Јас бев на биеналето(успеав на последниот ден
) и ги видов вашите дела. Прво-навистина како да не им беше дадено доволно простор,ниту беа добро врамени,ниту поставени на добро место,ми се чини и дека форматот беше многу мал. Штета што немаше текст кој заедно со цртежот би не внел во приказната,па макар и како увод,така да навистина е супер што ќе има изложба во која ќе се обрне поголемо внимание на македонската стрип-сцена.
Немам особени критики во однос на цртежите сами по себе,само не разбирам како една иста приказна се раскажува преку неколку различни ликовни јазици-слободниот цртеж полн графичко `еткање `на Дарко,прецизниот на Здравко,лиричниот `исполнет со криви линии`цртеж на Виктор и снажните графички линии на Даркнес,баш ме интересира како тоа ќе изгледа на крај.Секако супер е кога има креативност,а за овие приказни за Скопје `појма` немав
Изложбите на биеналето баш не ми оставија некој впечаток,премногу инсталации,премалку креативност,нешто смешно,нешто веќе видено...Само еден класичен сликар од Шпанија кој многу ми се допадна со неговите женски актови насликани со масло на платно во одредена гама со по некој контрастен ефект. Ми се допадна и стрип-сликата,масло на даска,интересен стрип-објект на сликарка(мислам и таа дека беше од Шпанија,ама не сум сигурна).Се на се многу врева за ништо,добро,сигурна сум дека имало супер дружења,размена на мислења и слично,но од уметноста видов многу малку(ова си е мое мислење,кој не се сложува нека си го задржи тоа за себе
).