|
|
It is currently 27 Dec 2024, 06:32
|
Весели четвртак - Дилан Дог
Author |
Message |
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
До Баркер, Тоа што го имам физички од Луденсите ми е пола-пола. Има добри епизоди (пр: "Хотел на духовите", „Црна душа“), има просечни и лоши (пр: „Да умреш од убавина“, повторно Фрегиери). Од она што пратам на stripovi.com, да, има низа очајни епизоди и полека-полека со хронолошково препрочитување ќе стигнам до нив па ќе компарирам Не ти се допаѓа Биљардо како цртач? Мене ми е многу ОК, нешто ко Бриндиси лајт. Мислам дека плаче за вистински добри епизоди. Тоа што „Куќа на духови“ е воопшто интересна е во голема мера негова заслуга. Ама во право си - поголемиот дел од неговите епизоди не ги бива. По пат, дали некој е заинтересиран за организирање на хорор филмска вечер? Едно џало, едно јапонско, едно француско? Ако не, во секој случај го препорачувам францускиот „Martyrs“. Пред некој ден го гледав и е класа од филм.
|
19 Mar 2009, 14:29 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
Што знам, овој Биљардо машките ликови ми ги црта баш грозни (ок, знам сум ) А башка и Бриндиси не ми е од поодамна у групата на омилени цртачи Па по тој основ и оној Синискалч(к)и ми е ужасен Инаку, за филмов што си го дал у плакат читам/слушам само пофалби. опасно ми се гледаат еден куп филмови од овој жанр, ама пошто не сум филмозависник многу работи пропуштам, да речеме не ми се гледани и REC, Haute tension, Saw1.2.3...., еден куп корејски, јапонски (иако пробав да го гледам Инфекција пред некоја недела на ТВ, ужасно лош ми се виде и после 45 минути се откажав)
|
20 Mar 2009, 19:05 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
20 Mar 2009, 19:35 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
KRALe, сцената со семејството е на ниво со Haute Tension, а можеби е и полајт со оглед на тоа дека оружјето е обична сачмарка. Во текот на филмот има три други сцени што се потврди, ама пак, ако си го гледал филмот на Аха, визуелното не би требало да биде проблем. Inside (друг француски филм) е многу похардкор и подепресивен. Она по што Martyrs овој филм се истакнува е контекстот што го гради и завршницата што фрла ново светло на се, што му дава длабочина што ниеден од двата погоре наведени филма ја нема. Туку да се вратиме на темата, така ми се чини или Дилан Дог е станат многу лајт стрип кога станува збор за хорор (gore)?
|
21 Mar 2009, 15:34 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
21 Mar 2009, 19:28 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
за дд се согласувам, откако го снема Кијави ги снема и тие сцени. затоа се изненадив кога видов една сцена као од старите добри (!!) времиња у “Десетата жртва“, знаете, она цвикнуење на глава на госпожата на почеток на стрипот.
|
21 Mar 2009, 19:40 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Дилан Дог не бил отсекогаш мек. „Убијци“, „Очите на злото“, „Приказна за Никој“ (особено оној канибалистички панел), слешерите на Кијави, си имаат прилично тврди сцени. Искрено, повеќе сакам добра приказна отколку премногу крв, ама во последно време се заборава дека станува збор за хорор стрип што влече корени од италијанското џало и зомби филмовите на Ромеро/Фулчи. Инаку и јас се изненадив со пар сцени во „Десетта жртва“. Такеши Миике е тотално луд. Visitor Q е најапсурдно безвезниот филм што го имам гледано било кога и со оглед на тоа дека кон тоа Миике целел (во пакет со 3-4 метафори), е комплетен успех. За Audition не би зборувал (кити, кити, кити ) Тетоец, ај пушти ја листата во филмска секција, па ако во неа има нешто што личи на филм да се изгледа кога ќе се има време (во моментов пополнувам дупки од ‘60ти и ’70ти). Однапред фала. Инаку ме интересира, дали некој друг ја гледа врската меѓу Дилан Дог и раните филмови на Годар? Го гледав Breathless пред некој ден и убеден сум дека револверот на Дилан, како што се во стрипот има филмска референца, потекнува од таму. Edit: По пат, ако сте по подаркерски уметнички дела, обавезно ѕирнете ја колекцијата на http://news.deviantart.com/article/74790/ и ако ве има на devArt обавезно пуштете белешка до macedonia.deviantart.com за приклучување па (во улога на админ) да ве додадам и да ве имам во увид за Purely Comics колекцијата што ја планирам за наредниве недела-две. Поздрав!
|
22 Mar 2009, 20:31 |
|
|
Tet0eC
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 14:37 Posts: 9468 Location: Градо на крушите.
::
|
_________________ Don't Damn Me When I Speak A Piece Of My Mind, Cause Silence Isn't Golden When I'm Holding It Inside...
|
22 Mar 2009, 22:04 |
|
|
Morgana
Ултимејт Резервист
Joined: 30 Jan 2009, 01:43 Posts: 878
|
Е старите броеви колку беа страшни,јас тогаш идев во средно школо и ноќе обавезно имав кошмари (дали тие биле страшни,дали јас сум бил премногу млада за нив,незнам,ама имаше се и сешто).Ама сепак таа комбинација на фантастично и реално страшно прошарано со штосевите на Гручо е ненадмината.
|
23 Mar 2009, 23:33 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
Иако претпостављам дека повеќето од ва ѕирка на стрипови.сом ај да пренесам полупотврдена вест дека ВЧ наскоро стартува со ДД гранде ристампа, значи оние 3у1 изданија со насловните на Рои. Со се “спорните“ епизоди на Ферандино и Кастелини. Ете, сигурно некој ќе се изнарадува на оваа вест, ја и даље цврсто си стојам на ставот дека Дневник изданијата никад нема да ги заменам. (по се изгледа гиков ми е омилен смајли овде)
|
26 Mar 2009, 02:51 |
|
|
Skywalker
|
Не знам како ќе успеат да ги објават "спорните" епизоди, бидејќи Луденс своевремено не ги доби правата на неколкуте оригинални епизоди од Екстра серијата. Мене лично не ми се допаѓаат овие нововостановени 3 во 1 едиции, како Granderistampa или 3 во 1 изданието на Командант Марк од Еpierre. Најверојатно издавачите се прилагодуваат на тековните состојби на пазарот или сакаат да привлечат нови генерации стрип читатели. Ќе се согласам со Barker дека изданијата на Дилан ДОг од Дневник (иако визуелно не многу атрактивни) единствени ја следат оригиналната хронологија. Исто така, тие имаат посебна тежина како изданија, бидејќи се појавија после година или две од првичното лансирање на Дилан Дог во Италија. Екстра серијата од Луденс, поради тие неколку прескокнати изданија, за мене не е воопшто значајна. Од сите ristampe т.е. репринти на Дилан Дог, мене најмногу ми се допаѓа италијанската Collezione Book, бидејќи го задржува оригиналниот формат на излегување (една епизода во тврд повез). На stripovi.com Форумот исто така имаше една поширока дебата за тоа дали српската верзија на Granderistampa треба да оди во мек или во тврд повез. Ако им се верува на овие првични информации, ВЧ планираат колекцијата да биде во тврд повез, меѓутоа цената ќе биде многу висока (над 500 денари?!?!) за локалниве стандарди. Ќе се согласам со еден коментар од тамошниот Форум дека одредени издавачи од киоск изданијата на Бонели направија супер луксузни албуми кои се прескапи за повеќето читатели. Мислам дека местото и форматот на Бонели изданијата им е во трафика, по цена за регуларните изданија до 2 Евра и поголемите (специјални, алманаси, гиганти) до 5 Евра.
|
26 Mar 2009, 08:34 |
|
|
Ernesto
Суперхерој Под Стечај
Joined: 25 Jan 2009, 16:18 Posts: 296 Location: Прилеп
|
Најново во Србија ..... Дилан Дог SuperBook број 4SnoviНаслов на оригиналот: Super Book n. 21, quarterly Sogni , Февруари 2002
_________________
|
31 Mar 2009, 16:12 |
|
|
Ernesto
Суперхерој Под Стечај
Joined: 25 Jan 2009, 16:18 Posts: 296 Location: Прилеп
|
Дилан Дог број 16NesanicaНаслов на оригиналот: Dylan Dog n. 225 , mensile Insonnia, Јуни 2005Сценарио: Michele MasieroЦртеж: Ugolino CossuНасловна: Angelo Stano
_________________
|
09 Apr 2009, 08:29 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
ернесто друже касниш со апдејтот деновиве искочи и ДД 14 - Два живота Дрим уште еден сосема пристоен , а по ништо посебен број,ваљда затоа што увек паѓам на спомнувањето на бирократскиот пекол, а и Пикато овде е о-дли-чен. За Стано ич муабет да не правам, лу-ди-ло и да, мојот 500-ти стрип у колекцијата
|
12 Apr 2009, 17:45 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Da ti se mnozhat
_________________ ејм фор д бушес!
|
12 Apr 2009, 17:53 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
дај боже
|
12 Apr 2009, 18:09 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
По трафиките може да се најде новиот Super Book... ...во неповрзани вести, утре на полноќ слушајте 103-ка За повеќе инфо ---> http://dansemacabreradio.blogspot.com/ со тоа што блогот е се уште во изработка, така да ќе се менува бајаги наредниве недела-две...
|
23 Apr 2009, 23:40 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
мммм, браво сердар! одлична идеја за емисија на стотројка, ко што гледам цел месец ја тераш, вечер има големи шанси да не искочам, па може конечно и да те послушам. Интересна плејлиста гледам си оставил од Tool до Ladytron преку Бадаламенти... А третиот супербук го донеле? Таман за комплетно соло уживање у петок навечер (некој ќе посака да ме масакрира што пробувам да го напаравм овој петок оваков, но ете и тоа се уклапа у данс макабр сликата )
|
24 Apr 2009, 21:11 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
И стигна да фатиш? Минатата недела беше бајаги подобра, вчера си се зазборев така на уморно, замалце не разврзав муабет за Мајкл Џ. Фокс како мадафака кошаркар... Наредна недела ќе биде за вештерки, ама ќе оставам повеќе музика да оди
|
25 Apr 2009, 15:04 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Ах, јас се успав... Легнав во 23 ч. да дремнам малку за да издржам за НБА преносот на Алфа и сум затерал до 1:30. Штета...
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
25 Apr 2009, 21:02 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
|
26 Apr 2009, 14:34 |
|
|
serdarot
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Jan 2009, 12:57 Posts: 108
|
Да, бајаги глупава епизода што за разврска се потпира на чиста случајност и тон патетика во главниот негативец, ама затоа конечно на хартија ја имам генијалната „Сосед“ Се уште не ми се верува дека е од Рују. Репликата на Смртта на стр. 129 „Ију простачина!“ е сигурно во топ 10 најсмешни ДД моменти на сите времиња. Edit: По пат, мислам дека повеќето од вас се запознаени со тоа дека се снима ДД филм во САД со Брендон Рут како Дилан, дека филмот е без Гручо и Блок, е во Њу Орлеанс а не Лондон, дека нема ни А ни Б од Ксабарас и дека во принцип ќе биде американски пукај-во-чудовиштето филм. Ако го прифаќате филмот таков каков што е, знаејќи дека веќе постои одреден филм со Руперт Еверет, повелете линк до официјалнот блог на филмот Dead of Night ---> http://deadofnightmovie.wordpress.com/ И по пат, мислам дека е живи глупости ова со правдањето за недостатокот на промо фотка со Брендон Рут како Дилан. Чисто од перспектива на ПР, такви работи се прават однапред баш да се отфрлат сомневања во изборот на улогата (а мислам дека типот е ОК).
|
26 Apr 2009, 17:38 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
хех, а ја соседот го имам у 3 хартиени верзии у еден од малкуте пирати што ги имам (Кратке приче), па у некој од Гигантите на Систем (3 или 4), па сега и у ова кршов попознат како суперкнига од филмот не очекувам ништо, прашање е и дали воопшто ќе посакам и да го погледам. ако ништо друго у секое време можам да му се навратам на Делаљубов Деласмрт прочитавте дека у Луденс специјалецот така го превеле???? Чувај Боже
|
27 Apr 2009, 01:07 |
|
|
Barker
Суперхерој Под Стечај
Joined: 30 Jan 2009, 09:11 Posts: 397
|
ми стигна една нарачка од хрватска, па да пријавам: алманах страха 4 - сосема задоволителна гротеска на Склави(за простување и од алманахот ако не се лажам) која ни Косу не успа да ми ја згади + минијатура на Меда и Пикато за конечна одлична оценка! Мистериј Венеције - како е добро кога неместо на пр. Фрегиери или Косу ќе ви се заредат (дури) 2 стрипа на Стано (!) пошто и Велики сан релативно скоро го читавме. Бриљантен цртеж иако малку ко да го исцртал набрзински и сосема солидното сценарио на Руј/ж/у ми го направија денешниов ден ептен ок. за утре, реквием за чудовиштето и конечно вториот дел од вампирската приказна што значи дека и манила конечно ќе си дојде на ред. а за Странци у рају, третата книга, на тема што читате, кога ќе и дојде редот
|
01 May 2009, 21:01 |
|
|
Ernesto
Суперхерој Под Стечај
Joined: 25 Jan 2009, 16:18 Posts: 296 Location: Прилеп
|
Дилан Дог број 17Ne umreti za 24 casaНаслов на оригиналот: Dylan Dog n. 226 , mensile 24 ore per non morire, Јули 2005Сценарио: Giuseppe De NardoЦртеж: Daniele BigliardoНасловна: Angelo Stano
_________________
|
08 May 2009, 09:34 |
|
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 2 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|