eve go samo tekstot... za "okjoreni"..
Сирење, вино и ...СТРИП!Првиот стрип е “француски”?
Кога почнав да пишувам за ова, т.е. кога седнав пред мониторот, прво што ми дојде на ум беше: Од каде да почнам? Пред некој ден на хрватскиве телевизии, благодарејќи на кабловскава, го гледав одамна заборавениот Карате Кид, вториот дел ми се чини, и се сетив на зборовите на учителот Чен: “Почни од основата, почни да дишeш”. Ете зaшто како мал толку многу ги сакав ваквите филмови (од типот на Карате Кид, учителот и ученикот кој, кога ќе се навежба, им ја крши кичмата на тие лошите...). Секогаш имаше интересни работи да се научат особено за кинеската, т.е. источната филозофија и мудрост...
Да не избегам од темата, значи решив да започнам од основата. Е сега, каде е основата? Интересна работа за французите (овде мислам и за сите франкофони) е дека тие сметаат дека се први во сè, најмудри од сите, и дека денешниов свет е таков благодарение на нив... За некои работи можеби и имаат право, ама не знаете до каде иде нивната гордост и тврдоглавост, тоа многу ме замараше додека студирав, па затоа не сакам и вас да ве вовлечам во таа тема. Така е и за стрипот. Французите навистина мислат дека тие го измислиле стрипот!
Официјално се знае, или се смета дека првиот стрип е “Yellow Kid” или Жолтото дете од 1895г, иако тука се мисли на новинскиот стрип (comic strip) или стрип каиш. Бидејќи е американски (тука стапува на сцена американската тврдоглавост дека тие се први во сè...), и за жал во светот американските работи се прифаќаат бидејќи имаат најдобра реклама, ова е најчесто прифатено како најточен податок. Меѓутоа, вистината е дека стрипот има подлабоки корени и се појавил уште во почетокот на 20-тиот век. Значи првиот стрип не е ниту американски, ниту француски, туку доаѓа од Швајцарија! По аналогијата на Цацко од к-15 (Кој го направи пато..? Перо. А на Перо сестра му кој ја воде..? Јас. Епа значи јас го направив пато!), бидејќи Швајцарија се смета за дел од франкофонијата, французите сметаат дека тие го направиле првиот стрип...
За волја на вистината, тоа тогаш и не се сметало за нешто ново што понатаму ќе се вика стрип и ќе стане девета уметност, туку обичен ликовен приказ на некој настан, придружен со зборови...Дали и колку тоа личи на стрип или е стрип, проценете и самите.
Авторот на овој стрип е Rodolphe Töpffer , швајцарец кој работел како илустратор на книги и сликовници, и при изработката се сетил дека би било интересно зборовите да ги смести под самата слика и тие да станат дел од неа. Како што приметувате, овде нема сеуште облачиња, кои се толку карактеристични за стрипот, па затоа овој податок според некои изучувачи на историјата на стрипот не се зема како веродостоен...Меѓутоа, иако “Yellow Kid” можеби има облачиња, колку па тоа личи на стрип, вие самите пресудете...
Кога се говори за почетоците на стрипот воопшто, вредат да се споменат уште неколку имиња, кои се појавиле пред “Yellow Kid” (и секој од нив може според некои проценки да се земе како автори на првиот стрип...), а некои од нив се: James Gilray од Англија (сл.4), Jean-Ignace-Isidore Gérard наречен J.J. Grandville од Франција, познат по своите илустрации на басните од La Fontaine (сл.2), потоа од Франција Amédée de Noé наречен Cham (сл.3), Gustave Doré (можеби некој ќе сети на илустрациите од Пеколот од Д. Алигиери...) познат по илустрациите на бајките од браќата Грим, Ла Фонтен и др. (сл.1), Wilhelm Busch авторот на “Max und Moritz” и др.
Вака гледајќи, човек стварно не знае за кој од овие цртежи да се одлучи дека тоа е всушност првиот стрип, но вреди да се знае дека, иако можеби французите не се оние кои го измислиле стрипот, сепак имаат голема улога во тоа!
Никола Темков
_________________http://temnik.blogspot.com/http://nikotem.deviantart.com --------------------------------
A man who uses his hands is a laborer. One who uses his hands and mind is a craftsman. He who uses his hands, his mind, and his heart is an artist.St. Francis