Со смената на векот, се сменија и некои работи во стрип индустријата. Посебно во најголемата фирма издавач на светот -
Marvel. По банкротот во 1997 и падот на квалитет, издавачкиот гигант ја предава својата уредувачка политика на некогашниот автор и илустратор
Joe Quesada. Од тој момент, Quesada ги менува работите од корен во
Marvel. Паралелно со него продуцентскиот гение
Avi Arad започнува масовна кампања на снимање стрип адаптации на најпопуларните ликови кои
Marvel го поседува. Ледот го пробива
X-Men а се натаму е историја.
Joe QuesadaQuesada започнува две нови линии на издаваштво во
Marvel. Првата е
Marvel Knights во која веќе етаблираните ликови се преставени во малку позрела форма за повозрасната публика. Многу брзо
Marvel Knights ќе добие и свој поекстремен и позрел наследник во издавачката линија
Max. За денес и двата бренда да постојат и да уживаат голема популарност кај читателите. Втора битна одлука која
Quesada ја носи е отварањето на
Ultimate издавачката линија која ги третира познатите ликови во ново, модерно светло, со нови приказни адаптирани на денешното време.
Ultimate Marvel станува инстант хит. А од таа линија се истакнуваат авторите
Mark Millar (Ultimates), и
Brian Michael Bendis (Ultimate Spider-Man). Тие двајца се смарагди во круната на
Quesada во престојните години.
Ultimate MarvelВо 2004та,
Quesada се нафаќа на уште еден моќен чекор, кој овој пат ќе го измени начинот на издавање стрипови на Американскиот пазар. Имено, познатиот вечен status quo во кој “хероите се херои, негативците негативци, и врти сучи се се сведува на тоа“ полека но сигурно оди во заборав. На сцена доаѓа маестро
Bendis но и армадата генијални автори кои менуваат се пред себе:
Warren Ellis, Mark Millar, Ed Brubaker, Mike Carey, Matt Fraction...
Brian Michael BendisНо за почеток, пред да одиме со тоа “
што и како Bendis сработува и каде го води Marvel низ овие години”, да дадеме мал вовед во
Marvel унивезрумот за оние кои до сега апсолутно немаат никаква допирнa точка со ова издавачко име.
Marvel универзумот е всушност унивезрумот во кој се случуваат сите настани од мејнстрим
Marvel издаваштвото, и каде живеат сите негови популарни јунаци. Тој е дел од таканаречениот Marvel Multiverse, но тоа е тема за некој друг пат, за да не ископмлицираме уште од сега. MU или познат како и универзум
616, е составен пак од неколку клучни сегменти и многу, многу фиктивни локации, настани и ликови. Клучните неколку се следниве:
Земјата, Вселената и Земјата на Боговите. Земјата е безусловно клучна локација, и е населена со многуте популарни ликови. Во Marvel покрај постоечките континенти и земји, постојат и неколку нови, измислени локаци како на пример:
- потонатата Атлантида каде безпрекорно царува принцот
Namor-
Latveria, земја во Европа под деспотското владеење на генијалниот Victor Van Doom или Doctor Doom
-
Genosha, некогашната држава-експлоататор на мутанти, лоцирана некаде околу Африка, подоцна претворена во изолирана земја на мутантите за на крај да значи гробница на милиони преставници од тој вид.
-
Wakanda, земја во Африка, водена од кралот T'Challa, и богата со металот вибраниум
Doctor Doom, деспотот на LatveriaПокрај овие локации,
Marvel универзумот е домаќин и на неколку организации. Некои со добри намери, некои со лоши. Во првите секако спаѓа
S.H.I.E.L.D., шпиунска организација, спонзорирана од владата на САД а потоа и од ОН, која е задолжена за стабилноста на светот и е предводена од воениот ветеран, полковникот
Nick Fury. Но
S.H.I.E.L.D. има и свои опоненти чии интереси се косат со неговиот. Тука се
A.I.M, Hydra, терористичката организација
Hand, и доста други.
Nick FuryСега доаѓаме веројатно до најважниот дел, односно до хероите и нивниот начин на организирање. Централната фигура во
Marvel ја имаат
Avengers, група формирана од
Iron Man (ексцентричниот милијардер, плејбој кој е истовремнео технолошки генијалец ),
Thor (синот на богот Odin од нордиската митологија), и
Captain America (воениот херој од втората светска војна). За
Avengers постои едно тврдење, а тоа е дека “Секој херој во Marvel во еден период бил член на оваа група“. Ова укажува на динамичноста на ротирањето на членството а со тоа и на комплексноста на тимот.
Avengers (Wasp, Ant Man, Captain America, Iron Man, Thor)Следни на листата се првото семејство супер херои во Marvel,
Fantastic Four. Предводени од најпаметниот човек на светот,
Reed Richards, кој заедно со сопругата
Susan, нејниот брат
Johnny, и нивниот пријател
Ben Grimm се една од клучните клетки на
Marvel.
Fantastic FourНа ред доаѓаат мутантите преставени во
X-Men. Мутантите се раса луѓе кои (не)среќно имаат моќи добиени со раѓање, заради кои тие се прогонувани и омразени од општеството. Често се дел од најголемите случувања во
Marvel но исто толку се и одвоени од универзумот, занимавјќи се со сопствените проблеми.
X-MenЗа крај покрај овие три групи херои ќе ги напоменеме секако и клучните индивидуални играчи. Младиот
Spider-Man, кој има моќи на пајак и живее малерозен живот пропратен со болка и прогонување и
Hulk, монструмот настанат со експолатацијата на научникот Bruce Banner на гама зраци.
Spider-Man & HulkЗа Земјата, сега за сега толку. А за крај да кажеме и нешто малку за другите два сегменти. Божествата во
Marvel се преставени преку
Asgard и неговите жители, митските нордиски богови, но да нема забуна, постојат и фигурираат многу ликови од други митови како на пример
Ares,
Hercules,
Mefisto...
Вселената во
Marvel е населена од многу, многу раси. Но повторно, како и на земјата така и тука ќе се задржиме на најбитните. А тие се следните:
-
Skrull расата е раса shapeshifter-и, која е без сопствена планета и која е уверена дека им е предодредено да ја населат земјата
-
Kree е воинствена, напредна раса, вечен опонент на Skrull-овите
-
Shi’ar е раса која верува во и е заштитник на божицата Phoenix
-
Inhumans се раса која е слична на луѓето и живее на месечината.
-
Nova Corps е галакчтичка полиција (слична на Green Lantern-ите во DC).
Тука е и
Galactus, семоќното вечно суштество кое се храни од животот на планетите.
Lilandra, кралицата на Shi'arОва е веројатно најгрубиот пресек кој може да се направи на Marvel и неговата речеси 50 годишна традиција и историја, но за почеток е доволно.