ТОП 20 СТРИПСКИ ФИЛМОВИ
(ИЛИ ФИЛМСКИ СТРИПОВИ)
-според двајца македонски стрип автори-
20. Spawn (1997 god.) стрип на Image.
Затоа што барем се потрудиле да го пренесат овој стрип на филм.
19. Daredevil (2003 god.) стрип на Marvel.
Промашени глумци, со ретки исклучоци.
18. From hell (2001 god.) стрип на Alan Moore.
Едниот од нас го немаше читано стрипот, па не успеа да се покаже за повисока позиција
17. Tank girl (1995 god.)
Иако е Б продукција, доловена е атмосферата на постапокалиптичниот свет, од истоимениот британски стрип на авторот Jamie Hewlett.
16. League of extraordinery gentlemen (2003 god.) стрип на Alan Moore.
Добро спојување на едно место на најголемите јунаци од авантуристичката проза од почеттокот на 19 векм во модерна комбинација на "суперхеројски тим".
15. Punisher (ama stariot! 1989 god.) стрип на Marvel.
Dolph Lundgren! Да не знаевме кој е и што е глумецот од претходно, може ќе напредуваше нагоре филмот. Ама е многу поверен до стрипот отколку новиот филм.
Панишер пука, Панишер не збори!
14. Superman 2 (1981 god.) стрип на DC.
Не смееме да го пропуштиме највечниот стрип на кого со нетрпение му го очекуваме новиот дел. Прв пат на филм суперјунакот с бори против супернегативци (со моќи).
13. The Prophecy (1995 god.)
Не е според стрип, ама плаче за некој да го нацрта во свој стил!
Гледајте го!
12. Boondock saints (1999 god.)
Стрипски сниман филм, одлично сценарио, динамична камера.
Видео стрип.
11. Hellboy (2004 god.) стрип на Dark horse.
Штета што не успеа да добие доволно поени за да влезе во топ 10. Интересно филмувано стрипче.
10. Batman 1 (1989 god.) strip na DC.
До тогаш, такво непто не постоеше. Стрипски суперјунак без моќи.
Плус Joker! Муабет нема дека е најдонриот смислен и одглумен негативец до сега на филмско платно.
9. Spiderman 1 (2002 god.) стрип на Marvel.
Добро пренесен вовед воприказна. Голем пропуст - Green Goblin. Модернизирана верзијана класичниот стрип од крајот на '60 год.
8. Crow 1 (1994 god.) стрип на James O’Barr.
Со овој филм, стрипот се изваде од андерграунд водите (па потоа и Image го откупи). Солидно доловена атмосферата на стрипот, само тајм лајнот е малку офф.
7. Akira (1989 god.) стрип на Katsuhiro Otomo.
Верно пренесен во долгометражен цртан филм и единствената работа што му фали е појасен крај. Луѓе кои не го читале стрипот (над 2000 табли) тешко дека ќе го засакаат.
6. Batman begins (2005 god.) стрип на DC.
За првпат Бетмен е пренесен со многу поголема човечност, нема "стерилност" како во претходните делови. Орав мрачен трилер.Е тоа е Бетмен!
5. Blade (1998 god.) стрип на Marvel.
Максимално извлечено од медиокритетен стрип. Со филмот направија ривамп на тој стрипски лик.
4. Sin City (2005 god.) стрип на Dark Horse.
Веродостојност на стрипот. На Frenk Miler му фалеше само квалитетен акционен режисер (Robert Rodrigez) за да си го пренесе скоро истиот стрип на филм.
3. X-Men 2 (2003 god.) стрип на Marvel.
најдобриот серијал на суперхеројски стрипови. Многу втори продолжетоци на филмовите се промашени, мо иксменовци не си го изгубија патот кон успехот. Сите глумци се добро одбрани за своите стрипски ликови.
2. Constantine (2005 god.) стрип на DC/Vertigo.
БРАВО! Никакви замерки. На се си е мислено и правилно смислено.
1. X-Men 1 (2000 god.) стрип на Marvel.
А, што очекувавте кој филм ќе го избереме за најдобар, кога и двајцата автори на текстов сме нивни фанови. Најјак стрип серијал на Marvel кој е многу пати поинтересен на стрип од неговите екранизирани адаптации. Но, се мора од некаде да почне!
___________________________________________________________________
* Текстов е пишуван 2006 година, од Давор Драмиќанин и Здравко Гиров