|
|
It is currently 18 Dec 2024, 09:53
|
Author |
Message |
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
^ znae sto e film i iskreno pisuva, sto e mnogu vazno...
|
23 Nov 2014, 02:45 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Ако не сте го ѕирнале, препорака да го раскликате официјалниот сајт на Милчо Манчевски. Ептен педантно среден вебсајт: http://manchevski.com/
|
23 Dec 2014, 23:18 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Почитувани публикуме,
од Кирил Ценевски ("Црно Семе") е филм за кој до пред извесно време немаше никаква снимка да се најде било каде по интернетиве наши. За среќа го давале на НАША ТВ пред некое време, а некој фин дечко го снимил стримот од web.maxtv.mk и го поставил на youTube и на тракермк. Квалитетот е таков каков што е, битно може да се изгледа филмот.
Еве коментар за филмот, од Јане Алтипармаков:
„Јад“, второто долгометражно остварување на Ценевски и неговата повторна соработка со Дамески, е филм со епски димензии. Одејќи уште повеќе во минатото, расчленувајќи и прикажувајќи многу специфичен период од нашата историја, судирот на христијанството и паганските обичаи, феудалниот византиски јарем и непокорот на словенските фамилии, корените на богомилското учење, личните превирања на напуштените и ослепени Самуилови војници, Ценевски и Дамески ни оставаат во аманет уметничко дело од највисок ранг. Истовремено и филозофско-религиозен трактат, психодрама, етноисториографски документ од непроценлива важност. Со други зборови, „Јад“ е нашиот, за жал, подзаборавен Андреј Рубљов или Бери Линдон, посматрано од поширок ракурс. Историски еп што не може целосно да се претстави со зборови. Нешто што треба директно да се доживее во медитативната темнина на киносалата. Единственото место во кое се судирате со своите перцепции, и тоа испровоцирани од нечии туѓи замисли.
|
04 Jan 2015, 23:06 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
|
27 Jan 2015, 01:09 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Фантастично, четиричасовно интервју со Милчо Манчевски на Канал 103 во хорор-емисијата . Разговор за буквално се', од неговите филмски почетоци, преку десетици прашања и муабети за сите негови филмови, за музичките спотови што ги работел, за можни идни проекти, за хоророт како жанр, омилени негови филмови и хорор филмови итн итн итн. Вчера уживав до 4 наутро. А со Златко сме правеле муабети за неговите филмови, па ко да знаеше што би ме интересирало да слушнам во интервјуво, буквално се' што сакав да го праша - го праша. Danse Macabre (224 Izdanie) Milcho Mancevski 25.03.2015 - стрим: https://www.mixcloud.com/danse-macabre/ ... -25032015/Danse Macabre (224 Izdanie) Milcho Mancevski 25.03.2015.mp3 - download - 331.9 MB: http://goo.gl/iUCblW
Last edited by Neo on 26 Mar 2015, 02:03, edited 1 time in total.
|
26 Mar 2015, 00:04 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Ќе се „ѕирне“, фала.
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
26 Mar 2015, 00:11 |
|
|
Viktorrr
Суперхерој Под Стечај
Joined: 29 Mar 2013, 03:08 Posts: 373 Location: Кичево
|
Фала Нео за убавото интервју
|
26 Mar 2015, 05:01 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
"Медена ноќ" - политички трилер од Иво Трајков :
|
15 Apr 2015, 23:16 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Се појави HD верзија од "Тетовирање" пред неколку месеци, кој сака нека си спушти копија со некој YouTube downloader, може да ја тргнат. Ова е најверојатно рипувано од box-set-от на Столе Попов кој излезе пред неколку години: http://stolepopov.com/dvd-digitally-remastered-films/Еве ја копијата: А еве и еден мини-документарец за филмот, од 2007ма, кој досега не знаев ни дека постои:
|
19 Apr 2015, 00:32 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
За почитувачите на ликот и делото на Милчо Манчевски, на следниве линкови може да си симнете дигитални ПДФ примероци од две монографии и тоа: - најновата монографија "Манчевски", од 2015, во која е опфатена цела негова кариера, доби втора награда за најоригинално издание на изминатиот саем на книгата: МКД : http://manchevski.com/monografija/ENG : http://manchevski.com/monograph-2/- монографијата , со текстови од светска штампа за Пред Дождот, издадена во 2004 по повод 10 годишнината од премиерата на филмот: http://manchevski.com/filmography/befor ... ooks/rain/
|
03 Jun 2015, 06:04 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Manchevski ili go obozavas, ili ne mozes da go smislis, treto nema... A deka si ja znae rabotata, i toa ne e nisto novo: https://vimeo.com/129965546
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
08 Jun 2015, 14:03 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
|
06 Jul 2015, 22:35 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Едвај чекам Вардан Тозија да работи на долгометражен проект. Уживајте во неговиот краток хорор филм "Еден", во главната улога е Никола Ристановски: http://www.imdb.com/title/tt2061766/http://www.filmfund.gov.mk/Movies/2009/One/?lang=mk
|
28 Jul 2015, 01:28 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
|
30 Jul 2015, 23:53 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Парадоксална драма во која двајца старци се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село. Ова е главната линија на „Борба за смрт“, новиот македонски краткометражен филм, кој ќе почне да се снима на први август во мариовското село Кален. Сценариото и режијата се на младата и наградувана македонска филмска авторка Елеонора Венинова, која вели дека приказната за ова остварување е инспирирана од лична приказна поврзана со нејзиниот дедо. – Тој во последните години од животот инсистираше да си купи гробно место уште додека е жив и тоа во одбран дел од гробиштата. Тоа, во комбинација со реалноста на живеењето во изумрените македонски села, каде неколкуте останати дедовци и бабички живеат сосема сами и осамени, ме натера да размислувам што ќе се случи ако на некој таков човек кој животот го свел на исчекување на смртта, одеднаш некој му го уништи планот за умирачка – вели Венинова и додава дека затоа, нејзиниот нов филм „Борба за смрт“ е драма која во самата суштина е парадоксална, како што е и впрочем и живеењето во Македонија. Во улогата на двајцата дедовци се актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски. Обата лика се убедени дека гробното место помеѓу гробовите на нивните најблиски е нивно и никој не сака да попушти, па одлучуваат да останат покрај гробот додека еден од нив не умре. „Борба за смрт“ се реализира во продукција на „ДНФ филмс“, продуцент е Гоце Кралевски, директор на фотографија е Димо Попов. – Се радувам што ќе работам со Венинова, која е млада и талентирана филмска авторка, но и со членовите на целата екипа, составена од различни генерации кои ги обединува страста кон филмот. Очекувам да реализираме вредно филмско македонско дело – вели продуцентот Кралевски. Сценариото за филмот учестуваше на неколку работилници за развој на кратки филмови во Литванија, Романија и во Грција. Минатата година освои и награда за најдобро сценарио на „Драма пичинг лаб“, работилница која се одржува во рамките на Интернационалниот фестивал за краток филм во Драма, Грција. „Борба за смрт“ го финансира Агенција за филм на Република Македонија, а поддржан е и од телевизја „Канал 5“. http://www.time.mk/c/da849aa597/borba-z ... inova.html
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
31 Jul 2015, 15:16 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Убави вести и за Тозија и за Кралевски
|
05 Aug 2015, 13:58 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Tрејлер за новиот филм на Светозар Ристoвски, "Лазар":
|
19 Sep 2015, 03:30 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
dragi prijateli, srdecno ve pokanuvam vo petok 25ti septemvri od 19h na svetskata premiera na "Deteto vo svetot", mojot prv dolgometrazen dokumentaren film. trejlerot moze da go vidite ovde: kje mi bide milo dokolku se vidime tamu p.s. kje napravam kopipejst na postov i vo dokumentaren film.
|
21 Sep 2015, 12:13 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
А на која локација?
/ЕДИТ: Видов на СуратТефтеро = во Битола, најверојатно на Манаки Филм Фестивалот....
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
21 Sep 2015, 13:44 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
Bitola da, specijalna proekcija na Manaki, vo petok od 19h Vo teatarO
|
21 Sep 2015, 14:35 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Три Дена Во Септември е солидна инди трилер-драма каква сме немале и донесува свежина во македонската кинематографија каква што фалеше. Даријан Пејовски е на режија, негов деби долгометражен филм, завршил одлична работа. Да го гледате по можност во кино, заслужува поддршка. http://www.imdb.com/title/tt3990720/
|
01 Dec 2015, 22:57 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Soon.. AMOK a.k.a. ЏГАНhttps://www.facebook.com/amokakadzgan/?fref=tsCrime, Drama A cruel chain of events turns an introvert boy from a desolated adoption Center into a ruthless leader of a group of angry youngsters with nothing to lose. http://www.imdb.com/title/tt5337986/?ref_=fn_al_tt_4
|
19 Feb 2016, 00:54 |
|
|
Knife
Џуниор Џедај
Joined: 13 Oct 2012, 16:37 Posts: 18
|
Има некоја инфо за премиера на нов македонски филм? Во главно ми се свиѓа нашата кинематографија и досега од Соба со пијано навака се што излезе у кино сум го испоштувал. А и постариве ги гледам кога најдам снимка. Лазар и Сведок на Панов колку време веќе се во постпродукција, требаше одамна да имаат премиера.
|
13 Mar 2016, 15:57 |
|
|
Knife
Џуниор Џедај
Joined: 13 Oct 2012, 16:37 Posts: 18
|
Инаку гледам немате многу кажано за ланските премиери. Мислам дека доста добра беше 2015 за македонскиот филм.
Го добивме Медена ноќ на Иво Трајков, за мене одличен филм по сите параметри, сценарио, кастинг, Никола Ристановски докажува дека моментално е најдобриот глумец и веројатно еден од најдобрите во целата мак. кинематографија покрај великаните Шишков, Прличко, Џувалековски.. Верица Недеска исто така покажа актерска зрелост, целиот начин на снимање на Трајков бонбона. Да не фалам ептен али еден од најдобрите македонски филмови. За жал помина тихо, покрај немање саглам рекламација.
Три дена во септември - првенчето на Пејовски, беше изненадувањето на годината. Ако Трајков се очекуваше да направи добар филм, кај Пејовски искрено не очекував ништо, баш поради фактот дека дебитира. Интересна прича, напишана со Изи, добра камера, фотографија нема што да правиме муабет, мислам ако има нешто што го обожавам во македонската кинематографија тоа е фотографијата. Имаме феноменални мајстори од таа сфера. Ирена Ристиќ и Тоциновски исто беа солидни, а Милица Стојановска - царица, со една сцена го краде цел филм.
Е сега не знам за Лазар на Свето, ама колку што прочитав критика од типот што водеше Филмополис, филмот бил доста добар. Ако има некој што го гледал на Манаки, молам за рецензија, што-како е филмот. Ептен сакам да го гледам, што поради екипата, Лилиќ, Тони, Наташа, Навојец од Луд је*е збуњеног, што поради Свето што направи одлична работа со првенецот Илузија.
Единствен промашај беше Збор (Чекајќи ги парите) на Деспотовски. Не знам само кој му дава на човеков пари, па и уште 30 милиони доби за епски спектакл за Александар Мачедоне. Алоо, денар не треба да добие. Одмазда (Освета) му го немам гледано, али новиот му беше катастрофа, приказната комотно можела да се сведе на краткометражен од 10 минути, освен одредени кадри од пејзажи, Козјак или која брана и да беше и Диме Илиев што си одлично глуми, другото е без везе.
И уште еден имаше Каде се парите, ама овој и онака беше аматерски, без буџет, без хонорари, па и не ме изненади што беше катастрофален.
|
13 Mar 2016, 17:24 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
ЈАс го барам до БАлчак да си го купам-пошо го немам гледано....пошто помина година и кусур на двд...ама од филмо нема ни траг ни глас....
_________________ ејм фор д бушес!
|
13 Mar 2016, 19:23 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 11 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|