|
|
It is currently 17 Dec 2024, 17:32
|
|
Page 1 of 1
|
[ 14 posts ] |
|
Author |
Message |
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
Secret Avengers: Secret HistoriesПо завршувањето на Dark Reign, Marvel одлучи да зачекори во би кажал малку поризични води, одбирајќи поголем дел од актуелните изданија да ги стави под етикетата Heroic Age. Од Heroic Age, Marvel направи и неколку нови наслови, од кои како најголемо изненадување испадна Secret Avengers на Ed Brubaker. Тоа е човекот кој заедно со Bendis во последната деценија за суперхероите на Marvel направи буквално чуда. Неговиот run на Daredevil и особено на Captain America остави голем траг во историјата на Marvel. Не дека имаше некој до сега невиден ефект: Rogers се врати жив и здрав, само не како Captain America. Овојпат, по крајот на теророт на Osborn, на Rogers му е понудено место како главен “бодигард” на Америка, но тој поставува еден услов: да ги прави работите на свој начин. Така тој станува Super Soldier, а како главен оперативец и чувар на законот, составува и специјален тим, кој ќе работи во сенка на Avengers. Во тимот се: Beast, Black Widow, Nova, Ant-Man, Moon Knight, Sharon Carter, Valkyrie, War Machine и самиот Rogers. Почетокот на Secret Avengers аркот е составен од 4 броја, во кои тимот од на мисија на Марс. Откако одземаат една мистериозна круна од оперативец на Roxxon (која не е The Seprent Crown, иако така се мисли на почетокот), Moon Knight и Ant-Man одат во Roxxon во потрага по повеќе информации за чудната круна. И анализите на Beast кажуваат дека круната не е обична. Во исто време, уште една група ја бара круната. Откако информациите од Roxxon велат дека има некоја поврзаност со ископувањата на Roxxon на Марс со круната, Rogers одлучува тимот да оди на црвената планета и да ја открие мистеријата. Пред тоа, го контактира Richard Ryder a.k.a Nova, кој има задача да ја следи ситуацијата до неговото доаѓање. Бегајќи од Humvees, Nova наоѓа засолниште во една пештера каде стои уште една круна. Worldmind-от го предопредува за последиците, но Richard, обземен од моќта на круната го фрла шлемот. Истовремено, Sharon Carter е нападната од страна на втората група која ја бара круната. Токму појавувањето на агентите од оваа група, наречена The Shadow Council, е главниот момент во Secret Histories, а веројатно и големата приказна во позадина. Еден од нивните агенти е Nick Fury! Тука и завршува првиот број, а ова воедно е и основата на приказната на Secret Avengers. Она што се случува во наредните 3 броја е акција со пресврти и навистина е интересно да се види овој тим во акција, особено на друга планета. Плус, you get to see Rogers wearing the Nova helmet! Почетокот на секој нов стрип е секогаш поспор од продолжението, а Brubaker е предобар автор за да не донесе ништо возбудливо во Secret Avengers. Замерка е можеби што Secret Histories заврши прилично обично и очекувано, но новиот тим на Rogers како и интригантната приказна за Nick Fury и што тој по ѓаволите бара на "темната страна" ќе биде интересна за следење. А тоа доаѓа во наредните броеви. Од друга страна пак, иако тимот е собир на оние херои кои се во сенка на поголемите фаци, морам да кажам дека тие добро обработени и тимот функционира одлично. Ant-Man и Valkyrie се навистина интересни ликови, а хуморот на Ant-Man (сличен на оној на Spiderman на Bendis) навистина го освежува стрипот. Се гледа дека повеќе важност и дијалог им се дава на "помалите" суперхерои. Артот на Deodato Jr. е за поздравување. Знае да го долови движењето, но се забележува малку потемен тон и оскуден избор на бои. Се се сведува генерално на син и црвен тон. Но, Deodato е сепак одличен, и ова не би требало да ви го намали уживањето во Secret Histories. Плус, одлично ги црта жените во изданието Има и доста интересни панели каде од далеку се прикажани само црни фигури на некоја неутрална позадина. Дури и да не ви се допаѓа Deodato Jr., каверите на сите 4 броја се од Marko Djudjevic На крајот, Secret Histories не е лош арк, ниту пак Secret Avengers e лош стрип. Проблемот е што заврши со доста неодговорени прашања, а проблемот кој беше причина за одењето на Марс заврши плитко, вообичаено и едноставно слабо. Но ова е вака изведено во интерес на поголемата приказна во позадина на Brubaker, која мене лично ме интересира, а ќе ве заинтересира и вас откако ќе го прочитате Secret Histories. Оцена: 7/10 Коментари: viewtopic.php?f=48&t=1835
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
Last edited by ?TheRiddleR? on 31 Aug 2010, 11:31, edited 1 time in total.
|
31 Aug 2010, 11:01 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
Spider-Man: One Moment In Time"It's magic, we don't have to explain it."Судните зборови кои правиот фан на Spider-Man ќе ги препознае. Ова е извадок од дискусијата помеѓу Joe Quesada и Michael Straczynski водена непосредно пред крајот на долгата приказна во One More Day, која за многу фанови значи и крај на стрипот воопшто. Воедно, оваа реченица е и една од главните виновници за напуштањето на Straczynski на Spider-Man франшизата. Сите знаеме дека One More Day и покрај возбудливата идеја со Mephisto, имаше очаен крај, а потоа повеќе од 2 години не добивме никакво објаснување за она што се случило при договорот со Mephisto. И конечно, после толку време, дочекавме Quesada да даде објаснување за настанатата ситуација, во аркот наречен One Moment In Time. O.M.I.T се состои од 4 броја започнувајќи од бројот 638. Нормално, аркот започнува на логичен начин, со мал вовед во кој конечно гледаме што MJ му шепнала на Mephisto, и каков договор склучила. Во кратки црти: таа му вели на Mephisto дека ќе се согласат на договорот само ако тој го остави Peter на мира до крајот на животот (nice bargain ). По интрото, започнува и приказната со MJ која му се појавува на Peter на врата со флаша вино, сакајќи да направи еден разговор, со цел да се врати во неговиот живот. Не како претходно, туку како пријател. Токму разговорот меѓу Peter и MJ е основната нарација во приказната, и преку нивното потсетување наназад ја согледуваме приказната, која е поставена како паралела на онаа во OMD. Приказната ни ги покажува последиците од договорот со Mephisto, па така често има доста познати панели кои всушност се од минатото, епизоди кои веќе се видени, но овојпат се ставени за ги доловат ефектите од кобниот договор. Мора да се каже дека првиот број на O.M.I.T е прилично слаб, но подоцна приказната се развива прилично интересено. Имаме можност да видиме зошто никогаш не се случила свадбата помеѓу MJ и Peter Parker, нејзината одлука да остане со него и покрај откажувањето на свадбата и зошто немало втор обид за брак. Освен ова, во One Moment In Time ја гледаме и најголемата мистерија која зад себе ја остави крајот на One More Day: како сите заборавиле на демаскирањето на Peter. Нема да кажам како, меѓутоа доволно е да знаете дека се инволвиранi дел од членовите во Illuminati. One Moment In Time и покрај се, и покрај откритијата (кои воопшто не се earth-shattering како што се најавуваше) не успева да ја протурка целата идеја која Straczynski ја почна а Quesada ја уби. Овој арк би било добро да одеше веднаш по One More Day, можеби тогаш ќе имаше смисла. Иако пак реално, не гледам никаква поента во договорот со Mephisto. По OMD Spidey замина во нов правец, а сега повторно го прави тоа!? Не гледам поента зошто тогаш се случи сево ова. Кога човек има добра идеја (а Straczynski ја имаше) не мешај му се во реализацијата. Quesada со One Moment In Time не направи ништо ново – само уште повеќе ги разбесни фановите на серијалов. O.M.I.T е доста лош и на полето на артот. На 4-те броја работат Quesada, Paolo Rivera, Danny Miki и Richard Isenove, и изненадувачки Quesada не е ни од далеку најдобар овојпат. Најдобар е Rivera, додека Quesada и останативе го бараат оној old school изгледа на панелите за да се доловат моментите од минатото, но сето тоа не изгледа баш најдобро. За крај, иако O.M.I.T реши дел од проблемите, и тоа на многу едноставен начин (Strange, Tony и Reed се согласија без некои поголеми размислувања и каења!?) остави и неколку необјаснети работи. Токму тука лежи и проблемот. Аркот беше претставен како откровение за она што кобната ноќ се случило, и да, ги реши двете главни прашања, но остави зад себе уште многу. Каде се кул моќите на Peter добиени во The Other? И зошто тој веќе ги нема оние органски мрежи кои ги доби во истиот арк ако не сум грешка? Quesada fails again. Навистина е жално да си Spidey фан во моментов... Оцена: 6\10
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
19 Sep 2010, 12:04 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
МОДЕРЕН ИСТОРИЈАТ НА BATMANКако мој трет текст овојпат се одлучив да го преведам одличниот водич поставен на IGN пред кратко време. Одлучив така поради тоа што овој водич е еден од најкомплетните кои ги имам видено, а во него на најкраток начин е сумирано се она што се случуваше во бет универзумот изминативе две и кусур години. Уживејте во ова P.S. Имајте во предвид дека преводот е во најголема мера слободен. Не е професионален, така да тоа ви е _________________________________________________________________________________________________________ Batman е со сигурност е еден од најголемите и најзначајните серијали во стриповите во секое време. Меѓутоа, оваа есен е од големо значење за мрачниот витез. Грант Морисон ја завршува последната фаза од неговиот подолга Batman сага наредниот месец со крајот на Batman: The Return Of Bruce Wayne. Кога се ќе дојде на свое место, Bruce Wayne ќе се врати како Batman и со тоа ќе започне нова ера за Bat-стриповите. Нема сомнение дека возбудата предизвикана од стартот на Batman Inc. и промените во поголемиот дел на Batman стриповите ќе привлечат нови читатели. Исто така, најверојатно ќе има и читатели кои не ги прочитале сите 60+ броја кои ја сочинуваат приказната на Морисон до сега. Во овој водич се сумирани сите приказни и конфликти кои ја дефинираа кариерата на Batman во последните неколку години. Почнувајќи со Batman & Son па одејќи се до моменталната состојба, го следиме падот на Bruce Wayne, издигањето на Dick Grayson како Batman и многуте пријатели и непријатели кои се појавија по патот. ПОРАСТ НА СЕМЕЈСТВОТО НА BATMANПо крајот на настаните од Infinite Crisis и 52, Batman и Robin се вратија во Gotham многу постимулирани и подготвени да го исчистат криминалот засекогаш (Batman and Son). Најпрво оваа мисија одеше добро. Со голем дел од криминалните лидери на Gotham сместени во Аркам, Batman се соочува со необична ситуација, добива слободно време за да се посвети на животот на Bruce Wayne. Неколку чудни настани успеваат да му го комплицираат животот на Batman токму во ова време. Најпрво, тој се среќава лице во лице со неговиот непознат син, Damian Al Ghul. Второ, полицаец од GCPD облечен во костумот на Batman го погодува Joker во главата, ранувајќи го смртно. Трето, Bruce влегува во врска со Jezebell Jett, Африканска моделка\член на кралско семејство. По краткиот обид на Bruce да му биде татко на Damian, тој го враќа момчето назад кај својата мајка. По ова тој повторно се бори со Joker, кој овојпат има нова личност насловена како “The Clown At Midnight”. Bruce во меѓувреме открива дека измамникот Batman е само еден од вкупно тројца. Вториот е огромен убиец напумпан со Venom и Monster Formula, кој скоро го убива Batman. Уште позагрижувачко е и враќањето на Ra’s Al Ghul (Batman: The Resurrection of Ra's al Ghul) . Сега во телото на неговиот син, одмаздата на Al Ghul кон Мрачниот Витез почнува одново. И покрај сите овие чудни настани, романсата помеѓу Bruce и Jezebell продолжува. Таблоидите дури им предвидуваат и брак! ИЗДИГАЊЕТО НА BLACK GLOVEПо пресметките со првите два духа на Batman, Bruce доаѓа до заклучок дека многу поголем и помистериозен непријател подготвува напад врз него (Batman: The Black Glove). Овој непријател е всушност организација наречена The Black Glove. Повторното обединување на Club Of Heroes, група на интернационални херои инспирирани од Batman и Robin, станува смртоносно откако напаѓаат членовите на Black Glove. Организацијата всушност ги собира сите непријатели на секој херој посебно во нова група наречена Club Of Villains. На крајот, John Mayhew, основачот на Club Of Heroes, се открива дека е дел од Black Glove! Во Gotham пак, Batman конечно доаѓа лице во лице со третиот и последен дух на Batman. И тој како и другите двајца е полицаец и се вика Michael Lane. Овој трет “дух” на Batman, го заробува, го мачи, и сака да го убие Batman, и му ја открива на Batman вистинската природа зад експериментот со тројцата Batman-и. Многу години претходно, GCPD се обединува со федералната влада за да создаде три замени за Batman кои би стапиле во акција по евентуалната смрт на Batman. Dr. Hurt, лидерот на експериментот, сфаќа дека клучот за создавање ефективен Batman лежи во личната трагедија. Поради смррта на членови на неговото семејство, Lane полудува и со тоа станува одличен субјект за бруталните експерименти на Dr. Hurt. Hurt пак претходно соработувал со Batman на еден изолационен експеримент. Batman успева да избега од третата замена, но сепак знае дека е прашање на време кога Hurt и Black Glove ќе се појават пак за да го зададат последниот удар. Во исто време, љубовта кон Jett станува толку голема што Bruce размислува за одење кон поинаква животна патека. И откако дознава за неговите ноќни активности, Jezebell му останува посветена на Bruce. ПАДОТ НА BATMANBlack Glove конечно го реализира својот маестрален план врз Batman и неговите соработници (Batman R.I.P). Nightwing и Robin се нападнати од страна на Club Of Heroes. Doctor Hurt и останатите пак влегуваат во Batcave, го онесвестуваат Alfred и ја киднапираат Jezebell Jett. Hurt користи една специјална фраза која е подметната во умот на Batman - Zur en Arrh, и со тоа го онеспособува Batman и го остава на улиците на Gotham без меморија и идентитет. Во исто време, печатот добива фалсификувани документи и слики за развратното минато на родителите на Bruce, а се шпекулира и дека Thomas Wayne ја лажирал својата смрт. Иако хипнотичката сугестија е вметната во умот на Batman од страна на Hurt за време на изолациониот експеримент, тој сепак ја потценува менталната состојба на Batman. И покрај менталниот пад со активирањето на фразата Zur en Arrh, Batman прави нов костум во разни бои и станува Batman од Zur en Arrh. Овој нестабилен но ефективен Batman еден по еден ги соборува членовите на Black Glove. Последната борба меѓу Batman и The Black Glove се случува во Arkham, со Joker како почесен гостин. Hurt цело време имал намера комплетно да го уништи умот на Bruce со откритието дека и Jezebell Jett е член на The Black Glove. Откако Batman триумфира над Black Glove, Hurt успева да избега заедно со Lane на негова страна. Тој тврди најпрво дека е Thomas Wayne а подоцна и дека е самиот ѓавол. Неговото последно ветување пред да исчезне во реката во Gotham е следново - наредниот пат кога Batman ќе го облече својот костум, ќе му биде последен. МНОГУТЕ СМРТНИ СЛУЧАИ НА BATMANСо тело полно со модринки и нарушената јавна репутација, Bruce се враќа во Wayne Manor подготвен повторно да ги состави деловите од неговиот живот и да ја поправи штетата направена од Hurt. Но тој има и нова мистерија за решавање. Во една скриена соба во Wayne Manor има наметка иста како онаа на Batman но датира дури од праисторијата. На ѕидовите на собата е испишан зборот “Barbatos” и името “Thomas” (Batman #701). Но Batman нема доволно време да им се посвети на овие мистерии, поради повикот од Justice League. Новиот Бог Orion е пронајден мртов во Метрополис. Batman своето внимание го свртува кон решавањето на оваа вонземска мистерија. Набргу се покажува дека убиството е само врвот на на многу поголема закана. Избиена е војна помеѓу Новите Богови од Apokolips и New Genesis. Darkseid и неговите следбеници се на Земјата, преправени во луѓе и тајно градат армија која ќе ја пороби Земјата. Batman ја открива вистината но веќе е предоцна за да ги предупреду другите херои. Го ставаат во затвор и го носат во Bludhaven, каде научниците на Darkseid се обидуваат да направат војска на клонови од Batman. Уште еднаш, изопачени доктори се обидуваат да го искористат најголемиот воин како оружје. Во тек од еден месец, чекор по чекор Batman се ослободува од контролата на умот. Клоновите се покажуваат како неуспешни, откако станува јасно дека неможат да ја издржат болката и страдањето на оригиналот, па сите се уништени по психолошките реакции (Batman #672-673). Batman излегува од затворот токму во моментот кога Darkseid го стиска својот обрач околу светот (Final Crisis). Тој го зема пиштолот со кој е убиен Orion и оди на пресметка со богот на злото. Batman пука и го убива Darkseid, правејќи исклучок од неговото правило против оружје. Во исто време и Darkseid пука кон Batman со Omega Sanction - “живот кој е смрт”. Како и многуте жртви на Darkseid, Batman сега мора да доживее бескраен циклус на смрт, секоја посурова од претходната. Барем еден од смртните случаи на Batman може да се види во Batman: Whatever Happened To The Caped Crusader. Во оваа приказна, бестелесната душа на Bruce Wayne ги следи своите пријатели и непријатели како се собираат на неговиот погреб, и притоа секој од нив кажува различна приказна за крајот на Batman. НОВО ДИНАМИЧНО ДУОСо Batman наводно мртов и светот кој сеуште се опоравува од нападот на Darkseid, Gotham е во многу лоша состојба (Batman: Battle for the Cowl – HC). Новиот Black Mask пак брзо превзема контрола врз подземјето на градот. На Gotham му е потребен нов Batman, па неговите поранешни соработници Dick Grayson, Tim Drake и Jason Todd се борат за правото на наметката. На крајот оној кој ја добива е Grayson, Tim Drake станува Red Robin а Jason Todd пак новиот Red Hood. Grayson го зема Damian за свој Robin, и двојцата веднаш започнуваат со чистењето на криминалот од Gotham како што правеше и Bruce. Новото дуо на почетокот имаат проблеми со заедничката работа, но по раната битка со Professor Pyg го зацврстува нивниот однос (Batman and Robin Vol. 1 - HC). Dick истотака започнува со соло кариерата како Batman. Опозицијата на Black Mask за превласт врз подземјето, составена од Penguin и Two-Face започнуваат со нивниот против-напад. Grayson најпрво се бори против Black Mask, за кој се открива дека е Jeremiah Arkham, кој по ова станува пациент во истата институција која ја водеше. Втората мисија на која работат Dick и Damian е многу потешка од првата (Batman and Robin Vol. 1 - HC). Jason Todd повторно се појавува овојпат како Red Hood заедно со Scarlet, поранешна жртва на Professor Pyg. Овој тим претставува помрачна верзија на Batman и Robin, и водат кампања против криминалот под мотото “let the punishment fit the crime”. Но работите се компликуваат кога El Penitente, мистериозен Европски криминален шеф, го праќа мистериозниот убиец Flamingo да ги убие и двата тима. На крајот, Flamingo е победен а Jason Todd уапсен. Меѓутоа, Damian е сериозно повреден од борбата. Додека го апсат, Jason Todd му поставува тешки прашања на Grayson. Тој има пристап до телото на Bruce. Има и начин да го врати во живот со Lazarus Pit. Зошто тој не прави се за да го врати неговиот ментор меѓу живите? ЗАМОЛКНУВАЈЌИ ГО BRUCE WAYNEМногу кратко пред настаните во R.I.P, уште еден противник на Batman правеше обиди за негово уништување (Batman: Heart of Hush – TPB). Tommy Elliot, поранешен другар од детството на Bruce Wayne а сега попознат како Hush, сакаше да го уништи Bruce многу порано пред Black Mask. За своја прва цел ја користи Catwoman. Потоа го покажува своето лице, хируршки изменето за да личи на Bruce. Неговата крајна цел е кражба на богатството кое го поседува Bruce за да го поврати својот изгубен живот на моќ и луксуз. На крајот, Catwoman е онаа која го фаќа Hush. Овој дублер на Bruce Wayne сега е заробен во Wayne Tower, а од целото семејство само на Damian не му пречи неговото присуство, барајќи во него индиректен начин на живот со неговиот татко. Но, Elliot набргу успева да избега и излегува во јавноста. Иако се неволја, неговите јавни настапи го убедуваат светот дека Bruce Wayne е жив, па Dick и неговите пријатели му го дозволуваат ова се додека тој ги задржува своите акции само на финансиски план (Batman: Streets of Gotham Vol. 1 – Hush Money – TPB). Моментално во House Of Hush аркот, Elliot пробува да ја злоупотреби својата позиција уште повеќе. Тој се труди да направи многу повеќе хаос во Gotham употребувајќи го својот нов идентитет. Ако Batman и Robin се обидат да го убијат, Hush ќе биде оној кој ќе ја однесе победата. BATMAN…ЖИВЕЕ?Телото на Bruce е на кратко оживеано во настаните од Blackest Night. Ова, заедно со острите зборови на Jason Todd, влијаат на одлуката на Grayson да го донесе телото на Bruce во Англија во обид неговиот ментор да оживее (Batman and Robin Vol. 2: Batman vs. Robin - HC). На патот натаму, тој ги здружува силите со Knight и Squire, англиските Batman и Robin. Потрагата по Лондонскиот Lazarus Pit е дополнително комплицира и со мистеријата зад убиствата на Domino Killer. Мистериозниот убиец за свои цели зема разни моќници и богати личности од целиот свет, оставајќи само домина на местата на убиствата. Grayson успева да го спушти телото на Bruce во Lazarus Pit-от, меѓутоа предоцна открива дека тоа воопшто не е неговото тело. Тоа е телото на еден од клоновите на Darkseid. Враќајќи се кон Gotham, тој и ревитализираниот Damian ја победуваат оваа монструозна креација. И покрај негативниот резултат од мисијата во Англија, Dick сега добива нова доза на оптимизам. Ако ова тело не е на Bruce, тогаш тој мора да е жив некаде. Нови докази излегуваат на површината кога Grayson и Damian ги истражуваат тајните одаи на Бет-пештерата. Реаранжирани портрети, архитектурални мистерии и тајна одаја посветена на Barbatos, јасно укажуваат на фактот Bruce е жив но заглавен негде во времето. Но пред Dick да ја разоткрие целата мистерија, Talia, мајката на Damian, го вклучува чипот за контрола на умот ставен во новиот ‘рбет на своето дете, по што тој неконтролирано ги напаѓа своите сојузници. Откако воспоставува контрола врз своето тело, Damian заедно со Dick оди кај својата мајка и тука јасно се определува - помеѓу League Of Assasins и Бет-семејството, тој го одбира второто. Динамичното дуо сега е во придружба на Oberon Sexton, енигматичен детектив кој ги истражува Домино убиствата. Grayson не е премногу задоволен кога го открива ликот на Sexton - тоа е Joker. Како Sexton тој не ги истражува Домино убиствата - тој е убиецот. Сите негови жртви се членови на The Black Glove. Како што може да се види во моменталниот арк “Batman Must Die”, Grayson и Damian се принудени да работат заедно со него. El Penitente e Doctor Hurt, кој се враќа во Gotham да ја заврши својата мисија. Заедно со него се преживеаните членови на Black Glove и Professor Pyg. Hurt ќе оди до крајни граници да го уништи Batman, па можеби токму Joker е асот во ракавот кој им е потребен на Batman и Robin за да преживеат. BRUCE WAYNE СЕ ВРАЌАДодека сојузниците на Bruce Wayne се борат за да го продолжат неговото наследство, и самиот тој поминува низ чудно патување. На крајот на Final Crisis, Bruce успева да избега од циклусот на Omega Sanction и се наоѓа заглавен во времето 11000 години наназад. Со слаба меморија за своето минато, Bruce го започнува долгиот пат за враќање назад. (The Return Of Bruce Wayne #1-6) Досега, Bruce се бореше со племето на Vandal Savage во палеолитскиот Gotham, бркаше вештерки и демонски суштества во пуританската ера, успеа да избега од пиратот Blackbeard и повторно се бореше против Savage но и Jonah Hex во 19-от век. На крајот на секоја од овие “мисии” Bruce оди напред во иднината. По патот, тој ненамерно влијае на развојот на семејството Wayne како и на легендата за Batman. Неговата наметка сега е иста како онаа скриена во длабочините на Wayne Manor. Неговите појавувања и борби како Batman влијаат на одлуката на племето Miagani да го превземе лилјакот како свој симбол. Прашање на време е неговото враќање во 21-от век. Меѓутоа, неговото враќање исто така значи и еден вид на проклетство за човештвото. Superman со Justice League открива дека нападот на Darkseid го претворил Batman во оружје. Ако тој се врати во сегашноста, голема катастрофа ќе го погоди човештвото. Затоа, Superman, Rip Hunter и Booster Gold се обидуваат да го најдат Bruce низ времето, но досега нивната потрага е без плод. (Time Masters: Vanishing Point #1-6) ИНКОРПОРИРАНА ИДНИНАЕдна работа е јасна со завршувањето на The Return Of Bruce Wayne и Batman Must Die аркот при крајот на Октомври. Bruce Wayne ќе се врати назад и повторно ќе стане Batman. Со нов костум и нова мисија, тој е оној кој ќе биде триумфален во DC универзумот. Новата ера на Batman ќе биде испишана во многу нови стрипови. Batman: The Return е one-shot кој ќе биде почетокот, а излегува на крајот на Октомври. Во новиот серијал Batman Inc. вистинската мисија на Bruce започнува. Dick и Damian ќе останат како Batman и Robin да го бранат Gotham, па ова му дава можност на Bruce за активна регрутација на нови сојузници. Визијата на John Mayhew за клубот на хероите е жива. Bruce Wayne ќе патува во Азија, Европа и други дестинации за да ја зголеми неговата мрежа на сојузници. Многу предизвици го чекаат Мрачниот Витез по патот. Тој сеуште мора да го очисти името на неговото семејство по нападите од Hurt и Hush. Кога соработката со Joker ќе заврши, тој повторно ќе претставува проблем за Gotham. Batman се соочува со опасност и од Ra’s Al Ghul и неговата ќерка Talia. Иако тие работат посебно, и двајцата имаат цел која е спротивна на целта на Batman - да се одбрани и да се задржи сигурен Gotham. Оригинално објавено на http://www.ign.com од Jesse Schedeen.Линк: http://comics.ign.com/articles/112/1124433p1.html
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
10 Oct 2010, 12:00 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
Batman & Robin #15Она што Морисон го почна пред повеќе од 2 години конечно се приближува кон крајот, и доаѓа нова ера за Темниот Витез. B&R серијалот кој Морисон го почна по Battle For The Cowl, стигна до 15 број, претпоследен кој тој ќе го пишува. Мистериите кои досега се држеа во темнина конечно почнаа да се откриваат, па така во последните 5-6 броја добивме големи можеби и неочекувани изненадувања. Во претходните броеви стана јасно дека Joker има намера да го искористи Robin за да стигне до лична пресметка со Black Glovе, одн. Dr.Hurt. На почетокот на 15-от број тој го носи Robin надвор и го пушта на слобода за да може тој да го спаси Batman. Откако тој е заробен, бандата на Hurt го носи во местото каде што го држат Grayson. Hurt планира да отвори портал преку кој ќе го ослободи демонот Barbatos, но пред тоа, пука во главата на Grayson со .32-ка, која нема да го убие, но ако не се оперира, ќе му направи огромни оштетувања на мозокот. Hurt во замена за операцијата, ја бара душата на Damian, уште еднаш алудирајќи на тоа дека тој е самиот ѓавол! Но не оди се по планот на негативците на Batman кога се знае дека Bruce има замешано прсти во тоа, и секогаш е многу чекори пред противникот. Експлозивниот крај на 15-от број се врзува директно со последниот број на The Return Of Bruce Wayne кој допрва треба да излезе. За овој број давам максимална оцена. Морисон на перфектен начин ги има објаснето намерите на Dr.Hurt, и повторно докажува дека Hurt е THE негативецот на Batman. Противник достоен за Batman, противник кој оди до крајни граници за да да го уништи наследството на Batman, бидејќи знае дека Batman не е личност, туку идеал. Од друга страна, првите неколку страни со Joker се исто така на високо ниво. Токму овде Морисон докажува дека знае да владее со Joker и од него да уште полуда персона која сепак ги има своите нозе на земја, само поради својот интерес во нешто. Во овој број има огромен број на линии кои ќе се паметат. Артот на Frazier Irving дефинитивно не е за сечиј вкус. Но, колку и да не ви одговара, мора да се сложите на едно нешто: во моментов од сите оние кои работеа со Морисон досега, нема подобар избор за B&R серијалот. Мрачен, луциден и со доза надреалност, артот на Irving ќе ве остави без здив. Последниот панел е навистина за уживање. Моментот кој фановите на Batman го чекаа последниве две години е многу блиску. Во 15-от број на B&R имаме мал preview на тоа, прикажано на последниот панел. Бројов добива чиста десетка. Морисон на маестрален начин ја привршува приказната која започна и ги прикажува ефектите од смртта на Bruce во R.I.P, на тој начин давајќи објаснување за изгледот и состојбата на Gotham без својот заштитник. Ова мора да се прочита. Од милион причини, ако сте фан на Морисон и ако не сте. Ако пак и тоа не примамува, што ако ви кажам дека се појавува и омилениот син на Gotham?
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
23 Oct 2010, 11:44 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
The Walking DeadНајактуелното нешто во светот на стриповите а и телевизиската индустрија во изминатите месеци е The Walking Dead - стрипот креиран од младиот Robert Kirkman,. Знаете каков хајп имаше околу серијата. Конечно и ја дочекавме. Мислењата - поделени. Иако серијата е визуелно перфектна, стрип-фановите се разочарани, додека оние кои не го читале стрипот се позитивно изненадени. Нормално, тв индустријата неможе да оди комплетно по стрипот, не само поради грозоморните зомбија и купиштата внатрешни органи и крв, туку поради моралните, религиозни и какви не правила и нивни прекршувања кои одат во генијалниот стрип. Најубаво е да се разделат двете работи - да се ужива во стрипот и серијата истовремено, без повлекување непотребни паралели меѓу двете. Како што верувам дека и повеќето знаат, во The Walking Dead се работи за полицаецот Rick Grimes, кој откако е ранет во една престрелка останува во кома и кога конечно се буди, гледа дека светот кој досега го знаел не постои. Нема никаква контрола; нема никаков живот како што го знаеме, а градовите се исполнети со крвожедни зомбија. Како и секој нормален човек, првото нешто што на Rick му паѓа напамет е сигурноста на неговото семејство, но тие веќе не се во неговата куќа. Во тој момент и почнува стрипот - токму во моментот кога Rick (на потежок начин) ги запознава Morgan и неговиот син Duane, кои живеат во куќата отспротива. Откако Morgan му ја објаснува ситуацијата на Rick, тој одлучува да оди во Атланта каде што наводно се е сигурно. Дотука одам. Приказната натаму ја знаете, независно од тоа дали сте го читале стрипот или ја следите серијата. Тука започнува битката на Grimes и неговата група - не битка со зомбија, туку битка за преживување во суровата околина. Она што The Walking Dead го одделува од другите вакви стрипови (па дури и книги), е тоа што стрипот (или книгата, како сакате), воопшто не се занимава со зомбијата. Тие се тука само поради позадината на целата ситуација. Иако во почетокот тие се во преден план, тоа брзо се менува. И можеби е подобро така. Па како по ѓаволите Kirkman ќе успееше и после скоро 80 броеви да го одржува па дури и зголемува квалитетот на приказната? Со зомбија сигурно не. Мислам, нека не се лутат фановите на жанрот, меѓутоа зомбијата се спори, глупи и релативно безопасни ако знаете како да се држите против нив. Kirkman веројатно ова го сфатил многу рано, па затоа зомбијата до 10-от број се актуелни, а потоа паѓаат во заборав принудени од приказната. Нормално, од време на време ќе убијат по некој член на групата, но смртта на ликовите кои се од значење за приказната генерално не потпаѓаат под “He was bitten!” групата. За оние кои не читале и кои сеуште мислат дека The Walking Dead е глуп стрип со зомбија - многу ликови доживуваат непријатни...хм...нечовечки искуства од други луѓе! Да, луѓе. Нечовечноста и мирното но сигурно пропаѓање на човечките идеали е главната приказна во The Walking Dead. На оригиналноста на Kirkman и The Walking Dead и нема крај. Не е само приказната добра, туку и самите ликови. Секој е приказна за себе. Започнувајќи со Rick Grimes веднаш се воочува колку самиот стрип е далеку од конвенционалноста на стриповите кои едвај ги чекаме. Rick е херој и антихерој во исто време - дури е и негативец. Се зависи од тоа каква личност сте и дали ги осудувате постапките на една личност. Понатаму, Grimes не се вклопува во познатата шема ниту по својата претстава. Наместо набилдан тип со супермоќи (или евентуално без моќи но со многу пари и интелегенција), Rick е обичен селски полицаец кој живее од ден за ден, чекајќи да се врати дома меѓу својата жена и дете и очекувајќи вечера на масата. Слаб, со сомнителни лидерски квалитети и сомнителна ум (кога таа ќе се подложи на тест), тој е всушност еден од постабилните ликови во The Walking Dead. Верувајте ми, има и полабилни од него. Постапките кои тој ги одбира за заштита на своето “племе” се далеку од одобрувачки. Повторно ова е релативно во зависност од вашето гледиште, меѓутоа според генералната колективна свест, човеков, а и многу други ликови, би требало да бидат фрлени во мрачна зандана. Другите ликови од групата, како што кажав се приказна сама за себе. Некои оддаваат позитивна а некои негативна аура. Прашањето е колку нивните постапки ќе ве извадат од кожа или пак ќе ги одобрите, ако знаете во каква состојба е (тамошниот) свет. Тоа е mindfuck-от на Kirkman. Во општество без контрола, што е добро а што лошо? Ликовите не еволуираат карактерно - тие деградираат. The Walking Dead не е вашиот комерцијално прифатлив стрип. Индикатори на куп - главен протагонист инвалид, психички нестабилни ликови, човекојадци за противници...стрипот секогаш оди напред. Акцијата во стрипот никогаш не застанува. Верувајте ми, од првиот број, групата на Grimes нема мирен ден. Секогаш излегуваат нови непредвидливи ситуации, најпрво со зомбијата но подоцна и со други групи луѓе. Ликовите се менуваат како чорапи: не се заљубувајте пребргу во нив, никогаш не знаете што ги чека во наредните неколку броеви. Нормално, оние кои се јадрото на приказната не умираат (or do they? Оваа бескрајна акција сепак има две страни - позитивната е што нема да сакате да прекинете со читање, но негативната е што на некого нема да му се допадне честото менување на ситуациите, колку и тие да биле добри. Но не се плашете - и покрај честите кривини на серијалот, Kirkman секогаш измислува заплети подобри од претходните. Сеуште не ми е јасно како воопшто не го потроши материјалот до сега!? Се надевам дека (за оние кои не го читале стрипот) ве убедив да го фатите стрипот во раце и да го читате. Верувам дека ќе ви се допадне. Има одлични дијалози, одличен цртач (мала негатива - црно-белата техника, но за приказната се работи а не за стилот), и неверојатен сценарист во Kirkman. Стрипот никогаш не стои во место - секогаш еволуира. Со самото развивање на приказната, доаѓа до деградација на ликовите. Нивните постапки ќе ве натераат да заплачете, да се чувствувате лошо во некои ситуации, или пак едноставно да ви е мило за нив. Ова е еден од ретките стрипови кои барем мене ме натерале да се чувствувам така. Во тоа е и генијалноста на Robert Kirkman. Ликовите одлучуваат онака како што секој човек би постапил. Или можеби не е така? Дали убиството во светот преплавен со зомбија има иста цена како во нормалното општество? Дали би ги јаделе своите деца за да преживеете? Дали би ја затвориле црквата за луѓето ако имате уште само малку храна? Дали на ист начин би постапиле за да ја заштитите својата група? Дали би прекршиле разни религиозни и општествени догми само за да преживеете? Каде е Бог во целава ситуација? The Walking Dead ќе ве натера сериозно да размислите за вашите постапки. Препорака.
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
05 Dec 2010, 13:17 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
Identity Crisis “Anyone who puts on a costume, paints a bulls-eye on his family’s chests”
- Ralph Dibny (The Elongated Man)
Ова е можеби и најдоброто отворање за една ваква новела. Кратка, но многу точна реченица наменета кон сите суперхерои во светот на стриповите. Токму ова го отвара и изданието на DC од 2004 година, уште едно од Crisis новелите, а тоа е Identity Crisis. Мислам дека самото име објаснува доволно работи за овој стрип. Стрип кој, иако креиран од автор кој нема многу пишувано, успеа да го сврти светот на Batman и целата JLA (Justice League of America) наопаку. Почнувајќи трагично уште на почетокот, со смртта на Sue Dibny, сопругата на The Elongated Man, целата JLA оди во истрага за да му помогне на нивниот член и близок пријател. Како што истрагата полека се движи, таа станува се поинтригантна и нејасна. Во целиот тој процес, се открива и уште една работа која всушност прави длабок јаз помеѓу хероите. Тоа и е целта на оваа одлична новела. Токму поради овој “инцидент” одн. убиството на Sue Dibny, ќе излезат на виделина неколку прилично сериозни инциденти кои се случиле пред извесно време, и кои довеле до оваа темна дамка во историјата на JLA. Нападот врз Dibny е само предупредување. Понатаму следат напади и на други членови на фамилиите на хероите, кои дополнително ќе си поиграат со чувствата и нервите на на некои од најголемите DC супер-херои. Во целата ситуација, иако тоа можеби и тешко се забележува, огромна улога игра и Batman, кој, можеби најмногу и од сите, ќе биде растргнат емоционално. Најинтересното нешто кое Brad Meltzer го прави овде е тоа што досега ретко кој се имал намера (и во истата успеал) да ги прикаже супер-хероите во вакво издание. Оптоварени со болка, тага, несознание. Meltzer прави генијален потег со прикажувањето на човечките вредности во светот на непобедливите јунаци. Можеби физички се непобедливи, но кога доаѓа збор за емоциите, и тие сепак се луѓе. Болката, тагата, предавството, лошите решенија во одлучни моменти...сето ова доаѓа до израз токму во Identity Crisis. И се во име на љубовта. Љубовта не познава граници нели? Ако е така, тогаш ниту едно убиство неможе да ја спречи. Или сепак може? Истотака е многу интересно да се видат здружувањата и на супер-хероите и на негативците кон цел која не ја разбираат и која ќе им донесе големи загуби и на двете страни. Интересно се изведени и неколкуте последни сцени, кои ни даваат малку информации околу тоа дали Batman го оправдува она што JLA му го направила или не. Можеби, но само можеби, во Identity Crisis го оправдува тоа. Сигурно знае што се случило, објаснето индиректно во разговорот помеѓу Flash и Green Arrow. На крајот на краиштата - “Desperate times call for desperate measures”. Можеби било најдобро така. Цртањето на Rags Morales е на нивото на сценариото на Meltzer. Одлични цртежи, едноставни панели, без многу пренатрупување и интересен избор на демаскирање на некои од хероите, нешто кое оди и во прилог на приказната. На неколку панели можеме да им ги забележиме очите на некои од суперхероите и покрај маската, па ова е веројатно замисленo како еден поглед кон душата на овие ликови. Ретко кога во стриповите на хероите им се гледаат очите преку маската. Единствен без ова решение е Batman, можеби алудирајќи на тоа дека е “слеп како лилјак” кон вистината овојпат. Можеби критикуван на почетокот кога излезе идејата, но на Meltzer неможе и несмее да му се спори успехот. Како од критиката така и од стрип-фановите. Во моментот на издавањето, Identity Crisis ги надмина сите тогашни изданија и од DC и од Marvel, вклучувајќи го и одличниот House Of M на Marvel. Identity Crisis го демаскира и деконструира светот на стриповите и супер-хероите на еден прекрасен начин, ако може да се каже така. Ги покажува нивните слабости кон одредени нешта. Го покажува нивното заедништво а во исто време и нивниот раскол. Токму како и самото име, Identity Crisis е голема криза во JLA која подоцна, директно или индиректно, ќе доведе до пад на самодовербата и неколку шокантни случки. Оригинално објавено на
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
18 Dec 2010, 13:14 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
ПРЕПОРАКАIrredeemable e стрип во кој се случува едно од нештата кои, да бидеме искрени, секој од стрип фановите барем еднаш си ги поставил во животот: што ако некој суперхерој со моќи на нивото на Бог, одеднаш преминува на другата страна од законот? Не како во досега видените сценарија: контролиран од evil mastermind кој го користи како играчка и слично...што ако на суперхеројот му дојде “преку глава” од светот? Што ако светот не може да му даде помош кога му е најпотребно, како што тој отсекогаш правел? Што ако суперхеројот барем еднаш се спушта на нивото на човек? Одговорот? Милиони мртви. Огромен број на комплетно разрушени градови и земји. Ко да се истурил бесот на креаторот. Сето ова се случува во новиот стрип - хит Irredeemable, напишан од Mark Waid. Како и секогаш во сценаријата на Waid, и овде приказната може да биде поврзана со религијата. Поигрувањето на Waid со религијата не е случајност. Можеби токму The Plutonian, суперхеројот кој станува негативец, е алузија на одмаздничкиот бог. Бидејќи се работи за серијал кој токму сега зема замав, а не верувам дека ќе престане со издавање за кратко време, овојпат се одлучив да го претставам светот и приказната на Irredeemable во кратки црти, па текстот кој следи ќе се фокусира на ликовите и нивните моќи, како и дел од приказната (spoiler free ). Plutonian - Бившиот најголем суперхерој на Земјата, сега најголем негативец - воедно и најголем масовен убиец на сите времиња; еден од основачите и прв член на Paradigm; неговото минато е мистериозно и постојат многу малку детаљи за неговото детство Samsara - Поранешен партнер на Plutonian; има кристал на челото кој го прави буквално неуништив - кристалот го одржува доволно долго во живот за да може да се затвори и најголемата рана на неговото тело; прва жртва на нападите на Plutonian; Qubit - Основач на Paradigm; по нападот на Plutonian, тој е лидерот на групата; најлогичниот член на групата, тој се залага и за делување без убивање; неговата моќ менталното аранжирање на делови од машини за да креира било каква направа која ќе ја замисли; Scylla and Charybdis - Близнаци и партнери - едни од основачите на Paradigm; Scylla влече од моќта на Charybdis, на тој начин преполовувајќи ја моќта на својот близнак; моќта на Charybdis би била огромна доколку тој остане сам... Kaidan - една од основачите на Paradigm; Kaidan е девојка со Јапанско потекло; низ нејзиното семејство жените можат да ги оживеат хероите од фолклорот на Јапонија преку кажување на приказните; нејзината моќ не е доволно истражена - покрај духовите од фолклорот, таа почнува да ги гледа и мртвите кои и биле блиски The Hornet - поранешен полицаец кој својата борба против криминал ја заснова на користење на разни напредни гаџети; еден од првите жртви на Plutonian; по неговата смрт Paradigm откриваат снимка која тој ја направил токму за ваквиот развој на настаните... Gilgamos - крилат војник кој живее многу долго и не старее; поседува надчовечка сила и нормално, може да лета; еден од најинтересните моменти од стрипот е неговата средба со Александар Македонски Bette Noir - една од основачите на Paradigm; се бори против криминалот со разна амуниција за разни употреби и закани и нејзиното непогрешливо нишанење; во врска е со Гилгамос Modeus - најголемиот противник на Plutonian; интересен лик кој има огромен афинитет кон технологијата; заљубен е во Plutonian Покрај овие главни ликови, постојат и други кои во помала или поголема рака имаат удел во приказната. Покрај Irredeemable, Waid прави уште еден сличен стрип кој се заснова на лик од Irredeemable. Тоа е Incoruptible, во кој главниот лик е Max Damage. На кратко, Irredeemable е интересно четиво. Доволно е лесно, интересно е а приказната има доста моменти кои го заслужуваат вашето внимание. Се на се, Irredeemable испаѓа уште еден солиден стрип во резимето на Mark Waid. Приказната се движи солидно (иако има и наивни моменти), а артот на Peter Krause (и на кратко на Diego Baretto) е одличен, иако оној на Krause некако многу повеќе му одговара на стрипот. Можеби не е на нивото на Marvel или DC, меѓутоа првите неколку броеви ќе ве вовлечат во приказната на начин ретко досега виден.
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
27 Mar 2011, 12:55 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
Secret WarriorsАко постои некој лик околу кој сите би сакале да видат повеќе акција во моментов, тоа е Nikc Fury. Неговиот потег по Secret War и појавувањето во Secret Invasion не остави сите со подотворени усти и желни за разврска на ситуацијата со Nick Fury. Мистериозен како и секогаш, Fury замина на неодредена локација, надвор од сите радари на S.H.I.E.L.D, H.A.M.M.E.R, суперхероите и негативците. Најинтересното нешто е што по подолго време изоставување од големите евенти во Марвел, Fury се појави, барем на кратко, во Secret Invasion, овојпат со група на очигледно млади индивидуи со моќи? Баш онака, what the hell?! момент. Одговорите за локацијата на Fury како и неговиот нов тим, ги добивме во облик на нов серијал наречен Secret Warriors, креиран од брилијантниот ум на Bendis и Jonathan Hickman. The story so far...Secret Warriors започнува со регрутирањето на нови, непознати луѓе со моќи кои би работеле под Fury. Регрутирањето го врши новиот “пулен” на Fury: Daisy Johnson aka Quake. Веројатно ви текнува на оваа млада дама од Secret War, кога таа буквално му беше second in command на Fury. Голема одговорност. Иако нејзиниот татко е негативецот Mister Hyde, Fury и верува доволно за да му биде десна рака. Токму тоа е (покрај другите ситуации) и хајлајт на стрипот, иако во втор план. Она што е доведено во прв план, особено во првиот Vol. е регрутирањето на членовите на тимот, и откритието на Fury дека HYDRA отсекогаш ги влечела конците, на SHIELD но и сега на HAMMER. Ова сериозно го удира Fury, кој сега е повеќе од кога и да е настроен кон деструкција на оваа организација. За таа цел, тој упорно го тренира тимот и ги става во компромитирачки ситуации, со цел да види колку тие се спремни за задачата која тој ја предвидел. The characters...Тимот го води Daisy, но Fury е тој кој ги оркестрира работите. Тимот се состои од: веќе споменатата Daisy Johnson; Yo-Yo Rodriguez - Slingshot - нејзината моќ е огромната брзина на трчање и ефективно отскокнување назад на почетната позиција; Jerry Sledge - Stonewall, поседува надчовечка моќ и издржливост, hence the nickname Stonewall ; Sebastian Druid - поседува магични моќи; J.T.James - Hellfire - внук на Phantom Rider; Eden Fesi - може да ја менува реалноста по своја волја а трениран е од мутантот Gateway; и последниот член е Phobos, бог на страв, син на Ares. Phobos е веројатно најинтересниот член на групата поради повеќе околности но за тоа повеќе во коментарите. The writing...Приказната се движи одлично и малку поспоро во почетокот, но е навистина одлична за следење, а нема потреба и од некое страшно познавање на Marvel универзумот (освен оние основните факти, како одењето андерграунд на Fury и бирањето на Quake за негова десна рака). Она што е интересно, и реално отсекогаш било, е односот на Fury кон ликовите од групата. Голем дел од “сценариото” е фокусирано токму на тој однос. Marvel знае што фановите сакаат: откривање на мистериите зад Nick Fury и неговиот bad-ass однос кон сите, па тоа е она што Secret Warriors го носи напред пред другите. Fury и овде е лик кој во истовреме го сакате и го мразите. Одлуките за тимот ги носи тој и само тој, а Daisy тоа го сфаќа многу подоцна. Последниот збор е на Fury. Неговиот однос кон тимот е во најмала рака грд, со исклучок на Phobos и Daisy, на која особено и верува и ја почитува, но сепак не и дава премногу слобода. Со Dum Dum и неговите пријатели од Втората Светска војна пак е многу поопуштен, бидејќи ја има довербата и безрезервната поддршка од нив. Како што веќе пишав, приказната се движи одлично, но и пречат оние брзи менувања на насока. Првиот дел се фокусира на тренингот и регрутирањето на екипата, потоа се оди на заплетот, и одеднаш почнува расплетот кој искрено трае предолго и е исполнет со филер броеви кои имаат многу повеќе дијалог отколку акција (која е претставена преку флешбек, нешто што не и одговара на приказната, освен ако тоа не е нешто од пред неколку децении). При последниот арк кој сеуште трае, добиваме одговор на многуте поставени прашања, како и на она суштинското - кои се HYDRA и Leviathan, како Nick Fury конечно го загубил окото и уште неколку други. The art...Артот е најблаго речено одличен, но се зависи од вашите лични желби. Главен артист е Stefano Casseli. Одлични детаљи, одличен дизајн на негативците, супер третман на сцена со повеќе карактери и еден од најдобрите Nick Fury модели кои сте ги виделе во животот. Од друга страна, не ми се допаѓа третманот на close-up кадрите на очите на одредени ликови, кои често изгледаат ко да се извадени од anime. Сепак, и покрај Alessandro Vitti и Mirko Colak на кратко, цртежот на Casseli најмногу одговара на пишувањето на Hickman. The verdict...Nikc Fury, Hydra, Leviathan, тајни организации кои го водат светот, големи откритија кои ќе го изместат Fury од место, одлични млади херои и одлични негативци, серијал исполнет со мистерии и објаснувања за минатото на најмистериозниот лик од сите - што повеќе би сакале. Иако недовршен (планирани се 28 броја), ова мора да се прочита, бидејќи е навистина освежувачки серијал кој нуди одлична алтернатива и многу поинтересна приказна од она што во последната година дена се нудеше во Marvel. Оцена: 8.5\10Download: viewtopic.php?f=56&t=2378
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
09 Apr 2011, 11:31 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
PlanetaryЧепкајќи по библиографијата на еден од најголемите стрип автори Warren Ellis, наидов на еден стрип со интересно име и приказна која изгледаше доста интересна. Се работи за стрипот Planetary. Како што е често случајот со Ellis, и во Planetary се работи за тим составен од суперхерои, но овојпат на малку подруг начин. Наместо постоечките (и често досадни) суперхеројски тимови облечени во своите трикоа и наметки, секогаш настроени кон спасување на универзумот од надворешни и внатрешни опасности, Planetary прави отстапка од ваквото гледање на суперхероите: да, и овој тим работи на спасувањето и одбраната на светот, но и истражува нови начини за подобрување на самиот. Дури ни изгледот на ликовите не е традиционален и генеричен. Суперхероите на Planetary се прикажани како обични луѓе. The story so far...Како и самиот наслов, во стрипот се работи за авантурите на четирите члена на организацијата Planetary, кои своите непресушни финансии ги добиваат од мистериозниот The Fourth Man. Под овој параван, тие одат на доста интересни мисии кои имаат за цел да ја разоткријата тајната историја на светот. Ellis се бави со познатата историјата, но и со оние тајни случки кои довеле до оној исход кој сите го знаеме. The characters...За разлика од другите шаблони, Planetary нема толку многу ликови како што може да се очекува. Напротив, се работи за 4 главни лика и нивните противници, како и уште отприлика толку ликови во позадина. Тие се: Elijah Snow - Едно од т.н. Century Babies. Овие луѓе се родени токму на почетокот на новиот век (Snow е роден на 1 Јануари, 1900 година), и како такви имаат одредени моќи. Скоро сите од нив имаат една иста моќ - тие се скоро бесмртни. Можат да умрат, меѓутоа нивниот животен век е драстично зголемен. Elijah Snow покрај ова има моќ да замрзне се околу себе и да извлекува топлина од одредени објекти. На почетокот тој е регрутиран од Planetary тимот како нив нов истражувач. Jakita Wagner - лидер на тимот, поседува огромна брзина и е скоро неуништлива. Прилично паметна и храбра девојка која ги поседува сите квалитети на прав лидер. The Drummer - многу интересен лик кој е земен од Planetary организацијата уште како мало дете. Поседува моќ која му овозможува манипулација со технологијата и директно извлекување на информација од буквално се околу него. The funny guy of Planetary Ambrose Chase - четврт член кој е прикажан главно преку флешбек. Тој е роден со особина која му дозволува селективно да влијае на физичките закони, а со тоа може и да го замрзне времето околу себе. The Four - тим на противници на Planetary составен од четири лика - Randall Dowling, Kim Suskind, William Leather и Jacob Greene. Секој од овие нив има добиено моќи при една неуспешна мисија во вселената. На почетокот сеуште не е јасно како тие ги имаат добиено своите моќи. За разлика од Planetary, овие четири лика сите свои откритија ги користат за своја лична употреба и деструкција на човештвото. The writing...Ова не е вашиот конвенционален стрип. Но не е таков ни еден од стриповите на брилијантниот Warren Ellis. Како што пишав и на почетокот, Planetary се труди да ги напушти сите оние шаблони на суперхеројски стрип. Дури и самата замисла на Ellis била таква: да се оди малку подлабоко во жанрот на суперхероите. Токму тоа и го остварува. Додека другите вакви стрипови даваат акцент на акцијата и групата, во Planetary акцијата е во втор план (освен во воведните неколку броја). Кога приказната конечно ќе стапи на сцена и кога тајната историја ќе излезе на виделина, во истиот тој момент се открива и генијалноста на Ellis. Оттука, Planetary се движи во насока на откривање на тајните истории на ликовите и на светот, за да кулминира со сознанието дека секој си има своја улога во вселената. Ликовите се извонредно напишани. Секој од нив со одлична историја, секој од нив со посебна улога и моќ. Брилијантниот ум на Elijah Snow и неговиот изглед е дефиниција за КУЛ. Ниту Jakita Wagner не е многу зад него. И таа оди надвор од конвенционалното: храбра, решителна, моќна и со доста циничен и зајадлив карактер, нешто што многуте женски ликови кои ги знаеме не го поседуваат. Уште поинтересно е што и самите ликови во Planetary се омаж на некои ликови создадени во 20-от век, од (Tarzan, James Bond), а низ целиот стрип се провлекуваат и влијанија од поп културата на 20-от како и на некои легенди од минатите векови. Очигледно е дека Ellis е фасциниран од сево ова. Во прилог на приказната постои и Мултиверзум кој исто така игра голема улога во настаните и нивниот развој. Експедициите на тимот, кои самите себеси се нарекуваат Archaeologists of the impossible, се исто така многу интересни. Токму на овие мисии можеме да видиме разни интересни артефакти но опишувањето на тајната историја е она што е фасцинантно но и многу важно за серијалот. Ellis владее со ова. The art...Артот е на John Cassaday е буквално перфектен, особено кога се работи за третман на ликовите. Неговата интерпретација на ликовите e точна до детаљи. Ликовите на Ellis буквално се оживеани преку Cassaday. Кул карактерот на Elijah, моќниот на Jakita и помалку трапавиот на Drummer се едни од најдобрите кои јас ги имам видено. Визуелните ефекти се исто така на зачудувачки добро ниво, бојата е прекрасна и не можат да се бараат премногу забелешки. Артот е spot-on. Единствено имам замерка за третманот на лицата кога се во дадени од блиску во кадар. Cassaday овде на моменти делува прилично аматерски, меѓутоа тоа се ситници кои се губат во прекрасната средина. The verdict...И покрај поспорите почетни броеви, морам да кажам дека Planetary според мене е еден од оние култни, легендарни стрипови, едни од најдобрите напишани некогаш. Има одлични ликови, одлична приказна со морални вредности, тајна историја на човештвото и универзумот...и повторно ќе спомнам, го има Elijah Snow, моќен лик каков што одамна немам видено во стриповите. Лик на кој може да се базира и многу подолг серијал. Покрај ова има и неколку фиктивни историски ликови како Sherlock Holmes, со помала улога но сепак интересни за самиот развој на настаните. Planetary е одличен стрип. На моменти може да биде збунувачки, особено во дијалозите со мнооооооогу научни референци и размислувања, но тоа му оди на прилог на стрипот и неговата брилијантност. Едно од најдобрите дела на Warren Ellis, и паралелно со тоа, едно од најдобрите стрипови на сите времиња. Оцена: 10\10 (MUST READ!) Download: viewtopic.php?f=56&t=2540
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
28 May 2011, 11:07 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
Detective Comics - Hungry City (#876-#878)Scott Snyder is the man of the moment. Не дека не е заслужено. Младиот автор моментално има неколку активни и одлично оценети материјали и буквално сам на грб го носи целиот Batman серијал. Во однос на квалитет, не по квантитет нормално. Во време кога Morrison ја привршува својата тригодишна работа на Batman, Johns сеуште добро го вози Green Lantern и станува вид на Brian Michael Bendis во DC, Snyder доби шанса да работи на Detective Comics и тоа го направи доста успешно уште на стартот. Black Mirror беше интересна приказна со крај кој реално не ги исполни очекувањата, но правата ѕвезда на трите дела од Black Mirror беше и втората пократка приказна, Skeleton Cases, во која синот на James Gordon се враќа во Готам, соочен со минатото и противници меѓу своите најблиски. Оваа приказна продолжи и во броевите 874 и 875 и беше вистинско уживање. Detective Comics каде што целосна улога му се дава на Gordon и неговите демони од минатото. Прекрасни броеви. По ова, на сцена стапи новиот арк, наречен Hungry City. И покрај изненадувачкиот почеток на Hungry City (кит-убиец во фоајето на најголемата банка во Готам - WTF?!), Snyder во овој арк ни нуди навраќање на најдобриот елемент од Batman стриповите, нешто што многу луѓе го забораваат, детективското истражување. Batman е најголемиот светски детектив, а во последно време, и покрај извонредните приказни, ова падна во позадина, особено со исчезнувањето на Bruce. Но, очигледно е дека Snyder е свесен како треба да се направи Bat-приказна, па покрај гротескните негативци, Hungry City е исполнет и со доста истражување и пред се, одличен третман на карактерот на Dick Grayson. Неверојатно е како само Scott Snyder го третира него. Од досегашните броеви со Grayson како Batman, ова е најдоброто негово покажување. Како човек кој конечно излегол од сенката на Bruce, и е многу посигурен во својата улога, па оваа стекната самодоверба му овозможува комплетна слобода за извршување на задачите. Нивото на Grayson (освен психолошкото) е многу блиску со она на Bruce, па затоа Готам е во добри раце. Дури ни детективските способности на Grayson не се далеку од оние Bruce, а тоа е особено видливо при крајот на аркот. Со завршувањето на Hungry City повторно се преплетува и приказната за синот на Gordon, овојпат со твист кој не го очекував. Snyder е очигледно заљубен во оваа приказна, која верува дека и понатаму ќе ја гледаме, бидејќи станува особено интересна. Ако досега било така, овојпат не смеете да се сомневате во квалитетот на останатите Bat-наслови надвор од кругот на Morrison. Snyder е многу добар “сценарист”. Комбинацијата на ноар атмосфера, детективските корени на Batman, бизарните негативци, сигурната приказна, и прекрасното преплетување со приказна од втор план (која сигурно ќе избир во прв многу брзо) овојпат се добитна комбинација. Дури и да имате изговор да не го исчитате ова, тогаш неверојатниот арт на Jock може да ве натера да седнете над броевиве (Google him кој не го знае, човекот е брилијантен). Scott Snyder овојпат докажа дека може многу добро да го вози ‘Tec, и токму поради тоа е правиот човек за рибутот во Септември. Оцена: 8.5\10
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
04 Jul 2011, 13:10 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
Blackest Night Последниве 4-5 години се навикнавме на евенти. Огромен број. Еден по друг. Дури и се заситив, особено од последниве на Marvel. Некако, се на брзина и со сила ми делуваше. Кратки, нејасни, премногу едноставни за да бидат евент... За разлика од Marvel, евентите на DC (освен пишувањето на Morisson на Batman и феноменалниот run), некако поминаа недоволно забележано. Моја грешка беше што ги пропуштив епските нешта на DC во последно време. Особено оние на Geoff Johns. Тој е кривецот за тоа што последниве месец-два се навратив на DC универзумот, поточно на Green Lantern кој реално го сметав за смешен лик. И како по правило, токму таквите ликови се покажуваат како најинтересни за читање. По толкавото фалење на самиот Johns и неговиот run на GL, се одлучив да му дадам шанса на враќањето на Hal Jordan во Rebirth. Од првиот број до последниот, Johns буквално направил ремек-дело. Кулминацијата, сепак е достигната во Blackest Night. Blackest Night е евент кој е триумф на 6 годишниот run на Johns на серијалот Green Lantern, каде во текот на целиот серијал тој остава ситни детаљи кои упатуваат кон финалето. Детаљи толку мали што некој можеби и не би им додал големо значење. Што во кратки црти е Blackest Night? Како што и самиот наслов кажува, најтемната ноќ стапува на сцена во DC универзумот. Идејата на Johns за прстени од целиот емоционален спектрум доведе до нови откритија кои малите сини човечиња намерно заборавиле да ги спомнат, а со тоа се напиша и новото, осмо поглавје во книгата на Оа, наречено Blackest Night. Ова поглавје ја објаснува борбата меѓу припадниците на различните бои од емоционалниот спектрум, која ќе доведе до “будење” на темнината и нејзин обид да ја победи светлината во целиот универзум и да уништи се што постои, затоа што смррта е мир. Токму почетокот на евентот, одн. Првите два броја се занимаваат со “пророкот” на Black Lanterns, Black Hand, кој го опишува својот живот и неговата опседнатост со смрт. Кога тој ќе ја пречека смррта во прегратка, ќе го добие црниот прстен и станува лидер на Black Lantern Corps. Од друга страна пак, Scar, една од чуварите на универзумот, напорно работи за да го доведе Nekron на земјата, каде заедно треба да го привикаат олицетворението на животот и да го убијат, со што ќе заврши сиот живот на земјата. Почнувајќи од прекрасниот вовед ( GL #43, сигурно еден од најдобрите стрипови што ги имам прочитано), се до последниот осми број од Blackest Night, ова е нон стоп акција (дури и претерува на моменти). Мртвите херои дигнати од земја успеваат да ги исплашат но и да допрат до срцата (дури и буквално) на хероите од DC универзумот. Се случуваат неколку интересни моменти и во GL Corps, но главниот настан се случува на земјата, каде огромен број на мртвите херои се враќаат назад за да ги убијат своите најблиски. Централни личности на “светлата” страна се Hal Jordan и Barry Allen, еден не толку очекуван момент, со оглед на тоа што сме навикнати секогаш во големите евенти овие места да му припадната на Светото Тројство на DC. Меѓутоа, Johns сака да ги користи оние подзаборавени херои од постарите времиња (Atom, Hawkman, Aquaman), и на нив им го дава возачкото место, додека Superman, Batman и другите се во позадина. Но колку и да изгледа чудно, ваквото нешто функционира беспрекорно, нудејќи и алтернативни начини на борба против злото а со тоа и прилично интересни ситуации. Приказната е spot-on. 5-те години пишување на GL му се исплатеа на Johns, па со тоа и Blackest Night е круната на тој труд. Ivan Reis пак на неверојатен начин го следи сценариото. Мрачен и светол наизменично, со остри бои и прекрасни модели и ситници, тој успева да се истакне како еден од најдобрите во индустријата, а таквото признание е сосем заслужено. Ремек делата се тешки за сфаќање. Нивната површина на многумина нема да им се допадне. Но погледнете зад сето тоа, сфатете ја идејата на авторот и тогаш погледнете го делото пак. Тогаш тоа добива нова димензија. Такво ремек-дело е и Blackest Night. Врвот на 6 годишното пишување на Johns. Зад површината се крие неговиот генијален дизајн, кој остава простор за понатамошно пишување. Со сценаристи како него, DC има светла иднина. Оцена: 9.5\10
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
06 Aug 2011, 12:41 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
SeveredНезнам колку од луѓето што го читаат популарниот Скот Снајдер знаат дека тој всушност својата кариера ја има започнато како писател на кратки раскази (пр. Voodoo Heart). Пишувањето стрипови е цврсто инспирирано токму од моќта на Снајдер за раскажување, па токму затоа и стрипот како формат му лежи. При сите ангажмани во моментов, Снајдер заедно со Scott Tuft успеа да извади и еден наслов кој одамна требало да го види светлото на денот, а тоа го дочека при крајот на минатата година. Станува збор за одлично прифатениот мини-серијал Severed, една кратка хорор приказна. 7-те броја на Severed можеби неочекувано добија скоро култен статус кај публиката и критичарите. Ова и не е толку чудно имајќи ја во предвид приказната и прекрасното раскажување на Snyder и Tuft. Стрипот започнува со Jack Garron на постари години, на кој неговиот внук му дава писмо кој му го дал некој непознат човек. Со отварањето на писмото и шокот на лицето на Jack, стрипот се враќа околу 40 години наназад, за да ја раскаже трагичната приказна на Jack за која никој незнае. Приказната го следи младиот Jack Garron, кој бега од дома за да го најде својот татко, кој му пишал писмо. Со татко му го делат истиот вкус за музика, па така Jack започнува едно патување низ пределите на Америка во потрага по својот татко. Во исто време, но на друго место, “кошмарот” како што и самиот главен лик го нарекува, зема дете од еден дом за учење занает за General Electric. Mr. Porter има некои други работи на ум за децата кои ги зема под своја закрила, и додека во било кој друг расказ покажувањето заби би било метафора, овде тоа е вистина. Severed е прекрасно парче стрип. Всушност, кога ќе се исчита серијалот тој повеќе наликува на кратка хорор новела отколку на стрип. Но без разлика на форматот, стрипот функционира беспрекорно. Иако е пишуван од двајца автори. Изобилува со доста шок моменти, храброст и прекрасна визуелизација на стравот, овојпат персонализиран преку бизарниот Mr.Porter. Ни најмалку нема да предвидите за што точно станува збор, ниту пак за бруталните нешта кои ве очекуваат. Ликовите се добро изградени (иако на моменти наивни), а антагонистот е приказна за себе. Цртежот и бојата пак, се како ретко кога погодени и тотално одговараат на амбиентот. Искрено, досега не бев запознаен со делото на Atila Futaki, но човекот ме воодушеви со својата имагинација и доловување атмосфера. Дури и каверите се доволни да ве заинтригираат. Severed е прекрасна комбинација од Американа, страв, љубов, пријателство и шок. 7-те броја се читаат во еден здив, и доколку досега не сте седнале да го исчитате ова дело, верувам дека рецензијава ќе ви ја заскокотка љубопитноста. Дури и да не сте заинтересирани за хорор стрип, хајпот околу Scott Snyder во периодот би требало да ве натера да седнете пред Severed. Оцена: 9\10
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
08 Apr 2012, 11:48 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
Ви текнува ли какви дискусии се водеа минатата година пред Септември и на крајот од Flashpoint за DcnU? Интернетот буквално еруптираше со коментари на темава. Воглавно, 50-50 беа гласовите. Некои беа категорично против, други го поддржаа потегот на компанијата за нов почеток којшто ќе им даде нова крв на ликовите (и пари, нормално). Денес сме Октомври 2012, и измина година дена од нулта точката на DC универзумот. Излегоа по 12 + 1 броеви од сите изданија (од некои веќе и 13). Се завршија неколку приказни, а веќе почнуваат нови. Се родија нови ѕвезди на сцената, а пак нечии ѕвезди веќе се изгаснаа. Во продолжение следи мое кратко видување на одреден дел од новите DC изданија. Batwoman Уште со првиот тест период пред DcnU, мене стрипов ми се погоди. Знаев дека нема да биде култен наслов, меѓутоа Katе скроз likeable лик, сериозно кул цура. Меѓутоа, иако тимот е предводен од фантастичниот J.H.Williams III, стрипов не добива баш висока оцена. Причата е благо речено глупа, расфрлена во 30 насоки и едноставно хаотична, а вметнува некои работи кои не и одговараат баш на главната хероина според мене. Мислам дека доколку се одело со реални а не натприродни работи стрипов ќе добие поинаков тек кој скоро сигурно ќе биде поквалитетен. Единствено поради неколку интересни ликови покрај Batwoman е солиден стрипов. Со сигурност ќе си ја задржи позицијата во новиот универзум на DC, поради тоа што Kate Kane е лезбејка, а они веројатно имаат нешто ко рамковен договор у стрип индустријата у последно време. Оцена – 6.5\10 AquamanДобро познатиот тандем Johns – Reis растура и овде! Откако од Green Lantern направија респектабилен лик кој си доби и филм, момциве земаа да го работат најомразениот лик во стрип индустријата: Aquaman. Искрено, и покрај познавањето на нивното творештво до тој момент (и генијалната приказна на Johns на неговиот цел run на GL), дури и јас како лаик за ликот на Aquaman не очекував дека нешто ќе се смени. Баш напротив! Во моментов, Geoff Johns и Ivan Reis го воскреснаа Aquaman и му даваат таква прекрасна приказна која ќе ги воодушеви дури и најтврдокорните неверници. Дефинитивно стрип за почит! Оцена: 8.5\10 Swamp ThingСлично како и со Aquaman, јас не бев запознаен (освен основните работи) со Swamp Thing, а неговото враќање во DC на голема врата го сметав за непотребно навраќање на минатото. Но, DC одлучија да одат со ризичен потег и овој огромен залак му го дадоа на релативно новиот Scott Snyder, на кого воедно му го доделија и Batman. Snyder апсолутно перфектно си ја искористи шансата, и од Swamp Thing направи едно од најдобрите изданија во DcnU, а мене ми го стави стрипов на второ место од новиот универзум, веднаш зад Batman. Неверојатно добра приказна, жанр кој комплетно му одговара на Snyder, комбиниран со прекрасен цртеж. Низ целиот серијал се провлекува некоја незгодна, creepy атмосфера проследена со одговарачки арт. Хорор за паметење, приказна за почит. Scott Snyder е иднината на DC Comics! P.S. Иначе од #13 почнуе Rotworld, евент кој ќе иде низ Swamp Thing и Animal Man, кој не успеав да го дочитам ради артот. Али до пола негде беше солид... Оцена: 9\10 Green LanternНикакво изненадување, GL и во новиот универзум иако со коренити промени делува навистина импресивно. Johns и Manhke се заслужни за успехот на GL веќе подолго време, а тимот што победува не се менува. Иако, како што спомнав, има многу промени (и тоа некои шокантни), GL си го задржал шармот од пред DcnU, па оттука и високата оцена за изданието. Артот е у најмала рака феноменален, а приказната го следи по квалитет. А да, вредно е да се спомене дека наредниот евент во GL барем според мене ќе биде еден од поголемите покрај Court Of The Owls. Очекувам изненадувања, а по досегашните 12 броја ќе ги има во голем број. P.S. Black Hand из бек! Сеј хај! Оцена: 9\10 Green Lantern CorpsGLC му е нешто као Робин на Бетмен. Функционираат иако Corps е реално послаб наслов. Иако авантурите на Gardner се секогаш интересени за следење, а овојпат на сцена стапуваат и малку подлабоки работи, сепак Corps е поплиток, но и позабавен стрип од Green Lantern. Оцена: 7\10 Detective ComicsБрајан пред некој ден ми кажа: ми се плаче кога читам Detective. И мене исто, иако ме боли да признам. Одвреме навреме ќе се појави добра приказна во DC, меѓутоа воглавно добрите денови се зад Detective, и да нема толкаво значење името, овој стрип сигурно би бил откажан. Daniel е одличен цртач, за мене е новиот Jim Lee, ама дечкото не знае да пишува. Единствено добриот детективски филинг на моментот го вади ова, меѓутоа приказната е распрскана во 100-на правци, и Tony реално не знае на која страна оди. Аман, нека се оправи серијалов, го ругаат. Ахххх... Оцена: 4\10 Batman & RobinОние кои го читале целиот серијал од неговиот почеток знаат дека нема шанси да се надмине аркот на Morrison. Јас влегов без некои големи очекувања, и реално, барем првиот дел од 12-те броја ме изненади. Интересен негативец, чепкање во минатото на Брус, и Брус во улога на татко! Јеп, ТАТКО кој се грижи најискрено за својот син. Татко подготвен да убие за својот син! Интересно, а и артот е симпа скроз! Втората половина од досегашните 12 броја е послаба, меѓутоа не ја расипува премногу солидната оцена на стрипов. Оцена: 7\10 BatmanЗа крај, вториот стрип на кој работи Scott Snyder. DC’s juggernaut. Некогаш вреди да се ризикува како во случајов на DC, па Snyder (на кој еден од омилените стрип ликови му е Bats), максимално ја користи својата шанса и удира директно во целта со стрипов. Што повеќе да кажам освен Court Of The Owls! Кој читал знае. Во релативно краток период, нови негативци кои ќе пробаат да го уништат Batman, евент распределен кај сите Bat-стрипови. Феноменално возење, освен што добив впечаток дека крајот е малку избрзан. Ретко добра приказна, можеби најдобрата досега по RIP. Јеп, THAT GOOD! А тек што следи...Џокерот се враќа, без лице и без усул во Death Of The Family! И после зашто мислам дека Snyder е иднината на DC…Чиста десетка! Оцена: 10\10
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
13 Oct 2012, 11:02 |
|
|
?TheRiddleR?
Манга Падаван
Joined: 05 Jun 2009, 22:39 Posts: 1815
|
The Wake [Scott Snyder, Sean Murphy; 2013-14, Vertigo - DC Comics]Ко да не беше доволен успехот на се што напиша до сега и што му дадоа да го води пола DC у рибутот од пред некоја година, Скот Снајдер и неговата љубов кон хоророт повторно ни родија прекрасно дело. По првиот излет во хоророт надвор од феноменалниот American Vampire (Severed за неупатените), Снајдер реши заедно со Шон Марфи да го создаде The Wake, лимитирана серија од 10 броја, епско дело составено од делови хорор, sci-fi, историја и мит. На површината The Wake изгледа како типичен хорор. Тим составен од индивидуи најдобри во својата област (историја, наука, подводен лов) е составен од мистериозна владина агенција за да истражат еден случај. Откако специјалниот агент ќе ги одведе до (спрајз, спрајз) тајната локација, им го покажува проблемот кој тие треба да го решат. Овде сетингот е подводна платформа на која тие имаат заробено мистериозно чудовиште, антагонистите во серијалов, т.н. Mers, подводно суштество кое освен агресивноста крие нешто неочекувано, дури и шокантно за човечкиот вид. Она што следи не е шаблонот кој често ги следи ваквите сценарија. Приказната на Снајдер е поделена во два периоди од 200 години, а дополнително тој се шета и низ далечното минато објаснувајќи низ историјата на човештвото за појавите на Mers. Генијалноста на објаснување фолклор и мит, нешто кое Снајдер успева да го протне умешно во секој свој стрип (сетете се на Gates of Gotham, Court of the Owls или пак American Vampire), е доловена преку секој од ликовите во стрипот кои пружаат разни гледишта на проблемот. Со развивањето на приказната секој од нив настапува со свое гледиште на чудовиштето и она што тоа значи за човекот, варирајќи од неговите претстави низ историја преку слики и текст, научните хипотези на главниот лик, Lee Archer, и нејзините студии за комуникацијата на китовите и нивната сличност со комуникацијата на чудовиштето, па се до ловецот кој нуди решение на проблемот со својот арсенал. Во меѓувреме, се до половината на стрипот се појавуваат сцени од праисторијата и првите појави на Mers. Втората половина на стрипот го најавува епското финале и разврската на приказната, 200 години во иднината кога светот е едно тотално различно место од она кое што ние го знаеме, свет потонат во вода и ставен на немилоста на Mers. Свет кој се труди да го спаси една хероина и нејзиниот соничен делфин и една банда на пирати кои ќе се потрудат да и помогнат до крајот. Звучи како хорор филм од лоша продукција, но функционира перфектно. Snyder at his best. Очигледно е дека Снајдер се инспирирал од многу sci-fi филмови од Холивудска продукција. Нивното влијание и тоа како се чувствува низ стрипот, но тоа заедно со прекрасната нарација му дава една нова димензија, па не би било чудно доколку се почувствувате дека гледате еден добар филм. Токму тука како и често досега, се гледа колку Снајдер ја внесува целата своја имагинација во стрипот и покрај влијанијата, креирајќи едно ново ниво на раскажување поткрепено со фиктивна историја и реални факти. Финалето, пак е една неочекувана игра во која се допира длабоко во човековата креација, до missing link тезите и воопшто до нашата улога на планетава. Сето ова не би било исто без фантастичниот Шон Марфи. Снајдер очигледно знае кого да избере за соработка (до сега не утнал), па грубите нацрти но и одлично вклопениот колорит на Марфи се идеален партнер на приказната. Кога се ќе се собере, The Wake е одличен минисеријал кој има единствена мана, а тоа е што трае само 10 броеви. Идеално, ваква приказна би била прикажана на многу повеќе страни, но тоа не е проблем за Скот Снајдер и Шон Марфи, од кои со нетрпение очекуваме некој следен проект. Во меѓувреме, експлоатацијата на хорор темите на Снајдер не застанува, па овој период оди Wytches, кое на прв поглед делува како нешто најдобро од него до сега. Ама за тоа покасно Оцена: 9/10Download малце покасно ќе ставам ЕДИТ: viewtopic.php?p=177970#p177970
_________________ Thor: "Give your orders and ultimatums to those who choose to obey, or are too cowardly to fight, not to me. Or learn again the difference between a God of Thunder and a mortal man in a metal suit"
|
10 Nov 2014, 17:18 |
|
|
|
Page 1 of 1
|
[ 14 posts ] |
|
Who is online |
Users browsing this forum: No registered users and 13 guests |
|
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot delete your posts in this forum
|
|
|