HBO сака да си го зголеми своето портфолио, особено во период меѓу паузи со „Game of Thrones“ (а сега богами има и доволно пари), па после Narcos и прекратката Vinyl, ја креираат оваа совршена драма со научно-фантастични елементи.
e серија базирана врз делото на Мајкл Крајтон, а римејк на истоимениот филм од 1973 година.
Во не така далечна иднина, постои парк направен во стилот на Дивиот запад, во кои сите учесници се андроиди и секој посетител (човек) може да си ги оствари своите најдлабоки желби и соништа. Буквално се е дозволено. Но, што ако андроидите почнуваат да јавуваат „гличеви“ при новиот „аптедјт“...?Под диригентска палка на Lisa Joy и Jonathan Nolan, и со фантастична глумечка екипа ( Evan Rachel Wood, Thandie Newton, Jeffrey Wright, Ed Harris, James Marsden, и незаменливиот Anthony Hopkins ) овој скап проект вреди за внимание.
Тука важи правилото „детали, колега, детали“, особено што уште по емитувањето на првата епизода почнаа да се вртат многу теории и мислења на интернет во која насока (ќе) оди серијава. Повеќето се покажаа како точни и исправни, што значи - избегавајте што е можно повеќе спојлери, бидејки ќе Ви го уништат уживањето во истата, доколку не сте почнале да ја гледате уште.
btw, прашање за оние што не ја гледале:
А зошто не сте почнале да ја гледате досега??? Заврши прва сезона, а втората е најавена за почетокот на 2018 година.
Огромна препорака.