Нова серија, само што заврши прва сезона. Немам зборови колку е добра - сите аспекти од неа: глума, развој на карактери, режија, камера, фотографија, сценографија, автентичност. Дури и невообичаениот (електронски минималист) саундтрак одлично се вклопува. Сигурно дел од тој квалитет и компактност е што целата сезона е снимана одеднаш, со ист режисер и исти сценаристи, како еден долг филм. Но, настрана тоа што Содерберг и екипата фантастично си ја имаат извршено работата, тоа што најмногу ја издвојува (и што мене лично ми ја издигнува за едно ниво) е тоа што серијата е како пред очи да ти се одвива некој голем руски класичен роман, како да гледаш комбинација од ремек делата на Достоевски или Толстој, прекрасно доловени со сите нивни трагични и трагично-комични ситуации. И не мислам тука само на главниот лик, туку и на сите останати ликови и нивните приказни, и општо на времето во кое живеат. Сето ова, збогатено со многу темелно истражениот медицински аспект, ја прави серијава нешто што не треба да се пропушти.
ПС. Да беше ова филм, само за последната сцена ќе добиеше поен-два плус. Иронија злато вредна.
http://www.cinemax.com/the-knick/http://eztv.it/shows/1085/the-knick/http://en.wikipedia.org/wiki/The_KnickЗа крај, најдобрата вест: ќе има и втора сезона.