Author |
Message |
dragonsky
Џуниор Џедај
Joined: 02 Aug 2013, 13:15 Posts: 92
|
Како иде продажбата Драгонеро ? Како што очекувате ? Подобро ? Полошо ?
|
20 Nov 2014, 19:01 |
|
|
M-comics
Надежен Луд Научник
Joined: 13 Mar 2014, 16:06 Posts: 117
|
Еве накратко... Драгонеро е стрип од кој имаме големи очекувања во таа смисла што е нов како жанр, актуелен, визуелно и сценаристички поинаков од сето она што досега сме имале можност да читаме и може да привлече нова публика. Ако се земат предвид овие карактеристики и тоа што практично за прв пат во целиот регион редовната серија се појави на македонски јазик, тогаш продажбите се под очекувањата. Од друга страна, ако го погледнеме како "алтернативен" и "нетипичен" стрип во однос на ликовите и приказната, тогаш продажбата е задоволителна, односно во рамките на она што може да се очекува од едно издание кое нема од претходно "своја" читателска публика.
|
20 Nov 2014, 20:22 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
а во превод, ќе си го терате, без да стравуваме од брзо гасење?
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 Nov 2014, 09:09 |
|
|
M-comics
Надежен Луд Научник
Joined: 13 Mar 2014, 16:06 Posts: 117
|
Секако. Претходниот коментар се однесува на првичните оценки во однос на очекувањата
|
21 Nov 2014, 10:07 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Драгонеро е закон #Загор бр.9 Наслов: „До последен здив“ Текст: Moreno Burattini Илустрација: Esposito Bros Во продажба на киосците ширум Македонија
_________________ ејм фор д бушес!
|
28 Nov 2014, 14:19 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
набавено бај д веј
_________________ ејм фор д бушес!
|
28 Nov 2014, 14:21 |
|
|
M-comics
Надежен Луд Научник
Joined: 13 Mar 2014, 16:06 Posts: 117
|
|
28 Nov 2014, 14:22 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Има некој конкурс за Драгонеро....да го нам ке го постирам...неш илустрација ово оно....
_________________ ејм фор д бушес!
|
28 Nov 2014, 14:22 |
|
|
Konan Makedon
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 00:15 Posts: 575
|
Охрид уште не е дојден новиов број...
_________________ I love the smell of fresh comics in the morning!!!
|
02 Dec 2014, 16:21 |
|
|
M-comics
Надежен Луд Научник
Joined: 13 Mar 2014, 16:06 Posts: 117
|
Благодариме за информацијата. Ќе го контактираме дистрибутерот, најверојатно е некој превид, па ќе пишеме повратен одговор
|
02 Dec 2014, 16:32 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Фиљан љуѓе испаѓате со брзиве риплајој ептен.
_________________ ејм фор д бушес!
|
02 Dec 2014, 16:35 |
|
|
M-comics
Надежен Луд Научник
Joined: 13 Mar 2014, 16:06 Posts: 117
|
Едно табче стои нон-стоп отворено на макстрип
|
02 Dec 2014, 16:40 |
|
|
M-comics
Надежен Луд Научник
Joined: 13 Mar 2014, 16:06 Posts: 117
|
За новиот Загор бр. 9 добивме информација дека во Охрид е дистрибуиран уште во петокот, но е оставен во магацинот на дистрибутерот и не е поделен. Од утре ќе го има на трафиките Уште еднаш благодариме за информацијата.
|
03 Dec 2014, 10:34 |
|
|
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
Алал вера. Ваква техничка поддршка (ич не е соодветен збороФ ама не ми текнува друК) нема на друго место.
|
03 Dec 2014, 11:39 |
|
|
M-comics
Надежен Луд Научник
Joined: 13 Mar 2014, 16:06 Posts: 117
|
|
13 Dec 2014, 10:36 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
#ДиланДог бр.5 Наслов: „Воскреснување“ Текст: Tito Faraci Илустрација: Daniele Bigliardo Во продажба на киосците ширум Македонија
_________________ ејм фор д бушес!
|
16 Dec 2014, 16:20 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
Ekselente! Uste da ne e epizodava tesko sranje. Tuku, ekipa od M-Comics, iako e rano, da se priklucam i jas kon predlogot posle oroginalniot broj 209 da napravite kvanten skok ili do epizodata "Nov zivot" (valjda #337) ili do oficijalniot nov pocetok "Spazio profondo". posto kontinuitet kaj Dilan ionaka nema pa na novite citateli ke im bide seedno sto ke citaat, a fanovite ionaka vise gi imaat ili lesno mozat da gi najdat broevite od 210 pa nataka. Da ne zboram sto ke bidete ekskluziva kako prvi vo regionot Se ova sekako ako SBE nekako ne ve koci ili ogranicuva.
|
17 Dec 2014, 00:23 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Предлог сосема на место и под(д)ржан од мојата маленкост... Само уште да е изводлив, стискаме палци за тоа.
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
17 Dec 2014, 00:41 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Редно беше некој да прокоментира и да даде поддршка за предлогот фала. Изводливо е, зошто да не, Луденс го направи тоа пред неколку години кога , за да не се дуплира. Чудно што бр.209 не го издадоа, останаа многу фанови без тој број од било која едиција - М-Комикс ќе биде прва на балканов што ќе го издаде тој број М-Комикс, го купив денес (вторник) Дилан Дог новиот број. Го кинам најлончето, го отварам стрипот и ми удри шамар една силна реа на мирис од боја. Овој проблем со силната миризба на боја го имаа и Весели Четвртак, па се поправија. Претходните 4 броја од ДД не мирисаше принтот вака на боја, зошто сега ваква негативна промена?
|
17 Dec 2014, 02:16 |
|
|
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
|
17 Dec 2014, 07:28 |
|
|
M-comics
Надежен Луд Научник
Joined: 13 Mar 2014, 16:06 Posts: 117
|
Предлозите се на место, особено што има пример во регионот за издавач кој пресконал цели 90 броја од ДД (од 208 на 300). Како и да е, Луденс продолжи со издавање на броевите од редовната серија и после 208, вклучувајќи го и бројот 209, но во рамките на едицијата Луденс Екстра и најверојатно ќе ја прекине кога ќе стигне до 299. Претпоставуваме дека луѓето од Панини и Бонели имаат своја политика во однос на нумерациите на сите серии на Балканот и внимаваат на тековните изданија токму поради различните периоди на отпочнување со издавањето во пооделни земји. Овој аргумент колку и да изгледа ограничувачки ние го гледаме како шанса да со тек на време и македонските изданија на некој начин се доближат до сериите во регионот и до оригиналната серија во Италија и веруваме дека порано или подоцна тоа ќе се случи.
|
17 Dec 2014, 10:41 |
|
|
M-comics
Надежен Луд Научник
Joined: 13 Mar 2014, 16:06 Posts: 117
|
Да ја споделиме и на форумов најaвата за 2015-та година Голема благодарност за поддршката до сите форумџии. Драги пријатели, Месец по месец, стрип по стрип, полека изминува и оваа 2014-та година. И како што е ред, на крајот на секоја година се навраќаме на она што е сработено во текот на годината, но и правиме планови за идната година. Во 2014-та, почнувајќи од 17-ти март, објавени се 18 стрип изданија од сериите од стрипови "Загор", "Дилан Дог", "Магичен Ветер" и "Драгонеро". Во оваа прилика би сакале да Ви се заблагодариме за Вашата поддршка и вниманието со кое се проследени сите наши изданија, а истовремено и да ги најавиме изданијата за следната година. Според издавачкиот план за 2015-та година, во месец јануари започнуваме со третиот број од стрип серијата "Драгонеро" и десеттиот број од стрип серијата "Загор", а во месец февруари следува шестиот број од стрип серијата "Дилан Дог". Исто така, би сакале да Ве известиме дека, почнувајќи од 2015-та година, ќе има промени на периодот на излегување кај редовните сериите "Загор" и "Дилан Дог", односно, и двете серии ќе излегуваат со ритам од месец и половина, се надеваме на задоволство на сите, додека стрипот "Драгонеро" останува на двомесечен ритам.
|
24 Dec 2014, 12:28 |
|
|
Kakarot
Џуниор Џедај
Joined: 19 Dec 2013, 16:42 Posts: 19
|
А дали Магичен Ветер ќе продолжи да искача ?
|
24 Dec 2014, 13:20 |
|
|
M-comics
Надежен Луд Научник
Joined: 13 Mar 2014, 16:06 Posts: 117
|
Да, Магичен е изоставен од најавата затоа што во овој момент се уште не сме одлучиле кога ќе продолжи со издавање и пред се во кој формат, дали повторно како редовна серија или повеќе епизоди заедно
|
24 Dec 2014, 13:43 |
|
|
Konan Makedon
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 00:15 Posts: 575
|
Само терајте напред... в година добиваме 8 броја од ДД.
_________________ I love the smell of fresh comics in the morning!!!
|
24 Dec 2014, 17:27 |
|
|