|
|
It is currently 26 Dec 2024, 02:46
|
Последен изгледан цртан филм
Author |
Message |
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Son of Batman-Очај!!!! Имав големи очекувања, за жал добив некој квази продукт од типот сакам кажам незнам речам. Не ми е јасно како ова успеаја да го утнат, приказна со голем потенцијал и одлично изграден лик требаше само да го пренесат на „големото платно“ Ама тоа е...... Appleseed Ex Machina-Одлично, прекрасна анимација, одлична приказна со веќе проверени ликови, солидни ефекти и еден тон акција. Sky Blue-Ова многу пријатно ме изненади, одлични ликови, футуристичка постапокалиптична приказна со доста напнати моменти. Прекрасно! Vaxille-Исто, многу добра приказна, футуристички трилер налик на GIS, солидни ликови, специјални ефекти и прекрасни акциони сцени. Warhamer 40000 Ultramarines-Ништо посебно, саат и кусур ненормално пукање запакувано во некоја прича за елитна единица со доста предвидлив крај. Turok: son of stone-И ова пријатно ме изненади, на времето ја играв играта за PC која ми беше една од поомилените. Одличен анимиран, со фина приказна. War of the worlds: Goliath-Ова е сиквел на оригиналната приказна, земјата видно изменета со оглед на технологијата која останала по првата инвазија на марсовците, одлична анимација со доста симпатични ликови. Прекрасно! Генерално препорака за насловиве, освен она гомното со бетмен!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
21 Apr 2014, 19:42 |
|
|
BrunoPhoenix
Манга Падаван
Joined: 04 Feb 2009, 19:27 Posts: 2274 Location: Скопје
|
Почна и 6тата сезона Adventure time. Значи навидум толку лабав-одлепен цртан ама си си ебале мајката,таква back story,такви детаљи низ целата серија ја на друго место немам сретнато,фантастичен цртан се надевам дека вечно ќе трае.
|
22 Apr 2014, 02:39 |
|
|
1234
Ултимејт Резервист
Joined: 23 May 2013, 12:56 Posts: 724
|
The PaintingУф какво освежување, французи нормално, магија.. Одамна се немам почестено со анимиран филм, прекрасно, музиката рамна на сликите во движење, супер режија и пред се приказна, на моменти го имав она еј чекај, аха, еј чекај, ОДЛИЧНО....
Last edited by 1234 on 28 Oct 2014, 14:55, edited 2 times in total.
|
01 May 2014, 14:08 |
|
|
kamion203
Магус Регуларус
Joined: 15 Oct 2009, 20:53 Posts: 1394
|
009-1 (2006), 5.0/10, anime so tajni agenti ala james bond, kiborgzi, studena vojna osven nekolku momenti, animeto mi bese prosecno, nisto posebno.
|
02 May 2014, 02:11 |
|
|
1234
Ултимејт Резервист
Joined: 23 May 2013, 12:56 Posts: 724
|
Alois NebelКога филмот е бавен, претпоставувам дека режисерот сака да ја нагласи атмосферата. Бавно помина, очите ме болеа затоа што е црно бел, ама си викам анимација од Чешка, ретко среќавам.......Му дадов шанса на филмот......Сега прочитав дека бил Чешки кандидат за Оскар 2012, а КОМИКО од Србија го издава стрипот по кој е правен... кул.
Last edited by 1234 on 28 Oct 2014, 14:55, edited 4 times in total.
|
02 May 2014, 13:33 |
|
|
1234
Ултимејт Резервист
Joined: 23 May 2013, 12:56 Posts: 724
|
The King of Pigs "Dwae-ji-ui wang"Дали знаеш што е ЗЛО?????? Добро, вакво нешто на филм ретко се среќава, а не во анимација. Вознемирувачки, брутален и нема да ве остави рамнодушен. Тежок, ама го изгледав до крај. Агресијата во мене на почетокот, се удави во завршетокот на филмот (буквално), нема на сите да им се допадне. Сум изгледал добар дел јапонски аниме, со крвови и лоши фаци, ама овде....... Со не многу движечка анимација корејанциве дефинитивно оставиле поинаков белег во индустријата.
Last edited by 1234 on 28 Oct 2014, 14:56, edited 2 times in total.
|
02 May 2014, 23:06 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Akira-УФ!!!! Ми се смачи од приказнава, многу сурово, многу недоречено и многу бесчуствително! Сепак ми го задржа вниманието до крај, Акира е сепак класика. Dragon age Dawn of the seeker-Лошо, ја изграв играта на времето, нешто и од стрповите имам читано, ама анимево е тотален хаос!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
03 May 2014, 00:16 |
|
|
1234
Ултимејт Резервист
Joined: 23 May 2013, 12:56 Posts: 724
|
The Suicide ShopНа еден сајт пишуваше, РАНДЕВУ СО ФРАНЦУСКА КИНЕМАТОГРФИЈА. Повторно магија, повторно французи. Приказна хехехе посебна, анимација, посебна. Magnifique.Superbe
Last edited by 1234 on 28 Oct 2014, 14:58, edited 2 times in total.
|
03 May 2014, 23:30 |
|
|
1234
Ултимејт Резервист
Joined: 23 May 2013, 12:56 Posts: 724
|
Elephants DreamIMDB synopsis : Elephants Dream (2006) Video 9 min - Animation | Short | Sci-Fi - 4 May 2006 (USA) HD-DVD tech demo (first in Europe). Прекрасно за гледање на 1080р. Толку .
Last edited by 1234 on 28 Oct 2014, 15:00, edited 2 times in total.
|
05 May 2014, 09:33 |
|
|
1234
Ултимејт Резервист
Joined: 23 May 2013, 12:56 Posts: 724
|
Mary and MaxПо втор пат го гледам, преубаво, тотално забавно, за оние кои не го гледале.....Симнувајте и гледајте. Филмче од глина, одлично направен, класика.
Last edited by 1234 on 28 Oct 2014, 15:01, edited 2 times in total.
|
05 May 2014, 10:37 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
друже, викендов квалитетно си уживал
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
05 May 2014, 11:16 |
|
|
1234
Ултимејт Резервист
Joined: 23 May 2013, 12:56 Posts: 724
|
Lascars - The MovieАААААААААААААААААГГГГГГГГГГГГГГГГГГГГГГХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ, како сум можел да го го утнам филмчево. Уводна шпица ОЛД СКУЛ ХИП ХОП, АААААААААААААААААААААААААААААА Луѓе мои, смејотија до мочање, цепки, забава до безсвест, САУНДРАКОТ (озвучење до даска молам..... штета што веќе го нема блу реј торентот за филмов). Немам зборови. ЛУДНИЦААААААААААА, АААААААААААААААААААААААААААААААА Ваков беснотилок одамна немам гледано, одамна....Скокам, рипам, се смејам Jump Around, Jump Around п.с ако некој го има филмчево во блу реј контејнерче, нека каже, ова мора да се има. Ова не е класика ова е тhe classic. Jump Around, Jump Around, Jump Around, Yeah!!!
Last edited by 1234 on 28 Oct 2014, 15:02, edited 2 times in total.
|
05 May 2014, 13:45 |
|
|
halfelfpaladin
Пензиониран Мрчатор
Joined: 04 Mar 2010, 23:16 Posts: 2784
|
DC....wtf you doing people!? Kao ozbilno? Crtanov e slab, ama kao, slab..... posebno voice acting-ot, au majko kolku losh voice acting ima crtanov....
_________________ Never forgive! Never forget! For the Lion and the Emperor! The Fallen will repent!
|
06 May 2014, 02:53 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
Jay and Silent Bob's Super Groovy Cartoon Movie - Дебелиот размислил се што некад сакал да испоштува, го набил тоа во саат време бедна анимација и мамојеб јако сценарио ко што само он знае да го напише, а ја се убив од смеење. Омаж пар екселанс од умот на Кевин Смит! Мора да се изгледа од секој фан на поп културата. Браво! 7.5/10
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
07 May 2014, 01:34 |
|
|
1234
Ултимејт Резервист
Joined: 23 May 2013, 12:56 Posts: 724
|
Fear(s) of the darkХорор, О.Д.Л.И.Ч.Н.О. Тука се појавува како режисер и сценарист Charles Burns. Го гледав во целосно затемнета просторија. Зафркнато. О.Д.Л.И.Ч.Н.О. Кој ќе го гледа обавезно да стави жолт превод. Звукот хмммм, тонец и пол.
Last edited by 1234 on 28 Oct 2014, 15:03, edited 2 times in total.
|
07 May 2014, 15:12 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
За последниве двa благодарности за препорака, ќе се ѕирнат обавезно
|
07 May 2014, 15:47 |
|
|
1234
Ултимејт Резервист
Joined: 23 May 2013, 12:56 Posts: 724
|
ColourfulПсихолошко филмче, ми се допадна, има супер приказна, се гледа до крај, ми легна на душата.
Last edited by 1234 on 28 Oct 2014, 15:05, edited 1 time in total.
|
15 May 2014, 21:53 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
18 May 2014, 09:15 |
|
|
1234
Ултимејт Резервист
Joined: 23 May 2013, 12:56 Posts: 724
|
TatsumiНа плакатот пишува све што би требало да се каже за филмот. Така да. СУПЕР.
Last edited by 1234 on 28 Oct 2014, 15:06, edited 1 time in total.
|
18 May 2014, 18:37 |
|
|
talamar
Пензиониран Мрчатор
Joined: 23 Jan 2009, 10:10 Posts: 4689 Location: Skopje, R.Macedonia
::
|
Mr. Peabody & Sherman- 9/10 Mozebi eden od najzabavnite 3D animirani filmovi koi sum gi gledal u poslednive 10-15 godini. Scenario - inteligentno, edukativno i zabavno, animacija - odlichna, estetika- super, rezija- fantastichna. Golema preporaka za site onie koi sakaat da gledaat dobar animiran film, a posebno za onie koi imaat deca. BRAVO!
_________________ Креирајте македонски стрипови. Читајте македонски стрипови. Купувајте (по воља) македонски стрипови.
|
19 May 2014, 11:14 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Lego movie оцена 6/10 Средината ми беше многу досадна. Да, поентата беше супер, ама дури по препорака на Лаф го догледав до крај, иако ми беше започнат во неколку наврати. На женскиве мои не им се допадна, па си го догледав сам. Песната Everything is awesome е заразна. Уште ја потпевнувам.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
29 May 2014, 21:03 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Се започна со - што ме инспирирало да читам стрипови, а во исто време се појавија оd Den. Ако нешто ме вовело во момчештвото , тоа е овој филм. Ги има сите оние работи, што ден денес ме интересираат: СФ со добра приказна/приказни кои скоро секогаш завршуваат со добар твист, мешавина на технологија и мистичност, јак контраст на добро и зло, и - голи девојки со големи....ахм....погледи кон светот. Ако на тоа додадеме дека филмов изобилува со сексуален набој, рецептот за успех е гарантиран. Само да нафрлам дека комбинацијата на цртеж/сценарио е на: Daniel Goldberg/Len Blum, Dan O'Bannon, Daniel Goldberg, Richard Corben, Bernie Wrightson, Moebius, а користена музика е на Stevie Nicks, Nazareth, Riggs, Black Sabbath, Devo, Blue Öyster Cult... и сметам дека филмов е основна лектира за стрипољупци како нас. . Е сега, еден субјективен муабет: Филмов го имам прв пат гледано со татко ми, најверојатно во втората половина од 80тите години, бидејки немам точно сеќавање- дали беше '86 или '87 или '88, во тогашното кино 25 Мај, денешно МКЦ. Татко ми не знаеше дека е R rating филм, (а и не беше модерно тогаш да се назначуваат филмовите „за лица постари од 18 години“ бидејки „Цртан филм е цртан филм, нели? - За деца е!“ филозофијата позната за ова поднебје ), така што му беше ужасно незгодно, а пак јас тогаш се почувствувам дека конечно сум возрасен штом можам да гледам таков филм. Сметам дека тоа беше важен момент за мене, во созревањето. Вториот голем момент, беше година дена подоцна - кога кај еден мој школски другар (Горјан/Џули btw) открив дека имало стрип изданија врз основа на кој е правен филмот, и за мене беше уште поголема возбуда. И тогаш спукав една цела деценија на Heavy Metal изданија, читајки ги во библиотеката кај другарот. Дури бев претплатен 2 години ('90-'91) и имам 12 изданија и дома (или пак, можеби се кај Лаф?) на Heavy Metal...да, да Yours Trully давал пари за (хартиени) стрипови. И третиот момент е интересен и смешен: Во ерата на ДВДитеките, во далечната 2001 година, бев во Беверли Хилс трговскиот центар, и, онака, разгледувајки филмчиња, налетав на ДВД верзија на филмот. И тогаш почна цела авантура - под хитно јавување кај Лаф, па брзо организирање на (ноќна) проекција на филмот уз друштво, па рипување на ДВДто (кај Баго, се сеќаваш Лаф?) , па трчање да се најде соодветно ДВД (тогаш само ЦДа имаше), па имаше и едно дополнително ЦД „The Making of...“, па дали да го рипуваме тоа или не, па......ах, тоа беа убави времиња. И, откога го напишав сето ова, сконтав колку сум стар.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
30 May 2014, 08:47 |
|
|
1234
Ултимејт Резервист
Joined: 23 May 2013, 12:56 Posts: 724
|
Еј, КРАЛе, јас го гледав филмов во кино Бамби, на улица Македонија, се сеќаваш, каков шок, каков шок. Го имам и во мкв блуреј контејнерче сега, го чувам за децата, кога ќе пораснат да го гледаат. Ме разочара Heavy Metal 2000, ај сега да го чекаме новиот. Иначе „Heavy Metal magazine had been sold from Kevin Eastman to investors from the world of music and film, who are keen to capitalize on their new acquisition“. линк http://sequart.org/magazine/39248/a-new ... ovie-soon/
|
30 May 2014, 15:12 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Убаво срочено текстче со сите нишани.
|
30 May 2014, 15:14 |
|
|
BrunoPhoenix
Манга Падаван
Joined: 04 Feb 2009, 19:27 Posts: 2274 Location: Скопје
|
Justice league: Trapped in time. Траор.
|
30 May 2014, 16:07 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 10 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|