|
|
It is currently 18 Dec 2024, 15:42
|
Author |
Message |
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
Девојчето е тек 8 одд .Искрено не сум го забележал овој пасус,но верувам дека сакала да каже дека тема овде не е Јапонија туку мангата како стил или уметност.Во секој случај ќе ги упатувам и советувам .Ми се допаѓа секој ентузијазам за стрип и ќе помагаме колку што може Веќе ги упатив на неколку линкови,меѓу нив секако и на овој форум (дел манга)
|
10 Jan 2010, 20:22 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
10 Jan 2010, 20:57 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
|
10 Jan 2010, 21:38 |
|
|
Konan Makedon
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 00:15 Posts: 575
|
Толку омраза кон еден напреден народ кај едно девојче од 8 одд.Фак. И Томче немој да не правиш будали.Многу добро си напишало чупето што мисли за Јапонците.
_________________ I love the smell of fresh comics in the morning!!!
|
10 Jan 2010, 22:13 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Ајде сега едно масовно ладење на главите! Да не мешаме баби и жаби! Супер е групава и се најдобро за истата,нека работат децата и нека вадат манга стрипови кај нас....
_________________ ејм фор д бушес!
|
10 Jan 2010, 22:47 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
11 Jan 2010, 13:03 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
На 13.01.2010 во Галеријата "АЛТЕР ЕГО" при Културниот центар "Средец" во Софија, Р.Бугарија се отвори изложба од Стрип дела од проектот "НОВИ СТРИП СОСЕДСТВА" имплементиран од страна на Стрип центарот на Македонија-Велес. Се работи за трета и последна изложба од наведениот проект кој, да потсетиме, опфати 10 автори од Македонија и по 4 од Бугарија и Косово. Темите на создадените дела беа во контекст на позитивното херојство, борба против секаков тип на шовинизам со кој земјите од Балканот беа и (уште се) изложени. Преку овој проект се создадоа и зацврстија нови стрип мостови, а преку изложбите кои беа масовно посетени се создаде и клима за натамошен развој на стрипот во овие земји. Стрипот како култура и појава нуди широки можности за употреба и треба да му се даде поголема шанса. Фотографии на веб сајтот www.comiccscenter.mk и на фејсбук група Стрип центар на Македонија-Велес
|
19 Jan 2010, 17:35 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
Резултати од годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија за 2010 г. графа “СПИСАНИЈА“ -Стрип центар на Македонија -Велес „СТРИП КРЕАТОР “ 2 броја графа „ОРГАНИЗАЦИИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА“ -Стрип центар на Македонија-Велес „МЕЃУНАРОДЕН САЛОН НА СТРИП“ НАПОМЕНА:Не се познати сумите
освен СЦМ -Велес нема други организации што се стриктно за стрип, освен можеби „ВИЗАНТ„ со добиено средства за Интернационален фестивал на визуелни уметности.
|
25 Jan 2010, 17:40 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
cestito pari od tenderi slicno kako i lani, ko sto gledam
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
25 Jan 2010, 17:42 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Се надевам средствата ке стигнат за од годинава по-представителни да бидат како стрип списанието и вебсајтот така и фестивалот....
_________________ ејм фор д бушес!
|
25 Jan 2010, 18:20 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
|
25 Jan 2010, 21:56 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
|
25 Jan 2010, 21:57 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
mislev na dizajnot....
_________________ ејм фор д бушес!
|
25 Jan 2010, 22:13 |
|
|
Skywalker
|
|
26 Jan 2010, 04:14 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
ЈАс би го подржал наредникот Бакара или КОди (мада на сликата е стормтрупер не клон трупер) мора да признам ТОмче без литературно обраќање дека присуството на Златко се осеќа многу повеќе од вашето.Зошто незнам.НАјверојатно пошто кај вас се се базира на 3 изложби низ државите учесници(мада да и срби колку што видов учествуваја,а нив не ги спомнувате некако).Зато ми е муабетот за поквалитетно списание,поквалитетен фестивал и СЕКАКО поквалитетен веб сајт.То самоодржлив пак ке речам глупо ми е тро-како самоодржлив-реклами? За овај сајт се платени пари колку за хостинг+уше нешто а посамоодржлив е од вашиот кој е подржан од појма нема кој се тие....ВОтевр-муабето ми е да се надоврзам на Скај-ајде малку повеќе активност од вас.....
_________________ ејм фор д бушес!
|
26 Jan 2010, 11:13 |
|
|
RebeL
Надежен Луд Научник
Joined: 14 May 2009, 12:37 Posts: 122 Location: Somewhere around Nowhere
|
И Томче кажи после како да не коментирам, а да не изгледа дека во Велес е хаос кога во право се(мислам на претходниве неколку поста). Никој нема појма дека се одржува стрип салон, а бараме посетеност. За сајтот 150 пати кажав дека ич не го личи. Имав неколку предлози во врска со ова, ама изгледа дека треба мајмун на глава да ставам или да имам 30-40 години па за да ме послуша некој.
_________________ Прав маж не носи ѕиври.
|
26 Jan 2010, 12:50 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
26 Jan 2010, 13:01 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Probaj so majmuno....
_________________ ејм фор д бушес!
|
26 Jan 2010, 13:44 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Ево малку да расположиме аудиторијум.Специјално за Ребел! Уште еднаш поздрав за Томче и сцм,и да не заборавате дека стрипот е забава а не научна дисциплина. Или чини или не......
_________________ ејм фор д бушес!
|
26 Jan 2010, 14:00 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
ја разбирам фрустрираноста која се јави после објавувањето на овие резултати посебно онаа пообјективната.Едно е јасно државата се уште нема слух за стрип културата. Споредбено со резултатите лани(ги објавив погоре) проектите за стрип се преполовени. Ако се земе во предвид дека и од страна на Минситерството за финансии само Детскиот парламент на Штип има добиено грант за проект за примена на стрипот(најискрени честитки) Што е навистина проблемот?не слух на државата или.. Навистина стрипот е во залет кај нас но фали нешто.Ако згрешам нека изгорам но така е кога стрип сцената во Мк не е единствена, се базира на детски интриги, подметнувања ,озборувања,рекла кажала настрана . Поздрав до Осамениот јавач/шетач и нека му спомне на ВИЗАНТ ( интересно се спомна во топик на СЦМ ?) конечно ,после интензивното објавување по медиуми ,да не удостои со фотографии од негови активности да видиме стварно кој дошол, кој присуствувал ,колку публика.За воља на вистината имам присуствувано на негова активност во Велес (факт) и ..... СЦМ и натаму ќе биде транспарентен во објавувањето на своите активности.И натаму ќе потенцираме информации поврзани со стрип автори од МК и др. стрип настани . И без оглед на овие последни постови решивме да не трошиме премногу време на форуми.Доста поотворени ќе бидеме кон лица кои директно ќе присуствуваат на наши активности ,и посетат во директен контакт , па макар и да се опцуеме(на крај краишта и тоа е пофер ).
|
26 Jan 2010, 17:16 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Хм!
Томче малку не те разбирам.Зошто се наљути искрено не ми е јасно.Коментарите беа дека се надеваме дека годинава ќе поработите малку повеќе како на дизајнот така и на квалитетот што Стрип центарот од ВЕлес ги нуди.Тука пред се спомнувам веб сајтот,кој реално е под нормите на сајт кој треба да се занимава со визуелна култура.Малку повеќе ангажирање на списанието.И на крај малку повеќе внимание на фестивалот. Стрип сцената во Македонија е ЕДИНСТВЕНА и овој форум го покажува тоа-тие што ги наброј или на кој најверојатно мислиш или немаат поим од стрип или си имаат проблем сами сосеба,така да потреба од вакви муабети без конкретен пример не сум сигурен дека држат вода.Ама ајде ок...Викаш нешто фали кај нас...а што? Околу фотки од фестивали организации и слично,најискрено не сум задоволен лично ни од едните ни од другите.Од едноставна причина што искрено-негледам никаков резултат.Секоја чест на исклучоците. Поздрав за вашата работа,ама сепак имам чувство дека не се мрдате од место-повторно за квалитетот на презентираното.Сепак 10 години опстојувате. Форумот како и во неколку наврати што спомнав е отворен за сите,и кој сака доаѓа кој несака негов избор,ништо не е сосила... Стрипот е забава и ништо друго....
И уште еднаш изненаден сум од реакцијава.....
_________________ ејм фор д бушес!
|
26 Jan 2010, 17:56 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
И уште една напомена-секој на форумов има право на свое мислење како и истото да го презентира.Истиот ги сноси и последиците од истото т.е си седи позади него.Сите кометари и критики се не само дозволени туку и пожелни.
_________________ ејм фор д бушес!
|
26 Jan 2010, 17:58 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
26 Jan 2010, 18:42 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Она што цело време е забуна е од кој аспект се гледаат работите... За Стрип центарот е важно да се направи проектот и да се оправдаат потрошените средства пред донаторот. И сето тоа е во ред, со години наназад таа цел е исполнета, и затоа и добиваат и признанија за добро извршената работа... Меѓутоа, вистинската цел е промоцијата на стрипот и, како што секогаш се потенцира, промоција на млади кадри...Колку навистина се постигнува таа цел, стварно не сум сигурен... 10 тина години наназад, се прават работилници во кои учествуваат деца од различни националности... Колку од тие деца навистина се навлекле на стрипот, и колку од нив продолжиле да цртаат? Кои се тие млади кадри од стрип работилниците кои ги има по 2-3 секоја година? Се запрашал ли некој за тоа? Секогаш кога ќе го прашате Томче, ги споменува Ивана, Димче, и уште некој... Еве ќе ја прашам директно Ивана: Дали таа чувствува дека научила да црта стрип благодарение на Стрип Центарот? Има ли доволно активности преку целата година во Стрип Центарот? И едно нешто не ми е јасно, зошто мора да се добијат доста пари од Министерство или од некоја фондација за да се организира стрип работилница? Просториите кои ги има Стрип Центарот се доволни за да се собираат барем еднаш неделно, барем десетина млади луѓе кои ќе учат едни од други и кои, ако ништо друго, ќе се отргнат за момент од секојдневното дремење пред компјутер, и ќе разговараат за стрипови, ќе читаат стрипови, ќе цртаат, ќе се дружат... ќе стрипуваат. Инаку се губи смислата на името Стрип Центар на Македонија. За споредба, во Србија во СКЦ на пр. има стрип школо во кое има активности преку целата година... таму луѓето навистина се собираат, цртаат, се дружат... Фестивалот е само еден вид презентација или сублимат на целата работа преку целата година... За кадрите кои произлегле од таму, нема потреба да се споменуваат, ги има многу... Во Лесковац дури е и поактивно, стрип работилниците секојдневно се посетуваат, и делата на младите стрип мајстори секојдневно ги гледаме по форумите... Во Хрватска исто...Дури и во Босна во последните две години е доста активно, па Маза успеа да ги организира колку толку... Овде го немам тој впечаток... се чекаат парите, ќе поминат трите дена од Салонот и толку... после тоа, се замира, чао пријатно, се гледаме следната година... не е доволно тоа
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
26 Jan 2010, 20:34 |
|
|
Tomce
Суперхерој Под Стечај
Joined: 27 Jan 2009, 16:50 Posts: 312
|
да нешто е стварно забуна. Едно објавување на информација преку овој сајт за добиени пари(минимални) за стрипот,со додатна констатација дека и тоа е располовено во однос на лани и веднаш се разбудија страстите.Па после јас сум бил нервозен Та веднаш се спомна споредба со друга организација која се бави со стрип. Веднаш оценки за Стрип центарот на Македонија.која е добитник на 2/3 или 3/4 од тие средства. Инаку За овие спомнати 10 г ,па случајно станав близок пријател со Ване и он ми ја раскажа историјата за се ,кому дал шанса кога други ги одбивале и сл.Па за поврзувањето со други дејци од други земји . Во едни форуми пред само некоја година се вели едно а сега друго (а 10 г не е мал периодот)КАРАКТЕР БЕ За салоните со ептен минимални средства (аматерски и волонтерски МУ ВЕРУВАМ НА ВАНЕ) .За мизерните списанија за кои некои признаваат дека им биле единствен контакт за запознавање со македонската стрип сцена. та за некои работи за кои бев сведок /изјави на македонци и маилови против нас.(македонец против македонец) Да повторам што веќе пишав: -секој втори ден и почесто просториите се отворени за млади категории.Со нив се работи и е полно. (може и повеќе) -за веб сајтот за вкусовите не вреди да се споменува имам и добиено и доста позитивни оценки.наскоро јес ќе го модерирам бидејќи имаме и јас и ване добиено средства за компјутерска опрема (ставка од проектот на ЕЦФ) како и обука за модерирање.ќе се објавуваат стрипови од млади автори ,се разбира кога ќе се направат. Останете ми со здравје, а понатаму дефинитивно ќе се воздржувам од коментари.Својата активност ,за натаму,на овој форум ќе ја обавувам преку информации.
|
26 Jan 2010, 21:09 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 17 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|