|
|
It is currently 19 Dec 2024, 04:10
|
Tekstovi za i okolu stripot...
Author |
Message |
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
...a del se prodaeni ko stara hartija...seriozno ova baj d vej.
_________________ ејм фор д бушес!
|
13 Jun 2014, 17:06 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Strip analiza na moderniot makedonski strip......otprilika skrateno....Slavko JAnevski,slabo,SCV,subvenci od vladata.... http://issuu.com/izlez/docs/izlez_broj_12_web
_________________ ејм фор д бушес!
|
13 Jun 2014, 20:54 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
14 Jun 2014, 11:25 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
14 Jun 2014, 12:50 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
туше!
_________________ ејм фор д бушес!
|
14 Jun 2014, 12:52 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
14 Jun 2014, 13:09 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
14 Jun 2014, 13:16 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
14 Jun 2014, 13:21 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
eh.
_________________ ејм фор д бушес!
|
14 Jun 2014, 13:28 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
14 Jun 2014, 13:28 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
14 Jun 2014, 16:36 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Загорените почнаа мене да ме викаат Загорофил.
Кај отиде светов........
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
14 Jun 2014, 17:10 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Тоа е зборот, Загорени - пошто сте повеќе...
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
14 Jun 2014, 17:25 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
15 Jun 2014, 00:28 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
abe da ve fati coek vo edna vrekja.....
_________________ ејм фор д бушес!
|
15 Jun 2014, 08:17 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
_________________ ејм фор д бушес!
|
20 Jun 2014, 23:03 |
|
|
Eddie_rebel
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jul 2009, 01:19 Posts: 364 Location: Macedonia
|
„Математиката и уметноста ја изразуваат непроменливата вистина Марко Тасевски има само 16 години и учи во средното економско училиште „Васил Антевски-Дрен“. Ова талентирано момче, кое црта откога знае за себе, само со помош на молив прави неверојатни портрети, стрипови и уникатни цртежи...“ http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=23211
|
29 Jun 2014, 07:46 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Тројца охриѓани ја негуваат стрип уметностаАктивно со стрип уметност во Охрид моментално се занимаваат тројца артисти, од кои двајца уметници и еден сценарист на стрип изданија. Љубовта кон овој редок вид на уметност, возбудата која ја носат сеќавањата на детство поминато во авантуристички дух меѓу страниците на стриповите ги поврзало тројцата охриѓани Јордан Коцевски, Андреј Манев и Јован Секулоски. Уметност која ретко добива на публицитет, а новите генерации не пројавуваат посебна заинтересираност за начинот, техниките и методите, како и целиот макотрпен процес идејата да се стави на хартија и да се добие стрип. Во септември тимот на стрип уметници од Охрид, ќе издаде колекција на стрипови. Изданието ќе содржи избор на повеќе кратки стрипови, а несомнено ќе биде убаво збогатување на македонската алтернативна уметност и култура. Се’ започнува од идејата, велат охридските стрип уметници. - Прво како и кај секоја друга реализација на било какво издание, се прават подготовките. Мора да се има некоја интересна идеја, затоа што овде не станува збор за роман, на пример, па да има време да стане интресно. Кај стрипот веднаш идејата треба да се пренесе на читателот, да се привлече за да го прочита цел. Сценариото е многу важна работа во стрип уметноста, вели сценаристот Јордан Коцевски. Јован Секулоски повеќе години се занимава со цртање на стрипови. Направил одредена пауза во она што го работел, но никогаш не се откажал целосно од љубовта кон стриповите. - Сум правел подолги паузи, па пак сум се навраќал. Тоа е доживотна љубов. Попрофесионално имам работено и стрип адаптации на детски романи, заедно со мојот брат Ристе Секулоски. Сега работиме овој тим, со Јордан и Андреј, и ако не се лажам, ние моментално сме единствените во Охрид, кои активно го работиме ова, обајснува Секулоски. Андреј Манев е претставник на помладата генерација, а признава дека љубовта кон стриповите му ја пренел неговиот татко. - Уште како мало дете, ме интересираа сликите кои ги гледав на стриповите. На рана возраст почнав да цртам нешто по мое, ноемално дека тоа беа детски цртежи, неискусни, и секако како што цртав и како што се развивав како личност, се развиваше и мојата уметност, кажува Манев. Супер радио и OhridPress, во знак на поддршка за она што го работат овие млади уметници, деновиве Ви ги претставува поединечно преку интервјуа, каде секој посебно го раскажува својот пат до стрип уметноста. Супер радио/М.М. Извор:
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
14 Jul 2014, 21:20 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Bravo!
_________________ ејм фор д бушес!
|
14 Jul 2014, 21:37 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
ФЕјсбукон е супер-ама по 6 месеци пример ке требит скролање за да се нат текстојте....нек седат и тука: Јордан Коцевски - Сценариото за стрип е подеднакво важно колку и илустрацијата Јордан Коцевски е еден од ретките, односно единствениот стрип сценарист од Охрид, кој оваа уметност ја открива паралелно со неговото интересирање за литературата, културата и уметноста. Посветено работи на сето она што е поврзано со стрип уметноста, а смета дека тимот е вистинскиот погодок кога станува збор за реализација на идеите во стрип кој ќе се најде во рацете на читателите. Идејата и фантазијата која се пренесува на хартијата, ја нарекува енергија, а сите мали и големи тајни на пишување стрип-сценарија ги пренесува во интервју за Супер радио. Супер радио: Како изгледа еден првичен класичен концепт пред да се направи сценарио за стрип? Коцевски: Првично се започнува со идеја. Бидејќи, конкретно тимот со кој работам, најчесто работиме кратки стрипови, кои се од една до некои шест страници, мора да се има некоја интересна идеја. Начинот на кој јас работам, е таа идеја на крајот да има некое големо изненадување. Повеќето од луѓето кои се упатени во оваа работа со стрип уметноста, велат дека требало се’ да биде покласично, со перипетии, заплет и кулминација. Но некако во четири илустрирани страни, да се направи целиот тој класичен концепт е многу тешко. Затоа, стрипот како медиум нуди поголема флексибилност. Супер радио: Колку е важна распределбата на страните, која ја прави самиот сценарист? Коцевски: Многу е важно. На секоја страна ги планирам сцените и планирам секоја страна да заврши со одреден дел од приказната, кој за мене претставува целина и како таква ќе биде препознаена од читателот. Со тоа што, како што кажав, изненадувањето го чувам за крајот. На пример, ако приказната се состои од некоја авантура, првата страна е посветена на почетокот на авантурата на херојот, потоа некој дел од патешествието и препреките, за да е поинтересно, а на крајот останува изненадувањето дали таа „мисија“ била „сериозна“ или „крие комични или други елементи“. Супер радио: За луѓето кои не читаат многу стрипови, или кои не се многу упатени во овој вид на уметност, би било малку чудно кога ќе се каже дека се пишува сценарио за стрип. Обично грото од луѓето сметаат дека и илустраторот го пишува текстот. Си се среќавал ли лично со премногу изненадени лица, кои не знаеле дека има сценарио и за стрип? Коцевски: Мене баш ми се допаѓа тој термин сценарио, бидејќи претставува буквално пишување на сценарио. Првото мое пишување на сценарио за стрип, беше всушност расказ. Расказот го дадов на еден мој пријател, кој читајќи го, си разви слики во главата и рече дека може да му послужи како идеја да нацрта стрип. Но, сепак, тоа, не е тоа. Сценариото буквално содржи елементи како и кај пиеса, на пример. Јас работам еден малку поинаков концепт. Накратко можам сликовите да кажам како тоа изгледа - се пишува прва страна, прва сцена, опис на дејствие, опис на ликовите и сцената. Така продолжува понатаму за секоја сцена на секоја страна. А, точно е дека, луѓето не знаат многу дека се пишува сценарио и за стрип. Но кога ќе откријат, сакаат да дознаат нешто повеќе за тоа. Супер радио: Дали има простор за варијации, испробување на концепти за координирање меѓу сценаристот и илустраторот? Како вашиот тим се координира? Коцевски: Многу весело Кога прв пат се започнува да се работи со некого, се смета дека секој има свој дел и не се меша во работата на другиот. Но, ова не е работа, каде треба индивидуалното или колективното да дојде до израз. Нема суети, затоа што колку повеќе ќе вложат поединците, толку подобар ќе биде тимот. Ние се координираме на тој начин што јас пишувам сценарио, го праќам на илустраторите, тие го разгледуваат, даваат сугестии за промена или поправки, или не. Тие сугестии не се за да се поправа цело време работата, туку зависи од степенот на можност за реализација на мојата идеја, која сега треба да се канализира во нечија друга глава. Потоа врз основа на сценариото, илустраторот прави скици. Јас ги прегледувам и исто така, давам предлози за корекции, или доколку нема потреба, тоа не се прави. Мислам дека доколку се достигне ниво на соработка, како што ние го имаме постигнато, корекциите се сосема нормални. Најлош стрип е доколку тимот кој работел на истиот, не си ги корегира грешките еден на друг. На крајот на краиштата, и од финансиска гледна точка добро е да се прават корекции што е можно повеќе на почеток, затоа што откако ќе се нанесе тушот, многу е тешко. Треба се’ да оди од почеток, а тоа е и време и труд и материјали. Супер радио: И покрај тоа што си специјализиран за пишување сценарио за стрип, полека со време ги имаш откриено и тајните на правењето илустрации. Се случувало ли некоја идеја да ти дојде во последен момент, непосредно пред боењето на стрипот? Коцевски: Боењето на стрипот, или со стручен термин „колорирање“, може да го работи истиот илустратор, или да се зададе оваа задача и на друг. Притоа, денеска во мода, се нормално, компјутерски техники на боење на стриповите, но за среќа, луѓето со кои работам, преферираат водени боици. Така, да, вметнување идеја во тој дел од работата, е уште еден многу тежок процес. Супер радио: Кој е задолжен за главната, финална коректура, конкретно во Вашиот тим? Коцевски: Оној кој го работи боењето, обично го работи и дигиталниот дел. Додека, тој што ја сработил илустрацијата, ги прави финалните корекции. А доколку се планира да се испечати нешто од поголем обем или формат, на пример, стрип - албум, во тој случај може да се остави финалниот дел на проверки на самата печатница. Според мене, тоа не е пожелно, затоа што вработените во печатницата не се стручни лица и можат нешто да изместат. Добро е да се направи и пробно печатење, за да се види како ќе изгледа. Супер радио: Ти пишуваш и раскази, значи еден друг сегмент од литературата. Не треба ни да се зборува за тоа дека начинот на пишување на сценарио за стрипови е многу поразлично од пишувањето раскази. Од друга страна, кај стриповите мора фантазијата да е на прво место. Додека уметничката литература обработува и теми, кои не мора да ја будат фантазијата. Едноставноста не би поминала кај стрипот, како кај расказите. Значи, да се навратиме кај фантазијата. Која е твојата водилка која ти носи фантазија за сценаријата за стрипови? Коцевски: Интересно прашање... Стрипот е токму тоа, еден поинаков начин на изразување. Иако изгледа дека е лесно да се напише сценарио, всушност не е. Бара голема креативност и да се размислува за многу работи. За сценаријата за стрип, инспирациите ми доаѓаат многу полесно, затоа што размислувам во слики. Секогаш ме буди идеја од сон Идејата јас ја нарекувам енергија. Добар дел од комичните идеи и фантазијата, искрено, ми се јавува кога играм со мојот син Потоа тоа го разработувам во идеја за сценарио за стрип. Карактерите, пак најчесто ги црпам од луѓе кои ги познавам. Не сум тип на сценарист кој го враќа назад оној наративен концепт. Во последно време научив да ги ценам сите видови на стилови, затоа што ова е навистина тешка работа. Супер радио: Освен тимот со кој моментално работиш, Јован Секулоски и Андреј Манев, си имал соработки и со други стрип илустратори од други градови. Би издвоил ли неколку интересни соработки од порано. Коцевски: Еве на пример, Дарко Богданов. Додека работев со него, а тоа ми беше досега најдолгата соработка, не’ нарекуваа „The Dynamic Duo“, (а тоа се Бетмен и Робин, иако е тешко да се каже кој е Бетмен, а кој Робин Неговиот стил е така, помрачен. Кога започнавме, тоа беше со хорор приказни, или приказни кои завршуваат тешко. Тука работевме на еден интересен концепт, каде чудовиштата ги направивме реалистично - комични. Не беа карикатури, туку тој има свој посебен стил, и тие ликови, беа свои. http://ohridpress.com/index.php/izbor/1 ... D0%B0.html
_________________ ејм фор д бушес!
|
16 Jul 2014, 23:09 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Јован Секулоски - Стрип уметноста во Македонија е на исто ниво како и целокупната култура Искуството во занимавање со уметност носи свои предности, затоа што авторот правејќи ретроспектива на своите предходни изданија, го преиспитува и културното општество, смета охриѓанецот Јован Секулоски, кој долго време се занимава со стрип-илустрации. За стрипот вели дека не е статичен, туку ја следи динамиката, а на младите генерации им порачува барем да го запознаат стрипот, а потоа да одлучуваат дали ќе им се допадне овој вид на урбана уметност. За сите дилеми кај оние читатели кои помалку или повеќе се запознаени со стрип уметноста, проследете го интервјуто со Јован Секулоски за Супер радио и Охридпресс. Супер радио: Повеќе прекини, па повторно навраќање на стрип илустрациите...Очигледно како и кај секоја друга уметност, и да се оддалечи човек понекогаш, повторно ќе се наврати кога и да е. Секулоски: Сум правел паузи, па повторно сум се навраќал на цртање стрипови. Да кажам дека попрофесионално, заедно со брат ми Ристе Секулоски направивме стрип адаптација на „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Потоа имавме делумно изработена стрип-адаптација на драма на Јордан Плевнеш. Таа стрип-адаптација беше претствена на најголемата стрип изложба во Франција. Потоа имав и некои кратки стрипови, кои беа објавени во македонски списанија за ваква уметност. За жал, најголемиот број на вакви списанија во Македонија згаснаа и повеќе не се издаваат. По тие изданија, направив една поголема пауза и сега ете, повторно се навратив на цртањето. Минатата година во Белград се претставив со краток стрип на една изложба и тоа може да се смета како мое официјално навраќање на оваа уметност. Супер радио: На кое ниво е моментално стрип-културата во Македонија и кај читателите, но и кај оние кои би требало да дадат поддршка? Секулоски: Стрип-културата е на истото рамниште како и целокупната култура во Република Македонија. Супер радио: Ако се направи мал осврт, порано во круговите меѓу младите се сметаше дека стрипови читаат оние со бунтовен дух, изразена интелигенција, фантазија, луѓе кои сакаат поинаква култура и уметност од класичната. Денес, каква категорија на луѓе читаат стрипови? Секулоски: Па, јас мислам дека луѓето што читаат воопшто, истите тие читаат и стрипови. Оние кои не читаат, не може никој да ги натера да прочитаат ни стрип, ни списание, ни весник. Така, да, оние кои не сакаат да читаат, не ги интересира никаква литература. Непотребно е да воопштуваме каков би бил еден просечен фото-робот или профил на стрип-читател, затоа што не постои. Има и читатели и читателки, од најмлада возраст, до луѓе во зрели години. Заеднички фото-робот или заеднички карактеристики не можат да се определат. Супер радио: А што е со стрип-сцената во Македонија? Какви карактеристики таа поприма? Секулоски: Стрип - сцената во Македонија, во најголем дел е виртуелна. Има стрипови кои успеваат со децении да излегуваат - Пецко на пример, излегува во дневните весници, а таму е и местото на таков вид на стрип, кој подразбира политичка сатира или илустрација на политички настани. На времето се појавуваа стрипови на македонски автори и во младинските изданија. Имало и повеќе обиди да се специјализираат некои изданија, како што е Мак стрип. Оваа ситуација е релативно иста и во други мали земји, како што е Република Македонија. Културите кои се заинтересирани да ја поддржат стрип-културата, наоѓаат начини да го направат тоа. Во Хрватска, на пример, тоа се прави преку издавање на неделни или месечни стрип изданија како подлисток на дневните весници. И кај нас имало такви изданија, но кога и да е згаснувале. Супер радио: Мислиш ли дека има можност младите и нови генерации, кои растат со новата технологија, малку да се насочат барем да ја запознаат оваа уметност, ако не се заинтересирани подетално? Секулоски: Стрипот може да се направи привлечен и интересен за децата. Треба да се има чувство како тоа да се развива, како да се реализира. Добро би било, дел од текст од некое детско списание кое има приказна, да биде илустрирано и во вид на стрип. За среќа, во последната година, во рамките на годишната програма на Министерството за култура, има поддршка и за издавање на стрип изданија. Супер радио: Има ли во Македонија во доволен број фестивали, настани и други случувања, каде се презентира стрип културата и уметноста? Секулоски: Има еден фестивал во Велес, се одржува на годишно ниво, кој е со натпреварувачки карактер, но наградниот фонд е до тој степен, што можеби е подобро да не се доделуваат награди. Од организациски аспект, тоа е доста скромно изведено. Но добро е што барем има простор каде да се сретнат стрип издавачите, илустраторите. Супер радио: Како стојат работите со издавачката дејност за стрип изданија? Секулоски: Како и другите издавачи, и стрип-издавачите конкурираат со проекти, за да можат да добијат средства за покривање на подготовката на издаваштвото. Потоа, кога веќе ќе биде издадено едно дело, можат да се надеваат и на некој скромен профит. Големината на издавачкиот пазар во Македонија е таа. Супер радио: Кои ти се лично омилени теми на илустрирање, а насптори тоа и омилени техники? Секулоски: Тоа што ме интересира во гледањето филмови, може дас е каже дека ми е омилена тема и во цртањето. Обично, научна фантастика, хорор, мистерија. Меѓутоа не би можел да го „застанам“ на некакви рамки стилот, како стил, затоа што стрипот е медиум за раскажување приказни. Стиловите во текот на времето на некој начин се менуваат. Супер радио: Колку секојдневието е инспирација за создавање стрипови? Секулоски: Како автор не се пронаоѓам во таков жанр, да го отсликувам секојдневнието. Секоја чест на авторите кои секојдневно се анагажирани со тоа, ги следат случувањата и црпат инспирација. Супер радио: Кон која уметност би го сместил стрипот, дали сметаш дека е поблизок со литературата или, можеби со сликарството, графиката... ? Секулоски: Јас би го сместил меѓу филмот и литературата. Не го следам како медиум за прикажување на статични сцени, туку и има своја динамика и движење. http://ohridpress.com/index.php/izbor/1 ... D0%B0.html
_________________ ејм фор д бушес!
|
16 Jul 2014, 23:10 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
13 Aug 2014, 10:03 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Загор не го спомнa, а? Тотален промашај од текст.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
13 Aug 2014, 10:20 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
не, Загор некако не ми влегуваше во контакстов на американски херои... а што ти одма загор, дека лгбт муабети???
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
13 Aug 2014, 11:51 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
13 Aug 2014, 21:57 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 12 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|