|
|
It is currently 17 Dec 2024, 12:22
|
Author |
Message |
LASKO
Магус Регуларус
Joined: 17 Nov 2009, 19:17 Posts: 1220 Location: Skopje
|
Можеби ќе ве заморам со малку историја. Ова се моите први две табли ос стрипот ЦРНИОТ КРИСТАЛ кои се изработени во 1985 година. Како што може да видите втората е недовршена. Тоа е моментот кога престанав активно да се занимавам со цртање стрип и започнав некои други работи. Би сакал да прочитам ваши коментари во однос на тоа дали мислите дека треба да го продолжам стрипот? Инаку, насловот неодоливо потсетува на ЦРНИОТ ИНКАЛ од Моебиус, но верувајте, приказната нема никаква врска со ИНКАЛ. Патем кажано, Моебиус е мојот омилен стрип цртач. Да не должам, се надевам дека ќе ви се допадне, ако не поинаку, како сведоштво на едно многу поинакво време во кое на некој начин стрипот во Македонија егзистираше... П.С. Овие табли се цртани на класичен начин - молив, туш, перце, четкица, скалпел (за гребење бели линии, не можевме да најдеме бел туш). Текстот е впишан сега, на компјутер затоа што на оригиналните табли е во молив и на англиски јазик... Делови од сценариото сеуште имам во глава, за жал, немам ништо напишано на хартија ... О.К. еве ги табливе, па кажете нешто...
_________________ ___________________________________________________________________________________ Those who do not want to imitate ANYTHING, produce NOTHING. (Salvador Dali)
Last edited by LASKO on 13 Mar 2010, 14:23, edited 2 times in total.
|
13 Dec 2009, 14:02 |
|
|
LASKO
Магус Регуларус
Joined: 17 Nov 2009, 19:17 Posts: 1220 Location: Skopje
|
_________________ ___________________________________________________________________________________ Those who do not want to imitate ANYTHING, produce NOTHING. (Salvador Dali)
Last edited by LASKO on 13 Mar 2010, 14:24, edited 1 time in total.
|
13 Dec 2009, 14:11 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Јас не знам како си имал срце да го оставиш ова недовршено ... Нормално дека треба да се доврши, ама ќе треба изгледа на истиот old fashionable начин, т.е. таблетот овде нема да ти користи... Инаку, за каков стрип станува збор, краток, или долгометражен..?
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
13 Dec 2009, 14:18 |
|
|
BrunoPhoenix
Манга Падаван
Joined: 04 Feb 2009, 19:27 Posts: 2274 Location: Скопје
|
bravo! ODLICEN crtez! bravo mn dobro na tvoe mesto bi go smenil malce textot,znam deka sakas da go dolovis efektot na realnot(poso stvarno taka prostacki se izrazuvame) ali deluva malku neseriozno (potseka na ZAPEK by micho) inace crtezot e odlicen bravo dovrsi go!
|
13 Dec 2009, 14:40 |
|
|
the Jester
Ултимејт Резервист
Joined: 03 Feb 2009, 19:52 Posts: 554 Location: Skopje
|
meraci!!! mora da go prodolzish ova me potseka na meshavina od Tank Girl i pocetokot na 12monkeys filmot super !!! .... toa za dijalozite sto go kaza Bruno i jas bi se slozil
_________________ .... i'm like a monkey in a banana factory !!!
|
13 Dec 2009, 16:37 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
LASKO odgovorot se naogja vo prasanjeto '85 imav 6 godini i otprilika togas pocnav so aktivno citanje stripovi - prvo nauciv latinica pa duri posle kirilica od tie pusti stripovi.... nego muabetot mi bese, SF strip vo mk vo '85, mnogu jako. pocetokot vetuva. vo odnos na dijalozite, mene mi e ok, bidejki literaturno izrazuvanje funkcionira na vesti (i eventualno vo literatura iako tamu najcesto ima obicaj uste povekje da se pcue). dokolku likovite se vojnici ili nesto slicno, sosema e opravdano da se izrazuvaat na "ulicen" zargon. isto taka dokolku se zatvoreni pod zemja dolgo vreme, normalno e da bidat napizd... ovaj naku... you get what i mean ako odlucis da go zavrsis kje ima citateli i vo mk i nadvor, garant.
|
13 Dec 2009, 17:11 |
|
|
Darbog Darkmore
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 21:06 Posts: 1308 Location: Vinica,Makedonija
::
|
Da se dovrsi,i toa na old fashion way
|
13 Dec 2009, 17:35 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
slobodno zamaranje pocesto vaka
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
13 Dec 2009, 21:59 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Ух, супер! Не знам што ќе излезе од приказната, но цртежот е топ. Да се продолжи - него што, без двоумење... Интересен ми е моментот со жилетот и гребењето... Тоа е техника која ја користеле и други стрип цртачи, нешто што било вообичаено (не само кај нас, туку секаде) или тоа ти така се снаоѓаше?
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
14 Dec 2009, 02:44 |
|
|
aquafortune
Ултимејт Резервист
Joined: 05 Apr 2009, 01:27 Posts: 922
|
Медои!! Да го довршиш, немој да остане вака, баш ме интересира како иде приказната..
|
14 Dec 2009, 11:26 |
|
|
LASKO
Магус Регуларус
Joined: 17 Nov 2009, 19:17 Posts: 1220 Location: Skopje
|
ОК. Ви благодарам на сите за коментарите. Ќе го продолжам стрипчево, но со која динамика не можам да кажам, ќе видам како ќе ми оди. Решив овие две табли да ги оставам такви какви што се. Ќе ги прецртам на „нов начин“ што значи - табла. Направив неколку пробни скици и задоволен сум од резултатот. Ќе ги закачам на форумов кога ќе бидат готови. Да ви одговорам поконкретно: ТЕМНИК: Стрипот е замислен како приказна составена од пет дела, секој од нив по 12 табли, вкупно 60. Дејствието се случува во 2020 година, после еколошка катастрофа ... БРУНО: Ја прифаќам сугестијата за дијалозите, можеби е пренагласена таа нишка на т.н. уличен говор, но за тоа има време да се размисли пред конечната верзија. ЏЕСТЕР: Имаш право, потсеќа на 12 monkeys филмот, одличен филм, само не знам точно кога е снимен, јас стрипов го почнав во 1985. Точниот датум сум го запишал во левиот агол на кадарот што ќе го закачам подолу. ПИКАНТЕЗ: Ликовите не се војници туку сосема обични луѓе, долго време затворени и како последица на тоа - напиздени! ДАРБОГ: Би сакал да работам на old fashion way, но верувај ми, тоа многу тешко ми оди. Таблава ми легна, ми дава многу можности кои порано ми беа недостапни... РАСТАМАН: Ќе ве замарам и понатаму, се разбира ако мислите дека ова е интересно... ЛАФ: За ефектите со гребењето се снаоѓав со она што тогаш беше достапно, тоа го користеа и многу други цртачи од кои можевме да учиме. Интересен ефект се постигнуваше со медицински завој, сунѓер и црна темпера, но за тоа во некоја друга прилика ќе објаснам подетално, доколку некого го интересира... АКВАФОРТУНЕ: Еве, продолжувам, ке ги закачувам повремено таблите за да видите како иде приказната. Еве еден кадар во колор, колку да почуствувам како би изгледало ...
_________________ ___________________________________________________________________________________ Those who do not want to imitate ANYTHING, produce NOTHING. (Salvador Dali)
|
15 Dec 2009, 08:52 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
naaaaaaaajs
|
15 Dec 2009, 08:55 |
|
|
LASKO
Магус Регуларус
Joined: 17 Nov 2009, 19:17 Posts: 1220 Location: Skopje
|
Еве повторно малку историја. Оваа табла ја нацртав негде 1984/85 година. Откупена е од тогашниот YU strip магазин но не е објавена затоа што на моја голема жалост истиот престана да излегува. Сепак, за оваа табла и уште неколку други уредно ми беше исплатен пристоен хонорар. Текстот е впишан на англиски пред 2-3 години. Инаку ова е ПРЕМИЕРНО објавување на оваа табла. П.С. Работена е потполно на класичен начин, исто така е и обоена.
_________________ ___________________________________________________________________________________ Those who do not want to imitate ANYTHING, produce NOTHING. (Salvador Dali)
Last edited by LASKO on 13 Mar 2010, 14:19, edited 1 time in total.
|
15 Dec 2009, 20:29 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
odlicno! inaku se mi se cini deka ja imam procitano ili vo lift, ili vo makstrip, ili nekoe drugo mk spisanie...
|
15 Dec 2009, 21:00 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
da, i jas ja imam negde videno ne mi se ovde stripovite, koga ke odam kaj moite, ke pobaram
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
15 Dec 2009, 21:05 |
|
|
Darbog Darkmore
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 21:06 Posts: 1308 Location: Vinica,Makedonija
::
|
Vo makstrip e,go imam brojot,30 i nekoj bese,ne se sekavam...Inaku odlicna tabla
|
15 Dec 2009, 21:18 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Џам!
_________________ ејм фор д бушес!
|
15 Dec 2009, 21:27 |
|
|
the Jester
Ултимејт Резервист
Joined: 03 Feb 2009, 19:52 Posts: 554 Location: Skopje
|
Super !!!
_________________ .... i'm like a monkey in a banana factory !!!
|
15 Dec 2009, 21:30 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Ух бе Ласко, одлично. Давај уште вакви скриени блага...
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
15 Dec 2009, 21:32 |
|
|
the Jester
Ултимејт Резервист
Joined: 03 Feb 2009, 19:52 Posts: 554 Location: Skopje
|
LASKO e definitivno avtor na mesecot RESPECT
_________________ .... i'm like a monkey in a banana factory !!!
|
15 Dec 2009, 21:39 |
|
|
LASKO
Магус Регуларус
Joined: 17 Nov 2009, 19:17 Posts: 1220 Location: Skopje
|
Благодарам за коментарите. Навистина не се сеќавам дека таблата сум ја дал некаде за објавување, беше на некои изложби, тоа беше одамна, навистина ме збунивте, ај ако ја најде некој печатена негде нека закачи скен на форумов. Баш би сакал да знам. И да сум заборавил не е некоја штета, важно да ме служи раката, ќе нацртам нешто ново, а ќе спуштам и нешто старо, Имам уште доста работи во подрум...
_________________ ___________________________________________________________________________________ Those who do not want to imitate ANYTHING, produce NOTHING. (Salvador Dali)
|
15 Dec 2009, 22:26 |
|
|
Sentinelot
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 05:14 Posts: 277 Location: Bitola
::
|
Super,super...stvarno shteta sho ne si go dozavrshil stripot ali ako imash volja i zelba da go prodolziz just do it p.s. pozitivno so forumo e oti site dobivat ekstra motivacija...taka da shibaj
_________________viewtopic.php?t=140 ::Ilustracii na Forumot:: http://sentinelite.deviantart.com/ ::Deviant Art::
|
16 Dec 2009, 04:06 |
|
|
Skywalker
|
Ефектите на гребење врз црниот туш даваат извонреден ефект, цртежот е прекрасен, и јас се придружувам кон останатите овој стрип да се продолжи. Жално е вака убаво дело да остане недовршено. Што се однесува на стилот на цртање, ми се допаѓаат и оригиналниот, но и дигиталните интервенции, колор исл. Како и да е, јас радо би го купл овој стрип албум (ако е на 60 страници), знам дека визуелно ќе биде убаво направен, бидејќи исто така се занимавате и со дизајн, па би имале еден комплетен уметнички проект. Сакам да прашам единствено за фонтот, дали е авторски, бидејќи го немам досега сретнато во јавност (а се интересирам за типографија). Секоја чест, сте преспале 24 години, иако мислам дека никогаш не е доцна за некои работи да се "обзнанат" во јавноста.
|
18 Dec 2009, 15:09 |
|
|
LASKO
Магус Регуларус
Joined: 17 Nov 2009, 19:17 Posts: 1220 Location: Skopje
|
Skywalker: Благодарам за убавите зборови. Фонтот е авторски, направен е и прв пат употребен во Македонската стрип ревија ТОТЕМ, Инаку, моето основно занимање во последниве години е токму типографија, се разбира покрај графичкиот дизајн. Како и повеќето членови на овој форум и јас сум заљубен во деветтата уметност, па еве мотивиран од син ми и во голема мерка од реакциите на моите цртежи на форумов ќе се обидам да се вратам во форма и да го користам секој слободен момент да се занимавам со цртање стрип, без некои големи амбиции, онака, од ќејф, за своја душа и задоволство. Таблава е магија, ќе ми треба уште некое време за да владеам јас со неа, а не она со мене ...хе, хе, хе. П. С. Еве една дигитална илустрација од серијата ТИПО ПОРТРЕТИ на кои работам последнава година. Овие портрети ги користам за промоција на моите авторски фонтови. Фонтот употребен за изработка на овој портрет е TF Elegant, мој авторски фонт.
_________________ ___________________________________________________________________________________ Those who do not want to imitate ANYTHING, produce NOTHING. (Salvador Dali)
Last edited by LASKO on 18 Dec 2009, 17:34, edited 1 time in total.
|
18 Dec 2009, 16:14 |
|
|
Skywalker
|
Знам дека творите во полето на типографијата, многу ми се допаѓаат фонтовите што ги имате креирано во соработка со Владата, а кои можеа бесплатно да се симнат од Интернет. Многу ми се допаѓа идејата за вакви ТИПО ПОРТРЕТИ, одлична изведба, секако, и сите фонтови се одлични, професионални. Убаво што добивте поттик за да продолжите да творите и во областа на стрипот, се надевам дека на задоволство на членството на овој форум, може за некое време и да видиме конкретни резултати, барем што се однесува до финиширање на тие стари стрип табли.
|
18 Dec 2009, 17:20 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 10 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|