|
|
It is currently 21 Dec 2024, 01:43
|
Tekstovi za i okolu stripot...
Author |
Message |
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
|
14 Aug 2010, 14:06 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
сега го видов ова и јас....убо.....од лични причини нема да коментирам многу,ама малку фирми од светот останаја што не се набројани и too good to be true. успех и среќа во иднина и се надевам конечно ке видиме нешто од набројаниве работи(дел од нив се веќе најавени пред 9-10 години).
_________________ ејм фор д бушес!
|
14 Aug 2010, 14:17 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Стрипот е черупка за скротување на жестината на животот Останати вести Уметност што се спротивставува на социјалните промени Пионер на научната фантастика „Златна камера 300“ за оскаровецот Вилмош Жигмонд Расказ од животот (4/1) Политички некоректен и американизиран Печати | Прати ја страницата | Врати се назад Bookmark and Share Оваа македонска стрип-авторка е застапена во антологијата „Женски стрип на Балканот“, која неодамна излезе во издание на хрватската куќа „Фибре“. Антологијата содржи 383 страници висококвалитетен дизајн и во неа се застапени дела на деветнаесет најдобри стрип-авторки од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и од Бугарија Со својот краток колажен стрип „Умртвување живец“ македонската стрип-авторка Иванка Апостолова е застапена во антологијата „Женски стрип на Балканот“, која неодамна излезе во издание на хрватската куќа „Фибре“. Антологијата содржи 383 страници висококвалитетен дизајн и во неа се застапени дела на деветнаесет најдобри стрип-авторки од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и од Бугарија. Нејзиното издавање треба да придонесе кон подобро валоризирање и презентација на успешните но речиси анонимни авторки и да ја смени пошироката перцепција на публиката кон женското стрип-творештво. Речиси сите авторки се повеќекратно наградувани, а со својата уметност значително ги поместија границите на креативноста во стрипот и воопшто на женското ликовно авторство на Балканот. - Бидејќи стрипот долго време важеше за машка уметност, уредничката Ирена Јукиќ Прањиќ се обиде да направи истражување преку кое го детектираше периодот кога на Балканот почнаа да се појавуваат првите женски стрип-авторки, кои почнаа за градат континуитет на создавање и постоење на оваа уметничка форма на изразување - вели Иванка Апостолова, која живее на релацијата Словенија - Македонија. Свежината на изданието е токму во антолошкиот фокус на женската стрип-приказна на регионот, кој става акцент на женскиот стрип-сензибилитет, стрип-писмо и специфичната нарација... Овде очигледно не станува збор за феминизам, туку за концепт, програма. Поделбата на машки и на женски стрип е вештачка и таа пред сé зависи од личната перцепција на нештата. - Атрибутите на женскиот стрип се исти како во машкиот: доминираат искреноста на создавањето, добрата приказна и добрата визуализација. Она по што се разликуваат е специфичното женско искуство, кое доминира во женскиот стрип. Тука лежи поинаквиот аспект на задоволство кај читачот, проучувачите и љубителите на уметноста на стрипот - вели Апостолова. Антологијата „Женски стрип на Балканот“ е уште една потврда за присутноста и континуираниот труд на авторките, кои дејствуваат на простор што жанровски и територијално им припаѓа на мажите. Секоја авторка својот пристап кон стрипот го градела во склад со својот личен уметнички пораст, без однапред зададени канони и без заедничка културно-политичка кохезија. На разединетиот Балкан единствените заеднички одредници би можеле да им бидат - комунизмот, посткомунизмот, воениот и повоениот период, транзицијата и непрофитабилните услови за издавање стрипови. И покрај ваквиот не баш розов контекст, сите авторки успеале некако да опстанат и да создадат квалитетна продукција. Контрадикторно, но токму на просторот на кој нема пазарна логика повеќето од нив развиле личен авторски ракопис, преку кој говорат свежо, невкалапено и многу лично за светот што ги опкружува. Каде во целава оваа приказна се македонскиот стрип и македонските стрип-авторки? Колку тие успеваат ужасот на бескрајниот транзициски котел да го претворат во квалитетен уметнички опус? И што е најважно, имаат ли каде да се промовираат и континуирано да дејствуваат? - Македонија долго време спие и по прашање на стрипот. Секогаш бевме на последно место во однос на продуктивноста, активноста и истрајноста на српската, хрватската или словенечката стрип-сцена. Сега новите членки на ЕУ, Романија, Унгарија, Бугарија, се трудат со разни иницијативи да си ги афирмираат своите автори од секоја област, и тоа е сосема во ред. И во Македонија работите почнаа да се менуваат. Во тој контекст би го споменала Македонскиот стрип-центар во Велес, кој развива млади неоткриени таленти, на кои им се потребни внимание, услови за развивање и промоција- вели Апостолова Покрај одамна замрениот „Лифт“, во Македонија нема списание што ги промовира домашната и странската алтернативна стрип-сцена. Имаме исклучително моќни автори, кои работат надвор од доменот на комерцијалниот стрип-мејнстрим, но и тие едвај живуркаат. За силни и афирмирани женски автори сé уште не можеме да зборуваме. Уште помалку за организирана системска поддршка и за поттик на нивниот развој како стрип-автори. Кога во анкетата одговарале на прашањата врзани за условите во кои работат, повеќето авторки од антологијата (87,5 отсто) како поттик за својата работа ја навеле поддршката од семејството. Нагласуваат дека најблиското семејство и пријателите им ги чувале децата додека тие цртале, пишувале сценарија... Некои од нив успеале да опстанат како стрип-авторки дури и без таа базична поддршка од најнепосредното опкружување. Една од нив дури го наведува и следниов тажен податок: „Мислам дека моето стрип-творештво придонесе за распадот на мојот брак.“ Уште еден индикативен заеднички именител, како што истакнува Ирена Јукиќ Прањиќ, уредничка на антологијата, е што балканските стрип-авторки застапени во антологијата созревале на географски простор во кој не постоела образовна институција што би им дала соодветни вештини и насоки за цртање стрипови. Тие своето формално образование главно го стекнувале во средните уметнички школи и на ликовните академии. Но најмногу во својот херметичен, меланхоличен или жесток и турбулентен микрокосмос, кој го дефинира нивниот стрип-ракопис, кој некако по правило многу почесто ја пречекорува границата меѓу мејнстримот и алтернативниот стрип. - Не е доволно да и се посвети грижа само на комерцијалната естетика на стрипот, туку и на алтернативната и на експерименталната - вели Иванка Апостолова. Иванка Апостолова е авторка на стрипови, театарска сценографка и костимографка. Има објавувано во над 20 светски магазини за стрип и цртеж („Стрипбургер“, „Лифт“, „Керозин“, „Контејнер“, „Д магазин“, „Милк“...). Зад себе има повеќе самостојни и групни изложби во земјава и во странство (Скопје, Љубљана, Ангоулем, Берлин, Равена, Нирнберг...) Создава кратки колажни стрипови, кои манифестираат игра на импресионистички или автобиографски наративни моменти: од лирика до гротеска; од нем стрип до стрип-манифест; од стрип-фабрика до театарски стрип... Апостолова овој месец ќе има самостојна изложба во Скопје, на која ќе бидат изложени прототипови-ликови за цртани филмови и стрип. Од денешната нова македонија---------------- http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22073
_________________ ејм фор д бушес!
|
01 Sep 2010, 20:18 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Супер е текстот-ама со делот за таканаречениот стрип центар од ВЕлес апсолутно не се сложвам.Дури некој не ми објасни со што се занимават. Посебно Томче.
И браво за Иванка-еднаш се запознав и поприлично ок е.
НА времето заедно цртафне стрипови во Студентски збор-едне број јас-еден број таа.
А ова изданије за женскиот стрип-одличен чекор.
_________________ ејм фор д бушес!
|
01 Sep 2010, 20:20 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
А да.
Книгата е објавена во Хрватска.Од страна на Фибра.
Уште еднаш-ни стрип центар ни бутур-водат грижа за домашните стрипаџии.
_________________ ејм фор д бушес!
|
01 Sep 2010, 20:26 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Повеќе за Иванка и нејзината работа на нејзиниот официјален веб сајт: http://www.ivankaapostolova.com/home/home.htmlПовеќе за изданието овде ---> viewtopic.php?f=19&t=99&p=50460#p50460
_________________ ејм фор д бушес!
|
01 Sep 2010, 21:26 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
ja ne se slozuvam deka apostolova e strip artist, spored mene toa e povekje kolaz i likovna umetnost...
|
01 Sep 2010, 21:36 |
|
|
Darbog Darkmore
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 21:06 Posts: 1308 Location: Vinica,Makedonija
::
|
Za mene ova e poveke likovna umetnost so strip elenemti i vlijanie.
|
01 Sep 2010, 21:47 |
|
|
Temnik
Пензиониран Мрчатор
Joined: 25 Jan 2009, 16:02 Posts: 2649 Location: Skopje, Makedonija
::
|
Што знам, стрип е, на некој начин... има слики, текст, облачиња, порака некаква... можеби андерграунд, или повеќе уметнички начин на изразување, ама спаѓа во стрип... инаку и мене не ми е нешто омилен, ама не знам зошто, во уметничките кругови е доста ценет... барем според тоа колку се (стрип?) изложби Иванка има направено со овие стрипови не само овде туку низ цел свет... Инаку да, имаме во Македонија доста автори во овој андерграунд правец, како на пример, Александар Станковски, Горан Дачев, Златко Крстевски, Атанас Ботев (кој ми е омилен од нив) итн... тука некаде спаѓа и Иванка.
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com -------------------------------- A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis
|
01 Sep 2010, 21:53 |
|
|
Darbog Darkmore
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 21:06 Posts: 1308 Location: Vinica,Makedonija
::
|
Da,no na ostanative nabroeni stripovite im se daleku pobliski so strip izrazot,otkolku na Ivanka (barem mene taka mi izgleda).Nejzinite stripovi se dosta poveke kon apstrakcija.No vo sekoj slucaj,dosta uspeh ima vo sive ovie godini so takov vid na izrazuvanje,sto sekako e samo za pofalba.
|
01 Sep 2010, 21:59 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
...site komentari gi prochitav ....i samo edno ce kazam.... ...Ivanka bravos...!!!
|
01 Sep 2010, 22:06 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
da vo nikoj slucaj ne velam deka ne cini ili taka nesto, ednostavno samo deka spored mene ne e strip na nacin na koj jas licno go razbiram mediumot. inaku vo modernata umetnost, se upotrebuva tekst so slika dosta cesto, no edno e raskazuvanje na prikazna (strip), a drugo e dolovuvanje na cuvstvo i atmosfera (likovna umetnost). razlikata e otprilika kako megju film i video art. se razbira vo debatata moze da se spomne deka postoi i eksperimentalen strip kako sto postoi i mainstream strip. whatever, cestitki za ivanka za megjunarodniot uspeh, toa se razbira ne e lesno da se postigne...
|
01 Sep 2010, 22:48 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
...Goce...jebi ga...toa e poentata...barem ti znaes kolku e tesko...
|
01 Sep 2010, 22:54 |
|
|
Meskov
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Apr 2010, 21:09 Posts: 8417 Location: Skopje
|
Јас како лаик во поглед на дефинирање на работите би искоментирал само дека е добро што во едно вакво дело се спомнува и некој од Македонија, во смисла на креативност, работа итн.
_________________ "To be brave in battle proves nothing. Bravery itself proves nothing. A Jedi should be prepared to put aside fear, regret and uncertainty and either fight, run, surrender or die."
|
02 Sep 2010, 08:24 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
mi se javija od shvedska ambasada pred nekolku meseci za ovoa-crtezhite ko ke pocni ke gi stavam....i to Ko Strip onakvoto od VEles se naprajf ushe rodendeni da pocna mda cestitam na sekoe : Suočavanje sa klimom Ilustracije karikaturista iz Švedske i sa Balkana na temu klimatskih promena i filmski program koji se bavi pitanjem klime iz novih uglova. U saradnji sa konferencijom o klimi koja je 2009. godine održana u Kopenhagenu, grupa 25 karikaturista iz nordijskih zemalja je prikazala zabavna ali i zabrinjavajuća razmišljanja o klimatskim promenama. U nameri da ilustruje aktivno učešće Švedske u ovoj oblasti, Švedski institut je pripremio digitalnu izložbu pod nazivom “Suočavanje sa klimom”. Izložba je deo intenzivnih napora Švedskog instituta na promovisanju održivog razvoja, pod imenom “Suočavanje sa budućnošću – održivost na švedski način”. Filmove je odabrao Goethe-Institut u saradnji sa ECOMOVE International i sastoji se od četiri dugometražna i šest kratkometražnih filmova. S jedne strane, ovi filmovi mogu da vas emocionalno potresu i navedu vas na razmišljanje i akciju, a sa druge strane prepuni su humora. Projekat “Suočavanje sa klimom” ima za cilj da podstakne diskusiju o pitanju održivog društva i podigne svest o aktuelnim problemima zaštite životne sredine. Izložbu je priredio: Švedski institut u saradnji sa Magnusom Bardom, Helenom Lindholm, Riberom Hansonom, Karin Sunvison i Lavom Antelom. Filmski program: Goethe-Institut i ECOMOVE International Lokalni kustos: Kulturni centar GRAD, Beograd Karikaturisti iz Švedske: Magnus Bard, Riber Hanson, Helena Lindholm, Lav Antel i Karin Sunvison. Karikaturisti sa Balkana: Nina Hadžic, Igor Hofbauer, Mihajlo Dimitrievski-TheMico, Saša Rakezic alias Aleksandar Zograf i Darko Drljevic IZvor: http://www.gradbeograd.eu/index.php?id=76&lang=sr
_________________ ејм фор д бушес!
|
17 Sep 2010, 12:58 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Сребрениот Шкорпион нов муслимански стрип суперхерој Суперхеројот е замислен како момче муслиман кое останало без нозе по експлозија на нагазна мина, а се трансформира во Сребрениот Шкорпион откако ќе открие дека има способност да го управува металот со мислите ЊУЈОРК (АП) - Љубителите на стрипови наскоро ќе го запознаат новото момче-суперхерој, муслиман во инвалидска количка со супермоќи. Новиот суперхерој е изум на група млади Американци и Сиријци со хендикеп кои се сретнаа минатиот месец во Дамаск преку Иницијативата отворени раце, непрофитна организација што ја основа американскиот филантроп и бизнисмен Џеј Т. Шнајдер. Целосниот физички изглед на суперхеројот не е готов, но на првите скици е замислен како момче муслиман кое останало без нозе по експлозија на нагазна мина, а се трансформира во Сребрениот Шкорпион откако ќе открие дека има способност да го управува металот со мислите. Шарад Девараџан, коосновач и главен извршен директор на "Ликвид комикс" чијашто компанија ги претвара идеите на младите луѓе во слики и приказна, соопшти дека целта е во почетокот на ноември да се издаде првиот стрип со инвалидизираниот муслимански суперхерој на арапски и на англиски јазик. Шнајдер вели дека бил инспириран од напорите на претседателот на САД Барак Обама да допре до муслиманскиот свет во неговото обраќање по повод инаугурацијата во јануари, 2009 година. Минатиот месец Шнајдер донесе со авион 12 хендикепирани Американци во Дамаск да се сретнат со нивните арапски врсници и една од главните цели на средбата беше да се најде идеја и приказна за новиот суперхерој. "Единствено ограничување беше фантазијата на овие млади луѓе, можноста да направат одлична приказна", рече Шнајдер, колекционер на стрипови и сопственик на "Ејч-Би-Џеј Инвестментс". "Направија нешто комбинирајќи ги своите таленти и тоа останува како подарок за светот". Девараџан рече дека фантазијата на овие млади луѓе е за восхит. http://www.vest.com.mk/?ItemID=4B20DAAF ... AF90FD4FB6
_________________ ејм фор д бушес!
|
28 Sep 2010, 15:25 |
|
|
Nesomai
Пензиониран Мрчатор
Joined: 23 Aug 2010, 20:59 Posts: 2839 Location: Amsterdam
|
не е за смеење ама одма на ова ме мана -
_________________ "Тој шо бара - ќе си го најди."
|
28 Sep 2010, 16:11 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
прилог на Alsat-M Фестивал на стрип и карикатура во ПризренНад 20 стрип автори од Македонија учествуваат на Фестивалот за стрип и карикатура кој викендов се отвори во косовскиот град Призрен. Освен од Македонски и Косовски автори, на фестивалот има голем број учесници од Србија, Босна и Херцеговина, Турција и други земји. „Само од нашето здружение учествуваат 15 автори со свои дела. Јас на пример сум прв пат во Призрен и сум многу среќен што сум тука и што можам да претставувам една млада група на автори кои што и покрај сите сомнежи дека стрипот е заборавен покажуваат дека се една нова генерација која ќе ја претставува стрип културата надвор од Македонија.“-Здравко Гиров – претседател на здружение „Макстрипови“ Според организаторите, Косовското здружение „Џенет комикс“, фестивалот е извонредна можност за размена на искуство и идеи меѓу стрип авторите од регионот. „Имаме доста новитети во Косово и може да се рече дека ова е година на стрипот кај нас. Годинава се испечатени повеќе стрипови на албански и тоа се случува првпат, а исто така со фестивалот сакаме да создадеме мостови со Македонија. Турција и другите земји, пред се за соработка, размена на стрипови и идеи а потоа и за заедничката цел а тоа е да се подигне нивото на стипот.“- Гани Сундури – организатор на Фестивалот „Во Турција не може да се каже дека ситуацијата со стрипот е сјајна бидејќи стрипот порано беше многу популарен но сега не е. Како и да е авторите од Балканот треба да размислуваат како може да се планира развојот на стрипот во нивните земји а не само да се сорабоптува со странски компании.“-Муран Михчиоглу – автор од Турција Во Призрен пристигнале вкупно 530 дела од околу 100 автори од светот. Сепак поради малиот изложбен простор во Галеријата „Хамам“ во Призрен до 15-ти октомври ќе бидат изложени околу 300 стрипови и илустрации. http://alsat.mk/vesti/kultura/1393241.html
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
12 Oct 2010, 12:16 |
|
|
vizant
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 21:27 Posts: 224 Location: Markov Grad
::
|
Zamoren je ovaj internet ,dajte malku so STAMPANI IZADINJA ! http://www.vizant.org.mk
_________________ vizant[color=#0[color=#008000][/color]08000][/color]
|
16 Nov 2010, 22:55 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Vizant со нов сајт а?
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
17 Nov 2010, 07:55 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Tekst za kolegata ni ExtremeBt vo deneshna Nova MAkedonija: Уметник на хартија, но и на компјутерМеѓу делата на овој млад битолчанец може да се издвојат аватарите, како посебен „жанр“, кои неговите пријатели ги користат како профил-слики на мрежите за виртуелна комуникација, стрипови инспирирани од секојдневието, анимирани 2Д и 3Д-видеа... Во неговото портфолио стои и работата на првата македонска онлајн-игра, чиј главен графички менаџер е тој појот на талентот за уметност и познавањата на информатичката технологија може да даде интересен резултат, а потврда за тоа се делата на 22-годишниот битолчанец Никола Војновски, познат и под уметничкото име ЕктримБт. По професија информатичар, поточно апсолвент на Факултетот за електротехника и информациски технологии, насочен кон програмирање, веб-дизајн, веб-развој и графички дизајн, својот талент за цртање од хартија полека го пренел и го развива во електронска форма, на компјутер, користејќи пен-таблет и рачно во „Фотошоп“. ТАЛЕНТОТ Е ПРЕСУДЕН - Компјутерското цртање воопшто не се разликува од стандардното цртање со молив или боја. Се црта на пен-табла и тоа директно се пренесува на компјутер. Сосема идентично, со таа разлика што потоа цртежот го имам во електронски формат, на компјутер. Ако добро размислам, компјутерското цртање сега ми е некако полесно, поради тоа што не ....... ИЗвор и повеќе овде----------> http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22135
_________________ ејм фор д бушес!
|
17 Nov 2010, 15:06 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
...braos...
|
17 Nov 2010, 18:47 |
|
|
Skywalker
|
Интересна реклама во денешниот број на Вест...
|
24 Nov 2010, 19:16 |
|
|
aquafortune
Ултимејт Резервист
Joined: 05 Apr 2009, 01:27 Posts: 922
|
Ја има и на билборди низ Скопјево! (:
|
24 Nov 2010, 22:21 |
|
|
Skywalker
|
Izdavačka kuća Rodeo Publications iz Istanbula je objavila na turskom jeziku iztanje "TOTEM", zajednički projekat raznih autora s podnaslovom “Studio Rodeo Comics Annual 2011” (Strip godišnjak Studija Rodeo 2011.). Izdavanje takvog kolektivnog projekta pokazalo se pionirskim poduhvatom na više načina: Iskusni talijanski crtač Roberto Diso ne samo da je dizajnirao jednu od naslovnica ovog izdanja nego je nacrtao i specijalnu kratku priču pod naslovom Istanbitch (Istankučka). Po prvi put, autori iz cijelog Balkana su pisali i ilustrirali jedno tursko izdanje: Filip Andronik i Emir Pašanović (iz Bosne i Hercegovine) surađivali su na horor priči Traitan, dok je Andronik također ilustrirao dvije kratke priče... I Aleksandar Sotirovski (iz Makedonije) je drugi crtač jedne autentične naslovnice! Knjiga također sadrži tri zombi priče koje je Studio Rodeo napravio za američkog izdavača. Stoga su turski čitaoci dobili priliku da uživaju u njima čak nekoliko sedmica prije engleskog izdanja. RodErotics, edicija blagoerotskih kratkih stripova, je imala svoju premijeru u ovom izdanju. Za razliku od drugih dijelova knjige, RodErotics sadrži neke ranije objavljene stripove, koji su izašli u turskom izdanju magazina FHM. Ali čitaoci ovdje mogu pronaći i nikad objavljenu Barbiju koju je napisao urednik ove knjige Mıhçıoğlu i ilustrirao Andronik. The Bear Rider (Jahač medvjeda) Yalçına Didmana je objavljen samo u jednoj avanturi na 121. stranici prije TOTEMA, koji sadrži i specijalnu, osmostraničnu, neobjavljenu i zabavnu avanturu koja ima istog junaka (i njegovog medvjeda). Cem Özüduru nudi poznavateljima horora još jedan zastrašujuće-zabavan strip Pine Cones (Šišarike), smješten u turističko mjesto Olympos blizu grada Antalije, gdje je autor odrastao. TOTEM ima 80 stranica, 24 crno-bijele i 56 stranica u boji. Šesnaest stripova imaju između dvije i osam stranica uz koje ide nekoliko uredničkih tekstova. Ova raznolikost čini knjigu zanimljivom svakome ko voli fantazi, misterije, humor i uzbuđenja u različitim formama... Zato smo ga i nazvali TOTEM! Poput totema američkih urođenika, ova knjiga ima mnogo lica ali jedinstveno tijelo koje fascinira posmatrača... Tijelo koje je ukomponiralo djeliće svakog autora ali na kraju ima nešto različito od svake pojedinačne priče, nudeći sasvim novu formu! Vise informacija na sledecim linkovima: http://www.striphaber.com/n_goster.asp?cid=423 http://striphaber.com/image/totem02.900.GIF http://striphaber.com/image/totemgif01.900.GIF(извор: )
|
06 Dec 2010, 21:53 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 0 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|