Author |
Message |
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Еве нешто што планирам да го читам наскоро (треба да ја има околу саем) Мистергонија на Милош ДимковскиРоман – релаксирачки и возбуден. Лесно читлив. Мистичен. Егзистирачки. Мистериозен. Растревожен, а воедно тивок. Несреќен случај кој менува живот на едно семејство. Кошмар. Реалност. Љубопитство. Насмевки кои се паметат за последен пат. Агонии што го толчат човековото битие, оставајќи безвредни траги низ времето. Авантура без ронка милост. Возбудлива приказна низ времето, почнувајќи од Лондон до нова бесконечност – дел од непознатиот универзум, кој ниту научниците не можат да го откријат. Страв од непознатото им претставува пречка на тинејџерите да стигнат до целта. Спомени од минатото се надеж за нив; флертување, свирки, пепетуртки во стомакот, забави, момчиња, девојки... планирана цена: околу 300 ден.
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
06 Apr 2010, 20:55 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
06 Apr 2010, 21:17 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
ova za u biblioteka da ne e ?
|
06 Apr 2010, 21:38 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
definitivno za vo BIBLIOTEKA e!
_________________ ејм фор д бушес!
|
06 Apr 2010, 21:45 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
place za biblioteka
|
06 Apr 2010, 23:25 |
|
|
gordan
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 22:17 Posts: 1134
|
Давор да каже откај (ќе го) земе (земал) за да си пазарам и јас примерок
|
07 Apr 2010, 10:26 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
до мене стигна информација дека ќе ја има книгава на саем
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
07 Apr 2010, 10:27 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Префрлено во Библиотека.
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
07 Apr 2010, 14:08 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
погрешен топик, не е страшно
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
07 Apr 2010, 16:20 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
|
07 Apr 2010, 23:48 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
звучи храбро и одважно за еден мк роман. треба да се провери. ама дизајнов на домашниве книги е ужасен, и тоа трае со гоооодини ќе им покаже ли некој конечно како се прави добра насловна?
|
08 Apr 2010, 11:01 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
п.с. Јас лично не сум голем оптимист околу оваа фама. колку што прочитам на едно , каде вели за книгата: „Приказната во „Мистергонија“ се движи околу семејството Милсон, кое има пет деца. Откако нивната куќа ќе изгори до темел, тие ќе бидат принудени да најдат засолниште кај нивниот мистериозен роднина Карлос, на периферијата на Лондон. Тој ќе ги прими во својот дом, но ќе им забрани да влегуваат во четвртата соба. Љубопитните деца ќе го прекршат правилото и ќе влезат во одајата. Таму ќе наидат на голема кристална топка што реагира на сончева светлина. Таа ќе ги повлече децата во себе и тие ќе се најдат во волшебната земја Мистергонија.“ - Исто така неговиот ментор воедно му го пишува и предговорот и го велича својот young apprentice како Осмо Светско Чудо во Македонија: Ментор на младиот Димковски е никој друг освен од наша страна обожуваниот Венко Андоновски. Па во продолжение можете да го прочитате предговорот на Мистергонија напишан од страна на Андоновски:
„Еве нов талент на македонското книжевно небо: тоа е младиот средношколец Милош Димковски, кој уште пред неколку години го испиша она што сега го држите во рака. Тоа е неговиот роман „Мистергонија”, дело кое го отсликува бурниот книжевен темперамент на младиот писател и го најавува како нова надеж на нашата проза. Тоа е надеж што треба да се негува, зашто какви се времињава - сè повеќе луѓе кои имаат книжевна дарба се откажуваат од пишувањето (како да е тоа штетна навика) и се свртуваат кон практичните и прагматични работи. Книжевното деби на ова чудо од дете (додека неговите врсници уште не размислуваат за смислата на животот, тој на четиринаесет години напишал роман) го најавува него како прозаист со високо истенчено чувство за приказна, за сижетирање и композиција. Иако дејството на неговиот роман се одвива во утописки, фиктивен простор, односите меѓу ликовите се прецизно поставени, и што е најинтересно - психолошки нијансирани, како да станува збор за човек што го искусил животот во нијанси! Во секоја, а не само во нашата книжевност ретки се ваквите книжевни случаи на прерана книжевна и животна зрелост. Затоа, штета би било да се испушти од раце ваков книжевен талент; од тие причини, благодарност и до Министерството за култура на Република Македонија, кое го препозна форматот на младиот писател и го помогна издавањето на оваа книга. Читателите ќе се убедат во моите пофалби, уште од првата страница: иако е тоа фикција во вистинската смисла на зборот, лесно се препознаваат цели рецитати од познати книжевни дела, но и цели ситуации од секојдневниот живот - љубов, натпревар, завист, борба, копнеж. Младиот Димковски суверено владее со своите ликови, покажува смисла за конфликт, заплет и расплет, смисла за селекција на битното од небитното и испуштање на небитното (елипси), смисла за поентирање и што е најважно за еден писател - смисла за поставување прашања на кои ни филозофите немаат конечни одговори. Неговиот стил е динамичен, темпераментен, видлив, и тоа е она што ми дава за право да го препознаам како надеж на идната македонска проза. Кога сето тоа ќе се стави на кантарот на книжевната критика, се добива комплетна прозна фактура, која иако е сè уште во развој (како младо вино кое уште врие) - гарантира бренд. Сè зависи, во овој случај (во тоа сум убеден) само од тоа дали младиот талент ќе продолжи да се занимава со тој неблагодарен занает - пишувањето, или не.“ Но ај да не звучам ко „лошиот чичко“ во целава оваа приказна, му пожелувам многу успех на младиот автор, и да дочекаме стрип верзија на неговите романи!
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
11 Apr 2010, 11:05 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Kolku miljardi e ova? Zanimljivo... I pozdrav za ZAGOR najnoviot clen koj e voedno i avtor na knigava Bravo mladichu na trudov.
_________________ ејм фор д бушес!
|
11 Apr 2010, 19:26 |
|
|
zagor^
Џуниор Џедај
Joined: 11 Apr 2010, 18:05 Posts: 3
|
Fala mnogu. Pred se da se zablagodaram na onie na koi barem malku se zainteresiraa za "Mistergonija", se nadevam deka nekoj od Vas ke ja procita, pa posle ke mi kazse svoe mislenje... Inaku i jas sum ljubitel na stripovi, posebno na Zagor, Dympir i Martin Mysteri.
|
11 Apr 2010, 21:27 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Ti namesto da se zablagodarvash kje potpishish to knigite ko ke gi kupime za posle da gi preprodajme poskapo na i-bej... I kako pisatel bi ti preporacal da pobatalish to zagor dampir i marti i da se prefrlish na opusot na izdavachkata kukja VERTIGO.....
_________________ ејм фор д бушес!
|
11 Apr 2010, 21:40 |
|
|
zagor^
Џуниор Џедај
Joined: 11 Apr 2010, 18:05 Posts: 3
|
Се подразбира. Договорено, тогаш се гледаме на саемот.
|
11 Apr 2010, 22:23 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
a koga e saemo?
_________________ ејм фор д бушес!
|
11 Apr 2010, 22:29 |
|
|
zagor^
Џуниор Џедај
Joined: 11 Apr 2010, 18:05 Posts: 3
|
хаха... од 13 до 18 април. Почнува за еден ден, од вторник, во понеделник навечер е отварање.
|
11 Apr 2010, 22:33 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
super sreda sum skopje ke se potrudam da pominam-mada da tnko to-mada da ko ke razmislam groto so treba da se vidam se izdavachi taka da taman..... ke nosam crvena ruzha vo rever-ti zagore nosi stilo za to knigata pozdrav i uste ednash-bravo za knigata(mada da bidi opomenat-ko ke ja prochitam tro zaeban kritichar sum).
_________________ ејм фор д бушес!
|
11 Apr 2010, 23:33 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
|
12 Apr 2010, 00:17 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
јас си дојдов до мојот потпишан примерок книгата има популарна цена од 250 денари (на саем) подебела е од што очекував коментари, одкога ќе ја прочитам
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
15 Apr 2010, 14:00 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
..ete be materijal za strip....animiran film.....komplet nashki...
|
20 Apr 2010, 19:31 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
rasta dokaj si so knigava?
|
05 Jun 2010, 11:53 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
уште последните глави ама ми фали слободно време да ја финиширам
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
05 Jun 2010, 20:29 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
denes ima sredba so avtorot na knigava do 18h, vo knizarnica Tri, Gtc do kino milenium...
|
25 Jun 2010, 14:41 |
|
|