Драги пријатели,
Дојде време да го објавиме и обзнаниме нашето првенче.
Рајнхард Клајст: Олимписки сон – Приказната на Самија Јусуф ОмарОлимписки игри во Пекинг 2008: Самија Јусуф Омар го истрчува сопственото најдобро време. Иако
последна, таа е љубимец на публиката. По враќањето во нејзината татковина Сомалија, не смее
повеќе да тренира – владејачките исламски фундаменталисти им забрануваат на жените да се
занимаваат со спорт. За да го оствари сонот, учество на Олимписките игри во Лондон 2012, мора
да стави се на една карта. Започнува нејзината одисеја. Целта е Европа…
Издавањето на овој графички роман го поддржа Македонскиот Олимписки Комитет. Голема
благодарност до нив.
Рајнхард Клајст * Олимписки сон – Приказната на Самија Јусуф Омар * 152 страници * црно-бело *
165 х 235 мм. * тврд повез * отпечатено во две изданија: на македонски и на албански јазик *
вкупен тираж: 1000 примероци
Промоција: понеделник, 04.12.2017, во 19:30, МКЦ.
Прочитајте ги бесплатно првите 33 страници тука:
https://issuu.com/stripizdavacbunker/do ... _1-33_____https://issuu.com/stripizdavacbunker/do ... ave_1-33_p