Author |
Message |
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Еве уште убави вести....Art Libris од Скопје издаде 3 графички новели- Модерниот Дон Кихот, Фауст и Боксерот! Риспект....ги има на саемот па кој може нека види... Фејсбук страна - https://www.facebook.com/pages/Ars-Libr ... 8055049105
_________________ ејм фор д бушес!
|
10 Apr 2014, 17:59 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Наскоро ке има и новела за Џони КЕш!
_________________ ејм фор д бушес!
|
10 Apr 2014, 17:59 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
_________________ ејм фор д бушес!
|
10 Apr 2014, 18:03 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
На 12 април ќе биди официјалната промоција: Драги пријатели, ве покануваме на промоција на трите нови графички романи во издание на Арс Либрис: „Боксерот“ од Рајнхард Клајст, и „Фауст“ и „Дон Кихот“ од Фликс. Промоцијата ќе се одржи на штандот на Арс Либрис на Саемот на книгата, во сабота (12. април), со почеток од 13.00 часот. На промоцијата ќе зборува и Ласко Џуровски, илустратор, стрип артист, графички дизајнер, еден од најистакнатите типографи во Македонија, и еден од основачите на здружението Макстрипови. https://www.facebook.com/events/844651005561487/?ref=22
_________________ ејм фор д бушес!
|
10 Apr 2014, 18:04 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Da, interesno e ova, germanski avtori, imav prilika da gi razgledam na saem stripcinjava, super se, a i lani mislam imase izlozba na germanski strip avtori vo Univerzitetska Biblioteka, i bev i od tamu prijatno iznenaden... germanskite avtori se kaj nas (zboram za celiot Balkan) malku nepravedno zapostaveni, a imaat dosta dobri i kvalitetni stripovi... Toj so Dzoni Kesh go imam odamna kupeno od Ikona, na angliski jazik, i e odlicen strip, i kako crtez i kako scenario. Me raduva toa sto, konecno na eden makedonski Saem za Kniga, vidov i ponuda na stripovi, dosta manga i po nekoja graficka novela, ama sepak toa znaci rabotite se menuvaat vo pozitiven pravec i toa mnogu me raduva.
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
10 Apr 2014, 21:05 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
Одлично, браво за АРС ЛИБРИС! + за Тери Прачет на Македонски. Еве едно ривју за Боксеров на кое неодаман налетав. http://the9thblog.blogspot.com/2014/02/ ... leist.html
|
10 Apr 2014, 22:08 |
|
|
dare_sum
Сеирџикус Максимус
Joined: 24 Jan 2009, 16:35 Posts: 5116
|
_________________ http://darkoristevski.blogspot.com/
|
11 Apr 2014, 12:24 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
^^ па вајда дека го немало до сега.
|
11 Apr 2014, 15:05 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Hah...sega razbrah deka izdavachkava kukja e na eden prijatel i sorabotnik....kul choeche taka da ke ima ubaj rabotu u buduchnost valjda
_________________ ејм фор д бушес!
|
12 Apr 2014, 21:38 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
ПРОМОВИРАНИ ГРАФИЧКИ РОМАНИ НА САЕМ На штандот на издавачката куќа „Арс либрис“ вчера се одржа промоција новиот литературен жанр – графички роман. Беа промовирани „Боксерот“, „Дон Кихот“ и „Фауст“. - Одамна на нашиве простори немало вакво издание. Графичкиот роман е различна форма од стрипот. Иако и двете се пренесени преку илустрации и зборови, графичкиот роман ја пренесува целата приказна во една книга и е со посложена содржина - објасни Дарко Фиданоски, еден од основачите на издавачката куќа. За илустраторот Ласко Џуровски, ова е голем чекор напред во македонското издаваштво. - Пријатно сум изненаден што можеме во Македонија да проследиме и да уживаме во читањето и гледањето на овие изданија. Оваа форма дава поголеми можности за разлика од стрипот, комбинацијата на приказната и илустрациите се на повисоко ниво. За да ја доживеете соодветно приказната, формата, типографијата и графички изглед се направени на модерен начин – рече Џуровски. http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemI ... F675B18095
_________________ ејм фор д бушес!
|
14 Apr 2014, 09:38 |
|
|
talamar
Пензиониран Мрчатор
Joined: 23 Jan 2009, 10:10 Posts: 4689 Location: Skopje, R.Macedonia
::
|
Gi razgledav izdanijata temelno. Site 3 se od odlichen kvalitet. Preporaka.
_________________ Креирајте македонски стрипови. Читајте македонски стрипови. Купувајте (по воља) македонски стрипови.
|
14 Apr 2014, 09:51 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
|
15 Apr 2014, 18:01 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Ценава популарна. Браво!
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
15 Apr 2014, 18:37 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
имаше и некој саемски попуст мислам, не сум сигурен ама едно другарче ми кажа дека по 100 денари поевтино ги зел
а и вака се добри цени за екстра изданија
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
16 Apr 2014, 07:08 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
nesto slika od vnatre kako izgleda?
|
16 Apr 2014, 14:46 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Ако некој купи или прочита некој од стриповиве, нека сподели мислење. Би купил бар еден од овие 3, ем од љубопитност, ем за поддршка на одлуката да издаваат стрип.
|
16 Apr 2014, 16:31 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Ко шо разбраф ке ги има во Бункер Јас ке ги набавам-па ке пишам освен ако некој во мегјувреме не ги зел... Како и да е-ушеднаш за потегот респект....издавачо е фиљан чоек ( фиљан по на битолски арен чоек)! Полека полека тргнува работава......графички новели-чек! Киоск издања (м комикс) - чек! ДОмашни издања-кај и да е ( Стрип квадрат и други )-чек! ЗУбо да е!
_________________ ејм фор д бушес!
|
16 Apr 2014, 20:38 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
16 Apr 2014, 20:43 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Со промоцијата на графичките романи „Боксерот", „Дон Кихот" и „Фауст" издавачот „Арс Либрис", основан како дел од „Арс Ламина публикации", донесе нов книжевен жанр наменет на македонската читателска публика. Необично чувство добива читателот кој в рака држи графички роман. Форматот е ист како кај класичните книги, но содржината е раскажана со стрип-цртежи. Првите три романи од овој жанр можеа да се најдат на штандот на „Арс Либрис“ на неодамна завршениот Саем на книгата во Скопје. „Одамна на нашиве простори немало вакви изданија. Графичкиот роман е различна форма од стрипот. Иако содржината и во двете форми се пренесува со илустрации и со зборови, графичкиот роман ја пренесува целата приказна во една книга и содржината е посложена“, објасни Дарко Фиданоски, еден од основачите на „Арс Либрис“. Графичкиот роман „Боксерот“ од Рајнхард Клајст на возбудлив начин ја следи вистинската приказна за Херцко (Хари) Хафт, професионален боксер кој настапил и против легендарниот Роки Марчано. „Дон Кихот“ и „Фауст“ се графички романи потпишани од германскиот стрип-автор Фликс. Создадени по инспирација на оригиналните дела, овие романи се обидуваат да откријат што прави современиот Фауст во нашето време и низ какви авантури поминува современиот Дон Кихот, односно „Витезот со тажен лик“, кој сега вози велосипед во придружба на новите пријатели, а на мисија е против старите непријатели - ветерниците. Авторот Фликс живее и работи во Берлин, а формата на прераскажување на познати книжевни дела во современи книжевни контексти ја нарекува реинсценирање. „Пријатно сум изненаден што можеме во Македонија да проследиме и да уживаме во читањето и гледањето на овие изданија. Оваа форма дава поголеми можности и, за разлика од стрипот, комбинацијата на приказната и илустрациите се на повисоко ниво. За да ја доживеете соодветно приказната, формата, типографијата и графички изглед се направени на модерен начин“, потенцира Ласко Џуровски, илустратор, стрип-артист, графички дизајнер и еден од најистакнатите типографи во Македонија. „Арс Либрис“ ќе продолжи и во иднина да им ја носи оваа форма на книга на читателите, бидејќи заинтересираноста кај публиката се зголеми по промоцијата на првите три графички романи на скопскиот Саем на книга. Т.Д. http://m.mkd.mk/kultura/nov-zhanr-se-po ... niot-pazar
_________________ ејм фор д бушес!
|
17 Apr 2014, 00:27 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
мн убави вести бе, браво
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
17 Apr 2014, 07:13 |
|
|
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
Вкупно 9 мегабајти во 42 (!) фотографии, ве молам бидете трпеливи пред да притиснете ESC.
|
17 Apr 2014, 21:40 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Super izgledat vaka nasliki-na fat kako se?
_________________ ејм фор д бушес!
|
17 Apr 2014, 21:58 |
|
|
Eddie_rebel
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jul 2009, 01:19 Posts: 364 Location: Macedonia
|
Тоа што на некои места кориците изгледаат како оштетени е намерно направено само така да изгледа или се работи за вистински оштетувања?
|
17 Apr 2014, 22:31 |
|
|
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
На фат се супер - хартијата Натре е прилично тенка но тоа воопшто не пречи. Тоа што изгледаат кориците како оштетени, тоа е намерно направено како демек дамки (печатарски е направено, со боји, не физички).
|
18 Apr 2014, 07:42 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
И јас ги приметив „оштетувањата“ Како и да е, изданијава изгледаат преубаво и се надевам во блиска иднина ќе ги набавам!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
18 Apr 2014, 13:41 |
|
|