|
|
It is currently 18 Dec 2024, 08:57
|
Author |
Message |
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
КИре глумецо го бичоваме на ДОта секоја сабота.....
_________________ ејм фор д бушес!
|
01 Oct 2014, 23:08 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Супер! Трејлерот ми остави впечаток дека филмов ќе биде малку "понормален" од 90% од нашите филмови кои се бават со тематики со кои знаеме дека се бават веќе 20 години. Па ќе видиме.. наводно е љубовна приказна во основа, или не.. ? Сценарио е на , сценаристот на "Среќна Нова 49та" од Столе Попов, на неколку филма од Кустурица итн.
Behind the scenes:
|
01 Oct 2014, 23:17 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
01 Oct 2014, 23:23 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
|
10 Oct 2014, 02:03 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Прочитав три критики, во Вест, Дневник и Утрински, никој не го пофали. :/ Ја ќе го гледам од понеделник, ќе се дава кај нас во Кичево цела наредна недела.
Со "До Балчак" што се случува? Игра по кинава? Го гледаше некој?
|
10 Oct 2014, 02:26 |
|
|
1234
Ултимејт Резервист
Joined: 23 May 2013, 12:56 Posts: 724
|
Last edited by 1234 on 30 Oct 2014, 20:58, edited 3 times in total.
|
20 Oct 2014, 11:38 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Хм....јас филмо ке го чекам и шерам на торент....ко можи екипата да работи беспари можи и филмо беспари да се дели....глупите изјави дека филмо е битен се глупи фкрај....и се надевам дека некој ке легни в затвор заради ова во иднина....почита се заслужва-колку и да е типов легенда,се успеа да посери со филмов....
_________________ ејм фор д бушес!
|
20 Oct 2014, 13:02 |
|
|
TDzurovski
Ултимејт Резервист
Joined: 16 Nov 2009, 00:48 Posts: 558
|
^To e... Kolku i da si legenda ko ke se pos*ris v gaki ke mirisat.
|
20 Oct 2014, 15:11 |
|
|
Comic Geek
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Jul 2010, 09:08 Posts: 8298 Location: Skopje
|
_________________ The only thin line for a man to be on, is the one between motivation and inspiration. Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам. Thieves get rich and saints get shot and God don't answer prayers a lot.
|
20 Oct 2014, 15:25 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
1234, АЛАЛ за муабетов!
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
20 Oct 2014, 16:26 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
20 Oct 2014, 21:01 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
bez vlakna na jazikot. respekt! 1234 proveri si pm
|
22 Oct 2014, 01:35 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Така значи 1234.. а баш се надевав балчакот дека нема да е лош.. Деца На Сонцето така ме разочара, не ми се ни прави муабет.. Митриќески ги испуштил конците овде, несвесно.. барем така ми делуваше, бидејќи има многу проблеми филмов, а многу малку позитивни аспекти.. не е до буџетот бидејќи визуелно е океј.. сценариото и режијата се најпроблематични..
|
23 Oct 2014, 07:00 |
|
|
1234
Ултимејт Резервист
Joined: 23 May 2013, 12:56 Posts: 724
|
|
30 Oct 2014, 10:02 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
Мене балчако (ми улетаа гратиси) не ми беше толку лош (ко на 1234). Си има маани, ме мрзи сега да пишувам (имав пишано цел реферат, ама форумов нешо се заеба у меѓувреме и при кликање субмит ојде се у неповрат) ама си е ок гледлив шпагети вестерн. Да баталеле тро тоа излитената симболика и пропагандни пораки и малку повеќе да се сконцентрирале на приказната и ликовите како што треба и поарно ќе беше. Словенката го носи цел филм. (небитно ал ми фана око) Фордот едно 20 години помлад од тоа време (1907), ал ок.
|
30 Oct 2014, 19:07 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
До Балчак (2014)Луѓе, Приказна од Дивиот Исток (прва верзија на насловот и подобра) е одличен филм, јас сум изненаден! Колку што е ова "патриотски филм од национален интерес", толку е ова и критика и тоа интелегентна, за минатото, за сегашноста, затскриена во репликите и дијалозите кои колку што важат за тогаш кога се одвива дејствиево, толку се релевантни и денес. Да ги потскрателе временски некои од подолгите сцени, 2-3 комплет да тргнеле, едно 20-25 минути да беше пократок ќе добиеше на динамика (посебно) втората половина од филмот (филмот трае 2:45). Филмов има како прво, одлични кадри и кинематографија (Апостол Трпевски) една од најдобрите видена на наш филм, приказна која го задржува вниманието и сценарио кое не ја потценува интелегенцијата на гледачот, црн хумор и насилие со "тарантиновски" шмек (но не во толкава количина, за жал ). Словенката Инти Срај е актерскиот бисер овде и интересно е преку нејзиниот лик да следиме како странец гледал на ситуацијата на овие простори во тоа време. Музиката е на Дуке Бојаџиев, многу убава. Нашите актери во носечките улоги се скоро сите одлични, можеби само Мартин Јордановски не е најсреќено кастиран за таа улога. Интересна работа, најконтроверзниот филм во последниве години, со триста перипетии зад сцената и сеуште неисплатени филмски работници, испадна да е еден од најдобрите воопшто.
|
31 Oct 2014, 01:03 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
Уште неколку рецензии на коишто налетав денеска: http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=0 ... 77E802BBB4 (оваа доаѓа најблизу до моето мислење иако не сум скроз согласен со целиот текст) http://okno.mk/node/41754http://okno.mk/node/41860
|
31 Oct 2014, 02:22 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Мене Гелевски ми е најблизок со мислењето од овие три текста..
|
31 Oct 2014, 04:10 |
|
|
dragonsky
Џуниор Џедај
Joined: 02 Aug 2013, 13:15 Posts: 92
|
До Балчак: 5.5/10
Деца на сонцето: 2/10
Тапа година за македонски филмови. Барем добро изгледаше Балчакот визуелно али приказната лом.
|
01 Nov 2014, 04:33 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
|
01 Nov 2014, 10:38 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
До Балчак 6/10 ко за македонски филм, не е лош ко за македонски филм што потрошил (испрал) толку многу пари, не е добар ))) Попов може е легенда, ама касни 20тина години со времето... фотографија, камера, сценографија - се си е на место... Ама има пејзажи во Македонија што може да те остават без здив, не мора да бидат сличните локации во сите филмови, мрднете бЕ малце од Мариово! глумците, само цуцата е закон, и го спасува филмов нашиве не ми се доволно филмски глумци (нормално, со помалце од еден филм годишно, нормално дека ќе преовладува театарското во нив) предолг, Нео погоре убаво пишал формула како да се направи под 2 саата заклучок, вреди да се гледа во кино, ако ги пиратизираме американските, не мора и македонските!
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
10 Nov 2014, 12:11 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Испадна уште една прилика гратис да го гледам и на второ гледање ми беше нијанса подобар иако ги приметив некои грешки во сценариото кои на прво гледање не ги увидов. Од мене околу 7/10 , ко за филм кој делува како да е прва верзија која ја составиле од снимените материјали. Да го потстегнеле, да поправеле некои ситници, со подинамична втора половина, ова ќе ми беше околу 8-8.5/10
|
10 Nov 2014, 14:34 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
МКЦ, 18.11.2014 год 21.00 ч.Премиерно прикажување на документариниот филм БАЛЕ ( http://cinedays.mk/mk/бале/) во режија на Никола Поповски на овогодишниот Cinedays. Краток докуменатарец направен од мала екипа професионалци. (Крале е е еден од професионалците ) Се гледаме таму
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
16 Nov 2014, 15:59 |
|
|
Крале
Џуниор Џедај
Joined: 30 Jun 2010, 00:18 Posts: 93
|
На крај некој да напише добар збор за македонските филмови.... не дека еден од нив „Бале“ е мој 19.11.2014, 17:07 ВИСТИНСКИ МАКЕДОНСКИ ФИЛМСКИ ПРАЗНИК НА „СИНЕДЕЈС“Шесте нови кратки македонски филмови изненадија со својата зрелост, луцидност и поттекст, што најчесто го носеа во себеСунчица УневскаВо рамките на фестивалот „Синедејс“ прексиноќа во киното „Фросина“ беше вистински празник, не само заради тоа што можевме да видиме шест нови кратки македонски филмови, туку и заради атмосферата, заради „ордата“ млади луѓе, заради интересирањето и преполната сала и фоаје, кои секогаш носат едно поинакво чувство. Во оваа секција насловена „МК кратки“ можевме да ги видиме: анимираниот филм „Празен ум“ на Антонио Аранѓеловиќ, познат како раперот Тонио Сан, документарниот „Бале“ на Никола Поповски, потоа психолошките драми „Жолтиот чадор за сонце“ на Ана Опачиќ и „Аудиција“ на Лавинија Софрониевска, една трагикомедија на Владимир Митревски „Шекспирова 9/1“ и драма за две жени во текот на Втората светска војна, „Враќање“ на Дина Дума. Мора да кажеме дека филмовите изненадија со својата зрелост, луцидност и поттекст, што најчесто го носеа во себе. Антонио Аранѓеловиќ го потпишува целосно сам неговиот петминутен филм „Празен ум“, во кој мошне амбициозно се занимава со црната и белата енергија, со нивниот вечен судир, но и вечен обид да се најде балансот и мирот. Инспириран од мангите, јапонските стрипови, тој во центарот на својата приказна го става самурајот кој постојано го чувствува тој предизвик на превласта на лошото над доброто и се обидува да го победи злото, за конечно да го најде сопствениот мир. Филмот првенствено е во црно-бела, што е и карактеристично за овие стрипови, но подоцна кога ќе успее да ја победи темнината се појавува боја, односно животот. За овие манги особено е и дека се многу насилни, но Аранѓеловиќ успеал да го најде балансот, во филмот е вложено многу и изгледа сосем солидно. „Бале“, пак, е потресна приказна за еден човек што живее во Брајчино, кој е слеп и чиј живот, онака како што Никола Поповски ни го пренесува, одушевува со својата топлина и растажува со својата судбината, но и со начинот на кој Бале се носи со сето тоа. Тажна приказна за едно семејство, но и неверојатна за тоа како Бале умее на свој начин да ги инспирира сите околу себе. Чудна една тишина обвиена околу него, но на моменти ја чувствувате како полна, додека Бале во целата таа тежина и несреќа, чекори низ неа, прифаќајќи ја реалноста таква каква што е. Поповски го направил овој документарец терајќи ги луѓето околу него, како своевидна рефлексија, додека зборуваат за Бале да проговорат и за себе, и за својот однос кон него, но и односот на општеството. „Бале“ е филм кој може сосем рамноправно да оди на филмските фестивали и да остави подеднакво силен впечаток со својата моќ на раскажување. Дина Дума прави една амбициозна приказна, сместена во времето на Втората светска војна, чие сценарио го потпишува заедно со Александар Русјаков. Во филмот игра голема актерска екипа предводена од: Никола Ристановски, Кристина Леловац, Ивана Павлаковиќ, Ивица Димитриевиќ и Димитрија Доксевски. Станува збор за две жени, за една италијанска актерка која ќе дојде во Македонија да ги забавува италијанските војници, но која ќе заврши трагично гравитирајќи меѓу фантазијата и реалноста, додека другата жена времето го минува чекајќи го враќањето на нејзината љубов, кој е во партизани. По играта на случајот, нивната судбина ќе биде поврзана токму преку Ангел, кој дури „и личи на ангел“. Приказната е малку претенциозна, но филмот е добро снимен, има ефектна атмосфера и камера и сосем добри улоги. „Шекспирова 9/1“ е откачена, но забавна, истовремено, трагична и комична приказна. Улогите на Кристина Леловац и Димитрија Доксевски се одлични. Интересно е дека сценариото и го потпишуваат заедно режисерот Владимир Митревски и актерот Доксевски. Една млада брачна двојка со нивниот шестгодишен син го бараат станот кој сакаат да го купат, но тука се случуваат бројни апсурдни ситуации, кои се подеднакво смешни и трагични, но зад нив стојат и неверојатни индивидуални приказни. Иако сето тоа е навидум многу откачено, има во него и некоја реална или поточно надреална нота, која му дава вкус на забава, но и на сериозност. „Жолтиот чадор за сонце“ е приказна без дијалог за крајот на детството на едно девојче, кое го минува денот со својата дадилка. Филмот на почеток делува помалку чудно со деталите на кои се задржува, не знаејќи каде води, за подоцна сите работи да си го најдат своето место. За сето тоа самата Ана Опачиќ вели, дека ова е приказна речиси без содржина, но кога ќе се навлезе малку подлабоко би можела да се почувствува една чеховска атмосфера и влијанието што на неа го извршила француската филмска школа. Додека, за дијалогот, таа вели дека сакала камерата како основно филмско средство, да зборува самата. Ана Опачиќ ги сака филмските класици, а особено Фелини, кој сметал дека немиот филм е прав филм. Но, и покрај сето ова, „Жолтиот чадор за сонце“ не е претенциозен филм, тој е едноставен и симпатичен, и многу добро успева на сликата, како што се наближува крајот, на свој начин да и даде тежина. Во „Аудиција“ на Лавинија Софрониевска имавме можност повторно да го видиме Милан Тоциновски, и би рекле дека носи една навистина посебна енергија и харизма. Тој го игра пијанистот Виктор, кој е заглавен во својот внатрешен свет и во проблемите што ги носи од детството, од кои никако не може да се ослободи. Уште поголема напнатост на сето тоа му носи тоа што тој се наоѓа на аудиција, а самото свирење е врзано со страшните сеќавања и неговиот отпор уште како дете. Но, токму тоа, токму таа потреба да излезе од средината која културно го задушува, како и неговиот талент, ќе придонесат тој да успее, како што објаснува и самиот сценарист Горјан Милошевски. Со Милошевски, кој се испроба и како филмски критичар, а пишува и многу успешни драмски текстови позборувавме и за тоа, зошто нашите кратки филмови, и кога имаат и кога немаат потенцијал, најчесто завршуваат дома. Тој на тоа вели, дека кратките филмови доживуваат фестивалски живот ако самата екипа се потруди да ги промовира надвор. Неговиот впечаток е дека во последно време, поради достапноста на филмските фестивали и информациите на интернет, се' повеќе филмови аплицираат и учествуваат на фестивали, ние сепак, би рекле дека сето тоа оди многу бавно и за жал, многу ретко. За тоа навистина пишуваме со години и факт е дека другите земји се далеку поприсутни од нас. Факт е дека фестивалите ја олеснуваат промоцијата и можат да бидат отскочна штица, како што вели и Милошевски, и токму затоа треба да сме што поприсутни, а не сме. Кога станува збор за кратките филмови, тоа дефинитивно, зависи најмногу од нас, па да се надеваме, особено со тоа што расте и нивниот квалитет, дека работите и во овој поглед набрзо подрастично и повидливо ќе се изменат.
_________________Само Чак Норис успеал да убеди баба дека не е гладен ))
|
20 Nov 2014, 21:50 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
За Сунчица имам највисоко мислење како за македонски филмски критичар
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 Nov 2014, 09:05 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 24 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|