|
|
It is currently 20 Dec 2024, 09:08
|
Author |
Message |
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Inaku, eve gi naslovnite od prvite dva broja koi gi imam dizajnirano, od broj 3 natamu se ograduvam, bidejki gledam deka ima izmeneto odredeni raboti...
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
31 Jan 2009, 12:03 |
|
|
Skywalker
|
Зошто Алан Форд е светски познат само у наше село?Alan Ford - Tako je nastala grupa TNT i Filip StojanovskiКако надоврзување на текстот за тековната ситуација со Алан Форд, од Мечето Ушко добив едно прашање што постојано му се провлекува низ животот: Што мислиш, зошто Алан Форд како италијанска продукција имаше огромна слава во скоро цела бивша YU (еве нас одредени фанови уште нè држи), осредна популарност во Италија, а речиси никаква забележителност во САД, иако знаеме каде се случува дејството на стрипот. Веројатно се работи за геополитички причини. Прво, локацијата на стрипот не е важна. Има дела кои се случуваат во минатото, па веројатно не би биле читани од луѓето чие време го опишуваат. Така и Њујорк од Алан Форд е повеќе гротескна метафора за урбаниот живот во главата на читателот, првенствено италијанскиот читател, кој има многу повеќе заеднички работи со бившо-југословенскиот колега отколку со оној од САД. Во текстот на темата за присуството на Алан Форд само во Италија и бивша Југославија, со неуспешен обид за пробив во Франција, атрибуиран на Александар Зограф, се споменува дека бившо-Југословените во Канада, на чудење на локалните стриповски книжари, барале два таму непознати ликови: Алан Форд и Корто Малтезе. Но, не пишува зошто. Оваа мистерија не ја разрешува ниту есејот за Алан Форд „Наивец во светот на злите“ од Томислав Османли, објавен во неговата книга „Стрип, запис со човечки лик“ кој заклучува дека: Пораката што неутешно извира од црнохуморниот стрип за Алан Форд и компанијата е неумолливо едноставна: не е се така црно како што на прв поглед изгледа. Поцрно е. Ми се чини дека ваквиот пристап баш и не бил погоден за пробив на американскиот пазар во седумдесеттите, кога стриповите воглавно ги сметале за детска работа (суперхерои), Крамб и сличните црнохуморџии работеле во длабок андерграунд, а почетокот на пробив на странски стрипови преку Хеви метал и мангата бил оддалечен барем една деценија. Од повеќе извори се стекнува впечаток дека по заминувањето на Магнус со 75 епизода (значи, некаде 1974), Бункер го држел серијалот на автопилот, без голем ентузијазам. Можеби не се ни обиделе. Всушност, единствен пример за преведено италијанско „рото-романче“ за американски пазар што сум го видел се неколку специјални епизоди на Марти Мистерија, Дилан Дог и сл. што ги има издадено Дарк хорс комикс. И тоа со сосем друг имиџ од оној „за широки народни маси“ со кој се продаваа во бивша Југославија. При тоа, како и за мангата, мислам дека важна улога во создавањето на лојалност кон брендовите има и големиот број продолженија низ кои се впива атмосферата, што е тешко да се постигне во ненавикната средина, како гореопишаната. Tекстот е преземен од Развигор (Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.) Објавен е на 17 декември 2007 година.
|
16 Mar 2009, 21:25 |
|
|
Skywalker
|
Тековната ситуација со Алан Форд во Италија, Хрватска и СрбијаВо Италија, Макс Бункер непречено ги објавува стриповите Алан Форд секој месец веќе 39 години. Последната епизода што ја имам видено е бр. 460 (Heil Hitler), во која на некој начин претставува омаж на бр. 19 (Trojica iz Yume) во која Боб, кој игра во претстава за Хитлер, повторно го насанкуваат неговите тројца браќа. За разлика од епизодите помеѓу бр. 200 и 300, во кои се рециклираа едни те исти мотиви и здодевни финти, во најновите епизоди главна улога имаат Алан и извесна Минует, додека остатокот од групата се најчесто епизодисти. Во основа приказните за нивните преживелици се менуваат со епизоди засновани на класични книжевни или драмски дела, или како специјални броеви или како прераскажување на учество во бродвејски драми организирани од Тобија Квантрил. Нови елементи се тоа што Минует има некои магиски способности (или ај да речеме јака хипноза) и што злосторствата се прилично крвави. Легендарната цвеќарница е јавно седиште на „Детективска агенција ТНТ“. За октомври беше најавено и „предвремено“ излегување на епизодата бр. 500 како специјален број, која инаку би требало да излезе во февруари 2011 - што е интересен маркетиншки трик. Овие епизоди ги црта Дарио Перуча (Dario Perucca), кој низ годините има развиено чист стил близок на зрелиот Магнус, кој на нашата публика познат од епизодата бр. 200 (Hik, hik, hura) - онаа во која ќе се открие дека Број 1 е жив и дека се криел поради заговорот на Велики Цезар. По терк на Италија и хрватскиот Стрип-агент има плодна продукција низ неколку серии. Најновите епизоди одат преку серијалот „Екстра“, со бела позадина на насловните, а се издаваат и репринти на најстарите, почнувајќи од првата преку серијалот „Класик“, со жолта позадина - и тоа во мек и тврд повез. Имало и специјални броеви , а неодамна е почнато и издавање на некои избрани епизоди во колор, со малку поголем формат. Овие изгледаат прилично добро. Со „белите“ се дојдени до 440 епизода (Tajanstvena žena), а со „жолтите“ до 57 (Skok u prazno) - скоро сите одлични и според финтите и според оригиналниот цртеж на Магнус, кој е со нешто појак туш. Овие изданија се достапни и во Босна и Херцеговина. Од оваа серија има излезено 17 епизоди, од кои шеснаесеттата е прераскажување на Моби Дик. Како и во Италија, и во Хрватска повторно се објавуваат и Максмагнус, во тврд повез. Во Србија, Колор прес груп има продолжено каде што распадот на Југославија ја прекина оригиналната серија на хрватски Вијесник. Изданијата од оваа серија се достапни и во Македонија еден месец подоцна. Последната епизода која е стигната е бр. 300 (Primamljiv poziv), која во Италија е првпат објавена во јуни 1994. Прилично е квалитетна и според цртежот на Перуча и според хуморот. Во неа конечно се разрешува мистеријата со Манџа, започната при крајот на осумдесетитите и не би требало да ја пропуштат некогашните колекционери. Тие исто така објавуваат и серија специјални броеви посветени на прераскажаните класици. Цените на обична епизода во Италија се 2,5 евра, Хрватска 15 куни, Босна 3,7 марки, Србија 70 динари и Македонија 30 денари. Преземено од истиот блог. Иако текстот според датумот е постар, т.е. објавен пред да се појави и македонското издание, ми се виде интересен освртот на авторот на овој блог, па решив да го пренесам и овде. Развигор (Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.)
|
16 Mar 2009, 21:33 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Благодариме за инфото. Но во последниов пост, не се гледааат сликите. Може да го поправиш тоа? Уште еднаш, фала...
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
16 Mar 2009, 22:10 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
Кај мене пак се гледаат... Хмм.
/Интересни две текстчиња. Keep 'em comin'...
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
16 Mar 2009, 22:26 |
|
|
Skywalker
|
И кај мене се видливи, одев според Правилникот за поставување слики...
|
17 Mar 2009, 00:14 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
17 Mar 2009, 00:17 |
|
|
Ernesto
Суперхерој Под Стечај
Joined: 25 Jan 2009, 16:18 Posts: 296 Location: Прилеп
|
Алан Форд Класик број 5Дај!Дај!Дај!
_________________
|
10 Apr 2009, 19:42 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Само да напоменам дека ова е веќе 5-та насловна страница, покрај првите два броја целосна обработка, за која "издавачот" нема платено ни денар...па нека се удира во гради колку сака, еднаш ќе го здоболат... Сега веќе нема мек повез, само тврд повез, и тоа со цена од 150 ден??? А што да им правиме на оние 4 претходни, во мек повез? Како ли се осеќаат сега оние коишто платиле по 200 денари за првите 4 броја во тврд повез...дале 200 ден. повеќе, за во нечиј џеб! Му благодариме на "ценетиот издавач", ама од денес веќе не купувам ниту едно негово издание, не сакам никој да ме прави будала...
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
11 Apr 2009, 00:58 |
|
|
kerber
Џуниор Џедај
Joined: 30 Jan 2009, 18:30 Posts: 38
|
|
11 Apr 2009, 03:54 |
|
|
Konan Makedon
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 00:15 Posts: 575
|
Лош потег на издавачот целосно префрлање на тврд повез.Требаше од првиот број да се почне само со мек или тврд повез.Што е следно,после 8-от број враќање на мек повез??? Инаку овој потег сигурно ќе придонесе во намалување на продажбата.Тие со мек повез одбрале такво издание заради тоа што не се колекционери и го купувале онака за ќеф и сега не знам иако се работи за 30 ден. плус дали ќе се префрлат на тврд повез(замената оди преку Зомес,а тие што не се од СК или Прилеп што да прават??).Исто така издавачот ако сака да ги задржи оние кои го купувале АФ во тврд повез ќе мора да им рефундира разлика од 200 ден.која очигледно ја платиле на првите 4 броја. Сумирано,без никаков план издавање стрипови.
_________________ I love the smell of fresh comics in the morning!!!
|
11 Apr 2009, 11:09 |
|
|
redbaron
Надежен Луд Научник
Joined: 30 Jan 2009, 23:05 Posts: 165
|
Za zal dosta los poteg,sakale ili ne mora da se priznae deka VC(barem dosega)ispadna kako najseriozna izdavacka kuka(zboruvam za stripovi po trafikite),deka ima problemi so naslovnite i otisokot ima,ali barem covek znae koga i sto ke se pojavi.
_________________ "Like you, he believed the dark side could be conquered from within. Such was not to be. The dark side seduced him utterly…and anger became his path!" ―Odan-Urr, warning Ulic Qel-Dro
|
11 Apr 2009, 13:33 |
|
|
Damjan
Манга Падаван
Joined: 23 Jan 2009, 11:18 Posts: 1899 Location: SKOPJE
::
|
druze konan, malce si prodziren!
_________________ Pepe Le Pew: Why did everyone leave? Oh, but of course! Already I have achieved a post of honor, and have been left to defend the fort. Viva la Republique!
|
11 Apr 2009, 13:38 |
|
|
Konan Makedon
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 00:15 Posts: 575
|
_________________ I love the smell of fresh comics in the morning!!!
|
11 Apr 2009, 13:42 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Ne da e proziren....transparenten dibidus.... Konan iliti Dranki cheshit si brat
_________________ ејм фор д бушес!
|
11 Apr 2009, 14:16 |
|
|
Konan Makedon
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 00:15 Posts: 575
|
Па кога има добри изданија и потези го фалам мак издавачот,ама кога има лоши потези и изданија го критикувам. Иначе издавачу гледам колку не се замараш со овој форум па дури и монологни писма си пишуваш(до мене) на твоето форумче.Бравос.
_________________ I love the smell of fresh comics in the morning!!!
|
11 Apr 2009, 14:20 |
|
|
dare_sum
Сеирџикус Максимус
Joined: 24 Jan 2009, 16:35 Posts: 5116
|
po gavolite kolku e prokleto smesno
_________________ http://darkoristevski.blogspot.com/
|
11 Apr 2009, 16:49 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Pa dobro normalno si pishuva samiot posto nema bash mnogu clenovi,a ni prijateli,a i poznat e od porano izdavacot kako covek so poveke nikovi i poveke lica nali(so e vo medicinata isto taka poprilicno poznato)...... Za zhal okolu Alan Fordov noviot primerok sto go vidov vo Tobako Bitola za malku ke se raspadneshe......znaci kvalitetot ostanuva.....50% posto prodazba,ili 1 od 2 se prodadeni,MM isto... I uste edna losha rabota za zhal,nekolku broevi od A.F. se prodavaat toptan vo najlonce po 100 denari mislam so e super za citatelite ama za zhal losh znak za izdavashtvoto na stripovive.TOa e posledniod znak pred propagjanje....Taka da uste ednas ke ostanime so pokusi rakavi poradi izbrzani zhelbi za zarabotuvacka i prestizh.... Se nadevam deka nema da bidi taka,ama za zhal..... Shteta za strip izdavashtvoto vo MAkedonija.I toa ogromna....... Toa tipot so problemite sto gi ima vo glavata mozi da si se rasprava digitalno so mene i so cel balkan konkretno kolku sto saka,ama za zhal toa biznisot mu propagja vo megjuvreme,a toa pravata za stripovi i slicno nema da mozat da se dobijat vo idnina tolku lesno..... Vo slucaj da bidam obvinet za nepatriotizam i slicno,jas iskreno go podrzuvam tipot da si pravi toa izdanijata,ama ne od zelba za brz profit,ili da mu se sveti na nekoj tuku od stvarno nesto da ima da ja zakreni scenava,ama toa e....
_________________ ејм фор д бушес!
|
11 Apr 2009, 20:58 |
|
|
redbaron
Надежен Луд Научник
Joined: 30 Jan 2009, 23:05 Posts: 165
|
Znaci vo slucajot na AF patriotizmot ke ve cini samo 120 denari
_________________ "Like you, he believed the dark side could be conquered from within. Such was not to be. The dark side seduced him utterly…and anger became his path!" ―Odan-Urr, warning Ulic Qel-Dro
|
12 Apr 2009, 12:34 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
А не грешка си...150ден.
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
12 Apr 2009, 12:37 |
|
|
redbaron
Надежен Луд Научник
Joined: 30 Jan 2009, 23:05 Posts: 165
|
_________________ "Like you, he believed the dark side could be conquered from within. Such was not to be. The dark side seduced him utterly…and anger became his path!" ―Odan-Urr, warning Ulic Qel-Dro
|
12 Apr 2009, 12:53 |
|
|
Skywalker
|
Денеска го видов Алан Форд број 5 со нова цена, а исто така и тие 2 во 1 по цена од 100 денари. Ме зачуди одлуката на издавачот од овој број да го објавува Алан Форд само во еден повез, поскапиот, додека тие што ги купија првите четири броја во мек повез, сега имаат два броја за 100 денари. Според мене настана една конфузна ситуација, не знам дали ќе има можност да се замени мекиот со тврд повез со одредена доплата, и колку од читателите ќе се одлучат на таков чекор. Најверојатно издавачот си има направено одредени калкулации и знае што прави. Само ќе се согласам со Konan Makedon дека од првиот број требаше да се одлучи со кој повез ќе се излезе на пазарот, ако веќе не е исплатливо да се пласираат и двата, како што тоа го прави хрватскиот издавач.
|
12 Apr 2009, 22:24 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Izdavacot neznae sto pravi.... Najednostavna rabota sto mozat da ja pravat sega kupuvacite e da pocekaat mesec dva,da se nasoberat nekolku broevi i da si gi kupat toptan za daleku pomala cena... Problemot e dali ke tera rabotava poke od nekolku meseci,posto prodavanjeto na nekolku izdanija vo kesicka 50% poeftini, aj batalete inaet i razmislete logicno nakade odi... Shteta...
_________________ ејм фор д бушес!
|
13 Apr 2009, 13:09 |
|
|
Konan Makedon
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 00:15 Posts: 575
|
Под ризик да добијам уште едно монологно писмо од издавачот ќе кажам дека немам намера да го купам АФ 5(првите 4 броја ги купив во мек повез) затоа што ниту еден примерок од тие што ги видов денеска не ми се допаднаа.Намв проблем да се префрлам на тврд повез ,ама со онаков квалитет нема шанси.ВАРМ Комикс не е за изданија во тврд повез. Ајде Издавачу пишувај го писмото... Толку од мене. поз
_________________ I love the smell of fresh comics in the morning!!!
|
13 Apr 2009, 13:41 |
|
|
Баш Челик
Суперхерој Под Стечај
Joined: 02 Mar 2009, 01:59 Posts: 452
|
А дали е во план некој друг да почни издава стрипови во Македонија?
|
13 Apr 2009, 16:46 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 2 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|