|
|
It is currently 18 Dec 2024, 12:00
|
Author |
Message |
Knife
Џуниор Џедај
Joined: 13 Oct 2012, 16:37 Posts: 18
|
ти пуштив мејл Гоце
|
31 Oct 2016, 20:21 |
|
|
BrunoPhoenix
Манга Падаван
Joined: 04 Feb 2009, 19:27 Posts: 2274 Location: Скопје
|
Ново филмче што го снимивме за Мобил Филм Фест. Добивме награда прво место за домашен филм. Дечкото што игра може ви е познат, глумеше во детската серија Умни глави на МРТВ, или попозната како "ДареМамичкеТате"
|
29 Nov 2016, 19:45 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Го гледав Лазар на МТВ пред неколку дена. http://www.imdb.com/title/tt2925388/Со секој нов наш филм се надевам дека ќе ме изненади. Но и овај не го стори тоа, просечен филм. Тешко дека некој ќе се сеќава на филмов после некоја година. Една прелазна од мене, океј е да се ѕирне, не дека е лош, ама.. многу млак некако. 6/10 Се навратив на претходна страна, гледам не сум пишал ништо за Џган. И Џган и Три дена во септември ми се тие позитивни изненадувања од последниве години. И двата ми делуваа свежо, урбано и претставија поинаков тип на приказни со поинаков пристап на раскажување, не делуваат ко копија на некој претходник, добри се и мислам дека од филмските фанови ќе бидат ценети и ќе се праат муабет после години. Вечерва на МТВ се давал и Медена Ноќ од Иво Трајков, ќе го гледам и него деновиве.
|
08 Jan 2017, 23:15 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Медена Ноќ - Параноична политичка драмедија. Приказната е базирана на стара чешка новела "Уво", се вклопува добро во нашава денешница, Ристановски има одлична хемија со Верица Недевска и двајцата супер го извозеа филмот. 95% се случува во домашен сетинг со два главни лика, делува ко ТВ филм, но како таков функционира и добро изгледа. 7/10 http://www.imdb.com/title/tt3340908/Жената што ги избриша солзите - Теона не направила ремек дело од филм за да имам големо очекување од неа, но добро е што има некој константен напредок: Како Убив Светец ми беше океј, Јас сум од Титов Велес ми беше нешто подобар, а овој ми е најдобар од трите нејзини до сега. Приказна за две жени (Лабина Митевска и Викторија Абрил, музата на Педро Алмодовар) со свои специфични проблеми, едната во Франција другата во Македонија, чии животи коинцидентно ќе се вкрстат. , кој работел и на оскаровецот Son of Saul, завршил овде одлична работа. Се надевам наредниот, „Кога денот немаше име", кој треба да има премиера годинава, ќе и' биде најдобар. 7.5/10 http://www.imdb.com/title/tt1946484/
|
12 Jan 2017, 02:12 |
|
|
Knife
Џуниор Џедај
Joined: 13 Oct 2012, 16:37 Posts: 18
|
Некоја најава/информација за премиера на нов наш филм? Да не знае некој што бидна со Сведок на Митко Панов со Бруно Ганц во главната улога? Се снимаше уште пред 3 години, ама ни премиера видовме, ни филм слушнавме дека ќе се прикажувал.
|
24 Jan 2017, 16:59 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
^ еве новости: ФИЛМОТ ЗА ЗЛОЧИНОТ КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО НА ТЕОНА МИТЕВСКА ПРЕМИЕРНО НА БЕРЛИНАЛЕ: http://sdk.mk/index.php/naslovna/filmot ... berlinale/"Збор" го гледаше? Btw, што бидна со тракермк? Рикна изгледа..
|
25 Jan 2017, 16:23 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
"Ослободувањето на Скопје" - Се појави супер копија пред некој ден. Добар е, вреди да се изгледа. 7/10
|
10 Mar 2017, 03:52 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Премиера на краткиот филм „Последните камбани“(со закаснување од еден ден...) Вечерва, 9 март, во Кинотеката на Македонија премиерно ќе биде прикажан краткометражниот филм „Последните камбани“ по сценарио и во режија на Николче Поповски, во кој главната улога ја игра Мето Јовановски... Филмот е во продукција на „ДНФ филмс“ и поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Се снимаше минатиот септември во селата Љубојно и Брајчино. Директор на фотографија е Фејми Даут, продуцент е Гоце Кралевски. – Филмот говори за осаменоста и соочувањето со неа, ја носи приказната за старец (Јовановски), кој преку камбаната комуницира со неговиот пријател од соседното село. Куриозитет на „Последните камбани“ е што во него воопшто нема говор, а убавините на двете села играат важна улога и како да се дел од карактерите, соопшти продукцијата. Покрај Мето Јовановски, во актерската екипа се и Сања Николовска и Виктор Најдовски. Сценографијата е на Никола Анѓелковски, костимите ги изработи Ирена Боневска, а музиката е на Дарко Спасовски и Горан Кан. http://cooltura.mk/film/premiera-na-kra ... te-kambanihttp://plusinfo.mk/vest/107200/premiera ... te-kambanihttp://telegraf.mk/kultura/film/ns-news ... mbani.nspxhttp://makfax.com.mk/kultura/%D0%BF%D1% ... BC-%D0%BF/http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail ... cca939a1fcЌе дополнам со слики и видео од премиеарата, ама троа подоцна...
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
10 Mar 2017, 19:40 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
ех, малер. Сакав да го погледнам филмов пошто по потекло (50%) сум од тој крај па ме интересираше... ама дур вртев барајќи паркинг ме спотера и налево круг брзо дома.. пиши коа ќе има торент или вимео/јутуб нешто.. или наредна проекција мож.
Честитки.
|
11 Mar 2017, 02:00 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
11 Mar 2017, 02:44 |
|
|
Knife
Џуниор Џедај
Joined: 13 Oct 2012, 16:37 Posts: 18
|
|
13 Mar 2017, 16:06 |
|
|
Крале
Џуниор Џедај
Joined: 30 Jun 2010, 00:18 Posts: 93
|
_________________Само Чак Норис успеал да убеди баба дека не е гладен ))
|
14 Mar 2017, 14:01 |
|
|
Knife
Џуниор Џедај
Joined: 13 Oct 2012, 16:37 Posts: 18
|
Прво Борба за смрт и Исклучиво жолти лалиња да ги видиме. Посебно вториов интересно ми изгледа. Ќе почекаме за камбаниве. Туку ќе го нема на Скопскиов Филмски фестивал? Далеку е Синедејс.
|
19 Mar 2017, 23:33 |
|
|
Viktorrr
Суперхерој Под Стечај
Joined: 29 Mar 2013, 03:08 Posts: 373 Location: Кичево
|
Ова е документарниот филм Прикаска за Кичево, филм кој јас и еден другар го работевме околу шест-седум месеци. Знам дека темата е локална но сепак би сакал да го споделам на форумов. Филмот беше прикажуван во домот на култура во Кичево и во Кинотека на Македонија. Требаше да оди и на некои фестивали, но почнавме да работиме на друг проект и решивме да го пуштиме на YouTube и се откажавме од фестивалите.
|
30 Mar 2017, 17:53 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Sekoja cest.
_________________ ејм фор д бушес!
|
30 Mar 2017, 23:09 |
|
|
Viktorrr
Суперхерој Под Стечај
Joined: 29 Mar 2013, 03:08 Posts: 373 Location: Кичево
|
Фала ти Мичо
|
31 Mar 2017, 14:10 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
^ Супер е документарецот и да го пофалам дека супер помина пред кичевската публика, домот на култура два пати се наполни, што е реткост --------------------------- Пред една недела се појави информација за новиот краткометражен филм на Милчо Манчевски, The End of Time, америчко-кубанска копродукција: http://www.imdb.com/title/tt6654458/https://www.facebook.com/MilchoManchevskiTheEndOfTime/п.с. ...и секако, во тек на годинава треба да се појави долгометражниот Bikini Moon, кој е во постпродукција: http://www.imdb.com/title/tt5791442/
|
31 Mar 2017, 17:34 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
|
01 Apr 2017, 22:37 |
|
|
Knife
Џуниор Џедај
Joined: 13 Oct 2012, 16:37 Posts: 18
|
Ако некој филмаџија од форумов го изгледа вечерва „Ах, љубов моја“ очекувам коментар, каков е? П.С. @Krale можеш да ми пуштиш постер за краткометражниот филм „Г-ѓа Рубин“? Ако имате. Си правам колекција од постериве од наши краткометражни филмови, али слабо оди со филмови пред 2012-2013 г.
|
21 Apr 2017, 18:31 |
|
|
Крале
Џуниор Џедај
Joined: 30 Jun 2010, 00:18 Posts: 93
|
Прати ми мејл да ти го пратам постерот...
Што се однесува до филмот на Коле, зашто се обидувам да извлечам се позитивно од мак филмови, ќе ти кажам: Добра е Театарската Престава, треба да ја гледаш.
_________________Само Чак Норис успеал да убеди баба дека не е гладен ))
|
22 Apr 2017, 11:29 |
|
|
Knife
Џуниор Џедај
Joined: 13 Oct 2012, 16:37 Posts: 18
|
Театарската претстава ми е гледана пред година-две. По „Стјуардеси“, „Ах, љубов моја“ ми е најдобра од т. Комедија. Ама секако и филмот ќе го погледнам, поради Коле. Сега ќе ти пуштам и мејл.
|
22 Apr 2017, 13:46 |
|
|
Neo
Пензиониран Мрчатор
Joined: 12 Aug 2011, 00:35 Posts: 4022
|
Конечно се појави снимка Ангели на отпад http://www.imdb.com/title/tt0233218/
|
06 Jul 2017, 19:56 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Македонскиот филм „Последните камбани“ ја освои првата награда на светскиот филмски фестивал во МонтреалКраткометражниот филм „Последните камбани“ ја освои првата награда за кратки филмови на 41. „Монтреал ворлд филм фестивал“, Канада, кој се одржа од 24 август до 4 септември. Во конкуренција за наградата беа прикажани четириесетина кратки филма од целиот свет, но жирито одлучи да ја додели токму на единствениот македонски претставник. Филмот е работен по сценарио и во режија на Никола Поповски, а актерот Мето Јовановски ја игра главната улога. „Пред десет дена сметав дека да се учествува на фестивал од калибарот на оној во Монтреал претставува и чест и одговорност. Но, да се победи на него, и тоа при првото фестивалско учество на филмот, тоа е веќе признание за сите што го овозможија неговото создавање. Мето Јовановски уште на почетокот ми даде до знаење дека во сценариото го препознал потенцијалот за таа идеја да биде општо прифатена и препознаена“, вели режисерот Поповски. Продуцентот Гоце Кралевски додава дека по успехот и наградата во Монтреал, „Последните камбани“ продолжува со фестивалско прикажување во официјална конкуренција на фестивалот за краток филм во Драма, Грција. „Се надевам дека покрај визуелните наративни квалитети, и наградата на фестивалот во Монтреал ќе ги отвори вратите за многу нови фестивалски учества и достојна промоција на ‘Последните камбани’“, рече Кралевски. „Последните камбани“ е остварување што говори за осаменоста и соочувањето со неа и ја носи приказната за еден старец (Јовановски), кој преку камбаната комуницира со својот пријател од соседното село. Директор на фотографија е Фејми Даут, а актерската екипа ја сочинуваат и Сања Николовска-Најдовска и Виктор Најдовски. Сценографијата е на Никола Анѓелковски, музиката на Дарко Спасовски – Пацки и на Горан Кан, шминката е на Наталија Кајевска, а костимите ги направи Ирена Боневска. Продукцијата на „Последните камбани“ е на „ДНФ филмс“, а остварувањето е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија. http://www.time.mk/c/9eaf6a557c/posledn ... treal.html
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
06 Sep 2017, 11:48 |
|
|
Knife
Џуниор Џедај
Joined: 13 Oct 2012, 16:37 Posts: 18
|
Честитки за наградата. Нека се множат, па побрзо да го видиме и овде тие што не го видовме.
П.С. Што бидна со серијава за Кочо Рацин од истиов режисер?
|
06 Sep 2017, 12:51 |
|
|
Knife
Џуниор Џедај
Joined: 13 Oct 2012, 16:37 Posts: 18
|
Го изгледавте Исцелител?
|
16 Mar 2018, 17:20 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 17 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|