Author |
Message |
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Во вторникот (17ти мај) Здружението за промовирање на стрип културата „МАКСТРИПОВИ“ започна со едукативни стрип часови низ основните школи. Првиот час се одржа во „Х.Т. Карпош“, а до крај на оваа учебна година планирани се уште предавања во други основни школи. Предавањето го држеа Здравко Гиров (стрип цртач) и Давор Драмиќанин (стрип сценарист), а презентацијата беше насочена кон познатите македонски стрипови и стрип ликови. Првата половина од часот беше претставување на сегашната македонска стрип сцена, посебно на авторите кои се појавиле во стрип магазинот „Синдром“, како и последните активности на Здружението „МАКСТРИПОВИ“ и Македонскиот стрип форумот makstrip.com.mk. Во вториот дел од часот се предаваше за основите на стрип цртањето, практичниот дел на кој Гиров ги покажа своите тајни и трикови при цртање на стрип. Благодарение на професорот по ликовно, Илчо Симовски, ние дојдовме до правиот таргет - талентирани ученици кои сакаат стрип! Овие едукативни стрип часови се подготовка за стрип школа, која треба да започне од септември, со стартот на учебната година. Заинтересираноста за учениците и нивното познавање на стрип многу позитивно не' изненади, па само од првото школо има над 15 пријавени таленти. Целата активност е со поддршка на општина Карпош, а планирано е да заврши со групна стрип изложба при крајов на годинава. Повелете фотки (чекам да стигнат поубави фотки, извинете за (не)квалитетот): Почетно предавање на Давор Супер посетеност (ова беше за време на часови, а беа повикани само талентираните ученици) Пријатно ме изненади нивното познавање на стрип (Дилан Дог беше најчитан меѓу оваа група деца) Здравко покажува некои од своите тајни
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
20 May 2011, 07:57 |
|
|
Nesomai
Пензиониран Мрчатор
Joined: 23 Aug 2010, 20:59 Posts: 2839 Location: Amsterdam
|
Odlicna inicijativa, bravo.
_________________ "Тој шо бара - ќе си го најди."
|
20 May 2011, 08:25 |
|
|
fichot
Пензиониран Мрчатор
Joined: 26 Jan 2009, 00:31 Posts: 3222 Location: Skopje, 1712AD
|
Браво бе луѓе. Така требит.
|
20 May 2011, 09:05 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
Фала друштво. Кога ќе започне школата, сакаме да има што повеќе од домашните автори, кои ќе им пренесат по нешто на младите цртачи!
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
20 May 2011, 09:18 |
|
|
Ivo
Сеирџикус Максимус
Joined: 29 Mar 2010, 20:01 Posts: 6531 Location: Skopje
|
...Bravo...
|
20 May 2011, 09:22 |
|
|
THEMICO
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 02:23 Posts: 21535 Location: Битола!
|
Алал да ви е дечки..... Уште еден доказ дека убави работи се прават од кеиф и љубов кон стрипот. БРАВО!
_________________ ејм фор д бушес!
|
20 May 2011, 10:11 |
|
|
BrunoPhoenix
Манга Падаван
Joined: 04 Feb 2009, 19:27 Posts: 2274 Location: Скопје
|
BRAVO!
|
20 May 2011, 11:02 |
|
|
Laf
Зен Мастер Форумџија
Joined: 25 Jan 2009, 23:29 Posts: 7506 Location: Скопје, Македонија
|
Па веќе поминало ова (не сум го видел топикот)... Супер, изгледа дека идејава се покажува како полн погодок. Баш ме интересираат повеќе детали околу целиот настан - како реагираа децата во врска со стрипот, какви познавања покажаа за стрипот и од каде им тие познавања (дали читаат, купуваат, интернет и сл... ако паднаа такви муабети)? Покажаа ли дел од нивниот талент или беа само слушатели овој пат? Ако не те мрзи пиши збор-два, ако не при средба...
_________________Ash nazg durbatuluk, ash nazg gimbatul, ash nazg thrakatuluk agh burzum-ishi krimpatul One Ring to rule them all, One Ring to find them, One Ring to bring them all and in the Darkness bind them
|
21 May 2011, 09:28 |
|
|
pikantez
Зен Мастер Форумџија
Joined: 28 Jan 2009, 11:11 Posts: 7989 Location: Paris
|
povtorno cestitki i za arno da e!
|
21 May 2011, 11:24 |
|
|
aquafortune
Ултимејт Резервист
Joined: 05 Apr 2009, 01:27 Posts: 922
|
Ее, знам неколку од децава бе, супер! Браво дечки!
|
21 May 2011, 16:41 |
|
|
jovce krstitelce
Ултимејт Резервист
Joined: 26 Jan 2009, 04:41 Posts: 530 Location: Macedonia
::
|
одлично, имате поддршка и од мене!
_________________ „Јас го разбирам свето како поле за културно заебавање меѓу стрипаџите“. Гоце (пред да ја формулира мислата во за нас веќе познатио облик)
https://www.facebook.com/fantasyillustrationbitola
|
21 May 2011, 17:30 |
|
|
sejver
Ултимејт Резервист
Joined: 24 Jul 2010, 02:17 Posts: 672
|
Bravo momci !!!!!!! Svetla idnina go ocekuva makedonskiot strip so vakvi entuzijasti. Bravo uste ednas!!!
|
21 May 2011, 17:54 |
|
|
waterlily
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Nov 2010, 22:23 Posts: 221
|
Super inicijativa, ama taa diskriminacijata "bea pokaneti samo talentirani ucenici" mnogu me nervira.
|
21 May 2011, 18:00 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 May 2011, 19:15 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 May 2011, 19:17 |
|
|
waterlily
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Nov 2010, 22:23 Posts: 221
|
Штета што било за време на часови. Би било многу подобро ако сите би имале избор да дојдат, а не само „талентираните“. Без да судам колку ни се способни професорите да проценат талент, мислам дека секој може да научи да црта, поважна е мотивацијата и вложениот труд. Покрај ова, стрипаџии не се само илустратори, туку и сценаристи, хумористи, сатиристи итн... А многу често школските бељаџии имаат најдобра смисла за хумор, па и талент за сценарио (смислување практични шеги )... Сето ова на страна, која е целната група која би сакале да ја заинтересираме за стрипот? Кој порадо би читал стрипчиња отколку книги? Ако нема за кого да се пишува и црта, џабе е.. Од друга страна , ако ги земеме „талентираните“ како започнувачи на трендови и leaders of opinion, тогаш можеби и не е толку лошо како стратегија. Ама, ако станува збор за професорски галеничиња, е тоа...
|
21 May 2011, 20:12 |
|
|
KRALe
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 09:57 Posts: 16762
|
Гледам дека waterlily ќе биде една од гостите на еден од следните часови...
_________________ 3 работи за успех во животот: 1. Биди позитивен. 2. Никогаш не кажувај се што знаеш.
|
21 May 2011, 20:14 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
ти ја сфаќам забелешката, ама во реалност, мораш да гледаш како е најбезболно да се изведе во случајов, најбитно им беше да нема непотребни изостаноци
децава беа далеку од галеничиња, професоров е многу ок, стар рокер, кој цело време им смислува активности на децата (гледав анимација што ја правеле основците, супер беше, биле и во италија со неа) гледа да ги активира на повеќе полиња а и присутните деца беа многу ок, ќе ги видиме понатаму
иначе, ова не е школата, ова е колку да ги запознаеме со стрипот кај нас и да ги информираме дека од септември ќе започнеме со стрип школа, а таму ќе биде отворено (и бесплатно) за сите заинтересирани!
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 May 2011, 20:18 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 May 2011, 20:20 |
|
|
waterlily
Надежен Луд Научник
Joined: 24 Nov 2010, 22:23 Posts: 221
|
Blagodaram na objasnuvanjeto. Zadovolna . I Krale e vo pravo, ako sum tuka, rado bi dosla... Osven ako nema nekoja starosna diskriminacija
|
21 May 2011, 20:22 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
21 May 2011, 20:24 |
|
|
Мики
Манга Падаван
Joined: 11 Mar 2009, 14:10 Posts: 1734 Location: Скопје
|
_________________ Живот... динамичен колоиден систем во кој реверзибилно со состојбата ти поминува во гел!
|
21 May 2011, 21:31 |
|
|
rastaman
Зен Мастер Форумџија
Joined: 23 Jan 2009, 08:13 Posts: 15550 Location: Skopje, Macedonia
::
|
_________________ Ова погоре напишаното е мое мислење и јас стојам позади него!
|
25 May 2011, 08:10 |
|
|
IgorJovchevski
Магус Регуларус
Joined: 23 Dec 2009, 14:54 Posts: 1209
|
Chestitki i poddrshka!
|
25 May 2011, 09:27 |
|
|
Darbog Darkmore
Магус Регуларус
Joined: 24 Jan 2009, 21:06 Posts: 1308 Location: Vinica,Makedonija
::
|
Super! Neka ima sto poveke vakvi raboti
|
25 May 2011, 11:43 |
|
|