите/писателите....кога ќе им замине „Музата“ а сакат по секоја цена да останат во бизнисот? Оваа приказна дава еден добар (за мене смешен) приказ на ваквото одвивање на настаните. Крајот е супер.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
30 Dec 2013, 00:46 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Formular A38 (VC 59) Recchioni/Brindisi "Светот без Гручо" е оригиналното име за оваа епизода кое во последен момент го смениле. Забавна и динамична приказна, брзо се чита. Деби редовна епизода за Рекиони, а цртежот е на Бриндиси и е лимунада. 8/10 --------------------------------------------- Živi sahranjeni (VC 64) Marzano / Freghieri Воз заглавува во тунел после таинствена експлозија, преживеаните се затрупани од сите страни и одеднаш почнува да се случува хорор-драма. Ок епизода која ги истражува меѓучовечките односи и трансформации на ликовите, при такви специфични услови кога главна цел е да се преживее. 6.5/10
|
03 Jan 2014, 01:27 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
DD LU 127 - Obiteljski portret оцена 9/10 Pasquale Ruju/Angelo StanoОва можеби би бил најдобар крај на целиот серијал. Симболика за одредени ликови/епизоди, Фројдорскиот (ЕДиповскиот!бре) однос на Дилан/Моргана, како и „кршење на четвртиот ѕид“ - авторот си се цртал и самиот себе, би била одлична идеја за 300 (и пак ќе кажам - можеби требало да биде последен) Јубилеен Број во Италија. ја зезнале работава и јас читав црно-бела варијанта. Ај,сеуште се надевам за добар reboot на овој серијал, со новото уредништво...
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
10 Jan 2014, 22:12 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Profesionalci (VC 60) Де Нардо / Фрегиери Тежок просек. Ја читав пред неколку дена, едвај се сеќавам што прочитав. 4/10 ---------------------------------- Tri puta nula (SD 47) Склави / Бриндиси Извикана епизода од СД периодот. Има добри "квазифилозофски" моменти, Гручо е сериозен наместо смешен, надреални ситуации колку сакаш, стандарден Склавиевски расплет. 8/10
|
27 Jan 2014, 18:43 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Silazak u ponor DD VEC 69 оцена 4/10 Рују се врти цело време во криг - прво пишуваше за проклет воз, трговски центар, автопат, а сега и за куќа. Едно те исто, само другачи спакувано. Целиот стрип има шмек на Б Хорор од 70тите, ама - Move on. Vrt iluzijа DD VEC 70 оцена 0/10 Во самиот предговор е напишано за „Барбато ефект“: секоја прказна на оваа авторка ги дели читателите на ДД на група воодушевени и група згрозени. Јас сум во онаа втора група - никогаш не би и дал сценарио оваа да пишува. Ќе направам најглупа можна компарација што ми текнува во моментот: ко да му дадете на Боки 13 да пишува за Рамбо. Тогаш тој ќе си ги испитува своите чувства, ќе се прашува кој е тој, ама после баш ќе му е гајле каков е он, само да си се сака себе си, па ќе паѓа во депресија, па после уште малку ќе се самоанализира......е ТОА му прави Барбато на Дилан Дог.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
09 Feb 2014, 10:43 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Рамбо ти е лоша аналогија пошто баш Рамбо во оргиналиот дел се прашуваше кој е тој Е сеа да речеше Предатор...
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
09 Feb 2014, 12:07 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Superbook 26 оцена 9/10Старо. Добро. Проверено. Стрипуваната верзија на , со акторот според кој е креиран Дилан Дог. Бонбонче од стрип.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
19 Feb 2014, 15:08 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Roberto Recchioni растура! После Mater Morbi, се што ќа напише ми е приоритет за читање (што пак, ми е тотално спротивен ефект кај Паола Барбато....). Толку свежо, духовито и разиграно парче стрип не сум прочитал одамна во овој серијал. Првата страна, со коментарот на Дилан Дог („ Јас уствари и не сакав да идам на одмор“...) ме купи инстантно! И Баба Сатара (која, не знам зашто, ме потсеќа на - баба Зумбула ) е лик кој ќе се памети.... Интересно, но, полно страници со „празен од“ (особено во средината) само да се искористи крајната поента - злупотреба на прекувременото и незаконско работење. И се погоди баш во изборен ден. Инаку, помала оцена ќе имаше....
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
28 Apr 2014, 12:36 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Новиот Kолорфест 12 во Италија ќе биде со 4 crossover приказни, фино.
|
28 Apr 2014, 18:27 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
^^фали загор во друштвово...
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
29 Apr 2014, 07:13 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
|
01 May 2014, 04:24 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 20 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|