|
|
It is currently 18 Dec 2024, 12:03
|
|
Page 1 of 1
|
[ 23 posts ] |
|
League of Aquatic Heroes - Процес на изработка
Author |
Message |
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
На вчерашната дружба бев замолен да покажам нешто околу процесот на изработка на стрипов, којшто секоја недела го гледате овде, па еве да ја испоштувам желбата... Се надевам дека ќе има луѓе што ги интересира ова... Ќе поставам процес на изработка на една полу-табла, еве на пр. 4-тата
Како прво, добивам сценарио од Нуњо во следнава форма:
Panel One: ORCA is hanging off the hull of the boat and screaming a sonic scream towards one of the OCTOPOD's tentacles which tears it to shreads. BOSTON CRAB falling to water in the distance.
SFX: SQUEEEEEE!
BOSTON CRAB: --IIIMMEE!
Panel Two: OCTOPOD grabs ORCA's leg with a tentacle.
Panel Three: OCTOPOD smashes ORCA against the hull of the boat, leaving a dent.
SFX: SMASH!
ORCA: Some--
Panel Four: Repeat the smashing, leave another dent. One of ORCA's arms is bent behind him.
SFX: BANG!
ORCA: --help--
Panel Five: Repeat smashing again. ORCA should be missing an arm and his body tears in half here.
SFX: GRIND!
ORCA: --heeeerre--
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
Last edited by Temnik on 25 Mar 2010, 22:05, edited 1 time in total.
|
25 Mar 2010, 21:58 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Mene me interesira-stalno....
_________________ ејм фор д бушес!
|
25 Mar 2010, 22:01 |
|
|
Damjan
Манга Падаван
Joined: 23 Jan 2009, 11:18 Posts: 1899 Location: SKOPJE
::
|
aleluja!
_________________ Pepe Le Pew: Why did everyone leave? Oh, but of course! Already I have achieved a post of honor, and have been left to defend the fort. Viva la Republique!
|
25 Mar 2010, 22:04 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Во првата епизода (првите 18), добивав од него и ткн. layout, т.е. како би сакал тој да изгледа таблата кадар по кадар... Еве како изгледа отприлика тоа: Овде ја избрав една од поразбирливо нацртаните табли, бидејќи Нуњо не е цртач, ама како и секој сценарист, знае точно што сака, и колку толку може визуелно да го претстави
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
25 Mar 2010, 22:05 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Потоа на база на ова, (после многу разменети мејлови со прашања што е што во цртежот... ) јас ја цртам истата во молив и му ја праќам на увид...
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
25 Mar 2010, 22:09 |
|
|
aquafortune
Ултимејт Резервист
Joined: 05 Apr 2009, 01:27 Posts: 922
|
Многу, многу интересно!
|
25 Mar 2010, 22:11 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Потоа, откако ќе ми биде одобрена од него таблата, преоѓам на туширање, а тоа го правам на паус хартија, затоа што ми изгледа попрактично одошто да користам маси со светла одоздола, како што користат некои стрип цртачи, а и самото светло понекогаш знае да замара... Туширањето го правам класично, со перце и четка, и тоа со различни големини, и откако ќе биде се истуширано, скенирам и ја праќам повторно на увид... Еве како изгледа тоа:
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
25 Mar 2010, 22:18 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
На крајот, си постои ткн. letterer, кој во превод би значел (пишувач на текст?), кој ги става облачињата и ги пишува буквите... Кога не постоеја компјутерите, тоа се правеше рачно, за сега да биде комплетно дигитално, т.е. на компјутер... При самото цртање на таблата, внимавам да оставам доволно простор во кадарот, како би се вметнал текстот, а секогаш треба да се води евиденција и колку текст има на дадениот кадар (слика), за да не би се покрил потоа целиот со текст... Некои ги цртаат облачињата на самиот кадар, ама денес е многу полесно да се направи тоа дигитално, т.е. да се вметнат облачињата сосе текстот на таблата... се разбира треба да се применат гореукажаните правила... Секој тоа го прави различно, ова е само еден начин, но е битно да се знае... И на крај еве ја финалната верзија:
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
25 Mar 2010, 22:27 |
|
|
Мики
Манга Падаван
Joined: 11 Mar 2009, 14:10 Posts: 1734 Location: Скопје
|
Обожавам вакви степ бај степ објаснувања
_________________ Живот... динамичен колоиден систем во кој реверзибилно со состојбата ти поминува во гел!
|
25 Mar 2010, 22:28 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Фала, ова би требало да биде корисно за оние кои допрва почнуваат со стриповите, не како некакво правило или не знам што, туку како можен процес, а ги има многу, во зависност од афинитетите и карактерот на директните учесници во тој процес, т.е. сценаристот, цртачот, тушерот, колористот, итн... а може и од кафето што се пие моментално ...Отприлика тоа е тоа, здравје понатаму ќе ставам уште нешто, доколку има интерес... Се надевам уживавте
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
25 Mar 2010, 22:41 |
|
|
Damjan
Манга Падаван
Joined: 23 Jan 2009, 11:18 Posts: 1899 Location: SKOPJE
::
|
odlicno!
_________________ Pepe Le Pew: Why did everyone leave? Oh, but of course! Already I have achieved a post of honor, and have been left to defend the fort. Viva la Republique!
|
25 Mar 2010, 22:51 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
а летерерот е друг човек или и тоа си го правиш сам? супер е секое објаснување за било кој процес на работа
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
25 Mar 2010, 22:58 |
|
|
talamar
Пензиониран Мрчатор
Joined: 23 Jan 2009, 10:10 Posts: 4689 Location: Skopje, R.Macedonia
::
|
Bravo!
_________________ Креирајте македонски стрипови. Читајте македонски стрипови. Купувајте (по воља) македонски стрипови.
|
25 Mar 2010, 22:59 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Фала многу... Letterer во случајов беше Rui Dasilva, којшто е напишан долу во десниот агол на секоја табла, инаку и ко-сценарист на Нуњо... Инаку да, сеуште постои професијата letterer, поготово во САД и Канада, за други земји не знам, ама во Европа се поретко, можеби само во Франција, и тоа кога се бара ефектот на рачно пишување... има некој посебен шмек во тоа, некои од нив се вистински калиграфи.
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
26 Mar 2010, 00:31 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Еве малку се подослободив од обврски, па да ставам уште една страна од стрипот, ама овојпат сакам да ви покажам малку поинаков пристап (вака е работен стрипот од 19 страна па натаму...). Откако ќе го го добијам сценариото во следната форма: Strip 019: Another Quiet Evening
Panel One: The scene opens on the deck of a boat. There is SHIPHAND mopping the deck at night.
Panel Two: A shadowy hunched over form passes a stack of crates. The outline should indicate that the figure is the SEALION.
Panel Three: The dockworker spins around worried he heard something.
SHIPHAND: --Thought I heard something?!
Panel Four: SHIPHAND goes back to moping.
Panel Five: SHIPHAND turns around violently screaming with his arms raised. The Shadow of the SEALION stretched across the deck towards him. Овојпат не добивам од Нуњо готова искадрирана страна т.е. јас го правам layout-от, и тоа го правам погрубо, како скица во молив, колку да се види што ќе има во секој панел... Еве како изгледа тоа: Потоа му ја испраќам вака скицираната страна на Нуњо, и откако тој ќе ја одобри, ставам паус над скицата, и директно со туш ја завршувам таблата (страната)... Со ова се добива и на време, а и Нуњо веќе стекна повеќе доверба, па ми дава повеќе слобода во креирањето на панелите... Овде тој инсистираше да се стави некаков растер, кој е вметнат компјутерски, за да се истакне дека е ноќ, ама ете, според некои од вас не беше баш добар потег...Како и да е, еве го крајниот производ, т.е. сосе облачињата и текстот внатре... Не знам што се случи со веб-сајтот, Нуњо е доста зафатен изгледа, па еве веќе две-три недели не поставил ништо (иако има уште доста готови страни...), ама се надевам дека набрзо ќе продолжи со поставувањето на страните, барем до крајот на оваа епизода... Очекувајте изненадувања за понатаму...
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
21 Apr 2010, 19:23 |
|
|
Шиљо
Надежен Луд Научник
Joined: 07 Apr 2010, 02:08 Posts: 247
|
екстра се објаснувањава.. продолжи така
_________________
|
22 Apr 2010, 01:03 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Фала, ќе има уште, здравје... Кажете што конкретно ве интересира околу процесот на изработка, тука сум... Може не цело време, ама брзо ќе одговорам... Инаку, ако не си видел досега, еве линк до се што е поставено досега: viewtopic.php?f=12&t=806
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
22 Apr 2010, 07:34 |
|
|
LASKO
Магус Регуларус
Joined: 17 Nov 2009, 19:17 Posts: 1220 Location: Skopje
|
Одлично сработено од твоја страна Темник. Супер објаснување за начин на работа, сигурен сум дека за помладиве ќе биде многу корисно! Имам една забелешка за впишувањето на текстот и облачињата во првиот пример, мислам дека предебелата линија на облачињата непотребно му смета твојот цртеж. Еве направив еден кадар со потенка линија на облачето ... можеби не сум во право, сепак коментирам добронамерно ... Што се однесува до туширањето на паус, при скенирањето паусот прави мала сенка, за разлика од скенирањето цртеж на хартија, пробај, со хартија ќе добиеш многу поостри линии ...
_________________ ___________________________________________________________________________________ Those who do not want to imitate ANYTHING, produce NOTHING. (Salvador Dali)
|
22 Apr 2010, 08:40 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Фала многу мајсторе! Се согласувам за облачињата, само проблем е што јас не ги вметнувам...Објаснувањето погоре беше чисто за да се води сметка за празниот простор во кој би требало да се вметнат... Инаку вака изгледа многу поелегантно, јас дури и оквирите би ги истенчил малку, ама сега тоа е... За паусот исто така имаш право, и јас сум ја заприметил таа сенка при скенирањето, дури понекогаш е многу тешко да се исчисти, ама понекогаш помага малку и бел лист хартија врз паусот (кога скенирам...). И јас сум за хамер варијанта, многу е подобар и за туширање и за скенирање, ама морам вака зошто ми требаат двете верзии, и молив и туш посебно...
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
22 Apr 2010, 10:31 |
|
|
BrunoPhoenix
Манга Падаван
Joined: 04 Feb 2009, 19:27 Posts: 2274 Location: Скопје
|
bravo!
|
09 May 2010, 13:45 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Еј супер е ова објаснување околу процесот на изработка.........
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
31 May 2010, 12:30 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
abe kaj e temata za konkursot, nikako ne mozam da ja najdam?
|
21 Aug 2010, 16:46 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Еве ја овде: viewtopic.php?f=13&t=1621&start=200Богами и јас се изнамачив да ја најдам, многу топици и теми има, да се изгубиш...
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
21 Aug 2010, 18:00 |
|
|
|
Page 1 of 1
|
[ 23 posts ] |
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 5 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|