|
|
It is currently 22 Dec 2024, 20:16
|
Author |
Message |
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Ronin-Значи на моменти си се чудам сам на себе, стварно не знам зошто толку време чекав да помине за да го исчитам ова чудо со оглед да сум на фан на Милер. Како и да е Ронин е стварно звер од стрип, Милер очигледно бил на некоја тешка дрога додека го пишувал, цртежот тро малку ме потсеќаше на Инкал (Моебиус) ама сепак тоа апсолутно не ми сметаше да уживам во секоја пролистана (овај проскролана) страна, едноставно стрипов е е@#ње! Апсолутна препорака!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
31 Jan 2014, 23:09 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Samurai Legend vol.1-4-Европски стрип во идание на Марвел. Цртежот и колорот убаво ја надоплнуваат приказната, има тука се од самураи, нинџи до магија и мистика. По мене има одлични визуелни решенија во некои кадри, прекрасни пејсажи и масовни битки. Едноставно стрипот е преубав. Асполутна препорака.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
01 Feb 2014, 11:59 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
^ ova bese koga kje mu ja kidnapiraat zenskata i ovoj ja bara posle po svetot?
|
01 Feb 2014, 20:33 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
03 Feb 2014, 21:35 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
^ Поштујем!
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
03 Feb 2014, 21:51 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
Мислам дека нема лош број од Талични Том. Би било топ ако некој аплоадира целосна колекција од каубоецов.
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
03 Feb 2014, 22:52 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Fantastic four Mark Millar run-Фантазија, приказна во стилот на Милар, лабава, опуштена и до зла бога комплицирана со еден феноменален крај! Колорот и цртежот се мерак! Вреди буквално секоја секунда помината со овој стрип. Нормално линкот за дунлоад обезбеден од Brian the dog! Ова не смее да го утнете ни под разно!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
05 Feb 2014, 20:05 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
Wolverine 1 (2014) - Типот што го воскресна и направи фраер од Скарлет Спајди - Рајан Стегман, сега се впушта во, на многу начини, повторно истата ствар само кај Волверин. Надвор од фантастичните X книги шти се на пазарот, Волви е најочаен веќе подолго време и тоа во својата. Без никаква оцена, али со многу надеж поради (по кој знае кој пат) рибутот - можеби ова се деновите кога длакавиот ќе си го поврати мангуплакот по кој сите го знаеме. --------------------------------------- Adventures of Superman - The Sound of One Hand Clapping (40-41) - Тоа! Поштуем кога нешто е најавувано, а кога ќе излезе е бољи одошто било претходно претставено. Макс Лендис, креаторот на одлично прифатениот "Chronicle", сега се испробува како писател на Супермен наслов и тоа е милина да се прочита. Сценариото е едино совршено дополнето од цртежот на Џок. Приказната ја раскажува првата средба помеѓу Џокер и Супс и верујте, тотално не е како што очекувате. Малку се, ретки се, али се увек добредојдени за читање добри причи за Човекот од челик, а оваа е една од најдобрите. Огромна препорака! --------------------------------------- The Punisher 1 (2014) - Го обожавам ликов! Панишер е еден од најдобрите производи на Марвел, но во исто време е и тргни-застани успех, ради слабото водство и насока од истите. Ко да не знаат што да му прават после ранот на Енис. Го направија Франкенштајн, па го вратија во нормала (сериозно?). Му дадоа партнерка, му извадија око - повторно не успеа. Пробаа и у Тандерболтс да го уклопат (е тоа да видиш што ти значи лош цртеж. Фери може часови да му држи на типот). Опасен фејл. "" беше фантастично штиво, али двата броја од минисеријата беа премалку за фановите. И сеа одново наново. Нов тим. Нов град. Нови случувања. Само у првиов број, стариов го убива Дени Трехо ака Мачете (хах), седи у кафуле и се препуцава со газдата (нова фаца со огромен потенцијал), а заебанциите се мамојеб добри и сето тоа е во нов град. Лос Анџелес, чудно, му лежи на психото. И најбитно, целово дело има некаков 70's детективски вајб и цртеж, плус "обичен човек во реален свет, ал суперхерој" финта што е најверојатно инспирирана од моментално убер популарниот "". У секој случај - Ај нека биде овој пат мме!
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
06 Feb 2014, 04:27 |
|
|
kamion203
Магус Регуларус
Joined: 15 Oct 2009, 20:53 Posts: 1394
|
godzilla king of monsters, luge najmeni od vlada se obiduvaat da go fatat ili ubijat godzilla. dobro stripce
|
07 Feb 2014, 19:11 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Zasto sam ubio Pierra оцена 8/10 Каков стрип. Ми остави кнедла во грло. Прво, ми беше неочекувано, второ, - ми беше неочекувано. Збунет сум и исфрустриран, затоа што не бев подготвен за стрипов.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
13 Feb 2014, 00:20 |
|
|
martin
Надежен Луд Научник
Joined: 15 Jan 2011, 08:16 Posts: 197 Location: наваму-натаму
|
Последниве недела-две некако одлепив со стриповиве. Се почна со циклусот Колорка од Фибра кој стана достапен благодарејќи на 1234. Повеќето стрипови се со slice of life тематика која прилично ме бендисува. Pascal Rabate - Potocici(7/10) Сегмент од животот на еден пензионер вдовец. Лабав, забавен и прилично ведар стрип. Berardi & Milazzo - Covjek s Filipina(5/10) Прилично краток стрип за американското завземање (и снаоѓање) на Филипините. Ништо посебно. Ka & Alfred - Zasto sam ubio Pierrea(8.5/10) Стрип кој може да се чита повеќе пати. Напишан со детска лекомисленост, а обработува прилично сложена тематика. Секоја чест на авторот за одбраниот пристап. Cosey - Putovanje u Italiji(5.5/10) Уште еден slice of life, овојпат со другари кои „бегаат“ од тмурноста на секојдневниот живот за да се сретнат со љубовта на своето одминато време. Приказната е пролазна, но овој стил на цртање и боење едноставно не ми лежи. Gibrat - Odgoda(9.5/10) Иако крајот ми беше малку млак, целиот стрип е вистинско уживање. Не само што добив желба да го читам на хартија, туку веднаш почнав да барам други стрипови од Gibrat. Цртежот посебно ме плени. Како Реноар да решил да се занимава со стрип уметност. Приказната е од крајот на Втора светска војна, но не е класична приказна за самата војна. Lepage - Muchacho(9/10) Мислам дека и овој стрип вреди да се има на хартија. Толку нијанси на зелено немам видено во ниеден друг стрип. Прилично нормално ако се земе во предвид дека скоро целото дејствие се одвива во џунглите на Латинска Америка. Трансформацијата на еден млад отец низ хаосот на воено-герилското „секојдневие“ во Никарагва. Jodorowsky - Bjeli lama(8.5/10) Ова е единствениот Колорка стрип кој го имам (одамна) читано на хартија. Прилично добра приказна, но секогаш ми смета мистификацијата на Тибетанците како некои надсуштества. Сум имал можност да престојувам во повеќе тибетански community (надвор од Тибет) и впечатокот којшто го оставаат е повеќе необразовани Цигани отколку вдаховнени божества. Vehlman - Pet bagdadski pripovjedaca(6/10) Некој на форумов пиша дека ова му е омилен стрип од Колорка циклусот. Некако ми е тешко да се сложам. Не дека стрипот е лош, туку ми е далеку од најдобар. За стрип со тематика од Блискиот Исток дефинитивно би го препорачал Хабиби кој е неспоредливо подобар. Leo - Aldeberan(9/10) Овој стрип го оставив за крај. Како да знаев дека ќе ме зезне скроз. Прилично добар СФ универзум. Тоа што на моменти недостасува во приказната целосно со надополнува со приказот на планетата Алдеберан. После морав да го читам и следниот циклус, Бетлгез, па и третиот циклус, Антарес, за да дознаам дека Антарес не е довршен, а веќе е започнат и четврти циклус. Стварно нефер. Сите циклуси добиваат иста оценка. Cosey - U potrazi za Petrom Panom(6/10) Повторно Cosey со цртежот и боите што не ме бендисуваат. Овојпат приказната е поинтересна од патувањето во Италија, па затоа има повисока оценка. Малку ми беше чуден моментот каде некој Амер (бар мислам дека е Амер) пишува за Србин во мало швајцарско село Пробав да го читам Алвар Мајор, но не ми одеше. Мислам дека ќе им лежи стрипов на сите old school Бонели фанови.
|
14 Feb 2014, 01:35 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Убава тура на прочитани стрипови. Leo (Световте на Алдебаран, Бетелгез...) се визуелно совршени. Gibrat и Lepage ќе ги ѕирнам, по твоја препорака. Очигледно е дека имаме сличен вкус. Алвар Мајор ни мене некако не ми прави ќеиф. (Иако влегувам помалку во категоријата old school Бонели фанови )
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
14 Feb 2014, 09:21 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
martin, ко и увек квалитетен избор. Браво.
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
14 Feb 2014, 11:26 |
|
|
1234
Ултимејт Резервист
Joined: 23 May 2013, 12:56 Posts: 724
|
|
14 Feb 2014, 12:42 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Blagodaram za preporakata. Vednas simnuvam.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
14 Feb 2014, 17:29 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Мартин, кратко и јасно!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
14 Feb 2014, 17:34 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Fantastic four complete Hickman run- Какво добро возење беа овие илјада двеста и кусур страни тоа е невероватно! Апсолутно комплетен стрип од цртеж и колор до совршено сценарио и опасно добро развој на карактери. Додуша оној момент со смртта на Џони Сторм и ме натера да ислитан дел од ранот и да почнам со fantastic foundation ама сето тоа беше на трчање....Овој пат си ја исправив грешката и го исчитав комплет и верувајте не зажалив за ниеден момент поминат со овој ран. Иако лично сум марвел фан (или бар се трудам да бидам) FF иако првиот суперхеројски тим сепак не бев седнат досега да исчитам нешто да видам што е како е, освен ова со Џони Сторм и чат пат некој број како дел од големиве евенти, сега по целсоно исчитаниот ран на Хикман апсолутно продолжувам со следење на овој серијал. Приказната е ремек дело, замислете пример да си поставите цел „да најдете решение за се што постои на овој свет...“ или не знам да има прилика Мешков да си поразговара со Мешков и со Мешков и со Мешков......за да најдат решение за некој си таму Мешков.....на пример! Фак не смеам да пишувам повеќе заради спојлери, единствено нешто што ќе потенцирам е дека ОВОЈ НАСЛОВ НЕ СМЕЕ ДА ГО УТНЕТЕ, НИ ПОД РАЗНО! Целиот ран го имате во даунлоад секцијата на форумот, се разбира благодарение на Brian the dog!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
14 Feb 2014, 17:49 |
|
|
martin
Надежен Луд Научник
Joined: 15 Jan 2011, 08:16 Posts: 197 Location: наваму-натаму
|
После Фибра Колорка, освен што се префрлив да прочитам све што има од Svjetovi Aldeberana, ме фатија и следниве тангенти. Pinokija(6/10) Морав да прочитам нешто друго од Gibrat. Малку утнав, можеби бидејќи стрипов не е само од Gibrat туку е соработка. Приказната за Пинокија ги позајмува основните рамки на оригиналната Пинокио приказна, со тоа што сега „куклата“ е женско, а духот на стрипот е блага форма на Манара еротика. Saga(9.5/10) Мислев дека се работи за завршен минисеријал и ептен се зезнав. Ич не сакам да читам незавршени приказни, но сфатив што сум почнал дури кога стигнав до последниот стрип. Стрипот е на Brian K. Vaughan, авторот на Y The Last Man. Стрипови што ги имав во deluxe hardcover едиција, но сфатив дека никогаш нема вторпат да бидат читани и си заминаа од моите полици. Ако не го претворат во бесконечен серијал (како Fables), Saga е серијал кој што еден ден ќе се најде на моите полици Во приказната нема да навлегувам. Ретко ми се случува додоека читам стрип да свртам страница и баш да се изненадам од сликата. Кај Сага тоа се случи многу пати. На моменти има извонреден хумор, а динамиката помеѓу карактерите е баш филмска. Сега мора да паузирам подолго време. Све ми е стрип во главава
|
15 Feb 2014, 10:01 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Богами martin, колку добри стрипови/серијали „спука“ за кратко време, секоја чест!
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
15 Feb 2014, 10:57 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
From hell-УФ!!!!!! Само што го исчитав и прилично недефинирани чуства, од една страна цртежот кој е прљав, мрачен и некако недоречен а од друга страна една мрачна, тешка, сурова приказна со беспрекорен развој на карактери. Алан Мур одлично си ја завршил својата работа. Главната приказна за Џек Мевосек гледана низ призмата на големите зидари, животот на ноќните дами, скотланд јард и онаа можеби најмрачна доба во историјата на Лондон не ме оставија рамнодушен, на моменти тешко бесчуствително со намера да се откажам а не моменти толку интресесно и возбудливо да одвај чекав да ја пролистам наредната страна и апсолутно не зажалив, ова парче стрип вреди да се исчита! Препорака!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
16 Feb 2014, 15:26 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Покрај секогаш забавниот , викендов се читаше ептен разнолико: Asterix Povratak u skolu оцена 10/1014 кратки присобрани приказни, кои се однесуваат за (пра)почетоците на Гошини/Удерзо, или правени за потреби на некое списание или настан (За град Париз за Олимписки игри во 1992 год, на пр.) а дури и во една- самите и си се цртале. Супер компилација. Guilty Pleasures 2 оцена 6/10Guilty Pleasures 3 оцена 2/10Guilty Pleasures 4 оцена 10/10Првиот дел беше ептен забавен. Вториот така-така. Третиот - Тапа. Се мислев дали да читам понатака. Ама, „четворката“ растури! Оригинален хумор, со јаки, јаки мајтапи. Hangover со секс. Мноооогу секс. Ку#ва оцена 10/10 Тип - совршен андекавер агент, Џемс Бонд стајл, ужасно промискуитетен, добива отказ од „Агенцијата“. Тукутака. И што да прави? Прифаќа било какви (екстремни) работи. Да чува внук на јак мафијаш, да шета пекинезер...ко што вели самиот за себе: Станав ку“ва за пари. Ама, не било така...ај да не откривам другото. Супер акционен стрип! Eternaut оцена 9/10Прва работа: Стрипов е смислен и цртан 1957 година (првиот дел). Значи повеќе од пола век е стар, а далеку далеку e пред своето време. Мислам дека и Falling Skies (серијата) во најголем дел - крадела од овој стрип. Овој стрип добива и универзална порака, борба против секаква репресија, особено во Аргентина, што пак писателот (и неговото потесно семејство) дури - со својот сопствен живот. Прекрасно издание на Fibra. p.s. Заради писателов, многу бргу за читање (ќе) ми е .
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
17 Feb 2014, 21:58 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
18 Feb 2014, 18:58 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
20 Feb 2014, 21:55 |
|
|
kamion203
Магус Регуларус
Joined: 15 Oct 2009, 20:53 Posts: 1394
|
AKIIRO BOUSOU BIYORI, mnooogu kratok one-shot, romanticna manga.
|
21 Feb 2014, 23:04 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Таlicni Tom #11-16-Милина, весел стрип, убав цртеж, убав колор и фантастичен хумор! Иако повеќето работи ги имам читано порано, вреди секој препрочитан албум, вреди и тоа многу! Marvel NOW Guardians of the galaxy vol.1-Конечно и овој наслов дојде на ред, потикнат од филмот кој треба да се појави годинава со големо задоволство седнав и го исчитав овој наслов. Бендис убаво ја гради приказната, цртежот и колорот се на завидно ниво! Првава книга ги содржи Guardians of the galaxy #0.1,1,2 и #3 плус дигитална копија! Препорака! Detective comics #27-Кратки приказни по повод 75 годнини од раѓањето на мрачниот витез! Едноставно брилијантно, одличен цртеж, доста свежи идеи и навистина добри приказни! Јас лично овој серијал не го следам, ама ова вреди да се исчита, сепак поводот е голем нели!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
22 Feb 2014, 13:39 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 8 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|