Владимир Петровски има 27 години и боледува од Morbus Hodkin (болест на Хочкин), од 2006 година се лекува на хематологија во Скопје но без резултати.
Правел детални прегледи и консултации во Израел во Hadassah Ein Karem Hospital каде му се нуди можност за целосно излекување со трансплатација на коскена срж и имуно терапија која би чинела 130.000-150.000 EUR .
Владимир имаше храброст сам да се бори со болеста 5 години и покрај се да остане позитивен и со огромна желба за живот,Болеста не го спречи ни да дипломира на медицинскиот факултет, но кога таа се искомплицира го оневозможи единствениот негов сон да им помага на луѓето и да им дарува здравје не сонувајки дека тоа него најмногу ке му биде потребно.После многу изгубени битки тој доби шанса да се излекува целосно и затоа сме му потребни НИЕ со нашата хуманост да му овозможиме на Владимир да ужива во најубавите години од неговиот живот.
Броеви на кои можете да донирате сто денари се 070/ 143 131 и 077/ 143 456, Владе и семејството ви благодарат.
ТУка е и Facebook групата:
http://www.facebook.com/imsmartass#!/pa ... 4632901667