|
|
It is currently 18 Dec 2024, 15:21
|
Стрип книжарница Бункер - Скопје
Author |
Message |
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
Покаж'вањето на вакви слики е закана за срцевиот мускул и за крвниот притисок...
|
15 Dec 2015, 18:03 |
|
|
jolll
Суперхерој Под Стечај
Joined: 28 Jul 2011, 20:44 Posts: 349
|
|
17 Dec 2015, 14:55 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Blacksad интеграл 2 ако може на страна за мене еден примерок. Ќе дојдам утре. Фала ви
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
17 Dec 2015, 15:12 |
|
|
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
Скролам, скролам, скролам со тркалцето од маусот и крај нема(ше)...
|
17 Dec 2015, 15:25 |
|
|
jolll
Суперхерој Под Стечај
Joined: 28 Jul 2011, 20:44 Posts: 349
|
|
17 Dec 2015, 16:08 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Bunker caroj....robata denes stigna
_________________ ејм фор д бушес!
|
17 Dec 2015, 18:31 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
|
17 Dec 2015, 19:39 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
^ Ако истите се повеќенаменски искористени (на пример, ко Загор на Прилепски базен или 3-за-1 во ќесенце!), тогаш се дури и економски исплатливи.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
17 Dec 2015, 20:04 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
шо е работава со Блексад, два интеграли имат излезено? Макондо и Белипут?
|
18 Dec 2015, 00:01 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
Се работи за ист стрип, само што имаат направено две насловни, една како продолжение на интегралите од Бели пут и една (во помал тираж) за Макондо. Овие два издавача соработуваат заедно и на доста други проекти.
|
18 Dec 2015, 09:44 |
|
|
jolll
Суперхерој Под Стечај
Joined: 28 Jul 2011, 20:44 Posts: 349
|
Новиот Дилан е во Бункер
|
18 Dec 2015, 11:54 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
Конечно искочи и првата книга од Хрониките на Конан во издание на Дарквуд. Со ова се поврзуваат првите 4 дела од овој стрип-серијал. Како и секогаш, книгата број 1 ќе може да се набави со 30% попуст во првите два месеца (редовната цена е 1900 ден., додека промотивната цена во првите два месеца ќе биде 1330 ден.). За време на новогодишните празници ќе биде намалена за 30% и цената на останатите 3 книги. Исто така овој попуст ќе важи и за сите книги од серијалот Дивљи мач Симерије од овој јунак кои ги имаме на лагер (во моментов тоа се броевите 4,8 и 9). Поминете убави празници во друштво со Варваринот
|
18 Dec 2015, 17:17 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
|
18 Dec 2015, 18:24 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
^ Само да провериме каква е ситуацијата со Блексад утре и ќе ти јавиме. За другото нема проблем, сметај го како тргнато на страна Старе Фуруне ми беше едно од најисчекуваните изданија од оваа тура Благодариме
|
20 Dec 2015, 20:34 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
Анти-воен стрип класик од Тарди! 132 стр., црно бело, тврд повез, А4 формат. Редовна цена: 1050 ден. Празнична цена: 790 ден.
|
20 Dec 2015, 20:53 |
|
|
jolll
Суперхерој Под Стечај
Joined: 28 Jul 2011, 20:44 Posts: 349
|
Како и секогаш, промотивните цени на новите изданија на Дарквуд ќе важат во првите два месеца Редовна/промотивна цена - Конан хронике 1- 1900 / 1330 ден. - Црна орхидеја- 1290/1090 ден. - Сендмен бр.9- 1450/1250 ден. - Град греха бр.7- 1150/990 ден. - Мебиус, The long tomorrow- 650/550ден. - Колекционер- 1450/1250 ден. - Валентина бр.2- 1290/1090 ден. - Локот и клуч бр.5 меко укоричен- 800/650 ден. - Локот и клуч бр.5 тврдо укоричен- 1000/800 ден. - Створење из мочваре бр.3- 1390/1190 ден - Мињони бр.1 меко укоричен- 390/340 ден. - Мињони бр.1 тврдо укоричен- 800/650 ден. - Марсупилами, бр.3, меко укоричен- 390/340 ден. - Марсупилами, бр.3, тврдо укоричен- 800/670 ден. - Јулија бр.41- 200/180 ден. - Наруто бр.11- 220/190 ден.
|
23 Dec 2015, 12:15 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
Бункер препорака!!! Quai d'Orsay е оригиналниот наслов на овој стрип. Тоа е кеј на левиот брег на Сена на кој се наоѓа седиштето на француската дипломатија, така што и самото Министерство за надворешни работи го нарекуваат по него. Младиот и неискусен Arthur Vlaminck добива понуда (лично од хиперактивниот и енергичен министер Alexandre Taillard de Vorms) да биде советник за пишување говори. Tука започнува авантурата... Што се случува зад затворените врати на француската бирократија? Во каков хаос функционира самото министерство? Какви се односите меѓу големите сили? Со каков авион лета Претседателот, а со каков министерот? Зошто во дипломатијата се многу важни убаво светнатите чевли? Сето тоа (и многу други пикантерии од репертоарот на врвните светски политичари ) станува дел од секојдневната рутина на Arthur Vlaminck. Низ стрипот дефилираат многу познати фаци од светската политичка сцена. Еден од авторите, Antonin Baudry (псевдоним Abel Lanzac), бил технички советник и директор за меѓународни културни односи на поранешниот француски премиер Dominique de Villepin. Човекот очигледно располага со еден куп инсајдерски информации за политичкиот живот во Франција, што му дава на ова четиво автентичен шмек Вториот дел во овој мини интеграл од Фибра ја понесе наградата за најдобар албум во 2013. на еден од најголемите светски стрип-фестивали во Ангулем, Франција. Супердуховито напишано и одлично нацртано. Од нас- чиста десетка Привју: http://www.fibra.hr/preview/Diplomatske ... review.pdfФибра, 216 стр., во боја, 215 х 280 мм, тврд повез. Редовна цена: 1990 ден. Празнична цена: 1690 ден.
|
23 Dec 2015, 21:00 |
|
|
vaci
Ултимејт Резервист
Joined: 23 Mar 2011, 13:10 Posts: 622
|
Ленс е еден од најголемите стрип-вестерни на сите времиња. Своевремено на овие простори искачаше во Екс Алманах, Зенит и Стрип Арт. Се работи за безвременски класик на новинскиот стрип, кој излегувал во периодот од 1955 до 1960 год., отпрвин во неделен, а подоцна и во дневен ритам. Планот на Макондо е во 4 интеграла да ги опфати и неделното и дневното издание. Таблите се реставрирани од страна на Португалецот Мануел Калдас, еден од најпознатите стрип-реставратори на светот. Ворен Тафтс го нарекувале "Фостер на вестернот", додека Ленс го носел називот "Ролс Ројс на вестернот" Поголема препорака не е потребна Поглед внатре https://www.dropbox.com/s/04irrrol3tgfl ... 1.pdf?dl=0https://www.dropbox.com/s/gwst1xegoap4g ... 2.pdf?dl=0https://www.dropbox.com/s/m3m1iuctwf54r ... 1.pdf?dl=0https://www.dropbox.com/s/7r0gju0cfutaf ... 1.pdf?dl=0Ленс, книга 1, 80 стр., книга 2, 96 стр., во боја, 320 х 240 мм., тврд повез. Редовна цена од стрип: 990 ден. Празнична цена: 890 ден.
|
24 Dec 2015, 19:23 |
|
|
jolll
Суперхерој Под Стечај
Joined: 28 Jul 2011, 20:44 Posts: 349
|
Еве нека си стои и овде
|
25 Dec 2015, 19:49 |
|
|
jolll
Суперхерој Под Стечај
Joined: 28 Jul 2011, 20:44 Posts: 349
|
Црна Орхидеја, Нил Гејмен/Дејв Мекин Првата сцена во овој крајно необичен стрип е шокантна. На состанок на синдикатот на криминалци раскринкана е и веднаш егзекутирана суперхероината- виолетова летачка жена, самата нарекувајќи се по цветот што не постои- Црна Орхидеја. Во оргинална нарација што смело ги крши сите правила на херојскиот жанр неочекувано се појавува нова Црна Орхидеја, која во виолетов костум со крилја, лета во потрагата по сопствениот идентитет. Нашата јунакиња со двојна билно/човечка природа, е мистерија налик на сложувалка преполна со тајни што полека се откриваат се до самиот крај... Храбро, умно, кул и без клишеa таа го освои своето место во современата стрип уметност. „Митови и хорор приказни најверојатно се најлесен и најефектен начин да зборуваме за реалниот свет“- Нил Гејмен. (Кај нас познат како автор на Сендмен, Књига магије… наградуван со Хуго и Брам Стокер меѓу другите награди), Дејв Мекин, (Цртачот на Лудница Аркам, Од сигнала до шума како и каверите на Сендмен) е втората половина од креативниот британски тандем со својот неверојатен сликарски стил ја комплетира приказната со раритетна убавина во светот на модерниот стрип. Привју: http://www.darkwood.co.rs/assets/files/ ... _zavir.pdfТврдо укоричено издание, Колор, Формат: 32,5x24,5cm Промотивна цена: 1090ден. Редовна цена: 1290 ден.
|
28 Dec 2015, 15:30 |
|
|
jolll
Суперхерој Под Стечај
Joined: 28 Jul 2011, 20:44 Posts: 349
|
Колекционар, Sergio Toppi Ова е јунак создаден од крајности и контрасти: Елегантна силуета со долги нозе и необични мустаќи. Повеќе од добро ситуиран, снаодлив да се извлече од најбезизлезна ситуација. Антихерој но не и губитник (секогаш го добива она што го сака). Супериорно умен со одлична смисла за хумор која повремено ја преминува границата кон сарказам, немилосрдие, дури и малку лошотилак. Накратко: оригинален и необичено модерен јунак. Уникатен е и ракописот на неговиот творец. Филигрански задлабочен до најситни детали, се размавнува и ги пробива границите на стриповскиот квадрат. Создава препознатлива атмосфера на филмско кадрирање и секвенци. Маестро Топи, познат како автор на култниот Шараз- Де, стриповскиот осврт на 1001 Арабиска ноќ, се стекна со светска слава цртајќи ги своите преубаво прецизни стрипови. Но за сртипот како медиум смета дека е „по моето скромно мислење повеќе сличен на занаетчиство отколку уметност“ поради бројните ограничувања и неслободи. „Колекционер“ е единствениoт како што вели самиот „серијализиран картактер“ на кого му посвети пет необични приказни во периодот од дваесетина години (од 1984.) Привју: http://www.darkwood.co.rs/assets/files/ ... _ZAVIR.pdfТврд повез, црно бело/колор, 255страници, Формат: 247 x 322 mm Промотивна цена: 1250 ден. Редовна цена: 1450 ден.
|
29 Dec 2015, 20:09 |
|
|
jolll
Суперхерој Под Стечај
Joined: 28 Jul 2011, 20:44 Posts: 349
|
Неколку збора за нашето новогодишно работно време:
Утре 31.12 ќе работиме скратено од 11:00 до 15:00. Следен работен ден ќе ни биде 02.01, (сабота) и ќе работиме со нормално работно време од 10:00-15:00.
Среќни празници!
|
30 Dec 2015, 17:31 |
|
|
jolll
Суперхерој Под Стечај
Joined: 28 Jul 2011, 20:44 Posts: 349
|
Великиот Бeлцони, Валтер Вентура Информации, локатори, дронови,сателити... знаеме ли воопшто што е вистинска авантура-потрага по древното минато? А токму тоа беше најголемата страст на еден вистински голем човек. Голем во се: во физикусот (над 2 метри висичина!) во силата (подигал пирамида од 11 луѓе) во упорноста (истражувал недопрени древности во Египет и африка). Тоа е Великиот Белцони, Индијана Џонс од почетокот на XIX век. Стрип-реконструкцијата на неговата животна приказната создаде питорескна личност, избувлив, страстен карактер со огромна храброст,решителност и љубопитност. Немирен дух со никогаш задоволена прагматична потреба материјално да го обезбеди семејството. Валтер Вентура oваа фасцинантна личност ја открил гледајќи еден документарец. Тој е првенствено цртач но помислил дека Болцони е совршен лик за авантуристички стрип. Почнал да собира документација и очекувал проблеми со сценариото. Се покажа дека авантурата сама ја ткае сопствената приказна, особено по читањето на оригиналните дневници на Белцони, со детални описи на патешествијата. Во креирањето на магијата авторски го насочуваа: Загор, Мистер Но, Текс, Магнусовиот Незнанец и делата на Прат. Аромата на возбуда го инспирира и режисерот Џорџ Лукас па признава дека токму Џовани Батиста Белцони родум од Падова во служба на Британската империја, му бил инспирација за продолжението на Индијана Џонс. Мек повез, црно бело, 272 страници, формат: 160x210 mm Празнична цена: 510 ден. Редовна цена: 600 ден.
|
30 Dec 2015, 19:26 |
|
|
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
Jas ova go pazariF i definitivno kje mu se bendisa na sekoj sho saka Indiana Jones style avanturi. Apsolutna preporaka.
|
31 Dec 2015, 09:44 |
|
|
jolll
Суперхерој Под Стечај
Joined: 28 Jul 2011, 20:44 Posts: 349
|
Среќни празници
|
31 Dec 2015, 21:08 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 18 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|