|
|
It is currently 17 Dec 2024, 18:36
|
Author |
Message |
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Дечки честитам.....!!! Фантастично! Го добив пред сат време магазинот и ОДЛИЧНО изгледа.... КОнечно нешто што не е на тоалетна хартија,што не е во чврст повез,што не е фотокопирано и што не е на ниска резолуција(т.е чорнато) Исто сакам да им честитам на дечките кои првпат објавуваат и најискрено се надевам дека ова им е само почеток... Уште еднаш браво!!!! И мал куриозитет....женами нејки стрипој а го бендиса магазинов...детс а гуд сајн ПАтриотите нека се радуваат-магазинов е 100% македонски... БРАВО!
_________________ ејм фор д бушес!
|
04 Mar 2010, 20:27 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
Last edited by Laf on 23 Jun 2010, 01:50, edited 1 time in total.
|
04 Mar 2010, 21:38 |
|
|
Мики
Манга Падаван
Joined: 11 Mar 2009, 14:10 Posts: 1734 Location: Скопје
|
Честитки за СИНДРОМ, честитки за промоцијата се е на врвно ниво, некој и да сака да каже нешто дека не чини-неможе Само мала забелешка за промоцијата, требаше Фуере да го викнете, он и онака сегде иде и тука ќе дојдеше
_________________ Живот... динамичен колоиден систем во кој реверзибилно со состојбата ти поминува во гел!
|
04 Mar 2010, 22:05 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Кратко и јасно: С(в)е беше/е/ќе биде СУПЕР! Одлична промоција, малку ми е криво што Ласко малку задоцни на промоцијата, и тој е еден од стожерите на овој производ, а најмногу ми е криво што Тетоецот не беше- па ти си технички уредник или не, мајку му?!? Па ти треба у први редови „да се насладуваш“! Исто така, мило ми е што дружбата ни ја разубавија „лепшите половини на челниците“. Слушнав убава вест кај Фичот, уште еднаш чеситики и по форум! Мило ми е што ја видов „тхе некс џенерејшн“ екипата - Мики, Бруно... Генерално, многу пријатна атмосфера и прекрасно беше дружењето! Aјт сеа на читање и разгледување на Синдром#1, па коментари на следната собиранка!
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
04 Mar 2010, 22:59 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Супер промоција. Супер производ. Ко што пишав погоре неколку поста, така и излезе - апсолутно професионален производ! Браво до сите.
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
05 Mar 2010, 00:18 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
eve i ja samo sto se pribrav prodolzivme na pivo do sega odvaj ne sobra vo soul pub ni snema primeroci, nosev se sto imam doma (duri i primerocite planirani za arhiva) za zal, nekoi ostanaa bez primerok od druga strana, toa e dobar znak za stripot imam 10tina so stiker, za prethodno naracanite, da ne se sekiraat, ke si dojdat do svojot primerok najgolem merak mi bese sto dojde podmladokot, ama AMA se pojavi i edno cice, koe si kupi megju prvite, dodeka uste imase i se oseti deka e nekoj star kolekcioner. vo taa guzva, novinari, organiziranje, ne uspeav da si pomuabetam so nego posle mi spomnaa deka se vika Mile, ili nesto sl. pa ke se potrudam da go najdeme i da go sobereme na nekoe od druzenjata vo LB znaci, promocijata pomina mnogu podobro od sto zamisluvav imase mnogu narod imase mnogu ubava energija, nasmeani faci, druzenje, strip-muabeti... nastanov go pokrija nekolku mediumi, plus i vcera so presot bese super znam deka za utre vo dnevnik nesto moze da ima vecerva bea prisutni nova makedonija, globus, alfa, ab kanal, vreme... i plus vesnicite deneska sto objavija imavme i malo koktelce, za zal bez alkohol (mi zatvorija posle 19h.) plus povejketo od forumov si prodolzivme da se druzime daj boze da ima sto povejke vakvi povodi, sto pocesto da se sobirame i da se raduvame na zaednickite uspesi (bez razlika dali ke bidat za album, magazin, fanzin ili sto i da e) sega ke gledam da potsredam malku sliki, pa ke zakacam nesto Pozdrav i da znaete deka vtoriot broj na Sindrom e najaven za maj, ponatamu i drugi daj boze da ima pa zatoa samo pravete go ona vo sto uzivate: crtajte i uzivajte so ljubov i stripovski nasmevki Davor
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
05 Mar 2010, 00:20 |
|
|
ZoranC
Магус Регуларус
Joined: 20 May 2009, 00:57 Posts: 1405 Location: Paraguay
|
Cestitki za odlicno zavrshenata rabota! Zal mi e shto ne uspeav da pominam i da go isposhtuvam nastanot. Se nadevam Zdrave stavi eden primerok vo ranceto za mene Cestitki ushte ednash i posakuvam zurka za 100-to izdanie na Sindrom!
_________________ [url=https://www.viagrasansordonnancefr.com/achat-viagra-generique-geneve/]achat viagra generique geneve www.viagrasansordonnancefr.com[/url]
|
05 Mar 2010, 00:20 |
|
|
dare_sum
Сеирџикус Максимус
Joined: 24 Jan 2009, 16:35 Posts: 5116
|
Odlicna promocijata a i da se ima СИНДРОМ vo race bese prilicno ubo cuvstvo
uste ednas Cestiki za site
_________________ http://darkoristevski.blogspot.com/
|
05 Mar 2010, 00:25 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
prashanje sto go slushnav minimum tri pati bese dali planirame da go ima na net vo pdf format toa samo znaci deka ima interes za stripot vo makedonija epten ubava energija, ubavo druzenje, ne znam kako da go opisam cuvstvoto osven deka sum presrejken sto napravivme nesto so mnogu ljubov
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
05 Mar 2010, 00:31 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
a fotki be shabani?
_________________ ејм фор д бушес!
|
05 Mar 2010, 00:33 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
05 Mar 2010, 00:36 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Eve fotki od promocijata zagrevanje novinarski muabeti nadezni talenti kratko zborenje, bez nepotrebno tupenje poznata faca ova ko vo fudbal, reprezentacijata na makstrip U21 nasiot podmladok stara garda guzvata se prefrli pred ikona, za cigarce posle ubavo zavrsenata druzba da se znae kade ni bese promocijata na relaksirano pivce sega primetiv, nemam mnogu od lujgeto sto bea na mojov aparat (krale, laf, fich, smile, toni, morgana, mile, xiperius se pojavi na kratko, i sigurno uste nekoj mi fali) se nadevam naskoro ke se spodelat sliki i od drugite
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
05 Mar 2010, 00:55 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Се' беше супер: одлична промоција (убав простор, стрипаџии, медиуми, говор(и) , грицки и сок, аплауз...), запознавме уште членови на форумот, меѓу кои и, деновиве актуелната со своите одлични дела, Тања, a и чичето што Раста го спомна делува супер (подоле за него). Ласко ни задоцни, но се извади на крај и се појави, а жал ми е што поради други обврски не ве дружев потоа, каде и да заминавте. Чекам да закажете повторна средба во Маленката Британија, а во меѓувреме ајде фотоси... За чичето - мислам дека зборуваме за истиот човек - со него се среќавам кога земам роба од Боце... и тој му е редовен муштерија. Си правиме муабет, а помуабетивме и на промоцијата и човекот е дефинитивно ем начитан, ем колекционер. Остава впечаток дека нема што нема во својата колекција и чудно ми е што никој не го знае. Гледам следи и нови работи и одлично ја познаваше моменталната стрип-понуда во Икона, изгледа и нив им е редовен муштерија. Една од интересните работи што ми ги кажа е дека си направил стрип-книга за Сребрениот Летач од John Buscema, фотокопирајќи ги сите епизоди од Стрипотека и др., заедно со многу текстови, и се' тоа вкоричено "тежи" 800 страници. Вистински љубител на стрипот. /ОК, фотките стигнале додека го пишував ова...
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
Last edited by Laf on 05 Mar 2010, 01:00, edited 1 time in total.
|
05 Mar 2010, 00:56 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
sto ubav muabet se slusha za ciceto, definitivno e zakon bas sakam da dojde na nekoja sredba do little britain
i pecurkata mi napravi golem merak sto ne poseti na promocijava za zal, vo taa guzva, mediumi, organziiranje, nema vreme da se vidam so mnogu lujge se nadevam deka i novive clenovi ke ni se priklucat na sobirankite
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
05 Mar 2010, 00:59 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
05 Mar 2010, 01:03 |
|
|
ZoranC
Магус Регуларус
Joined: 20 May 2009, 00:57 Posts: 1405 Location: Paraguay
|
_________________ [url=https://www.viagrasansordonnancefr.com/achat-viagra-generique-geneve/]achat viagra generique geneve www.viagrasansordonnancefr.com[/url]
|
05 Mar 2010, 01:10 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Одлично! Супер атмосфера Епа ај аирлија и за многу вакви дешавки
_________________ ејм фор д бушес!
|
05 Mar 2010, 01:11 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
Promocijata bese super, odlicno bese toa sto se odbra knizarnica (i toa edna od retkite so stripovi na policite) za ovakov nastan. Sindrom-ot e top. A i druzbata potoa vo Soulpab dobro dojde. Sliki ima, ke sledat najkasno utre ova vreme. Mnou sum izmoren sea da postiram.. Pozdrav i nek se mnozat. :beer:
|
05 Mar 2010, 02:15 |
|
|
TheSacredMushroom
Ултимејт Резервист
Joined: 02 Mar 2010, 16:27 Posts: 985 Location: Скопје
|
@Laf фала на убавите зборови @rastaman па морав да дојдам, морав да си соберам еден примерок за мене стварно супер изгледа, а поготово насловната ми прави мерак. Иако бев на кратко (по пат бутнав некоја книга две) се надевам ќе има уште многу промоции и собиранки
_________________Life is the art of drawing without an eraser. http://thesacredmushroom.deviantart.com/
|
05 Mar 2010, 02:32 |
|
|
LASKO
Магус Регуларус
Joined: 17 Nov 2009, 19:17 Posts: 1220 Location: Skopje
|
Извинете дечки, јас малку задоцнив на промоцијата, ама затоа имав достојна замена, мојот Џуниор беше таму токму на врема. Сепак, еве некои кадри што ги фатив на пост промоцијата, и сами гледате колку сум љут на сликава, криво ми е за доцнењето па морам да пијам пивце за да заборавам ... Хе, хе, хе, сѐ беше СУПЕР. Жал ми е што Тхе Мичо не беше тука, фалеше малку неговиот хумор ама ајде, има оправдана причина ...
_________________ ___________________________________________________________________________________ Those who do not want to imitate ANYTHING, produce NOTHING. (Salvador Dali)
|
05 Mar 2010, 07:54 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
kako be da ne se ubijam od smeenje na glas kolegive odsabajle gi zbunuvam poshtuem muabet
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
05 Mar 2010, 08:28 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Denesen dnevnik (petok) ima skoro cela strana odvoena za magazinov jaka propagandna mashinerija http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9C8D5CEEA ... E66E4378C9ova e eden od najubavo prenesenite tekstovi, nema masakriranje na recenicite, menuvanje na smislata i sl.
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
05 Mar 2010, 08:31 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Дневник (Култура) Стрип-синдром ја зафаќа МакедонијаВо книжарницата „Икона“ во Скопје вчера беше промовиран новиот македонски магазин „Синдром“, целосно посветен на ширење на стрип-културата и јакнење на оваа уметност во земјава. Зад изданието стои тимот што една година го води интернет-порталот „Макстрип“ ( www.makstrip.com.mk). Момците велат дека за роденденот решиле да излезат од виртуелниот простор и да покажат мал дел од македонската стрип-сцена преку печатен медиум. Тие велат дека стрипот самиот наметнува потреба да биде виден во печатено издание. Стрип-сценаристот Давор Драмиќанин, уредник на „Синдром“, вели дека желбата за вакво издание постои одамна. - Идејата и желбата беа подолг период присутни и ние, како стрип-автори, одамна сакавме да направиме нешто. Од почетокот знаевме дека сакаме тоа да биде претставително издание, да личи на светски магазин, а да е со домашни автори. Затоа издадовме списание во боја, на квалитетна хартија, кое по форматот и по дизајнот е најблиску до американските изданија - вели Драмиќанин и додава дека не почнуваат со голем тираж и ги таргетираат стрип-читателите за кои знаат дека ја следат домашната сцена, а една од нивните идеи е во иднина да привлечат и многу нови следбеници на стрип-културата. ПРИРОДНО ИЗБРАНО ИМЕ Здравко Гиров, стрип-автор и член на редакцијата на магазинот, вели дека името не е случајно избрано. - Името „Синдром“ си дојде природно, бидејќи сите луѓе што учествуваа во подготовката и сите што би го купиле нашето списание со сигурност боледуваат од болеста наречена стрип - објаснува Гиров. Магазинот е самофинансиран и тоа претставува пречка за поголем тираж, за да се продава по книжарници и трафики. Момците веќе прават план за следните броеви и планирано е следниот да се појави во мај, а третиот во септември. Во тој период се надеваат дека ќе најдат повеќе пари за зголемување на отпечатените примероци. Концептот на магазинот е замислен така што половината отпаѓа на стрип, потоа следуваат илустрациите со помал удел и текстовите поврзани со стрипот. Во првиот број се застапени само домашни автори, а планот е „Синдром“ да се појавува на три месеци или 3-4 изданија во текот на годината. - Првичниот план е промоција на повеќе македонски автори во секој број. Со повеќето од авторите сум и другар и со години заедно твориме, па знам колку материјали има за да се покажат. Но, секогаш постојат и млади автори - кои добија свое место во магазинов. Од друга страна, темпото на издавање остава простор да се реализираат нови кратки стрипови и илустрации за наредните броеви - истакнува Драмиќанин. ПЛАСМАН НА ПРИКАЗНИТЕ Гиров вели дека членовите на „Макстрип“ ја знаат важноста од постоењето на вакво издание, особено кога се прават напори да се создаде нешто современо. Тој смета дека постоењето на стрип-магазин е добар чекор во градењето на стрип-култура и навиката за купување вакви изданија. - Целта на „Синдром“ е со посвеж пристап, и нормално, со квалитетен производ да се промовираат млади стрип-цртачи, со што би се мотивирале да креираат оригинални стрип-јунаци и да пласираат оригинални стрип-приказни. Нам целта ни е да направиме чад, а каде што има дим има и оган - објаснува Гиров. Тој вели дека ќе се потрудат во иднина „Синдром“, според квалитетот, бројот на страници и тиражот колку што е можно повеќе да им се доближи на светските списанија. - Тиражот е мал бидејќи магазинот е самофинансиран, но затоа квалитетот на изданието, и од аспект на содржина и од аспект на печат, може да се носи рамо до рамо со повеќето стрип-магазини од Балканот, па и светот. Инаку, како урнек беше земен американскиот стрип-магазин „Визард“, кој е направен од стрипохолици за стрипохолици. Исто е и со нашиот „Синдром“ - завршува Гиров. Димитар Петровски Четири стрипа во еден број Првото издание на „Синдром“ носи четири кратки стрипа: „Летот на пурпурниот змеј“ (од Тхе Мичо), „Ајвармен: Епизода 3“ (Игор Јовчевски/Давор Драмиќанин), „Ултра Хајпермен“ (Здравко Гиров) и „Карпе дием“ (Дарко Богданов/Јордан Коцевски). Освен тоа, дел од изданието се и десетина оригинални илустрации и текстови за „Оригиналноста на мангата“, профил „Кој е Капетан Америка“ и интервју со познатиот колорист Мет Холингсворт. Од вториот број ќе има и текстови за домашната сцена, а во план се и интервјуа со македонски стрип-автори. Првиот број беше достапен само на промоцијата, а другата половина од малиот тираж ќе биде за промоција на стрип-фестивали низ Балканов, каде што членовите на екипата често гостуваат.
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
05 Mar 2010, 08:32 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
za site sto ostanaa bez primerok KE IMA MAL REPRINT pa koj saka, neka mi javi za povejketo sto ne dobija vcera, vejke gi imam vo plan
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
05 Mar 2010, 09:28 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
05 Mar 2010, 09:30 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 5 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|