|
|
It is currently 23 Dec 2024, 11:45
|
Author |
Message |
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Глеам дека Текс го немаме во посебна тема, читнав нешто периодов (да се потсетам на старите денови) Oklahoma-Убав почеток на MAXI едицијата, фина приказна за освојување на териториите на Оклахома или ти со легално освојување на парче земја, нормално работите да функционирале онака како што треба немаше ни да има потреба од „херои“ на дивиот запад како мојот омилен јунак Текс Вилер. Значи ко у секој вестерн има некој злонамерен тип кој сака да профитира од сето тоа.... Lovac na fosile-Солидна приказна, Текс е во потрага по индијанец (одметник) кој е израснат во бело семејство, во потрагата се испреплетува и експедиција која бара фосили од диносауруси и сето тоа зачинето со еден тон акција и пушкарање во стилот на Текс, солидно раскажана приказна. Zlato juga-Граѓанската војна е завршена со победа на Северот, многу конфедерациски војници и високи функционери животот го продолжуваат во затворите, сепак војната иако завршена официјално сепак конфедерациските сили не се победени целосно. Апсолутна препорака за МАКСИ изданијата.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
19 Jan 2014, 21:12 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Супер тема Мешков друже....мене лично Текс ми е еден од најголемите живари* во свето на стрипо. Добар вестерн стрип енивејс.
*живар - сељак шо му се сили на обично послаби однего....во конкретнијо случај на поголемијо дел од персоналот од кафеаните кај шо от со онај КИт КАрсон шо иако има 148 години никако да умри....
_________________ ејм фор д бушес!
|
19 Jan 2014, 21:54 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Tex Willer Zlatna serija #166,167 и 169-Можеби една од најдобрите приказни со тексашкиот ренџер, приказна за граѓанската војна во Америка, приказна за пријателството, братоубиството и бесмисленоста на војната генерално! Ми остави впечаток уште како дете, еве и сега после можеби петнаесет години повторно го имав она чуство на восхит....Да знам Текс е, Бонели е, сето тоа делува некако наивно и детско, одтогаш па наваму се променија многу работи во стрип индустијата општо, имам исчитано еден тон посериозни наслови, ама сепак....... Ептен ми направи мерак приказнава и дефинитивно немој да сте ја утнале (ова важи и за оние “небонели„ стрип љубители на фоумот) Апсолутна препорака!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
01 Feb 2014, 14:30 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
03 Feb 2014, 08:30 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Tex Willer - Almanah Libellus #1Balada o Zeku Kolteru - стар трапер кој во некој неврзан пијан муабет спомнува дека нашол фрутки злато и станува предмет на напади од секаков олош. Karavana straha - Текс и Карсон откриваат леш, судбината ги наведува да станат водичи на караванот за Калифорнија и да се соочат со страшната вистина за припадник на племето Апачи и неговата желба за одмазда. Tex Willer - Almanah Libellus #2Ubojica indijanaca - Текс и Карсон се на трага да ја откријат страшната вистина за потребата од лов т.е убивање на индијанци, убава ноир мрачна атмосфера преовладува во целата приказна. Bad river - Убава каубојска приказна за животот на еден ранч, скротувањето на диви коњи и расветлување на едно старо убиство! Одиме понатаму.....
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
03 Feb 2014, 21:48 |
|
|
Ozymandias
Надежен Луд Научник
Joined: 25 Jan 2014, 23:55 Posts: 131
|
Последните епизоди со Текс Вилер ги прочитав од Златна Серија, пред повеќе од дваесет години. Навистина одлични приказни. Најмногу ме привлекуваа тајните друштва, некои мистериозни организации, ликови. Тоа го разликуваше овој лик од останати вестерн стрипови. Не знам дали и сега е на тоа ниво. Кај нас не верувам дека доаѓаат овие изданија, погоре што ги рецензира членот Meskov.
_________________ "My name is Ozymandias, king of kings: Look on my works, ye Mighty, and despair!"
|
04 Feb 2014, 03:20 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Tex Willer - Almanah Libellus #3Glorieta pass - приказна која се надоврзува на „Кад топ загрми“ односно имаме уште една маестрална приказна за воените денови на ренџерот, приказна која ги обединува војниците на северот и југот против заедничкиот непријател! Planina tajni - Текс налетува на леш и тргнува да го најде убиецот, убава мрачна атмосфера за некое збутано гратче на дивиот запад, приказна за уцената и приказна за милоста! Tex Willer - Almanah Libellus #4Zakon pustinje - Ограбена е банка, детето на сопственикот е земено како обезбедување, Текс е на трагот на разбојниците, за жал решаваат да ја преминат пустината и да стигнат до Мексико..... Zadatak u Sierra visti - Текс е на трагот на бостонски полицаец кој пак е во потрага по бостонскиот убиец, одлична приказна!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
23 Feb 2014, 13:23 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Tex bil otsekogas i ke bide vrvot na Bonelli... zal mi e Zagor-ovci, ama za razlika od Zagor, vo Teks rabotele i vo momentov rabotat najgolemite majstori (ne samo spored mene) na strip industrijata... Claudio Villa, Jose Ortiz, Joe Kubert, Raphael Marcello, Alessandrini, Viktor De La Fuente, Alfonso Font... a od ponovite crtaci brakata Cestaro, Venturi, Seijas, Mastantuono... znaci i da ne go citas scenarioto, dovolno e da go gledas samo crtezot od majstorive.
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
23 Feb 2014, 13:43 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Го нема Фери, не ти држи тврдењето дека на Текс работат само најголемите...
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
23 Feb 2014, 15:48 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Feri go crtal Zagor... proveri sto se imaat nacrtano iminjava sto gi navedov... ednostavno nema sporedba
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
23 Feb 2014, 15:52 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Се шегував, нели. Имињава ми се познати инаку (освен Raphael Marcello, барем како име, и двајца од поновите што си ги навел).
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
23 Feb 2014, 16:14 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
23 Feb 2014, 16:27 |

23 Feb 2014, 16:48 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
23 Feb 2014, 17:02 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Знаеме...ти само Фери го знаеш. И затоа - не ти замеруваме. Не си ти крив. До Заги е.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
23 Feb 2014, 17:12 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
До тебе е. Само Фери, Загор, Фери, Загор, Фери, Загор (чат-пат Чико и Џими Гитара)...
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
23 Feb 2014, 20:31 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Ако мислиш да се вадиш на мене - у реду е. СВЕ ти опраштам(о).
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
23 Feb 2014, 21:31 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Да се вратиме на темата Tex Willer - Almanah Libellus #5Poslednji odred - Текс налетува на фарма на која сите се убиени, веќе станува јасно дека едно од индијански племиња Апачи се побунило т.е избеглао од резерватот и нормално нашиот јунак ќе се обиде да ја смири целата ситуација за да не дојде до поголема ескалација на проблемот. Sluacajni junak - Убиство на ренџер, Текс треба да открие кој е убиецот и трагите го водат до банда која им продава оружје на индијанците, во меѓувреме се појавува брзиот ден и тврди дека е брз со пиштоли но дали е тоа стварно така?! Tex Willer - Almanah Libellus #6Na zemlji Klamatha - Орегон, на повидок е нова војна со индијанското племе Кламати кои се револтирани што дрвосечите од една голема компнија ги злоупотребуваат границите. Текс и стариот Карсон ќе се обидат да ја откријат вистината. Bjegunac - Текс е во потрага по еден озлогласен бандит. Ќе дојде до пукање во салон и Текс ќе биде обвинет за тоа, ќе се организира потрага, Текс за жал останува без своето оружје и без својот коњ и ќе мора да се снајде само со лукаствата и вештините кои ги има стекнато низ годините.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
01 Aug 2015, 21:25 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Poslednji pobunjenik - Strip Agent-Ова си го набавив на хартија од Бункер наравно. Уште на сам старт морам да признаам дека цртежот на Вилсон многу пријатно ме изненади, искрено и незнаев дека го црта ако не се кажам „Млади дани поручника Блуберија„, како и да е фантастичен е. Приказната е сон, не знам за вас, ама мене ептен мерак ми прават приказните за ренџерот кои се поврзани со граѓанската војна во Америка. Приказна исполнета со доста интриги, Текс мора да се откаже и од својата слобода за да ја открие големата мисерија... Време беше да ги дочитам и приказните од Макси едицијата на Луденс. Sjeverozapadni teritorij - MAXI #5-Приказнава синоча малтене ме остави без сон, 300 и кусур саати со посебно уживање во цртежот и приказна која навистина плени. Овој пат дејствието е на север преку Аљаска па се до Канада, индијанска мистика, санките со кучиња како превозни средства, стари познанства ама и стари непријатели. Текс и Карсон во обид да го откријат исчезнувањето на еден нивни пријател од Канадските црвени капути ќе се соочат со еден одамна заборавен непријател и сето тоа под превезот на појавата на Виндиго и неговото присвојување на човечките души... Rio Hondo - MAXI #6-Ова е веќе сосема нешто друго, класична приказна за група на луѓе кои сакаат да приграбат голема територија во областа Линколн на самата граница со Мекско. Нормално притоа треба да ги истераат сите ранчери од областа и се служат со уцени, закани, крадење на стока и сл. Норлмално еден од ранчерите е голем пријател на Текс и тука почнуваат сите проблеми на „лошите“ Одлични приказни, препорка за истите.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
02 Aug 2015, 13:26 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Odlicni recenzii Meskov. Super.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
02 Aug 2015, 13:41 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Уште една тура од синоќа Vanredni broj Strip zabavnik: Konjanici smrti-Мераци! Класична прича за лакомоста на белиот човек и искористување на мирољубиво индијанско племе. Оцена погоре заради инволвираноста на Навајо индијанците. Strip agent br.1 Usamljeni jahac-Иако големи имиња, тука некако нешто не ми штимаше. Покрај колорот кој многу ама многу ми сметаше, цртежот на Кјуберт не ми легна некако (зборам конкретно за стрипов) и приказната некако тралалајка, како да сакале од се по малку и на крај да не излезе ништо. Ludens MAXI #8 Blindirani vlak-Одлична приказна и многу инспиративен цртеж. Приказна која нашите јунаци ќе ги однесе на тајна операција во Мексико да спречат еден луд генерал кој сака да ги врати старите територии на Мексико. Нормално кај што има Мексиканци секогаш ама секогаш има и воз со злато. Останатото ќе си го прочитате Ludens MAXI #9 Opasno putovanje-Класичен каубојски вестерн, со терање стока низ Тексас, со проблеми, со спротивставен ранчер кој е побогат и сака да те избрка од твојата земја со сФЕ. Боже колку ги сакам овие приказни со Текс, едноставно преубаво! Ludens MAXI #10 Otrov kobre-Цртеж ГНОЈ, значи ужас...Среќа приказната вреди за сите пари. Значи Текс на пат кон Сан Франциско се судрува со една кинеска секта која ќе се обиде да ја однесе пред лицето на правдата.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
09 Aug 2015, 10:24 |
|
|
Ozymandias
Надежен Луд Научник
Joined: 25 Jan 2014, 23:55 Posts: 131
|
Дали стриповите ги купуваш или се ова електронски варијанти? Текс ми беше омилен, меѓутоа со гаснење на Златна Серија, некако изгубив континуитет, набавив нешто од Слободна Далмација (додека и тие беа активни) и Весели Четвртак, но не сум купил вакво Макси издание, нити пак Гигант. Со овие објави некако ми се враќа желбата за ваков вестерн стил, полн со тајни организации, мистерии итн.
_________________ "My name is Ozymandias, king of kings: Look on my works, ye Mighty, and despair!"
|
12 Aug 2015, 15:40 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Од ова конкретно што е „рецензирано“ го имам само гигантот од стрип агент, инаку да имам дома тексови еден куп вклучувајќи и две макси изданија. Генерално се скенови пошо се нема пари за све Имило ми е што темава ти ја вратила желбата за Текс
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
12 Aug 2015, 19:13 |
|
|
Ozymandias
Надежен Луд Научник
Joined: 25 Jan 2014, 23:55 Posts: 131
|
Не пронајдов објава, во темата за преземање стрипови, за Текс, каде се овие изданија, од погоре, има само една за изданијата од Златна Серија, кои ги имам читано. Каде може да се најдат врски за некои од овие изданија кои ги имаш посочено погоре?
_________________ "My name is Ozymandias, king of kings: Look on my works, ye Mighty, and despair!"
|
12 Aug 2015, 20:48 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
Текс ми е супер стрип. Баш тоа што е живар (што би рекол Мичо ), му дава една човечка димензија, за разлика од еден куп други слаткасти ликови со високи морални начела од тоа време, кои те убиваат во поим со нивната перфектност и политичка коректност Си има човекот камен (за разлика од Загор кој стално е шворц, па сирот Чико мора да се снаоѓа како знае и умее за секој оброк), сака добра храна, сака да испие пиФце, сака да се зеза со Карсон... си ужива во животот Башка и Дивиот Запад не бил баш за однесување во ракавици, нели Текс има разбиено еден куп стереотипи врзани за индијанците. Од ова перспектива можеби тоа и не изгледа така, ама ѕирнете во кое светло се претставени индијанците во Холивуд во 40тите и 50тите и ќе ви биде јасно Точно е дека најпознатите имиња работеле на овој стрип. Последната посластица од Бонели е новата едиција Romanzi a fumetti, во која честа да го отвори овој серијал му припадна, ни помалку ни повеќе, на култниот автор на Друна, Paolo Eleuteri Serpieri. Од издавачите на овие простори до сега има најава само од Либелус за овој серијал. Еве како би требало да изгледа нивната насловница: Празник за очи
|
13 Aug 2015, 19:06 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 11 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|