|
|
It is currently 19 Dec 2024, 03:50
|
Tekstovi za i okolu stripot...
Author |
Message |
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
ДЕНЕС БОГАТ ДЕНО СО ТЕКСТОЈ ЕВО УШЕДЕН ОД ДЕНЕШНО ВРЕМЕ ПОЗДРАВ ЗА ЗЛАТКО ГИРОВ http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault. ... eID=145421АПСУРДИ НА НАШЕТО ИЗДАВАШТВОИлустрираме за светот, па откупуваме за дома Елена Димитровска Илустрирањето книги, особено детски книги, претставува вистински предизвик, кој, велат нашите уметници, повеќе го реализираат во странство отколку дома, за потоа, често, изданијата на кои работат да бидат откупувани од нашите издавачи како дела на странски автори. Оваа апсурдна ситуација и незавидната состојба на илустраторството, како и на целата култура во земјава, според авторите, води кон забележлив пад на бројот на илустратори, а постојано паѓаат и критериумите во дизајнот и обликувањето на детските изданија, кај кои визуелниот момент е посебно важен. Единствено место каде што илустраторите добиваат шанса за работа во земјава се издавачката куќа „Детска радост“ и списанијата за деца „Росица“ и „Другарче“. Еден од најдобрите и најпознати домашни илустратори, Михајло Димитриевски - Тхе Мичо, кој има изработено огромен број илустрации за детски книги, сликовници, боенки, списанија за деца, стрипови, детски емисии, потврдува дека македонски илустратори многу повеќе изработуваат за странски изданија, отколку за домашни наслови. - Состојбата со нашето издаваштво во делот на илустрацијата на книги, сликовници, стрипови не е баш нешто розова. Како што тргнаа работите, голема е веројатноста дека некој наш автор ќе изработи книга за странство, која подоцна ќе биде откупена од наши издавачи и тука ќе биде продавана како странско издание. Кај младите илустратори има интерес да издаваат книги. Само илустраторот мора да има текст и издавач што ќе биде расположен тоа да го објави и плати, што кај нас е реткост - вели Димитриевски. Слично размислува и дваесет и двегодишниот Димитар Торбаков, еден од ретките млади уметници, чијашто преокупација е уметноста за деца. Тој минатата година ја доби наградата на издавачката куќа „Вермилион“ за најдобра илустрација за книгата „Марфи компирката“ од Овен Колфер, чијшто превод на македонски треба да се појави годинава. Моментно, ова е единствената награда за илустратор за книга за деца и за млади што се доделува кај нас. - Сметам дека најважното што треба да го има една, условно, совршена илустрација е атмосфера што ќе коренспондира со приказната. Нашите издавачи вложуваат многу малку на ова поле - вели Торбаков. Оние од постарата генерација се сеќаваат на времето кога почнувале и кога имале многу повеќе медиуми каде што им била дадена шанса да творат, а постоеле и високи критериуми. - Долго време не се занимавам со илустрација за деца. Колку што ми е познато, сегашната состојба на овој план е загрижувачка, како и се друго во уметноста и во културата каде што се неверојатно паднати критериумите - вели Дарко Марковиќ, карикатурист и еден од првите илустратори за деца во Македонија. Светски познати илустратори на детски книги работат под влијание на историјата на уметноста и на модерните трендови. Во светот во последните години добиваат се поголем простор на светските саеми на книга. Така, меѓу глобалните иницијативи на Саемот на детска литература во Болоња спаѓа и изложбата на илустратори, која се смета за најголемо и најпрестижно место на иновативни трендови во илустрирањето на литературата за деца. Престижната литературна награда „Ханс Кристијан Андерсен“ се доделува на жив автор и на илустратор, чиишто дела имале траен придонес во светската литература за деца и за млади. Музејот „Такома“, Уметничкиот институт од Чикаго и Новобританскиот музеј за американска уметност од Конетикат во својата програма имаа изложби на илустрации за деца. Димитриевски додава дека за новата генерација цртачи е многу полесно да се пробијат, пред се поради технологијата и интернет, благодарение на што имаат полесен пристап до странски издавачи. - Постарите илустратори сметаат дека ситуацијата е очајна и, најверојатно, во споредба со времето кога почнувале да работат, така и е. Од тоа што кажуваат, комотно се живеело од занаетов. Тоа што кај нас нема толку работа не значи дека не треба да се проба надвор. Поголемиот дел од нас илустраторите од Македонија (помладата генерација) работиме и за странство токму со примена на интернет. И тоа е одлично - додава Мичо. За најдобро илустрирано македонско издание Тхе Мичо ја издвојува фантастичната џиновска сликовница „Бушава азбука“, илустрирана од Дарко Марковиќ, објавена во осумдесеттите години на минатиот век заедно со култната телевизиска серија. - Од тие шти моментно работат, би ги спомнал Златко Гиров, Игор Јовчевски, Димано, Топуз, Филипов..., некои млади, а некои постари, кои се уште се активни во оваа област. И сите се одлични. Од странските изданија секогаш сум се одушевувал на илустрациите на Алан Ли и на Џон Хау за книгата „Господарот на прстените“, како и на Пол Кидби за фантастичните илустрации на „Дискворлд“ - додава Димитриевски.
_________________ ејм фор д бушес!
|
28 Jul 2010, 18:00 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
ima sitni greshki ama toa e toa vo globala acika bi dzhentl......
_________________ ејм фор д бушес!
|
28 Jul 2010, 18:01 |
|
|
Brian The Dog
Зен Мастер Форумџија
Joined: 02 Feb 2009, 01:58 Posts: 8775 Location: The Realm of Kapištec
::
|
Фингирано
_________________ We are things that labor under the illusion of having a self, this accretion of sensory experience and feeling, programmed with total assurance that we are each somebody when, in fact, everybody's nobody.
|
28 Jul 2010, 18:58 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
инвазија!!!!
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
28 Jul 2010, 19:26 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
...cista vistina.....pocista zdravje...
|
28 Jul 2010, 20:37 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Ево и скен(да не речите само туѓи скенирам )+ми кажаја дека на сајтот е скратено и немет слики
_________________ ејм фор д бушес!
|
28 Jul 2010, 20:43 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
...Goce Druze super......ce raskazes so si naumil da spremas......
|
28 Jul 2010, 21:06 |
|
|
Skywalker
|
|
28 Jul 2010, 21:07 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
28 Jul 2010, 21:10 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
mislam deka Darko MArkovich beshe-ne sum siguren(sho bi rekol crepon 80%).....dodusha malku i tekstov go smenaja novinarive ama to e vo globala....
_________________ ејм фор д бушес!
|
28 Jul 2010, 21:10 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
....a za ova so i nas ne meshahsh u shtipki ...bashka muabet ce praime Goce...... .....sala Druze...samo napred...
|
28 Jul 2010, 21:11 |
|
|
LASKO
Магус Регуларус
Joined: 17 Nov 2009, 19:17 Posts: 1220 Location: Skopje
|
Скајвокер е во право! Илустрациите за Бушава азбука беа на Душан Петричиќ.
_________________ ___________________________________________________________________________________ Those who do not want to imitate ANYTHING, produce NOTHING. (Salvador Dali)
|
28 Jul 2010, 21:11 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
...i ja nesum sigurn deka Darko beshe...
|
28 Jul 2010, 21:12 |
|
|
Skywalker
|
Ја немам сликовницата, ама колку што паметам барем насловната илустрација беше од Душан Петричиќ...
|
28 Jul 2010, 21:13 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
...taka Druze Lasko.....taka nesto bese....
|
28 Jul 2010, 21:13 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Единствена сликовница од Марковиќ која што сум ја видел е со едно зелено марсовче и тоа неодамна објавена... Баш и не би рекол дека Дарко Марковиќ е познат по тоа, т.е. како илустратор за деца... повеќе како аниматор и цртач на Пецко.
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
28 Jul 2010, 21:16 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
..i eden animiran film....ne se secavam kako se vikase...ali bese top...
|
28 Jul 2010, 21:20 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
од Десна страна е потпишан Душан Петричиќ. на баш и нема многу.
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
28 Jul 2010, 21:21 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Jas sum ko sho rekof 80% ubeden deka dzhinovskata slikovnica beshe od Markovich......ne sum siguren ama ke iscackam.....animacite bashka bea.....ova beshe edna bash ogromna slikovnica sas mnogu detalji.....A3 + aj ke nam neshto pa jana majka da e......
_________________ ејм фор д бушес!
|
28 Jul 2010, 21:23 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
_________________ ејм фор д бушес!
|
28 Jul 2010, 21:23 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
28 Jul 2010, 21:27 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
28 Jul 2010, 21:30 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
..znae...onoj so rikase u emisija.....
|
28 Jul 2010, 21:32 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
_________________ ејм фор д бушес!
|
28 Jul 2010, 21:38 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
најодлепена емисија профи сценариста супер глумци екстра музичари многу можности (мртв за во тоа време беше спремна) сето ова дава квалитет, како што беше Бушава азбука биљарката со приказните за Тарзан ми беше фаворит
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
28 Jul 2010, 21:41 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 7 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|