|
|
It is currently 16 Jan 2025, 18:13
|
Author |
Message |
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
и претставува посебна чест да ве известам дека Управниот одбор на Стрип центарот на Македонија на својата последна седница донесе ОДЛУКА овогодинешната награда за придонес во развојот и афирмација на Стрипот и стрип културата во Македонија дам у припадне на г.Томислав Османли
Ова пред се заради: -делувањето на полето на стрип теоријата
-медиумска афирмација на стрипот и стрип сцената во Македонија.
Истата награда ќе Ви се додели за време на отварањето на овогодинешниот СТРИП САЛОН ВО ВЕЛЕС кој ќе с е одржи на 13,14 15 .11.2009 во Велес .Досегашни лауреати на оваа признание ,кое го доделува Македонскиот стрип центар со седиште во Велес се: Миле Топуз, Александар Сотировски, Ване Трајков и неформалната групација “ТАЈФА АРТ”
Образложение:
а)како уредник на прилогот за култура и уметност "Координати" во "Млад борец" истиот го прави средиште на стриповниот живот и интересирање;
б) автор на првите две први историски хроники за "младиот' , а потоа и за "раниот" македонски стрип;
ц) член на групата "Туш лабораторија" (заедно со Тосевски, Камиловски, Трајановски, Полазаревски);
д) автор на книгата со драмскиот текст "Двајца во Еден" во чии рамки е објавена и стрипуваната верзија на овој текст од перото на цртачот Александар Сотировски;
е) автор на првата и се уште единствена теоретската книга "Стрип - запис со човечки лик" (прво издание 1987 и второ 2002) која беше прогласена Книга на Годината според сараевскиот неделник "Наши дани", второрангиран настан во полето на стрип културата на поранешна СФРЈ- според загрепски "Полет", а во Македонија за тој труд ја доби и првата од инаку двете свои "13 ноемвриски" награди;
ф) во 2003 за второто проширено издание на истата книга ја доби и наградата "Мито Хаџи Василев Јасмин.
|
13 Aug 2009, 16:08 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
Sakam da soopshtam edna dobra vest , a toa e deka se obezbedeni finansiski sredstva za dodeluanje na 1va nagrada"ZLATEN STRIP" Taa ke iznesuva 200 EY Pa stripadzii pobrzajte
|
14 Aug 2009, 20:33 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Еве една статија во Утрински Весник од Саботата околу Салонот... http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2BBB ... C9DEFA9D3A
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
17 Aug 2009, 12:41 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
ne e bash okolu salonot.Posveteno e na Osmanli.Isto ima i vo Nova Makedonija i Vreme
|
17 Aug 2009, 16:32 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
Насловов ми е инициран од посетата на Ване Трајков во Белград,како гостин .Уште порано објаснив дека мораше да присуствува за да оствари контакти коишто ќе се ефектуираат уште на МЕЃУНАРОДНИОТ САЛОН НА СТРИП ВЕЛЕС 09 Она што може веќе да се остварува ,а е во функција со досегашните активности на СЦМ -Велес во однос на салонот е следново: -според проектот финансиран од страна на фондацијата ЕУРОКУЛТ-Амстердам на салонот во Велес присуствуваат а)4 автора од Бугарија(одамна е остварен контакт со нив и е дефинирано) б)4автора од Косово.Еден смел потег од наша страна ,но ,зошто да не ,стрип пријателствата се за ширење.Тоа беше моја задача преку интернет и фејсбук дипломатија , контакти и истражување.Од скоро остварени се пошироки контакти (со млади професионални автори за разлика од почетните контакти кои беа со автори од поскромен калибар ) ,според кои тие се нафаќаат да се вклучат во овој проект. в)10 автори од Македонија ќе бидат избрани од страна на СЦМ-Велес.Согласно на пропозициите од проектот,предност се дава на авторки жени .Но ,се разбира, неопходен услов е да се испрати стрип според одамна дадените пропозиции. Авториве од овие земји ,вклучено и 10-ката од МК ,имаат обезбедено пат и престој во Велес .(се разбира индивидуално,без придружба).Други заинтересирани може да присуствуваат, но на свој трошок. Нивните дела ќе се изложат во специјален број на СТРИП КРЕАТОР како и на новиот веб ,кој подоцна ќе се модерира од наша страна. Изложби ќе се изведат во Велес, Софија и Косово(Приштина или Ѓаковица) Тоа е во делот финансиран од страна на ЕУРОКУЛТ
Во делот финансиран од страна на други донори обезбедено е пат и престој за босански автори Воедно ,првата вечер ќе биде и доделувањето на наградата на Томислав Османли.
Она што е дополнителен мотив (ако доега кажаново не е доволно) е токму она што е реализирано за време на посетата во Белград а тоа е ГОСТУВАЊЕТО НА ДРУГИ СТРИП ДЕЈЦИ ОД ДРУГИ ЗЕМЈИ ВО ВЕЛЕС ЗА ВРЕМЕ НА САЛОНОТ(ТОА Е УШТЕ ИЗНЕНАДУВАЊЕ) Луѓето ке идат на свој трошок.
|
28 Sep 2009, 09:47 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
Ona shto ne e za krienje e gostuvanjeto na Drazen Kovacevic kako specijalen gostin0svetski poznato ime. Za nego zborot i vpecatocite na Kerac bile dovolni.
|
28 Sep 2009, 18:56 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
Do administratorite osven Morgana i Ivana ,koi se vkluceni avtorki na ovoj forum?
|
28 Sep 2009, 18:57 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
aktivni, mislam samo dvete se, ne mi teknuva sega ke frlam pogled na members
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
28 Sep 2009, 20:02 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
Веќе сум во контакт со обете .Да не се сфати погрешно ,треба застапеност на обата пола.а не доминација на жени цртачи.
|
30 Sep 2009, 09:01 |
|
|
MinioN
Магус Регуларус
Joined: 06 Apr 2009, 22:51 Posts: 1249 Location: Struga
|
Viuuv go imav zaboraeno ova.Epa miki,bruno,stef,rebel i koj se drugi deca tamu da naprajme eden strip a moit i da si go prodolzime onoj ))
|
30 Sep 2009, 18:23 |
|
|
RebeL
Надежен Луд Научник
Joined: 14 May 2009, 12:37 Posts: 122 Location: Somewhere around Nowhere
|
_________________ Прав маж не носи ѕиври.
|
30 Sep 2009, 20:53 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
Се обидов да го дообјаснам ова ,можеби е извадено од контекст. Едноставно донаторот сака да помогне во ширење на стрип и стрип културата насекаде низ разни структури.Тоа се вика,,ПОЗИТИВНА ДИСКРИМИНАЦИЈА,,Факт е дека во МК нема доволно авторки споредбено со мажи Тука, во сличен контекст треба да се сфати и развојот на стрип соработка со други земји досега непознати во стрип сцената како КОСОВО А од тебе чекаме самостоен стрип се разбира не како велешанка, не како женско туку како млад автор во развој .
|
30 Sep 2009, 22:11 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
а девојките добиваат нешто како мотивација за учеството, или само се за да исполнуваат квота?
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
30 Sep 2009, 22:12 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
Значи да резимирам заеднички именител на сите наши залагања се стрипот да се шири насекаде и секому. и кај девојки, и да се шират нови стрип познанства со други земји, и во Мк да биде популаризиран и во маргинализирани зони , рурални средини, затворени етнички средини и сл. Свесни сме дека во иднина и стрип сцената во МК ќе биде збогатена и со нови луѓе кои ќе аплицираат за проекти ,така да ќе ги забележите критериумите на донаторот(тој што пушта пари). Но се разбира не треба секојпат да се фатиме ,,како слеп за стап.,, Бидејќи знаеме дека во МК има девојки кои цртаат стрип ќе се чува место во КРЕАТОРОТ и на ВЕБ САЈТОТ. Но ,како што и реков, елементарен критериум секако е навременото учество и пријавување во рокот(15 Октомври)
|
01 Oct 2009, 18:15 |
|
|
Skywalker
|
|
03 Oct 2009, 10:27 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
ќе скокне де Промоција ќе има на салонот.Почетни дела се дела и автори од споменатите земји.После тоа ќе се надградува со промоција на др автори . Значи нема да биде дупликат со овој форум,туку после ако се согласат администраторите ,може да се стави како линк.
|
03 Oct 2009, 17:09 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Ние за бананата 50 линкој кладофне па за ова....него лоша ви е политиката на презентација,наместо да бомбардирате со информации,чекате да почни фестивалот и слично...ова за вебот го зборам.... Дајте малку поактивно-како шо и ви зборав пред 2 години мислам ако не се лажам,памтите сигурно...Чекате до последно,ајде малку поке организација.....и тоа делењето жени,мажи,њааааа...
_________________ ејм фор д бушес!
|
03 Oct 2009, 20:30 |
|
|
RebeL
Надежен Луд Научник
Joined: 14 May 2009, 12:37 Posts: 122 Location: Somewhere around Nowhere
|
Томче, дај напрај некое плакатче за ова за Салонот(ако не сама ќе направам), оти за пуштање конкурсот по школиве веќе е касно, барем Трајко ништо нас не ни кажа... И ќе ги исполепам нашколо или низ градов незнам... барем да се знае дека нешто се одржува... А за тоа мажи жени... да бидеме реални нема многу што воопшто цртаат стрипови, а не па жени авторки да се бараат... И така...
_________________ Прав маж не носи ѕиври.
|
04 Oct 2009, 00:18 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
За сајтот прво треба да пристигнат делата па после да се клават.Тоа е цела работа. За мажи -жени-таков е проектот сега ,обично во Европа се оди на нешто што се вика ЏЕНДЕР БАЛАНС односно родова еднаквост .Така беше за БАЛКАНСКИОТ СТРИП МОСТ/ за конкурсот по школи:обично тоа го тера Ване ,мислам дека има време 13 Ноември. Во меѓувреме ги чекаме делата до 15 ти па после каталозите односно списанието. на овој салон ќе има два каталози и еден креатор. Ова затоа што две активности се финансирани од Влада и општина ; -каталотот за Сотировски коиј изрази желба сега да биде неговата изложба -вообичаениот каталог за салонот каде ќе се презентира Османли, како и босанците -КРЕАТОРот кој оваа година е наменски ќе биде презентација на 10 македонски автори,4 бугарски и 4 косовски. Оваа година компјутерската подготовка ја прави Темникот И то
|
04 Oct 2009, 18:02 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
мементо -за оние од Македонија кои ќе влезат во конкуренција за оние 10 мина (веќе има толку пријавено но кванtитетот раѓа квалитет) .кои ќе присуствуваат 3 дена во Велес заедно со гости од Бугарија ,Косово ( и др земји ) и нивното дело да се објави во СТРИП КРЕАТОР-специјален број и сајтот рокот е до 20 ти -за другите од Македонија рокот е до 30 ти
|
14 Oct 2009, 20:08 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
што секако не значи дека нема и другите дела да се најдат понатаму на сајтот или дај боже ,во друго печатено издание
|
14 Oct 2009, 21:35 |
|
|
vizant
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 21:27 Posts: 224 Location: Markov Grad
::
|
Negde 2000 godina se pojavi Strip knigata /<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<<
,,ISTORIJA UMETNOSTI -STRIP URA ,,(Marvel ,Betmen,Spajdermen ,Zagor , Fantom ,Bluberi ,Torpedo -Bernet i drugi -160str Pecateno izdanie kratka istorija na novinskiot strip stripot ,cena 300d.
2.,,STRIP SKOLA-99 +33 STRIP TAJNI ,, (strip tajni od golemite majstori Kerac,Buscema,Anatomija ,scenario, odlicni pouki od Bojan M.Dzukic i dr ova na Makedonski 180 str,Pecateno izdanie -cena 300d. -------------------------------------------------------- Izdavac Centar za Vizuelna umetnost Vizant http:/www.vizant.org.mk e-mail:vizant@mt.net.mk
_________________ vizant[color=#0[color=#008000][/color]08000][/color]
|
18 Oct 2009, 19:04 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
Дефинитивно не си ми јасен .што е работава,престиж ли што? Да не треба да ги промовираме овие дела или кај тебе кога ти ќе организираш нешто?
|
18 Oct 2009, 19:27 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
|
18 Oct 2009, 19:27 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Еве ја програмата, т.е. што ќе се случува за време на 7-иот Стрип Салон во Велес...
ПЕТОК, 13. 11.2009
19.00 Отворање на 7-от Меѓународен Салон на стрип – Велес - Претставување на гостите - Доделување на годинешното признание за афирмација на стрипот - Отворање на стрип изложба на Александар Сотировски - Отворање на стрип изложба на Дражен Ковачевиќ - Отворање на стрип изложба на БиХ стрип - Претставување на проектот “ New comic–strip neighborhood” и гостите од Косово, Бугарија и Македонија
САБОТА, 14.11.2009
11.00 Разговор со Дражен Ковачевиќ, стрип автор од светска стрип сцена 12.00 Разговор со Томислав Османли, добитник на годишното признание 13.00 Разговор со Александар Сотировски, стрип автор од Р. Македонија 17.00 Промоција на стрип албум “Кратки резови” од Игор Јовчевски 18.00 Стрип случувања помеѓу двата Салона 19.00 Стрип разговори
НЕДЕЛА, 15.11.2009
11.00 БиХ стрип сцена 12.00 Стрип центарот помеѓу двата Салона 13.00 Стрип разговори 14.00 Затворање на Салонот на стрип
- За време од 3 дена на Салонот ќе работи стрип работилницата од проектот “New Comic-strip neighborhood” - За време од 3 дена на Салонот ќе работи стрип берзата
Место: Ликовен салон - Велес
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
Last edited by Temnik on 02 Nov 2009, 18:24, edited 1 time in total.
|
02 Nov 2009, 18:01 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 5 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|