|
|
It is currently 18 Dec 2024, 11:15
|
M-comics Нови стрип изданија на македонските киосци
Author |
Message |
Borkacion
Џуниор Џедај
Joined: 15 Aug 2014, 13:14 Posts: 21
|
Со среќа. Се надевам дека не е ММ.
|
21 Aug 2014, 09:15 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
дај боже да е наслов кој не бил преведен на мкд до сега, како што ви беше чекорот со Магичниот
(е сеа, сигурно дека ДД е попродаван од МВ)
и ја се надевам да се рипне ММ, посебно ако е од старт а за мики и сл, сигурен сум дека не се во игра
Посакувам некој од новиве бонели наслови (Приказна, Караван, Кесиди, Јулија, Лилит...) нешто такво да бидне
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 Aug 2014, 09:29 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Грејсторм, моја претпоставка.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
21 Aug 2014, 10:04 |
|
|
M-comics
Надежен Луд Научник
Joined: 13 Mar 2014, 16:06 Posts: 117
|
Од овој септември... Нова, поинаква стрип серија... Драги стрип пријатели, На наше огромно задоволство ви го претставуваме новиот стрип серијал на македонски јазик - ДРАГОНЕРО, најновата долгорочна серија од италијанската издавачка куќа Серџо Бонели Едиторе (јуни 2013), прва од жанрот Епска Фантастика, приказна создадена од авторите Luca Enoch и Stefano Vietti. Кој е Драгонеро? Иан Аранил, главниот лик во серијата, е поранешен кралски извидник кој живее во кралството Ерондар, припадник на древната лоза "Ловци на змејови". Кралството Ерондар се простира на територија колку и контитентална Европа и низ него поминуваат големи пловни реки прекриени со густи шуми во кои живеат шумски виленици, опкружен со безбројни архипелази со кои се одвива трговија со секаква трговска стока преку големиот број пристанишни градови на југот. На север од Кралството се наоѓа Земјата на змејовите, непрегледна тундра населена со мрачни суштества без ништо човечко во нив наречени Алгенти и џиновите Абоними. Долж северната граница на Кралството се протега Големиот бедем, кој го одвојува од Земјата на змејовите, подигнат уште од древните времиња поради заштита од нападите на Алгентите. На исток и на запад се наоѓаат бројни независни територи и провинции, номадски сатрапии населени со варвари, разбојници и криумчари. Овде започнува авантурата на Иан Аранил, во придружба на неговиот верен пријател оркот Гмор, кој го напушта кланот на орките и заедно со Иан живее во Солиан, главниот град на една од четирите Републики. Дружината на Иан ја сочинуваат и неговата сестра Мирва Аранил, припадник на редот на "технократите", застапници на науката, виленичката Сера, која исто така го напушта својот народ - шумските виленици кои живеат во хармонија со природата, храбрата технократка Ксара и стариот волшебник Албен, последниот претставник на Магиското братство "Чувари на светлината"... Овде го завршуваме овој прв вовед во новиот стрип серијал. Добредојдовте во волшебниот свет на Драгонеро!
Last edited by M-comics on 21 Aug 2014, 11:15, edited 2 times in total.
|
21 Aug 2014, 11:01 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
браво за изборот!
иако се повторува со српскиот сепак е фантази стрип на македонски јазик, нешто што го немавме
аирлија и да ви се множат и нови наслови
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 Aug 2014, 11:04 |
|
|
M-comics
Надежен Луд Научник
Joined: 13 Mar 2014, 16:06 Posts: 117
|
Не се повторува со српскиот. Ова е новата месечна серија.
|
21 Aug 2014, 11:06 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Epa dechki...i oficijalno-gospo zravje da vi daj!
_________________ ејм фор д бушес!
|
21 Aug 2014, 11:07 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
БРАВО!
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
21 Aug 2014, 11:13 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
Убави вести Честитки!
|
21 Aug 2014, 11:26 |
|
|
Borkacion
Џуниор Џедај
Joined: 15 Aug 2014, 13:14 Posts: 21
|
Shut up and take my money! Честитки.
|
21 Aug 2014, 11:44 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 Aug 2014, 11:50 |
|
|
M-comics
Надежен Луд Научник
Joined: 13 Mar 2014, 16:06 Posts: 117
|
За почеток предвидено е да излегува на два месеци, затоа што сепак се работи за нов серијал. Веруваме дека интересот ќе биде голем и доволен да премине во месечна серија. Но, има време...
|
21 Aug 2014, 11:54 |
|
|
Borkacion
Џуниор Џедај
Joined: 15 Aug 2014, 13:14 Posts: 21
|
Cant wait! Зимам 5 примерока и ги делам по другари да ги активирам малце стрипови да читаат ко што направив со Магичен Ветер.
|
21 Aug 2014, 11:57 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
Браво! Ќе се купува и ќе се следи со големо Фнимание.
|
21 Aug 2014, 13:05 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Со стрипчево буквално отварате ново поглавје кај нас.СО ова мислам на помладата публика. Загори,магори и вотевр ок све то....ама ова да. Риспект за политиката шо ја имате кој и да сте-и по миљонити пат само напред....подпаланечките вонаби издавачи и слични можат да ви пљукнат под прозор....со ова шо го прајте опасно се приближвате до то да бидите најдобри стрип издавачи кај нас-и то за многу кратко време...
_________________ ејм фор д бушес!
|
21 Aug 2014, 13:27 |
|
|
M-comics
Надежен Луд Научник
Joined: 13 Mar 2014, 16:06 Posts: 117
|
Благодариме! Во однос на она што го напишавме претходно "публиката која не слушнала за Загор, Дилан итн", мислевме токму на тоа, нова и не нужно само помлада публика, туку и луѓе кои не читаат стрипови, а би купиле или прочитале еден нов "производ", сличен на Толкиновите приказни и Игра на тронови (авторите воопшто не се срамат да кажат од каде ја црпеле инспирацијата). Што се однесува до издаваштвото, да, според наше мислење, разликата треба да ја направи токму овој серијал, па, Боже мој, се надеваме дека ќе е така и дека ќе ги пратиме и понатаму сите серијали, а особено најновиот, кој е во чекор со времето и актуелните вкусови на публиката, а и во чекор со она што излегува во Италија и е достапно пред нивните стрип читатели и колекционери.
|
21 Aug 2014, 13:38 |
|
|
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
Поради овој серијал, и Хрватите и Србите ќе мора да (под)научат македонски и да нарачуваат стрипови откај нас т.е. од Бункер.
|
21 Aug 2014, 13:40 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Bravo za serijalov, ke se kupuva ova! Redno bese i kaj nas da se objavi nesto, sto go nema vo Srbija, Hrvatska i sl... Samo napred!
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
21 Aug 2014, 14:28 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Браво и од мене за изборот и, се разбира, честитки. Јас не го прочитав изданието од ВЧ, иако го имав дома... Дали е истото „неопходно“ за да може да се следи приказната во редовната серија? Да знам, да го набавам повторно.
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
21 Aug 2014, 14:50 |
|
|
M-comics
Надежен Луд Научник
Joined: 13 Mar 2014, 16:06 Posts: 117
|
Во новата серија авторите се одлучиле да водат паралелно две приказни. Значи покрај главната која е нова и започнува од првиот број, преку сеќавањата на Иан се навраќаат на претходната приказна од специјалниот број од 2007, со цел да ги претстават ликовите, придружниците и непријателите. За читателот кој за прв пат го чита изданието од редовната серија се даваат доволни податоци за да сфати за што и како се работи, а нормално со читање на специјалецот сликата е покомплетна.
|
21 Aug 2014, 15:00 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Браво М, сите се изненадени од изборот, coolness факторот ви се зголеми за 200% со овој потег! A лорд-оф-д-ринговци и гејм-оф-троновци се сигурно најзадоволни
|
21 Aug 2014, 15:39 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
sme.
_________________ ејм фор д бушес!
|
21 Aug 2014, 16:02 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
БРАВО!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
21 Aug 2014, 16:20 |
|
|
Viktorrr
Суперхерој Под Стечај
Joined: 29 Mar 2013, 03:08 Posts: 373 Location: Кичево
|
Конечно почна да мрда работата Браво!
|
21 Aug 2014, 19:32 |
|
|
Konan Makedon
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 00:15 Posts: 575
|
Е ова е право ептен пријатно изненадување. Браво М-Комикс.
_________________ I love the smell of fresh comics in the morning!!!
|
21 Aug 2014, 19:42 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 10 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|