|
|
It is currently 18 Dec 2024, 13:42
|
Author |
Message |
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
За разлика од лани кога сочно коментирав во и за темава овој пат ќе се воздржам од коментари. Беспредметни се вакви дискусии, се додека не се делува соодветно (а кажано е многу пати, што и како треба да се направи) ова ќе се повторува секоја наредна година. За жал операторот и комапнија го знаат тоа и едноставно си ја користат таквата би рекол “стутус кво„ ситуација. Идејата за архива, принт скрин на пишаното и сл е убава и корисна ама сепак без поента ако не е насочена кон заштита. И за крај имаме здружение преку кое целава приказна може да се дигне на едно повисоко ниво се разбира ако се има дозвола и од авторите чии дела се искористени без нивна дозвола.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
22 Oct 2013, 21:59 |
|
|
Баш Челик
Суперхерој Под Стечај
Joined: 02 Mar 2009, 01:59 Posts: 452
|
Кај е талентот Џокшун такозвани Џексон?! И кој нови автори од Македонија шо се заинтересирале жити се?! Колку шо знам скоро сите го бојкотирет фестивалов, лани двајца автори се побунија, дури и лично и ојдоа таму, па дури и ги известија нивниве... финансиери (не дека помогна )! Не чекајте ко лани после недела дена да се буните, на крај краева ваши табли се, Мичо распали таму се не дозвољавај да ти се курчет со твој труд!!! А министеркава нека ојт и нека меша ајвар... единствен град кој негувал стрип жими к@#*в!
|
22 Oct 2013, 22:51 |
|
|
dare_sum
Сеирџикус Максимус
Joined: 24 Jan 2009, 16:35 Posts: 5116
|
Џокшун за лани им беше. Со оглед на то лани дека прекопиран стрип кладоја ова година дури и поарни се, барем оригинални беа цртежите. Морони.
_________________ http://darkoristevski.blogspot.com/
|
23 Oct 2013, 01:52 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
А Џокшун цела година не ископира уш еден стрип? Нели ќе инвестираа во него, талент беше и сл.
|
23 Oct 2013, 01:59 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
jokshun e vo image comics zaposlen. d srkl is komplit. d aprentis hes bikam a master+ na stomatologija se zapisha.....
sarkazam sho bi rekli.
_________________ ејм фор д бушес!
|
23 Oct 2013, 08:58 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
si me iznasmeal dasiibish.....
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
23 Oct 2013, 13:18 |
|
|
Skywalker
|
Кучињата лаат, караванот си врви...
|
29 Oct 2013, 03:42 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Ви сеа Скај....не си во право...
Прво темава е СЦВ и нормално ок е да се збора или дебатита или вотевр. МАлверзаци и слично евидентно дека има и пошто ги ставаме на увид најнормално е сите да коментират инаку шо куроми сме ги ставале. ЈАс годинава не ни планираф да се мешам-ама ете,не можеше да си помини така....
Ти сериозно мислиш дека треба да се опиши тука онака убо со фотки евентуален потег кој треба да се напрај? Мислиш дека е тешко да најмиш адвокат на кој ќе му го пријавиш случајот па ќе му опниш полномошно и како беше, по 3-4000 денари од рочиште и да се прцка 3-4 пати до ВЕлес во рок од година дена? И дека нема да се добие случајоф?
Мислиш дека е тешко на основа на сите работи досеа да ги штавиме ова несреќиве за еден тоар пари врз основа на крадење? Мислиш дека не му е стегнат сеа шупако-шајка да голтнат шесметри жица ќе излези?
Ако сметаш дека ништо не се прај-се лажиш.
А на то кучиња и каравани ќе ја додајш и старата чешма кај шо од дистанца мој се да се коментира.
_________________ ејм фор д бушес!
|
29 Oct 2013, 08:15 |
|
|
Skywalker
|
Целта ми беше само да ја искористам оваа стара поговорка да не пишувам долги коментари. Не мислев никого да навредам или да омаловажам нечие залагање итн. Јас кажувам од гледна точка на еден обичен човек. Мене ми пречи што одредена група луѓе, во името на својата организација ставаат додавка На Македонија и се групираат како носители на оваа култура кај нас. Некој обичен читател на весник, гледач на ТВ, ќе си рече, да, овие се единствени, колку убави и посетени манифестации имаат, ете, ги видовме министерката и градоначалникот, убаво, се труди некој и за таа дефицитарна дејност наречена стрип. Знаејќи дека секој поединец става свој удел во општеството, и целото денешно општество нѝ е огледало на оваа организација и овој начин на работа. Судските лавиринти ми се познати, јас дури можам ќе ги избегнувам, знаејќи ја цената и маката да се излезе на крај во одреден случај. Не мора така. Како што прават политичките партии, нека излезат претставници на Макстрипови, Визант, други здруженија (ако ги има), кои се регистрирани, и нека дадат демант. Нека речат дека министерката згрешила во својата изјава дека е Велес најстриповски град кај нас. Ако е таа неиформирана за случувањата на стрип сцената, нека дознае. Нека ѝ се претстави овој форум, манифестациите, изложбите, учествата, проектите, работилниците, авторите, кој е, како е, каде е. Нека добие вистински информации, бидејќи очигледно е дека е лошо информирана. Нека излезат измамените автори, оштетените, нека се каже дека многу автори странски не дошле поради лоша организација во Велес. Или истите новинари кои ги објавиле вестите за Салонот во Велес, најдете ги и праќајте им редовни информации за активностите овде, за работилници, за изданија итн. Овде зборуваме, дебатираме, ама не излегува ова до Е. Канческа Милевска, нити до некој вработен во МК, некој чинител, близок до министерството, некој кој би можел да делува. А ако вие немате, при толку успеси, проекти, работни места, позиции, некој кој може да ви овозможи влез, настап, или било што, тогаш не гледам кој има. Нечиста е борбата, играјте и вие така, односно бидете погруби. Твои дела по вторпат така објавуваат, ете сега како имале некоја клаузула која не била добро протолкувана и можеле да се заштитат. Заслугата си ја понесе СЦВ, како и да речеме. А не е така, и ми е многу жал. Изминативе години си создаваа рејтинг, никој не се бунеше, само се повлекуваше од учество, или не се изјаснил доволно јавно за да падне дамка на нивната работа. Тоа им е ним храна, само им годи. Одат напред. Добиваат средства а резултати нема, ние сме на маргините, и географски, и секако - најдолу, не само за стрип, ама е сега тоа темата. Затоа реков така, накратко, секоја година некој се откажува од фестивалот, некој изнесува докази за неправилности, ќе помине време, на следното издание тие се уште посмели, еве што прават. Мислам дека во овој момент со каков и да е проект да излезат пред министерство, ќе добијат средства. Јас сум поборник за правдината, на страната сум на авторите, на вистинската стрип сцена, а не на некоја квази-административна тн. стрип сцена. Затоа ми е жал што некој аналфабет за стрип ги зема парите наменети за творците и глуми стрип-месија во државава. А како што нѝ е летаргично општествово, кај нас се' минува, без прашање или отчет.
|
30 Oct 2013, 14:53 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Прво-како бе не ти е мака толку да пишиш,Ацика еден. Друго -во право си начелно......проблемо најголем е шо сме фер играчи.....да бефне лајнари-најмалку ке јадеја тупајнци,посебно беќаро.Ама ко луѓе шо не поддржуваме насилство и неферплеј-осве н во срипој ќе ојме на линија на поштено и чоечки. Битно е да престанат да крадат,а не само да бидат искарани. Нека си седат таму во Велес и нека си прат тоа братство единство и нека не се мешат кај шо не ги барат нити пак се разбират од шо и да е..... ИНформаците се пратени кај шо треба-е сеа кој се омрсва од вакви пиратски организаци-ќе покажи времето. Инаку куриозитет-со то шо го организирале то 3 дена во Велес и една вечер во СКопје се заокружиле активностите за годинава во замене ПЦВ (пиратскијот центар велес)
_________________ ејм фор д бушес!
|
30 Oct 2013, 16:23 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Допис до министерството за култура брзо после последнијот настан....со крадењето шо беше.... Има и одговор....ама натенане то.... Како и да е-на 6 јануари во понеделнико (пред Божиќ) представнико на Стрип Центаро проба да ја избриши темава т.е проба да менва чоеко постови и слично тука,ама случајно беше забележан и спречен (шо е тро глупо пошто има бекап)....то е....неклавам принтскриној мака ми је...а и не е битно сеа Едит: Ево и принтскрин да си биди се црно на бело....
_________________ ејм фор д бушес!
|
11 Jan 2014, 14:09 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Убаво, беа предупредени неколку пати, си продолжија бесрамно да го повторуваат делото - крадење и злоупотреба на туѓи стрипови, и се надевам ќе си го најдат она што си го посеале... Неодамна давав интервју каде што ги посочив СЦВ за нивното (не) работење, а гледам и другиве автори се повеќе кажуваат за ова јавно, така да, кога тогаш, ова ќе си роди плод. А тоа што претставникот на СЦВ пробувал да изиграва хакер, говори уште повеќе за нивната несериозност. Јас лично ќе бидам задоволен само ако оваа ткн. "институција", еднаш засекогаш престане да добива средства за брукање на стрип културата во Македонија.
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
11 Jan 2014, 17:19 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Dokumentite i bea predadeni licno na ministerkata.
_________________ ејм фор д бушес!
|
11 Jan 2014, 18:05 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Нека стој и овде за архива чисто како линк viewtopic.php?f=13&t=3691&start=50 .... уште еден обид на СЦВ да го воздигне стрипот кај нас до невидени височини. Темава изобилува со документирани примери од нивната неуморна промоција пред и се на македонскиот стрип....
_________________ ејм фор д бушес!
|
23 Mar 2014, 17:39 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
ништо ново, секоја година бессрамни злоупотреби
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
24 Mar 2014, 08:36 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
28 Mar 2014, 12:10 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Ajde mozda ke mrdni malku rabotata tro po tro....pa nema da vrvat ko dosega shupcive....a deka nenamerno beshe odSCV nemozhi nikoj da me ubedi....
_________________ ејм фор д бушес!
|
28 Mar 2014, 14:31 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Ке биди на маргините пошто кљакачи ко тебе 15 години цицат пари за куроздравје...сите шо ги наброј сами си изваја стрипој... Стрип оператор...греој. Хепи брдеј фром ми.
_________________ ејм фор д бушес!
|
03 Dec 2014, 14:27 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Znaci ovoj Tomce kaj zivee i koja zemja ja pretstavuva? Albanija..? Mnogu saka da se prikazuva sebesi kako "strip operator", na "Strip Centarot na Makedonija", ama izgleda ne gleda podaleku od svojot nos... Pa dobro be majku mu, koga, vo Makedonija (ever) izlegle poveke stripovi od domasni avtori vo edna godina od ovaa 2014??? Aj da gi nabroime: strip albumi: 1. "Vojdan" (Dimano) 2. "Razlicni Svetovi" (Temkov) 3. "Kopilj" (Dacev) 4. "Mrak, Humor, Tisina" (Bogdanov/Kocevski) ovoj mesec ke izlezat: 1. "Cuvarite na vecnata svetlina" (Jovchevski) 2. "Ajvarmen" (Dramikanin/ grupa avtori) strip spisanija, magazini, fanzini itn: 1. "Sindrom" 8 + "Sindrom Jr" (grupa avtori) 2. "Personal Futurism" (grupa avtori) 3. "Strip Kreator" 18 i 19 (SCV) Izdavackata kukja "Komik Brew" od ovaa godina na internet pocna da objavuva stripovi od domasni avtori... celi stranici, ne kaisi Da ne gi spomnuvam "M-Komiks", kolku stripovi izdadoa, ama ete toa se licencirani stranski prevedeni stripovi, i mozebi ne spagjaat tuka... Ama pocnaa da izleguvaat godinava, i toa na makedonski jazik... Ili, za "operatorot" Tomce, domasen strip e samo ako e izdaden od SCV??? Pak ke prasam: TOMCE KAJ ZIVEE???
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
03 Dec 2014, 19:46 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Искрено, многу ми е криво што не продолжи успешната соработка на Ацика со Томаки. Едниот ќе си вадеше стрипови од Шеесетите со најдобриот јунак на Балканот, Земјата, Унивезумот и општините Велес, Чашка, Градско и нормално - Прилеп. И следната година, со помош на другарчето, како додаток на Стрип Креатор, ќе извадеше ДВА нови ( Ново! Поново! Најново!) броеви со ДвоцеФката. Третата година, пак ќе идеше репринт на оние стрипови од првата заедничка успешна година (Ќе идат како Специјално Издание бидејки за нив ќе бидат земени пари од државата...) Четвртата година сите заедно, во ќесичка (3 за 120 денари) ќе се продаваат оние броеви што се вратени од кај лошите теткици од трафиките.... Другиот пак, уште веднаш ќе доделеше „Прв успешен млад македонски издавач“ награда на Топол Црв, која ќе стане традиционална следната година. Втората година ќе му додели (не толку позната) награда „Мултиетничкиот мост на збратимените браќа Македонци и Навахо Индијанци, граден преку ликот и делото на Загор“ за која ќе се додели статуетка ( Загор врз кромид, како неуспешен проект на Владата за споменик со иста форма во десет пати подолема димензија во Прилеп), и која ќе стане исто така традиционална. Третата година е веќе Јубилејна! Го викаат Фери, и автоматски го прогласуваат „Надежен млад Стрип Цртач“ (бидејки претходно внукот на сестрата на вториот братучед го прецртувал оној бројот издаден од Топол Црв првата година, и му доделиле прва награда, ма никој не приметил дека тоа е веќе нацртано, а воедно не биле сигурни дали ќе дојде Фери, па вака - со еден удар, две муви...и го прекриваат срамот) Почнува силна соработка со Италија, Македонија и Беназир Буто* и нивната силна мулитетничка, мултирасна, мултиколорна и мултимулти иднина со веќе спремени идеи за цицање на пари од Министерствто за Култура за идната година. Ах, тоа ќе беа времиња... Македонскиот Стрип ќе се вивнеше во височините, а не вака, да остане во маргините. * (за која дури по завршување на Јубилејниот Саем дознаваат дека извршен атентат во далечнта 2007 година и дека целата коресподенција со e-mailot бил од некој нигеријски средношколец кој бил провоциран и изнервиран, бидејки на неговите chain-fraud писма му било возвраќано постојано со „Hello“ и со „Happy Birthday“...)
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
03 Dec 2014, 21:29 |
|
|
Darbog Darkmore
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 21:06 Posts: 1308 Location: Vinica,Makedonija
::
|
|
03 Dec 2014, 22:25 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
|
04 Dec 2014, 00:50 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
04 Dec 2014, 01:26 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
кај е ефектот од нивната 20 годишна работа и цицање државни пари на име стрип? годишно - еден магазин, и тој со крадени работи? смешно... ма трагично, не е ни смешно
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
04 Dec 2014, 09:49 |
|
|
V.O.L.
Џуниор Џедај
Joined: 05 Jan 2011, 17:26 Posts: 23
|
|
04 Dec 2014, 22:13 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 27 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|